небезбедна вода за пиење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jan 2021 14:25:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png небезбедна вода за пиење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Водата од чешмите во Тетово заматена и не се препорачува да се пие https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-od-cheshmite-vo-tetovo-zamatena-i-ne-se-preporachuva-da-se-pie/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-od-cheshmite-vo-tetovo-zamatena-i-ne-se-preporachuva-da-se-pie/#respond Mon, 11 Jan 2021 14:25:49 +0000 https://kurir.mk/?p=453875

Центарот за јавно здравје Тетово препорачува водата од градскиот водовод да не се користи периодов поради појава на заматување предизвикано од интензивните врнежи од дожд. Објаснуваат дека состојбата не е аларманта и дека по прекинување на врнежите се очекува стабилизирање на физичко-хемиските параметри. -Поради обилните дождови, најверојатно дојде до пробив до извориштата на Шар Планина и до заматување на водата за пиење во градскиот водовод на Тетово. Поради тоа, не препорачуваме водата да се пие односно препорачуваме да се користи флаширана вода или да се преврира 10 минути, а потоа да се употребува изладена. Првичните резултати се во рамки на нормални вредности. Нивото на резидуален хлор е 0,2 милиграми на литар, така што препорачуваме да не се консумира додека не излеземе со конечните резултати. Нивото на резидуален хлор ни дава надеж дека нема да дојде до микробиолошко загадување и дека ова ќе биде едно транзиторно заматување на водата за пиење, изјави доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центар за јавно здравје. Тетово во моментот се снабдува со вода од четирите извори на Шар Планина и од т.н. стар водоснабдителен систем. Новиот систем кој зема вода од планинските реки кај месноста Лешница веќе неколку дена е вон функција, исто така поради заматување на водата и затоа што сензорите на филтер-станицата не дозволуваат проток на водата. Стариот систем од извориштата на Шар Планина денеска има зголемена количина и доток на вода во мрежата од 310 литри вода во секунда, кои во саботата биле 150. Тоа е амплитуда која се случува оддеднаш и поради дождовите и ќе се намали, информира Љуљзим Шаќири од ЈКП Тетово. Четирите извори од стариот систем се Уливерички извор, Вакуф, Попова Шапка и Драга Вода. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-od-cheshmite-vo-tetovo-zamatena-i-ne-se-preporachuva-da-se-pie/feed/ 0
Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tabli-so-predupreduvanje-na-izvorite-so-nebezbedna-voda-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tabli-so-predupreduvanje-na-izvorite-so-nebezbedna-voda-vo-kisela-voda/#respond Tue, 19 Jun 2018 11:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=67446

Општина Кисела Вода соопшти дека на каптираните извори со небезбедна вода за пиење на нејзина територија во Општината поставени се осум табли со предупредување. -  Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општината: Селската чешма во селото Драчево, изворот на Стакларница, во близина на Св. Теодор, на кривината во Бабин Дол, јавната чешма под црквата Св. Ѓорѓија, и кај црквата Св. Елена и Константин, под црквата Св. Ѓорѓија, три чешми, Горномаалската чешма во селото Драчево, како и каптираниот извор кај црквата Св. Руса во Пеленица, село Драчево, соопштија од Општина Кисела Вода. Информираат дека на изворот кај кривината Св. Петка, Црниче, УВ ламбата е заменета со нова, додека на изворот кај Св. Ѓорѓија, е поставена станица за хлорирање, испитана е и пуштена во употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tabli-so-predupreduvanje-na-izvorite-so-nebezbedna-voda-vo-kisela-voda/feed/ 0