НДИ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Oct 2022 13:35:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НДИ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски оствари средба со претставниците на НДИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-pretstavnicite-na-ndi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-pretstavnicite-na-ndi/#respond Tue, 25 Oct 2022 13:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=750241

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева и меѓународниот секретар Стефан Андоновски имавме средба со претставници на Националниот Демократки Институт во Македонија на која присуствуваа Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на НДИ Македонија како и Сандра Пепера, директорка на НДИ Програма за род, жени и демократија и Моира Вилан, директорка на НДИ Програмата за демократија и технологија. -Разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, за надворешната политика која ја води владата и за менаџирањето на институциите и парламентот. Ја истакнав заложбата која ВМРО-ДПМНЕ ја дава во состојба на економска и енергетска криза, но и во состојба на водење на погрешна надворешната политика, но ја истакнав и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори со цел новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ вистински да се заложи за демократизација на општеството, истакана Мицкоски. Воедно, упативме и благодарност до Националниот демократски институт за континуираната поддршка која ја дава на ВМРО-ДПМНЕ во јакнење на капацитетите на партијата, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-pretstavnicite-na-ndi/feed/ 0
Средба Грковска – НДИ: Продолжуваме со партнерството за спроведување на реформските процеси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-grkovska-ndi-prodolzuvame-so-partnerstvoto-za-sproveduvanje-na-reformskite-procesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-grkovska-ndi-prodolzuvame-so-partnerstvoto-za-sproveduvanje-na-reformskite-procesi/#respond Wed, 16 Feb 2022 14:59:50 +0000 https://kurir.mk/?p=632241

Заменичката на претседателот на Владата на  Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Македонија. На средбата присуствуваа Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ-Северна Македонија, Лидија Стојкова Зафировска, програмски директор и Насер Бислими, програмски офицер. Заменичката Грковска се заблагодари за долгогодишната поддршка која ја дава Националниот демократски институт на Северна Македонија, потенцирајќи дека Владата продолжува посветено да работи на спроведувањето на реформите за добро владеење. На средбата беше позитивно оценета поддршката што ја дава НДИ и беше истакнато дека Македонија бележи напредок во спроведувањето на сложените реформи клучни за зацврстување на демократските процеси и транспарентноста на институциите. Грковска, во контeкст на имплементација на принципите и политиките за добро владеење истакна дека фокусот е на воспоставување партнерски однос и соработка со независните државни институции од оваа сфера. Вицепремиерката го нагласи и значењето на соработката со граѓанскиот сектор во овој процес, како и имплементирањето на процесот на дигитализацијата како основа на политиките за добро владеење. Националниот демократски институт ја потврди својата поддршка на Владата во понатамошното развивање на реформскиот процес и ги презентира резултатите од своите истражувања во оваа сфера. На средбата обете страни ја потврдија желбата да продолжи заедничката соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-grkovska-ndi-prodolzuvame-so-partnerstvoto-za-sproveduvanje-na-reformskite-procesi/feed/ 0
НДИ: Нема простор за говор на омраза и дискриминација на кандидатките за градоначалнички и советнички на претстојните локални избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/#respond Thu, 30 Sep 2021 14:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=570894

