навреди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 09:20:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png навреди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јелена Карлеуша до Хрватите: Вие сте расисти, шовинисти, фашисти… вие сте кретени и идиоти! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jelena-karleusha-do-hrvatite-vie-ste-rasisti-shovinisti-fashisti-vie-ste-kreteni-i-idioti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jelena-karleusha-do-hrvatite-vie-ste-rasisti-shovinisti-fashisti-vie-ste-kreteni-i-idioti/#respond Fri, 14 Jul 2023 09:18:32 +0000 https://kurir.mk/?p=856605 фото: telegraf.rs

Пејачката Јелена Карлеуша требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но надлежните органи и го откажаа концертот. Јелена Карлеуша со денови го најавуваше својот настап за публиката во Хрватска, а сега се огласи преку социјалните мрежи каде ги извести своите обожаватели дека нејзиниот концерт е откажан. - Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац - е откажан од властите во Хрватска. Причината е шокантна и срамна - затоа што доаѓам од Србија - напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил и продолжи: -Искрено, вакви работи во 21 век?! Примитивизам. Расизам, шовинизам, фашизам, кретенизам, идиотизам. Поздрав до сите мои фанови во Хрватска кои масовно купија билети со пораката - ширете мир, љубов, толеранција и не дозволувајте омразата да ја труе заедничката иднина на сите нас добри луѓе! Нека нè обедини музиката! Те сакам! ЈК. Да потсетиме, ова не е првпат во Хрватска да се бара забрана за концерти и настапи на српски пејачи. Неодамна аферата го потресе регионот кога градоначалникот на Пула го забрани концертот на Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба.]]>
фото: telegraf.rs

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jelena-karleusha-do-hrvatite-vie-ste-rasisti-shovinisti-fashisti-vie-ste-kreteni-i-idioti/feed/ 0
Сон жртва на расни навреди од навивачи на Кристал палас https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/son-zhrtva-na-rasni-navredi-od-navivachi-na-kristal-palas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/son-zhrtva-na-rasni-navredi-od-navivachi-na-kristal-palas/#respond Mon, 08 May 2023 19:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=832004

Раководството на лондонски Кристал Палас најави денеска дека ќе го истражи случајот на наводна навреда на расна основа од клупските навивачи кон играчот на градскиот ривал Тотенхем, Хеунг Мин Сон. Инцидентот се случи во завршницата на натпреварот од 35. коло во Премиерлигата, во кој Тотенхем како домаќин го совлада Кристал Палас со 1-0. Во 89. минута, јужнокорејскиот репрезентативец, напуштајќи го теренот, мина покрај трибината на која беа сместени гостинските навивачи. Во тој момент еден од навивачите на Кристал Палас го навредуваше Сон на расна основа со погрдни гестикулации. „Знаеме дека циркулираат видеоснимки од тој настан, а имаме и други информации кои ги добивме. Како клуб сигурно нема да толерираме такво донесување“, соопшти Кристал Палас. Англиските медиуми пренесуваат дека на навивачот му се заканува забрана за влез на стадионите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/son-zhrtva-na-rasni-navredi-od-navivachi-na-kristal-palas/feed/ 0
Вујо: Не ми се верува дека за Данците станав криминалец, ќерка ми добива навредливи пораки https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vujo-ne-mi-se-veruva-deka-za-dantsite-stanav-kriminalets-kerka-mi-dobiva-navredlivi-poraki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vujo-ne-mi-se-veruva-deka-za-dantsite-stanav-kriminalets-kerka-mi-dobiva-navredlivi-poraki/#respond Tue, 24 Jan 2023 12:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=791155

