неа демократиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jun 2018 08:05:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неа демократиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кумуцакос: Кога ќе дојдеме на власт, ќе го смениме Договорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/#respond Thu, 21 Jun 2018 08:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=68095

Како влада, ќе направиме сѐ што е можно, сѐ што е во наши раце, со преговарачки, дипломатски и политички средства, со контакти за да се смени оваа негативна разврска за земјата по Договорот. Тоа е наша обврска, изјавил одговорниот за надворешна политика во Неа демократиа, Јоргос Кумуцакос, за грчката телевизија „Антена“. Кумуцакос повтори дека нема шанси Неа демократиа да го поддржи Договорот меѓу Македонија и Грција и нема да гласа за него, кога ќе дојде во парламентот, пренесува МИА од Атина. „Доколку и кога ќе стане влада, Неа демократиа ќе направи сѐ, сѐ што има на располагање, со секое дипломатско и политичко средство, за да смени и да намали сѐ што е негативно во договорот“, порача Кумуцакос. Според него, владата „во најдобри можни околности, донесе најлош можен договор“. „Комбинацијата на името Северна Македонија со прифаќање македонски јазик и македонска националност, е експлозивна. Тоа навистина е основа на еден нов иредентизам. Зошто? Бидејќи постои една Северна Македонија и очигледно и Јужна Македонија, во очите на Скопјаните, не во нашите очи, за нас постои една Македонија. Комбинацијата дека постои една јужна Македонија и Македонците се таму, сфаќате дека комбинацијата е експлозивна, нема потреба да навлеземе во други работи, само ова е доволно“, објасни Кумуцакос.

Тој, повикувајќи се на објавените изјави од европски функционери и на поранешниот пратеник во Независни Грци, Димитрис Каменос, додаде дека е можно владата да преговарала за да добие нешто во замена и дека тој лично не може и не сака да поверува дека владата „за да земе нешто малку за долгот, даде нешто големо за нацијата“.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumucakos-koga-kje-dojdeme-na-vlast-kje-go-smenime-dogovorot-za-imeto/feed/ 0