неапол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 08:28:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неапол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Масовна прослава на шампионската титула во Неапол https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/masovna-proslava-na-shampionskata-titula-vo-neapol/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/masovna-proslava-na-shampionskata-titula-vo-neapol/#respond Fri, 05 May 2023 08:28:52 +0000 https://kurir.mk/?p=830834

Навивачите на Наполи во голем број до доцна во ноќта ја славеа низ улиците во Неапол првата шампионската титула на италијанскиот клуб по пауза од 33 години. Луѓето пееја и играа на улиците, дел од нив од среќа скокаа во градските фонтани, додека многумина отпоздравуваа со развиорени клупски знамиња возејќи се со скутери низ улиците во Неапол. Наполи синоќа ја завери титулата со Серија А, прва по пауза од 33 години, откако го освои потребниот бод на гостувањето против Удинезе (1-1). „Во нашите срца живееше еден сон, Наполи повторно да биде шампион“, пееја насобраните навивачи на Наполи на градските улици. „Плачам. Ова е историски момент“, изјави за Би-Би-Си, 13-годишнито навивач на Наполи, Едоардо Напа. Тој е дел од младата генерација навивачи на Наполи, кој не бил роден кога клубот предводен од Диего Марадона, последен пат ја освои шампионската титула во 1987 и 1990 година. За шампионската прослава на локалните жители во Неапол им се приклучија и навивачи од другите делови на Италија, како и од Франција, Шпанија и Велика Британија, прославувајќи го успехот со торти, сладоледи и пијалаци. „Се чини дека светот овде застанал. Оваа прослава ќе трае најмалку еден месец. Ќе трае до лето. Чувствито е неверојатно. Наполитанците внесуваат љубов во сè што прават, вклучувајќи го и фудбалот“, изјави студентката Амелија Бафи, која од Рим допатува на шампионското славје во Неапол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/masovna-proslava-na-shampionskata-titula-vo-neapol/feed/ 0
Морничави сцени од Неапол: Се урна дел од гробиштата – ковчезите отворени, некои висат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichavi-sceni-od-neapol-se-urna-del-od-grobishtata-kovchezite-otvoreni-nekoi-visat-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichavi-sceni-od-neapol-se-urna-del-od-grobishtata-kovchezite-otvoreni-nekoi-visat-video/#respond Wed, 19 Oct 2022 09:52:19 +0000 https://kurir.mk/?p=747567

Дел од теренот на гробиштата Поџореале во Неапол повторно се урна и сега десетици ковчези останаа да висат. Делот од гробиштата кој се урнал бил во близина на крематориум, а од дел од ковчезите се гледаат и телата на починатите лица. Поџореале се најголемите гробишта во Неапол. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichavi-sceni-od-neapol-se-urna-del-od-grobishtata-kovchezite-otvoreni-nekoi-visat-video/feed/ 0
УЖАС ВО НЕАПОЛ: ОГРОМНА ДУПКА СЕ ОТВОРИ ВО БОЛНИЦА – проголта неколку автомобили, евакуиран е одделот за Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-neapol-ogromna-dupka-se-otvori-vo-bolnica-progolta-nekolku-avtomobili-evakuiran-e-oddelot-za-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-neapol-ogromna-dupka-se-otvori-vo-bolnica-progolta-nekolku-avtomobili-evakuiran-e-oddelot-za-kovid/#respond Fri, 08 Jan 2021 13:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=452871

Огромна дупка се отвори рано утрово на паркинг во болницата „Дел маре“ во Неапол, објавија италијанските медиуми. Засега нема информации за повредени лица. Евакуиран е одделот за ковид, а во тек е истрага. Полицијата врши истрага што би можело да биде причина за создавање на оваа дупка, која „проголта“ неколку автомобили. Провалијата е длабока околу 12 метри, а има две илјади квадратни метри, пишува весникот „Република“. По инцидентот, кој утрово ги разбуди пациентите со голема бучава, болницата е евакуирана, а во нема има прекин на вода. Пожарникари се наоѓаат на местото на настанот и се обидуваат да ја обезбедат бездната од натамошно ширење. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-neapol-ogromna-dupka-se-otvori-vo-bolnica-progolta-nekolku-avtomobili-evakuiran-e-oddelot-za-kovid/feed/ 0
ФОТО: По два месеци, мирисот на пицата повторно низ улиците во Неапол – продадени 60.000 пици https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-po-dva-meseci-mirisot-na-picata-povtorno-niz-ulicite-vo-neapol-prodadeni-60-000-pici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-po-dva-meseci-mirisot-na-picata-povtorno-niz-ulicite-vo-neapol-prodadeni-60-000-pici/#respond Fri, 01 May 2020 08:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=340202

