Назим Буши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Dec 2022 20:31:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Назим Буши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „ОРА“: Заменик министер од Македонија платил 20.000 евра за ЕДНО ноќевање во луксузен апартман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ora-zamenik-minister-od-makedonija-platil-20-000-evra-za-edno-nokjevanje-vo-luksuzen-apartman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ora-zamenik-minister-od-makedonija-platil-20-000-evra-za-edno-nokjevanje-vo-luksuzen-apartman/#respond Fri, 23 Dec 2022 20:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=779864

Албанскиот портал Ора њуз објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив има и политичари од Македонија. -Сметките за престој во хотели со 5 ѕвезди направија досието на поранешниот министер Арбен Ахметај да заврши во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК). Сомнежите се дека со кредитната картичка на Клодијан Зото биле резервирани хотели со пет ѕвезди во повеќе европски земји, чија вредност се движи од 2.000 до 3.500 евра за ноќ, пишува порталот. Заменик министер во македонското МВР, според порталот, платил 20.000 евра за ЕДНО ноќевање во лускузен хотел, а во уште полуксузен апартман. -Пријава која стигна до „Ora Investigim’“ покажува дека слична ситуација имало и во Македонија. Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е со простор од 850 метри, пишува Ора њуз. На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман. Во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот Ќерим Буши во друштво на две девојки. Едноставно пребарување на Booking покажува дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20.000 евра. -Може ли тој да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра? Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? Со кое лице патувал Буши во Истанбул во октомври 2020 година? Во наредните денови Тв Ора ќе објави и други материјали, каде познати личности од политиката директно или индиректно се поврзани со луѓе кои имаат матно минато и се обележани од правдата, објави порталот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ora-zamenik-minister-od-makedonija-platil-20-000-evra-za-edno-nokjevanje-vo-luksuzen-apartman/feed/ 0
Коцевски: Одговорност и оставки од Спасовски и Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocevski-odgovornost-i-ostavki-od-spasovski-i-bushi-diveenjeto-na-sinot-na-zamenik-ministerot-so-vozilo-so-flesheri-ne-smee-da-ostane-nekazneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocevski-odgovornost-i-ostavki-od-spasovski-i-bushi-diveenjeto-na-sinot-na-zamenik-ministerot-so-vozilo-so-flesheri-ne-smee-da-ostane-nekazneto/#respond Sun, 11 Dec 2022 11:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=773863

Одговорност и оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски. -МВР и самиот Спасовски молчат и не одговараат на прашањата кои ги поставивме. На сите прашања одговор имаат во евиденцијата на МВР. Црниот мерцедес со флешери со кое Ќерим Буши на 26-ти ноември дивеел низ Скопје е возило кое било во сопственост на Назим Буши, а потоа предадено на битолска фирма. МВР сето тоа го знае, доволно е само да се погледне историјатот на промени на сопственост. МВР само требаше да одговори дали црниот мерцедес е купен од Телеком за Назим Буши, а потоа продаден на самиот Буши, за истиот да го предаде на битолска фирма. Но МВР молчи. Ако немаше случај немаше да биде казнет заменик началникот на СВР Скопје кој интервенирал возилото и лицето да бидат пуштени, со објаснување дека се работи за познат човек. А, кој е тој познат човек, во возилото претходна сопственост на Назим Буши, сега во посед на битолска фирма сопственост на негови роднини, ако не е неговиот син, Ќерим Буши? Праша Коцевски. Оливер Спасовски и Назим Буши не смее да го заташкуваат целиот инцидент. Политичка одговорност мора да има, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocevski-odgovornost-i-ostavki-od-spasovski-i-bushi-diveenjeto-na-sinot-na-zamenik-ministerot-so-vozilo-so-flesheri-ne-smee-da-ostane-nekazneto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-da-ne-go-zatashkuva-sluchajot-so-diveenjeto-na-sinot-na-negoviot-zamenik-nazim-bushi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-da-ne-go-zatashkuva-sluchajot-so-diveenjeto-na-sinot-na-negoviot-zamenik-nazim-bushi/#respond Sun, 11 Dec 2022 08:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=773781