Насилството врз жените во политиката се манифестира во повеќе облици, најчесто како мизогинија, сексистички, шовинистички и друг тип на напади и понижување, а тоа претставува директен напад врз демократијата и пристапот/правото до еднакви можности, велат во соопштението од Националниот демократски институт (НДИ). Овие локални избори се тест за нашите способности и разбирање на правото на еднакви можности и слободни и фер избори. Жените го имаат истото право како и мажите да бидат активни во политичкиот живот, да придонесуваат со својата експертиза и знаење без страв од насилство во било која форма коешто негативно влијае на личниот, професионалниот и семејниот живот на жените политичарки, како и на нивото на целиот политички дискурс. Затоа, ние членовите на Работната група за родова еднаквост , силно ги осудуваме сите форми на говор на омраза и дискриминација со коишто се нарушува правото на жените да учествуваат слободно и правично во изборниот процес како кандидатки. Ние се обврзуваме и дека нашите политички партии неодложно ќе преземат санкции и други дејствија против нашите членови кои користат несоодветен и дискриминаторски јазик или насилство со коешто се нарушува угледот на жените политичарки. Мораме да создадеме безбедно опкружување со цел и мажите и жените бидат политички активни и поддржани во нивните заложби да се кандидираат на демократски и слободни избори. Се надеваме дека ќе се стави крај на вербалните напади врз жените-кандидатки и дека предизборниот период и изборите ќе продолжат во фер и демократска атмосфера за сите учесници. Националниот демократски институт и Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (Сида) во моментов ја спроведуваат кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката" како дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените. Кампањата има за цел да се елиминира насилството врз жените во политиката и да се унапреди родовата еднаквост преку политичко учество, поддршка и поттикнување на жените да учествуваат во најголем можен степен во политиката, како резултат на нивните желби, предиспозиции и амбиции. Работна група за родова еднаквост: Вјолца Бериша, Алијанса за Албанците Арбен Таравари, Алијанса за Албанците Вјолца Муртези, Алтернатива Адмирим Халити, Алтернатива Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, ВМРО - ДПМНЕ Мелинда Рашиди, Движење БЕСА Фатри Салуи, Движење БЕСА Силвана Кржовска, ДОМ Христа Најданов, ДОМ Бедри Фазли, ДУИ Арбана Пашоли, ДУИ Билјана Аврамоска-Ѓореска, ЛДП Игор Вељаноски, ЛДП Снежана Калеска Ванчева, СДСМ Марко Михаилоски, СДСМ, стои во соопштението на НДИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-nema-prostor-za-govor-na-omraza-i-diskriminacija-na-kandidatkite-za-gradonachalnichki-i-sovetnichki-na-pretstojnite-lokalni-izbori/feed/ 0
Анкета на американскиот НДИ: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-amerikanskiot-ndi-ubedlivo-vodstvo-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-amerikanskiot-ndi-ubedlivo-vodstvo-na-vmro-dpmne/#respond Fri, 13 Aug 2021 08:19:21 +0000 https://kurir.mk/?p=550002

Анкетата спроведена од американскиот „Националниот демократски институт“ (НДИ) покажува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „Доколку партии, а не коалиции се претстават на избори, за која партија би гласале?“, 14 проценти одговориле дека својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ. Податоците покажуваат разлика од четири проценти кај најголемите македонски партии, само 10 отсто од анкетираните ќе гласаат за СДСМ на избори. Пет проценти или помалку имаат ДУИ, Левица, АА. Инаку, НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%. Анкетата е спроведена телефонски и преку интернет анкети. Ова истражување е финансирано од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-amerikanskiot-ndi-ubedlivo-vodstvo-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Медиумите на СДСМ шират лажни вести: НДИ ја демантира анкетата според која Заев „има“ најголема доверба, а СДСМ „води“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-ja-demantira-anketata-spored-koja-zaev-imashe-najgolema-doverba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-ja-demantira-anketata-spored-koja-zaev-imashe-najgolema-doverba/#respond Tue, 24 Mar 2020 17:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=321588

„Националниот демократски институт дознава дека ограничени информации од нашето неодамнешно истражување на јавното мислење се појавија на одредени онлајн портали со логото на НДИ,“ реагираше оваа светски етаблирана организација. Според наводните резултати, лиферувани од провладините медиуми, СДСМ водеше со БЕСА за 5% пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а Заев имаше најголема доверба меѓу граѓаните. Информациите на медиумите на СДСМ, очебијно биле лажна вест, за што потврди и самата НДИ. Во нивниот демант се вели: „Би сакале да истакнеме дека овие информации не се објавени од НДИ, дека се извадени од контекст и не се дел од официјалната верзија која е споделена со политичките партии. Наскоро, НДИ ќе ги објави информациите од своето истражување и ќе бидат достапни за јавноста. Во меѓувреме, би сакале да апелираме до сите политички партии и медиумите да се воздржат од објавување неофицијални податоци кои немаат извор, особено за рејтинзи на политичките партии и лидери за време на овие тешки времиња и вонредната ситуација во државата,“ стои во демантот на НДИ. Провладините медиуми тогаш пренесоа: „Од наши извори дознаваме дека Националниот демократски институт (НДИ) спровел истражување на јавното мислење на граѓаните (анкета), каде меѓу другото биле мерени и рејтинзите на политичките партии. Анкетата е спроведена во периодот од 26 февруари до 5 март на 1.200 испитаници, теренски, пред започнување на кризата со коронавирусот. Како што дознаваме, на прашањето „Ако денеска се одржат избори за која политичка партија ќе гласате?“ 22,9 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, а 3,3 отсто помалку или 19,6 одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи предвид дека анкетата биле спроведена пред официјализирање на коалицијата СДСМ-БЕСА, за албанската партија се определиле 1,7 проценти од испитаните граѓани. Со тоа, вкупната предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ изнесува 5 проценти според истражувањето на Националниот демократски институт“ се велеше во извештаите на редица провладини медиуми, вест која испадна класична лажна вест. Одговороста е многукратно поголема и поради фактот што се работи за лажни резултати од анкета т.е. лажирано испитување на јавното мислење, кое подлежи и под законска одговорност и кое сноси високи казни, особено што нема податоци како е извршена, на колкав примерок, од кого и во кој временски период. Вообичаено, недостигот на само еден податок од наведените со себе носи казна за медиумот. Македонија е во очекување на вистинската анкета на НДИ. Јавноста пак очекува осуда од Министерството за медиуми до медиумите кои излажаа (Фронтлајн, Центар, Бриф, Локално и др.), секако и од т.н. Совет за етика и од ЗНМ поради флагрантното ширење лажни вести. На потег се Поповски, Синадиновска и Чадиковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ndi-ja-demantira-anketata-spored-koja-zaev-imashe-najgolema-doverba/feed/ 0
Мицкоски: Викендот ќе го поминеме работно со НДИ од САД работејќи на нашите капацитети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vikendot-kje-go-pomineme-rabotno-so-ndi-od-sad-rabotejkji-na-nashite-kapaciteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vikendot-kje-go-pomineme-rabotno-so-ndi-od-sad-rabotejkji-na-nashite-kapaciteti/#respond Fri, 08 Feb 2019 17:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=161720

