нечиста крв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 06:03:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нечиста крв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО ќе информира за случајот за Жан Митрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ke-informira-za-sluchajot-za-zhan-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ke-informira-za-sluchajot-za-zhan-mitrev/#respond Tue, 10 Jan 2023 06:24:24 +0000 https://kurir.mk/?p=785297

Основното јавно обвинителство денеска на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на пандемијата со корона-вирусот. – На брифингот ќе присуствуваат Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева, информираа од ОЈО. Митрев на гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ „Телма“ рече дека не знае зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите. Според д-р Митрев, ниту еден пациент не бил доведен во заблуда. Хемофилтрацијата, според него, е релативно стар метод и како што појасни не се употребува за лекување на Ковид и други инфективни болести, туку е помагало, а не метод за лекување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ke-informira-za-sluchajot-za-zhan-mitrev/feed/ 0
Жан Митрев повикан во обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zan-mitrev-povikan-vo-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zan-mitrev-povikan-vo-obvinitelstvo/#respond Fri, 12 Aug 2022 12:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=717655

Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев кој е на распит кај обвинителот Гаврил Бубевски кој го води предметот, објави Фактор. -Жан Митрев е повикан на распит во обвинителството на распит за одредени околности за предметот кој го води обвинителството, односно ОЈО Скопје по допрен глас од јавноста, потврдиле од Обвинителството. Како што е познато, обвинителството отвори предмет, по емисијата Нечиста крв за наводни неправилности во таа приватна болница поврзани со лекување на пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zan-mitrev-povikan-vo-obvinitelstvo/feed/ 0
Институциите работат на случајот со приватната болница „Жан Митрев“, тврди Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-rabotat-na-sluchajot-so-privatnata-bolnica-zan-mitrev-tvrdi-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-rabotat-na-sluchajot-so-privatnata-bolnica-zan-mitrev-tvrdi-kovachevski/#respond Thu, 28 Jul 2022 12:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=711377

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во врска со сторијата на ИРЛ за работата на клиниката „Жан Митрев“ во време на ковид-пандемијата се формирани сите потребни стручни комисии, оти се информирани сите инспекторати кои ќе ги преземат неопходните мерки согласно надлежностите, по што министерот за здравство треба да ја информира Владата за се што ќе биде утврдено. Ако се дојде до сознанија кои алудираат на неправилности, нагласи Ковачевски, тие ќе бидат процесирани согласно законските процедури. -Формирани се сите стручни комисии кои ќе треба да го испитаат случајот во детали, информирани се сите инспекторати да работат согласно законските надлежности. Министерот за здравство и Министерството за здравство за сите податоци кои ќе ги добијат ќе треба да ја информираат Владата. Доколку врз основа на наодите на комисиите и инспскциските надзотри и другите институции кои се вклучени се дојде до сознанија кои алудираат на одредени неправилности, нормално дека тие ќе бидат процесуирани согласно законската регулатива на државата, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски. Тој потсети дека за ова прашање расправала и Владата и оти таа го задолжила и Министерството за здравство да ги провери наводите во анализата, како и на тоа дека од ДЗСИ е побарано да изврши вонреден инсекциски надзор за спроведување на одредби за пријавување интрахоспитални инспекции, како и извештај за спроведени и редовни контроли во периодот од 2019 до 2022 година. Исто така, рече дека од Малмед било побарано да даде извештај за наводите за клиничите испитувања поврзани со хемофилтрација. Надележни институции ќе ги проведуваат медицинските документи за да се види на кои пациенти и во какви случаи била вршена ваква процедура. До 26 јули, нагласи, Малмед нема доставено извештај до Министерството за здравство Пратеникот Стојановски, поставувајќи го прашањето зошто не се прави доволно за расчистување на овој случај, истакна дека во него се работи за класично затајување на системот во што се вмешани неколку институции. Не е возможно, нагласи, за ваков скандал да не знаеле институциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-rabotat-na-sluchajot-so-privatnata-bolnica-zan-mitrev-tvrdi-kovachevski/feed/ 0
Мицкоски: За „Нечиста крв“ требаше робусно да се реагира, а не да се формираат комисии и да се разводнува случајот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-nechista-krv-trebashe-robusno-da-se-reagira-a-ne-da-se-formiraat-komisii-i-da-se-razvodnuva-sluchajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-nechista-krv-trebashe-robusno-da-se-reagira-a-ne-da-se-formiraat-komisii-i-da-se-razvodnuva-sluchajot/#respond Thu, 21 Jul 2022 11:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=708427