Изјавата на Веселин Вујовиќ во која данскиот бек Матијас Гидсел го нарече „глувче“ наиде на жестоки реакции кај ракометната јавност. Особено во Данска, каде медиуми го навредуваа, вадеа делови од неговите испади во минатото, а како што кажа и самиот легендарен Црногорец, никогаш не можел да очекува дека во Данска ќе биде означен како „криминалец“. „Не очекував ваква реакција кон мене, кон Дувњак, кон хрватската репрезентација. Толку омраза што е неверојатно. Ме третираат како да сум криминалец. Немав намера никого да навредам, но тоа не ми беше јасно дека дете кое штотуку зачекорило во ракометот, колку и да е талентирано, може да ја одбие раката на легендата Домагој Дувњак. Само тоа го мислев, но тоа што се случи подоцна беше невообичаено. Мојата ќерка добива навредливи пораки на социјалните мрежи поради мојата изјава за Гидсел. Неверојатно. Не можам да сфатам дека почнаа да вадат некои на моите грешки кои беа направени во кариерата“, рече Вујовиќ. Овој инцидент дополнително ја зголеми популарноста на Вујовиќ во Хрватска, каде што сега многумина го посакуваат за селектор, по неуспехот на „каубојците“ на Мундијалот. Но, легендарниот стратег рече дека такво нешто нема да се случи. Хрватска ги заврши настапите на Светското првенство, исто како и селекцијата која што ја водеше Вујовиќ – Иран.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vujo-ne-mi-se-veruva-deka-za-dantsite-stanav-kriminalets-kerka-mi-dobiva-navredlivi-poraki/feed/ 0
Зиков со навреди за аферата “паразити”: Да јадат го*на сите што зборат за мене https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-so-navredi-za-aferata-paraziti-da-jadat-go-na-site-shto-zborat-za-mene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-so-navredi-za-aferata-paraziti-da-jadat-go-na-site-shto-zborat-za-mene/#respond Sat, 19 Nov 2022 16:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=763500

Љупчо Зиков, еден од најгласните кога треба да се брани власта на СДСМ со навреди им одговори на медиумите и на јавноста кои бараа одговори за висината на неговата плата од 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО. Зиков, во објава на социјалните медиуми безобразно и недостоинствено одговори: "јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете". Со оглед дека, според објавената фотографија кон овој пост, може да се забележи дека Зиков консумира вино, претпоставуваме дека тоа тој го има направено во алкохолизирана состојба кога разумот и свесноста му се намалени. Се надеваме дека тој, главниот лик во аферата "паразити", нема да го смени мислењето во текот на утрешниот ден кога ќе испари алкохолот од неговиот организам. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-so-navredi-za-aferata-paraziti-da-jadat-go-na-site-shto-zborat-za-mene/feed/ 0
Повторно навреди на Википедија за политичарите од власта (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-navredi-na-vikipedija-za-politicharite-od-vlasta-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-navredi-na-vikipedija-za-politicharite-od-vlasta-foto/#respond Sun, 24 Jul 2022 14:27:34 +0000 https://kurir.mk/?p=709590

Повторно има навреди за политичарите на Википедија. Овојпат на удар се шефот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. За претседателот Стево Пендаровски, на англиската верзија на Wikipedia, непознат администратор му впишал навредливо средно име. Таму беше додаден зборот „стока“. За премиерот Димитар Ковачевски некој администратор впишал и датум на смрт (Илинден, лани). Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-navredi-na-vikipedija-za-politicharite-od-vlasta-foto/feed/ 0
Оваа поучна приказна ќе ви ја смири душата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-pouchna-prikazna-kje-vi-ja-smiri-dushata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-pouchna-prikazna-kje-vi-ja-smiri-dushata/#respond Mon, 27 Jun 2022 10:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=696259