Овој викенд ВМРО-ДПМНЕ ќе го помине во Струга заедно со Националниот демократски институт (НДИ) од САД. Тоа ќе претставува одлична можност за раководството на партијата, за луѓето од Националниот демократски институт, да размениме знаења и искуства, инаку самиот наслов на овој работен викенд е „Рефлектираме за минатото и планираме за иднината“. Ќе ги извлечеме поуките од сите оние грешки кои политичките елити во ова наше 28-годишно политичко мочуриште го правеа во Република Македонија и тие грешки да не ги повториме во иднина, затоа да направиме соодветен план и да ја испланираме иднината. Ова за Атфа ТВ, го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Струга каде се одржува дводневниот семинар се одржува со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“. -Мислам дека ќе претставува корисно искуство за ВМРO-ДПМНЕ, за луѓето од Националниот демократски институт, бидејќи навистина Македонија никогаш не била по поделена од денеска и како општество и како луѓе, и не само политички, туку ние почнавме да се делиме и по определни појави кои што се случуваат во македонското општество, рече Мицкоски и додаде: „Никогаш Македонија не била поподелена кога стануваше збор за Преспанскиот договор, имаше една помала група на луѓе кои што го поддржуваа и огромно мнозинство кое беше против тој договор. Потоа она бескрупулозното додворување на Зоран Заев со ниски страсти на определена етничка група, а се со цел само да обезбеди глас повеќе, бидејќи гледаме дека кај мнозинскиот етникум, македонскиот, не може повеќе да добива гласови бидејќи има огромно разочарување кај нив од политиките кои ги води СДСМ и Заев. На тој начин го прави македонското општество се поподелено, од друга страна пак, граѓаните се крајно разочарани на немањето правна држава, се деморализирани и демотивирани и спасот го наоѓаат селејќи се со целите семејства надвор од границите на Република Македонија“.
Инаку, целта на дводневниот настан кој го организира ВМРО-ДПМНЕ во соработка со НДИ, е градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата. НДИ е една од највлијателните политички организации во САД која има долгогодишна соработка со ВМРО-ДПМНЕ помагајќи ги во континуитет внатрепартиските процеси на реформи, реструктуирање и подготвување на нови програми.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vikendot-kje-go-pomineme-rabotno-so-ndi-od-sad-rabotejkji-na-nashite-kapaciteti/feed/ 0
Средба на градоначалникот на Кисела Вода со директорот на НДИ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-na-gradonachalnikot-na-kisela-voda-so-direktorot-na-ndi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-na-gradonachalnikot-na-kisela-voda-so-direktorot-na-ndi/#respond Thu, 01 Mar 2018 12:02:57 +0000 http://kurir.mk/?p=26204

Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, имаше средба со Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт (НДИ), како и со Александра Цветковска, виша менаџерка на програма во НДИ. Темелковски ги презентираше потенцијалите на Кисела Вода како локална самоуправа и приоритетните проекти кои треба да им овозможат подобри услови за живеење на жителите од овој дел на Скопје. На средбата се разговарало и за начините на кои локалната самоуправа може да помогне во повторното отворање на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните од страна на Собранието на Македонија. Како што соопшти прес-службата на општината, една од темите на која беше ставен фокусот беше имплентирањето на родовата перспектива во работата на општина Кисела Вода. Во оваа насока, како што информира градоначалникот, во тек е обука на административните службеници за родова еднаквост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-na-gradonachalnikot-na-kisela-voda-so-direktorot-na-ndi/feed/ 0