Најдобар начин да се заташка некоја работа е да се формира комисија и тогаш таа ќе се разводни и резултатот од работата на таа комисија можеби и никогаш нема да се види. Тој што го советувал министерот го советувал погрешно или пак не сакам да констатирам, но ако тоа го направил свесно тогаш ќе биде во јавноста можеби и како соучесник во целиот овој процес. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Аеродром, одговори на новинарско прашање за став околу комисијата која Министерството за здравство ја најави за расчистување на случајот „Нечиста крв“. Мицкоски потенцираше и дека за овој случај наместо да се формираат комисии и да се развлекува, требало веднаш да се реагира и да се расчисти. „Требаше да се реагира според мене многу робусно, веднаш, а не да се формираат комисии и жалам повторно што министерот најверојатно некој го советувал погрешно, но тоа е што е, во Македонија овие политичари за да ја распродаваат, како што ја распродаваат, единствена цел им е да останат ден повеќе и да ги користат привилегиите кои што им ги дава народот или да бидам попрецизен да крадат и забораваат дека ќе дојде денот кога ќе се соочат со одговорност. Јас паметам и други времиња и други политичари кои што мислеле дека вечно ќе траат во политиката, но дошол денот кога се соочиле со одговорноста. Тоа што го правите сега, многу скоро во иднина ќе има влијание без разлика дали е тоа позитивно или негативно. Мислам дека од погрешен чекор во погрешен влегуваат и само дополнително забраздуваат во проблемите, но тоа е нивна работа. Наша работа е што можеме да поправиме од тоа што може да се поправи, а потоа да добиеме мнозинство од граѓаните и овие грешки од изминативе 5 години да ги санираме“, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде дека ако не се случи тоа ќе останат крадците таму каде што се без одговорност, а народот се помалку ќе го има во Македонија, а Македонија ќе се празни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-nechista-krv-trebashe-robusno-da-se-reagira-a-ne-da-se-formiraat-komisii-i-da-se-razvodnuva-sluchajot/feed/ 0
Сали објасни што мислел со изјавата за 500 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-objasni-shto-mislel-so-izjavata-za-500-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-objasni-shto-mislel-so-izjavata-za-500-denari/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=707910

Министерот за здравство Беким Сали се огласи на Фејсбук каде вели дека ја објаснува неговата изјава која покрена лавина коментари на социјалните мрежи. -Почитувани медиуми и граѓани, дозволете да објаснам дека вашето здравје нема цена и независно од цената на здравствената услуга, било да е тоа 500 или пак 5 денари, одговорност мора да има. Тоа беше мојата идеја и мојот став. Се друго е само толкување, напиша Сали на Фејсбук. Ваквото дообјаснување следува по денешната прес-конференција на здравствените власти во врска со сторијата на ИРЛ „Нечиста крв“ која се однесува на работењето на приватната клиника „Жан Митрев“. -Ако жалбата е во износот на парите, ние овде сметаме дека здравјето не познава финансии. Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите. Значи не е така. Антибиотиците кои масовно се користеа исто така оставија последици. Тек сега се справуваме со пост-ковид последици. Во овие случаи не може да гледате само од финансиски аспект. Ниту еден министер, доктор… не може да каже дека во ковид кризата нешто се правело врз основа на докази. Се што се правеше е врз основа на искуства од минатото, вирусот е нов и никој не е сигурен што прави. Барам да бидеме коректни, рече Сали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-objasni-shto-mislel-so-izjavata-za-500-denari/feed/ 0
Директорот на МАЛМЕД бара време за утврдување на наодите согласно законите и прописите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-malmed-bara-vreme-za-utvrduvanje-na-naodite-soglasno-zakonite-i-propisite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-malmed-bara-vreme-za-utvrduvanje-na-naodite-soglasno-zakonite-i-propisite/#respond Wed, 20 Jul 2022 10:18:58 +0000 https://kurir.mk/?p=707827