Внимателно прочитајте ја оваа приказна. Таа ќе ви донесе смиреност и ќе ве научи да бидете трпеливи. Си бил еден тибетански монах кој секогаш важел за свет човек. Луѓе од целиот свет доаѓале кај него за да му побараат совет, а важел за смирен човек кој никогаш не се навредувал. Некој злобен човек го чул тоа и решил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и во моментот кога го здогледал почнал да го навредува и да го понижува на секој начин. Откако повеќе не можел да смисли нови навреди, тој за момент замолчел и изненадено сфатил дека монахот и натаму бил смирен и прибран како и претходно. Тоа многу го изнервирало и тој продолжил да пцуе уште полошо, но сѐ било залудно – изгледало како тоа воопшто да не го допира мудрецот. Кога останал без пцовки и кога ја изгубил целата енергија, човекот му пришол на монахот и прашал која била неговата тајна. „Ги разбирам тие ваши духовни работи и дека не ви е грижа што мислат другите за вас, но јас те понижував и навредував, па ти мораш да научиш да се бориш за себе.“ „Сино, може ли да ти поставам само две прашања?“ – првпат проговорил монахот. „Секако“ – рекол човекот. „Ако ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, кому припаѓа тој подарок?“ „Па ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и натаму е мој.“ „А сега, сине мој, ако ти имаш само навреди за мене, а јас не ги прифаќам, кому остануваат тие навреди?“ – прашал мудриот човек, се завртел и си отишол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-pouchna-prikazna-kje-vi-ja-smiri-dushata/feed/ 0
Зад убавото лице на заводникот се криел дрзок човек: На Бали Бег му се заканува казна затвор, еве што направил https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zad-ubavoto-lice-na-zavodnikot-se-kriel-drzok-chovek-na-bali-beg-mu-se-zakanuva-kazna-zatvor-eve-shto-napravil/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zad-ubavoto-lice-na-zavodnikot-se-kriel-drzok-chovek-na-bali-beg-mu-se-zakanuva-kazna-zatvor-eve-shto-napravil/#respond Fri, 19 Nov 2021 09:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=597270

На актерот Бурак Озџивит, на македонската публика попознат како Бали Бег му се заканува затворска казна до четири години. Згодниот заводник беше обвинет за инцидентот што се случи минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“. Во изјавата доставена до судот, пишува дека актерот среде снимање излегол од шаторот и започнал да ги навредува присутните и да ги нарекува со грди имиња. За овие тврдења има неколку сведоци. Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреди. Сепак, тој ги негираше обвинувањата. Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор. Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zad-ubavoto-lice-na-zavodnikot-se-kriel-drzok-chovek-na-bali-beg-mu-se-zakanuva-kazna-zatvor-eve-shto-napravil/feed/ 0
ВЛАДИНИТЕ КОВИД МЕРКИ ПРЕДИЗВИКАА ВИСТИНСКИ ХАОС: Ромско семејство мислеле дека се дискриминирани, сопствениците на ресторанот од Битола добија дузина на навреди! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladinite-kovid-merki-predizvikaa-vistinski-haos-romsko-semejstvo-mislele-deka-se-diskriminirani-sopstvenicite-na-restoranot-od-bitola-dobija-duzina-na-navredi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladinite-kovid-merki-predizvikaa-vistinski-haos-romsko-semejstvo-mislele-deka-se-diskriminirani-sopstvenicite-na-restoranot-od-bitola-dobija-duzina-na-navredi/#respond Thu, 19 Aug 2021 20:21:39 +0000 https://kurir.mk/?p=552811

Владините ковид мерки предизвикаа вистински хаос во Македонија. Имено, ромско семејство не било примено во угостителски објект во Битола бидејќи сите членови не биле вакцинирани, а мислеле дека се дискриминирани од страна на сопствениците, пошто истите преку видео стрим упатиле низа навреди кон газдите на објектот. Бо продолжение ви го пренесуваме целото сведоштво на сопственичката на угостителски објект во Битола: Почитувани наши гости, Јас Љубица Мушуланова Ристевска од срце ви се извинувам што 3 дена ви барам сертификати, и од срце ви се извинувам на сите што ве вративме и не ви дозволивме да седите во нашиот ресторан. Помизерно во животот не сум се почувствувала. Вчера дури и live на Facebook вреѓање кркав од една Ромска фамилија кои мислеа дека ги враќам зошто се роми и ги дискриминираме, дека не сакаме гости да примаме, а тие за жал сите немаа сертификати. 33 години постои Шумски Фенери, што не поминавме за да имаме повеќе работа, повеќе гости, да понудиме и да ве направиме среќни, да бидеме дел од вашите спомени и сега стоиме на врата и ви допираме во интимата зошто некој побарал така од нас во спротивно ќе не казни, стоиме на врата и бркаме луѓе а цел ресторан зјапа празен?! Срам да ви е на сите што не доведовте нас угостителите до овај мизерен степен кој верувам никој нема да го заборави. Луѓе кои доаѓаат секој ден, не можат повеќе да доаѓаат. Ама ете сме трпеле, но и глас ќе креваме за ова лудило да престани. Зошто и вакцинираните со срам покажуваат сертификати само да знаете!, пишува Мушуланова Ристевска во својата објава на официјалната Фејсбук страница на објектот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladinite-kovid-merki-predizvikaa-vistinski-haos-romsko-semejstvo-mislele-deka-se-diskriminirani-sopstvenicite-na-restoranot-od-bitola-dobija-duzina-na-navredi/feed/ 0
По навредите кон Меган, ТВ водителот Пирс Морган си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-navredite-kon-megan-tv-voditelot-pirs-morgan-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-navredite-kon-megan-tv-voditelot-pirs-morgan-si-podnese-ostavka/#respond Wed, 10 Mar 2021 08:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=479944