Оливер Спасовски, човекот кој што скоро 7 години е прв човек на министерството за внатрешни работи, човекот на кој што се случија десетици скандали и овој пат молчи и се крие од одговорност за случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик Назим Буши, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Веќе два дена Спасовски молчи и не одговара на прашањата кои ги интересира јавноста поврзани незаконските дела, брзо возење и возење со флешери, а потоа и ургенциите за пуштање на возилото мерцедес на синот на Назим Буши, Керим Буши. Нема одговори, зошто е пуштено возилото мерцедес, по ургенциите на началникот на СВР Скопје Вулнет Аземи. И покрај тоа што имало потерница по скопските улици по возилото кое истото возело со флешери. МВР и Спасовски не одговараат и на прашањето дали таблиците СК0202 АП се уште постојат во системот на МВР. А, нема ни одговори зошто МВР сокрива дека возилото го возело синот на Назим Буши, кога за тоа постојат сведоци и докази. Молчат и за сопственоста на возилото, кое во 2021 година Македонски телеком го дава возилото на Назим Буши, а сега истото возило е во сопственост на битолска компанија. Оваа компанија е сопственост на блиски роднини на заменик министерот на МВР, Буши. Оливер Спасовски молчи заради тоа што се плаши дека ќе ја наруши коалиција СДС- ДУИ, коалицијата на криминал и корупција, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Заради функционирањето на криминалната коалиција, министерството за внатрешни се држи заложник. Оставки веднаш, порачуваат од таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-da-ne-go-zatashkuva-sluchajot-so-diveenjeto-na-sinot-na-negoviot-zamenik-nazim-bushi/feed/ 0
Заменикот на Оливер Спасовски си го украси кабинетот со обележје на УЧК (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamenikot-na-oliver-spasovski-si-go-ukrasi-kabinetot-so-obelezje-na-uchk-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamenikot-na-oliver-spasovski-si-go-ukrasi-kabinetot-so-obelezje-na-uchk-foto/#respond Mon, 15 Mar 2021 15:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=482760

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, денес си ја доопремуваше својата луксузно уредена канцеларија. Во македонското МВР, Буши го овековечи моментот во кој во канцеларијата си поставува обележје на УЧК. На гравираниот на дрво предмет, освен знакот и името на УЧК е напишано и името и презимето на заменикот на Оливер Спасовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamenikot-na-oliver-spasovski-si-go-ukrasi-kabinetot-so-obelezje-na-uchk-foto/feed/ 0
Поранешниот командант на УЧК, Назим Буши ќе биде заменик министер на МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-komandant-na-uchk-nazim-bushi-kje-bide-zamenik-minister-na-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-komandant-na-uchk-nazim-bushi-kje-bide-zamenik-minister-na-mvr/#respond Wed, 16 Sep 2020 13:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=404100

Назим Буши веќе е избран во Демократската унија за интеграција (ДУИ) за функцијата заменик министер во Министерството за внатрешни работи (МВР). Тој е познат како поранешен командант на 114-та бригада на УЧК, која дејствуваше во Карадачкиот регион во Куманово и Скопје. За време на конфликтот во 2001 година тој ги напушти редовите на македонската армија и се приклучи на УЧК.

Во периодот 1987-1991 година бил дел од штабот на офицери на Аеродромот на Југословенската армија, по независноста на Македонија продолжил на скопскиот аеродром.

После конфликтот во 2002 година, тој беше еден од раководителите на Републичкиот судски совет за безбедност во сообраќајот во Министерството за внатрешни работи, а потоа заменик директор во Агенцијата за заштита и спасување на Владата на Македонија.

Ангажиран е и како советник во повеќе институции, така што продолжи со ангажман во Македонскиот телеком, назначен од Владата.

До сега тој беше директор на управниот одбор на Македонски телеком.

Извор: Тетова Сот

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-komandant-na-uchk-nazim-bushi-kje-bide-zamenik-minister-na-mvr/feed/ 0