Да се даде време за утврдување на наодите за клиниката „Жан Митрев“ согласно законите и прописите. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите, рече денеска директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) Лирим Шабани. Шабани на прес-конференцијата во врска со случајот „Брезев“ и работењето на клиничката болница „Жан Митрев“ на која присуствуваат министерот за здравство Беким Сали, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) Иринка Сотровска Бухова, како и претседателката на Лекарската комора Калина Кривчева Старделова, порача дека никој не е над законот и дека тој што згрешил, ќе одговара за своите постапки. Тој информира дека веќе се закажани две комисии, етичка и комисија за клинички испитувања кои ќе работат на случајот. -Логично е малку да се даде време за да се утврди се според протоколите, прописите и законите. Сакаме да сме сигурни дека тоа било така како што е објавено. Никој не вели дека имало или немало клиничко испитување. Велиме како што кажува законот – ако некој развива некакво клиничко испитување, тоа се санкционира, а за да се санкционира треба да се потврди. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите. Во меѓувреме тече состанокот меѓу претставниците на МАЛМЕД и тимот од „Жан Митрев“, се соочуваат аргументите, истакна Шабани. Според него, не може ништо да се тврди ад-хок, ако претходно не се докаже. -Ако вели некој дека нема изјава од пациенти, не можеме да кажеме дали има или нема. Ги викнавме луѓето да достават документација. Агенцијата за лекови прати инспекција пред да се објави документарецот, им даде пет дена рок, до вчера попладне доставија дел од документацијата, денеска се дојдени за објаснување. Закажана е Комисија за клинички испитувања, а ќе заседава и Етичка комисија. Дајте барем малку време да се потврдат наодите. Што и да се утврди, ќе се постапи соодветно, рече Шабани. Претходно, директорката на ДЗСИ соопшти дека во клиниката „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори. Министерот Сали, пак, порача дека случајот „Брезев“ ќе се тера до крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-malmed-bara-vreme-za-utvrduvanje-na-naodite-soglasno-zakonite-i-propisite/feed/ 0
Министерот Сали ќе објави детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-sali-kje-objavi-detali-za-sluchajot-so-klinichkata-bolnica-zan-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-sali-kje-objavi-detali-za-sluchajot-so-klinichkata-bolnica-zan-mitrev/#respond Wed, 20 Jul 2022 08:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=707742

Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе одржи прес-конференција на која се очекува да објави повеќе детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ по објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија. Министерот Сали во понеделникот на прес-конференција информираше дека е пратен допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“ и дека Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација. Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде. – Од Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали на прес-конференцијата во понеделникот. По објавувањето на сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ, Обвинителството оформи предмет. Од ИРЛ информираа дека по објавувањето на документарецот, до нивната редакција стигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем. Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница, која имаше најмногу пациенти за време на Ковид-19 пандемијата, го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган. Во документарецот сведочи семејството Брезеви, кои изгубиле член, кој се лекувал во болницата. Сопругата на починатиот за ИРЛ раскажува дека покрај лекувањето на Ковид, нејзиниот сопруг добил низа интрахоспитални инфекции, а бил подложен и на хемофилтрација на крвта. Новинарите од ИРЛ разговарале со уште 20-ина семејства чии блиски починале во болницата и добиле слични или исти сведоштва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-sali-kje-objavi-detali-za-sluchajot-so-klinichkata-bolnica-zan-mitrev/feed/ 0