НБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 07:15:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НБ: Банкарскиот систем е здрав и стабилен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nb-bankarskiot-sistem-e-zdrav-i-stabilen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nb-bankarskiot-sistem-e-zdrav-i-stabilen/#respond Mon, 03 Jul 2023 07:15:17 +0000 https://kurir.mk/?p=851980

Банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со тековните предизвици, при што окружувањето и натаму е неизвесно како резултат на глобалните фактори и проследено со сѐ уште високи, иако намалени, стапки на инфлација и затегнување на финансиските услови, оцени Советот на Народната банка на седница на која е разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2023 година. Заклучно со крајот на првиот квартал од оваа година, депозитите од домаќинствата и корпоративниот сектор на годишна основа забележаа забрзан раст, додека растот на кредитите беше помал. Во услови на задржана доверба во банкарскиот систем, депозитите забележаа забрзан годишен раст до нивото од 7,8%, a oсобено карактеристични се поволните поместувања кај долгорочните депозити, коишто по подолгиот период на намалување, во првиот квартал забележаа раст на годишна основа. При извесно затегнување на финансиските услови, годишниот раст на кредитирањето забави и изнесуваше 6,4%. Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување. Стапката на адекватност на капиталот забележа квартално зголемување за 0,3 п.п., достигнувајќи го највисокото ниво во последните шеснаесетина години, од 18%. Подобрата солвентност најмногу е резултат на реинвестирањето на добивките од минатата година. Безмалку една третина од сопствените средства на банкарскиот систем отпаѓа на заштитните слоеви на капиталот или се „слободни“ над потребното минимално ниво, коишто банките може да ги користат за справување со различни предизвици при надолните движењаи од економските циклуси и во кризни услови. Добивката на домашниот банкарски систем се зголеми, додека периодот на посилен раст на приходите на банките се искористи за јакнење на капацитетот за справување со евентуални идни кредитни загуби. Показателите за ликвидноста се на задоволително ниво. Стапката на покриеност со ликвидност на банкарскиот систем е на значително повисоко ниво од регулаторниот минимум и го потврдува задоволителниот обем на ликвидност со кој располага македонскиот банкарски систем. Резултатите од стрес-тестовите упатуваат на задоволителна отпорност на банкарскиот систем на претпоставените екстремни, поединечни и комбинирани ликвидносни одливи. Квалитетот на кредитното портфолио на банките се задржа. Вкупните нефункционални кредити продолжија да се намалуваат, со што и нивното учество во вкупните кредити се намали за 0,1 п.п., до ново историски најниско ниво од 2,8%. Сепак, неизвесното окружување, заедно со постепеното затегнување на финансиските услови, наметнува потреба банките и натаму внимателно да го следат кредитниот ризик. Со цел понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор, на својата редовна седница Советот на Народната банка донесе макропрудентна мерка за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на домашните банки за 0,25 процентни поени, од претходно утврдените 0,75% на 1%, со почеток на примена од 1 јули 2024 година. Зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот има за цел да делува превентивно и да води кон натамошно зајакнување на капиталната позиција на банките, земајќи ги предвид тековните макроекономски услови и движењата на пазарот на недвижности. Оваа мерка е во согласност со мерките што се преземаат во поголем број земји во Европската Унија со кои се бара повисока адекватност на капиталот на банките како заштита од можните ризици од окружувањето, се наведува во соопштението од Народна банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nb-bankarskiot-sistem-e-zdrav-i-stabilen/feed/ 0
НБ: Расте финансиската вклученост на населението, сепак се уште заостануваме зад европскиот просек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nb-raste-finansiskata-vkluchenost-na-naselenieto-sepak-se-ushte-zaostanuvame-zad-evropskiot-prosek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nb-raste-finansiskata-vkluchenost-na-naselenieto-sepak-se-ushte-zaostanuvame-zad-evropskiot-prosek/#respond Thu, 27 Oct 2022 08:31:49 +0000 https://kurir.mk/?p=751070

Минатата година 85,3 отсто од населението во земјава постаро од 15 години поседувало сметка, додека во регионот сме на второто место според финансиската вклученост. Сè повеќе наши граѓани поседуваат дебитна и кредитна картичка и сè повеќе се купува онлајн, сепак сè уште заостануваме зад европскиот просек. Ова, како што велат од Народна банка (НБ), го покажуваат најновите податоци на Светската банка од глобалната база на податоци Финдекс, коишто се однесуваат на 123 земји во светот (https://www.worldbank.org/en/publication/globalfindex). -Според податоците на Светската банка, сè повеќе расте финансиската вклученост во земјава. Во изминатите пет години таа е повисока за 8,7 процентни поени. Во регионот сме на второто место според финансиската вклученост, веднаш по Србија со 89 отсто. Сепак, во споредба со просекот на Европа и Централна Азија заостануваме за 4,7 процентни поени, информира НБ. Согласно со податоците на базата Финдекс, се забележува пораст кај поседувањето кредитни картички кај нашето население за 5 процентни поени (22 отсто) во 2021 година во споредба со 2017 година, како и кај користењето платежни картички за 6 процентни поени (43 отсто), додека поседувањето дебитни картички е непроменето (53 отсто). -Во споредба со земјите од регионот, имаме повисок процент на користење дебитна или кредитна картичка во однос на Косово и Албанија, додека понизок во однос на Бугарија, Србија и Турција. Анализирано според возрасни групи, кај населението од 15 до 24 години е забележан најголем пораст во 2021 година од 18 процентни поени во споредба со 2017 година. Ова упатува на поголема финансиска вклученост на младите имајќи го предвид поседувањето на дебитните и кредитните картички, велат од НБ. Податоците, додаваат, покажуваат дека населението на возраст од над 15 години кај нас сè повеќе користи мобилен телефон или интернет за онлајн-купување. Во 2021 година, 30,5 отсто од населението кај нас купува онлајн, додека во 2017 година овој процент изнесувал 16,9 отсто. Сепак, тој сè уште е понизок во однос со земјите од Европа и Централна Азија. -Финансиската инклузија е од особено значење за економскиот развој на една земја, оттаму една од стратегиските цели на Народната банка е обезбедувањето повисок степен на финансиска едукација и вклученост на населението. Донесена е и се спроведува првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која има за цел да обезбеди поголема финансиска инклузија во различни сегменти на финансискиот систем, поголемо ангажирање на регулаторните институции во однос на едукацијата и регулацијата, но и на приватните финансиски институции во однос на обезбедувањето поголема достапност и информираност за понудените финансиски услуги, потенцираат од НБ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nb-raste-finansiskata-vkluchenost-na-naselenieto-sepak-se-ushte-zaostanuvame-zad-evropskiot-prosek/feed/ 0