Британскиот телевизиски водител Пирс Морган денеска поднесе оставка од Ај-ти-ви и повеќе нема да биде домаќин на емисијата по која е познат во цел свет – „Добро утро, Британија“, по навредливите коментари на сметка на Меган Маркл, сопругата на принцот Хари. „Разговаравме со Морган и тој одлучи дека е време да ја напушти емисијата, а одборот на Ај-ти-ви ја прифати одлуката и нема што повеќе да додадеме“, се наведува во соопштението. Пирс беше водител на шоуто во понеделник, вторник и среда и на последните емисии, имаше остри коментари за Меган и принцот Хари, по интервјуто кај Опра Винфри, во кое војвотката од Сасекс го критикуваше кралското семејство за расизам. Имено, Морган ја обвини младата двојка дека му нанела голема штета на кралското семејство, барајќи публицитет под свои услови, без да прифати одговорност и она што го подразбира нивната позиција. Тој, меѓу другото, рече и дека на „принцезата Пинокио“ не ѝ верува за ниту еден нејзин збор. – Се уште сум сериозно загрижен за се што рече Меган, но мора да ги искажам моите ставови за психичките болести и самоубиствените мисли. Таквите работи треба сериозно да се сфатат (Меган рече дека размислувала за самоубиство додека била во домот на кралското семејство) и треба да ѝ се помогне, доколку е потребно, со третман, рече Морган. Како што пренесуваат британските медиуми, тој дури влегол во конфликт со колегата водител Алекс Бересфорд, што го натерало и да истрча од студиото среде емисија. Коментарите и однесувањето на Морган предизвикаа 41.000 поплаки до британската Радиодифузна агенција. Наспроти се, Каролин Меккол, извршна директорка на телевизијата, изјави дека апсолутно верува во она што Меган Маркл го рече кај Опра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-navredite-kon-megan-tv-voditelot-pirs-morgan-si-podnese-ostavka/feed/ 0
ССНМ: Советничка на Заев со СМС пораки и јавно навредувала новинарка на ИРЛ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/#respond Wed, 27 Jan 2021 11:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=460532

ССНМ предупредува дека советниците на претседателот на Владата на РСМ како и сите други вработени или именувани лица во државната администрација, односно во јавната управа, треба да внимаваат во комуникацијата со новинарите и да имаат поголем праг на толеранција во однос на новинарската работа. ССНМ како непримерна ја оценува комуникацијата на Елена Митева, советничка на премерот за медиумски настани, со новинарката од ИРЛ Маја Јовановска, која сосема професионално си ја вршела својата работа, истражувајќи можен конфликт на интерес кај советничката Митева. Непримерната комуникација се случила откако ИРЛ објави текст со наслов „Дење во владиниот пиар, навечер во приватниот маркетинг“ во кој се запазени сите новинарски стандарди. Наместо демант, исправка, реакција, жалба до Советот за етика во медиумите или до Советот на честа при ЗНМ – уставни, законски и саморегулаторни механизми што и стоеле на Митева на располагање, а кои и биле понудени и од редакцијата на ИРЛ, таа се определила за испраќање на СМС до новинарката со дисквалификации и навреди. „Имајќи предвид дека поттикнала и непримерна комуникација на социјалните мрежи каде што нејзини блиски продолжиле непримерна јавна комуникација која придонела и други личности да се вклучат, ССНМ предупредува дека таквиот начин на комуникација е непримерен и може да се разбере како притисок врз слободата и правата на новинарите во извршување на нивната работа“, се вели во реакцијата на ССНМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/feed/ 0