По два месеци минати во карантин поради коронавирусот, пицериите во Неапол, родното место на пицата, повторно се отворени. Додека на пицериите во Рим и другите градови им било дозволено да прават и доставуваат пици, во Неапол поради густината на населението работењето на пицериите беше забрането, а со цел да се избегне овој град да стане ново жариште на Ковид-19 во Италија. Работата на пицериите сега повторно е дозволена, но под строги и ризорозни мерки. Одлуката за отворање на пицериите во Неапол наиде на огромен интерес кај жителите, па во еден ден се продадени околу 60.000 пици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-po-dva-meseci-mirisot-na-picata-povtorno-niz-ulicite-vo-neapol-prodadeni-60-000-pici/feed/ 0
Собраните 55 илјади евра од продадениот дрес на Марадона донирани за граѓаните на Неапол https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sobranite-55-iljadi-evra-od-prodadeniot-dres-na-maradona-donirani-za-gragjanite-na-neapol/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sobranite-55-iljadi-evra-od-prodadeniot-dres-na-maradona-donirani-za-gragjanite-na-neapol/#respond Mon, 27 Apr 2020 10:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=337988

Дресот на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, облечен пред 33 години во пријателски дуел против Италија, е продаден за 55.000 евра на онлајн аукција. Собраните средства ќе одат во добротворни цели, односно да се купат основни материјали за граѓаните на Неапол, кои претрпеле во тешка економска состојба поради коронарна пандемијата. Дресот на аукција го подари поранешниот италијански фудбалер Чиро Ферара, кој го доби како сувенир од Аргентинецот на своето деби за „азурите“ на 10 јуни 1987 година во Цирих, во кој Италија славеше со 3:1, а Марадона го постигна единствениот гол за Аргентина. – Чиро, победивме на уште еден натпревар, веројатно најважен од сите нив. И го добивме заедно, исто како и порано, напиша Марадона на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sobranite-55-iljadi-evra-od-prodadeniot-dres-na-maradona-donirani-za-gragjanite-na-neapol/feed/ 0
Фрлена бомба на позната пицерија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frlena-bomba-na-poznata-picerija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frlena-bomba-na-poznata-picerija/#respond Wed, 16 Jan 2019 16:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=153034

Популарна пицерија во Неапол е последна мета на бомбашки напад, кој италијанските власти и го препишуваат на мафијата. Слабата експлозија пред ресторанот „Сорбило“ во центарот на градот одекна рано наутро и направи помала материјална штета. Новинската агенција АНСА пренесе дека осум локали во Неапол биле на мета на напади во последните денови. Властите веруваат дека зад нападот стои наполитанската мафија Камора. Пицеријата на Џино Сорбино, која е атрактивна за туристите, пред пет години изгоре во пожар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frlena-bomba-na-poznata-picerija/feed/ 0
ФОТО: По повеќе од половина век снег и во Неапол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-po-povekje-od-polovina-vek-sneg-i-vo-neapol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-po-povekje-od-polovina-vek-sneg-i-vo-neapol/#respond Tue, 27 Feb 2018 10:56:10 +0000 http://kurir.mk/?p=25303

Необично студеното време, под влијание на студен сибирски бран, се уште царува на Апенинскиот Полуостров. Минатата ноќ снег падна во јужниот италјански град Неапол, по што беше затворен аеродромот, како и сите училишта во градот. Поради голомразицата на пистата и лошата видливост, властите на неаполскиот аеродром Каподикино ги стопираа привремено полетувањата и слетувањата. Засега не се знае точниот број на одложени летови. Проблеми има и со градскиот превоз. Снежна покривка се образува и на вулканот Везув крај Неапол. Снегот ги затрупа и крајбрежните булевари и градскиот центар. Последен пат жителите на јужниот град крај Неаполскиот Залив виделе ваков обилен снег пред повеќе од половина век, во 1956 година. Студениот циклон, наречен од Италијанците „Сибирска бура“, се уште беснее во централните региони, но се движи кон југ. Снегот обилно наврна вчера и во Рим, кој, по ледената ноќ, и денеска не се топи и прави проблем на превозот во градот. Локалната самоуправа на Рим ги остави училиштата затворени. Забележани се и рекордно ниски температури, од минус 35 степени Целзиусови во Северна Италија до минус 15 во централните региони на полуостровот. Синоптичарите очекуваат извесно затоплување дури следната среда, но веќе предупредуваат дека ќе следува нов бран на студ и врнежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-po-povekje-od-polovina-vek-sneg-i-vo-neapol/feed/ 0