Ндрангета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 10:37:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ндрангета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Италија приведени 202 осомничени членови и помагачи на Ндрангета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-privedeni-202-osomnicheni-chlenovi-i-pomagachi-na-ndrangeta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-privedeni-202-osomnicheni-chlenovi-i-pomagachi-na-ndrangeta/#respond Thu, 01 Sep 2022 10:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=727183

Во денешната рација на италијанската државна полиција, карабинерите и финансиската полиција во градот Козенца приведени се 202 осомничени членови и помагачи на мафијата Ндрангета. Тие се уапсени под обвинение за членство во мафијашка организација, шверц на дрога, обложување измама и перење пари, меѓу другите обвиненија. Според италијанските медиуми, меѓу приведените се и локални бизнисмени и политичари, вклучително и градоначалник и некои високи функционери. Полицијата заплени недвижен имот и предмети во вредност од над 72 милиони евра. Ндрангета, чие седиште е во Калабрија, е една од најголемите италијанска мафијашка организација, која има доминантна улога во меѓународната трговија со дрога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-privedeni-202-osomnicheni-chlenovi-i-pomagachi-na-ndrangeta/feed/ 0
Ги предал таткото и чичкото – почна судењето на најмоќната италијанска мафија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-predal-tatkoto-i-chichkoto-pochna-sudenjeto-na-najmokjnata-italijanska-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-predal-tatkoto-i-chichkoto-pochna-sudenjeto-na-najmokjnata-italijanska-mafija/#respond Sun, 17 Jan 2021 12:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=456500

Во Италија започна најголемото судење на мафија во кое се обвинети 350 припадници и соработници на кланот Ндрангета, за кој велат дека е побогат од Дојче Банк. Се наведува дека овој клан има монопол на увозот на кокаин во Европа. Новинарите пренесуваат дека ова е најголемото судење на италијанска мафија по 30 години. Судењето опфаќа и дел од локалните официјални лица, функционери, полицајци и бизнисмени. Истото се одржува во специјален бункер во судница на југот од Италија од каде и е мафијата. Судницата само за адвокатите има 600 места, а над 300 за обвинети. Судењето на криминалната група на нејзина територија е претставува силен одговор на државата. Интересно е што во процесот има 58 заштитени сведоци, кои биле припадници на мафијата, а кои сега соработуваат со полицијата. Во процесот, како што јавуваат медиумите, ќе се појави и Емануел Манкусо, син на Леон Макусо кој пак е роден брат на главниот обвинет, Луиџи Манкусо. Ндрангета е мафијашка криминална организација од југот на Италија, која од 50-тите години е проширена на северот од земјата, но и со светот. Американски дипломаски извори проценуваат дека нејзините приходи од трговијата со дрога, изнуда и перење пари чинат најмалку 3 проценти од БДП на Италија. Судењето го води најпознатиот италијански антимафијашки обвинител Никола Гратери кој повеќе од три децении живее под полициска заштита. Од 58-те сведочи се очекува да ја разоткријат мафијашката активност на групата и да го прекршат кодексот на молчење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-predal-tatkoto-i-chichkoto-pochna-sudenjeto-na-najmokjnata-italijanska-mafija/feed/ 0
Почнува најголемото судење против италијанската мафија во изминатите 30 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemoto-sudenje-protiv-italijanskata-mafija-vo-izminatite-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemoto-sudenje-protiv-italijanskata-mafija-vo-izminatite-30-godini/#respond Wed, 13 Jan 2021 10:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=454682

Повеќе од 350 припадници на мафијата, политичари, правници, бизнисмени и други обвинети ќе се појават на суд во јужниот калабриски град Ламези Терме. Обвинителите се надеваат дека со судскиот процес ќе и се зададе удар на криминалната група Ндрангета, која дејствува и глобално. Обвинителите треба да докажат дека Ндрангета уште од 90-тите години на минатиот век е вклучена во убиства, илегална трговија со дрога, уцени, перење пари и други криминални дела. – Судењето е камен темелник за изградба на ѕид против мафијата во Италија, изјави обвинителот Никола Гратери. Ндрангета го контролира протокот на кокаин во Европа и се смета за најмоќна криминална организација во Италија. Се очекува судскиот процес против 355 обвинети, кои ги бранат над 900 адвокати, да трае најмалку една година. Ндрангета не се занимава само со илегална трговија со дрога, уцени и лихварство, туку ги користи фирмите за повторно вложување на незаконската добивка. Во многу делоиви на Калабрија, Ндрангета е инфилтрирана во сите подрачја на јавниот живот. Ндрангета годишно заработува повеќе од 50 милијарди евра, со што е најбогата криминалната група во светот. Судењето во моментот е насочено кон фамилијата Манкусо и нејзината мрежа соработници, кои го контролираат подрачјето Вибо Валентиа во Калабрија. Помеѓу обвинетите се голем број правници, политичари, поранешни пратеници, градоначалници, функциоонери и бизнисмени. Првото италијанско големо судење е спроведено во Палермо во средината на 80-тите година против сицилијанската мафија Коза Ностра, при што беа осудени 338 лица. Мафијата подоцна ги уби обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борсеино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-najgolemoto-sudenje-protiv-italijanskata-mafija-vo-izminatite-30-godini/feed/ 0