Нед Прајс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 06:52:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нед Прајс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вашингтон предупреди дека новиот грузиски закон, што предизвика протести, е некомпатибилен со европската интеграција и демократскиот развој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-deka-noviot-gruziski-zakon-shto-predizvika-protesti-e-nekompatibilen-so-evropskata-integratsija-i-demokratskiot-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-deka-noviot-gruziski-zakon-shto-predizvika-protesti-e-nekompatibilen-so-evropskata-integratsija-i-demokratskiot-razvoj/#respond Thu, 09 Mar 2023 06:46:51 +0000 https://kurir.mk/?p=809743

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс предупреди дека новиот нацрт-закон во Грузија „инспириран од Кремљ“ за странски агенти е некомпатибилен со јасната желба на грузискиот народ за европска интеграција и демократски развој, јави ДПА.

„Донесувањето на такви закони, според наше мислење, ќе им наштети на односите на Грузија со стратешките партнери и ќе ја загрози нејзината евроатлантска иднина“, изјави портпаролот во Вашингтон.

Во вчерашната заедничка изјава, министрите за надворешни работи на балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија, кои исто како Грузија се поранешни советски републики, изразија загриженост за нацрт-законот.

„Го повикуваме грузискиот парламент одговорно да ги процени вистинските интереси на земјата и да се воздржи од одлуки што можат да ги попречат аспирациите на грузискиот народ да живее во демократска земја која се приближува кон ЕУ и НАТО“.

Истовремено, тие ја повикаа грузиската влада да го почитува правото на народот на мирни протести.

Естонија го повика грузискиот амбасадор во Талин за да го изрази своето незадоволство од нацрт-законот, кој Естонија го опиша како „еклатантна контрадикторност“ со претходните заложби на Грузија за европска интеграција.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-predupredi-deka-noviot-gruziski-zakon-shto-predizvika-protesti-e-nekompatibilen-so-evropskata-integratsija-i-demokratskiot-razvoj/feed/ 0
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс се повлекува од функцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portparolot-na-amerikanskiot-stejt-department-ned-prajs-se-povlekuva-od-funktsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portparolot-na-amerikanskiot-stejt-department-ned-prajs-se-povlekuva-od-funktsijata/#respond Wed, 08 Mar 2023 06:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=809318

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс ќе се повлече од функцијата овој месец, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА. Прајс е на функцијата од јануари 2021 година. Тој ќе остане во одделот и ќе работи директно со Блинкен. За време на администрацијата на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, брифинзите за печатот на Стејт департментот станаа нередовни. Американскиот телевизиски канал Ен-Би-Си јави дека Прајс ќе остане на функцијата до средината на март, по што ќе биде заменет од актуелниот заменик-портпарол Ведант Пател. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portparolot-na-amerikanskiot-stejt-department-ned-prajs-se-povlekuva-od-funktsijata/feed/ 0
Прајс: САД ги поздравуваат разговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megu-belgrad-i-prishtina-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megu-belgrad-i-prishtina-vo-brisel/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=806404

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа изјави дека САД ги поздравуваат разговорите во Брисел како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина со поддршка на Европската унија, одржани на 27 февруарии и силно го поддржуваат процесот на нормализација на односите меѓу двете страни. Прајс посочи дека напредокот кон формирањето на Заедницата на српските општини е сè уште клучен за градење на иднината на Косово „како суверена, мултиетничка и независна земја интегрирана во евроатлантските структури“. Тој оцени дека договорот за анексот за имплементација е суштински за нормализација во согласност со предлогот на ЕУ. Прајс додаде дека средбата во Брисел била добар чекор напред, но дека останува уште многу напорна работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megu-belgrad-i-prishtina-vo-brisel/feed/ 0
Прајс: САД остануваат активна страна во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-ostanuvaat-aktivna-strana-vo-normalizatsijata-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-ostanuvaat-aktivna-strana-vo-normalizatsijata-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina/#respond Thu, 26 Jan 2023 08:25:48 +0000 https://kurir.mk/?p=792091

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс денеска изјави дека САД остануваат активна страна во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и силно го поддржуваат продолжувањето на преговорите со посредство на ЕУ. Одговарајќи на новинарско прашање „зошто во насловот на таканаречениот европски план не се споменуваат САД и дали тоа значи дека Вашингтон се откажа од својата активна улога во решавањето на косовскиот спор“, Прајс рече дека „тоа не е така“. „Мислам дека го видовте тоа за време на оваа администрација. Неодамна, нашиот заменик-помошник секретар Гејб Ескобар, заедно со високи претставници на ЕУ – Германија, Франција и Италија – предводеа заедничка мисија во Приштина и Белград за да разговараат за предлогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија“, рече Прајс за американскиот медиум „Павловиќ тудеј“ (The Pavlovic Today). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-ostanuvaat-aktivna-strana-vo-normalizatsijata-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina/feed/ 0
Прајс: Русија е управувана од една личност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-rusija-e-upravuvana-od-edna-lichnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-rusija-e-upravuvana-od-edna-lichnost/#respond Wed, 14 Sep 2022 12:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=732671

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс синоќа изјавија дека Русија е управувана од една личност и неколку нејзини послушници кои дејствуваат издвоено од јавното мнение во земјата, и дека не се дозволува транспарентна дискусија во јавноста за неуспесите на Москва во нејзината војна во Украина. – За жал, тоа е систем со кој фактички управува една личност. Индивидуа која не е опкружена со демократски избрани помошници туку со луѓе кои поставиле заштита од јавното мислење и таа заштита се однесува и на луѓето од најтесниот круг во Кремљ, истакна Прајс. Според него, САД се сведоци на тоа дека руската Влада прави огромни напори да ги ограничи и регресира противниците на војната. – Во првите денови од војната десетици илјади луѓе беа задржани во мирни протести, на демонстрации во десетици руски градови. Потоа видовме како новинари, заштитници на граѓанското општество и други активисти се апсат за така нареченото злосторство да се каже вистината. Дали кога тоа го опишуваат како војна или е тоа критика за претседателот Путин или критика за Кремљ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-rusija-e-upravuvana-od-edna-lichnost/feed/ 0
Прајс: Вашингтон ја поддржува Литванија во однос на заканите од Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-vashington-ja-poddrzuva-litvanija-vo-odnos-na-zakanite-od-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-vashington-ja-poddrzuva-litvanija-vo-odnos-na-zakanite-od-moskva/#respond Tue, 21 Jun 2022 19:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=693869

Соединетите Американски Држави денеска изразија поддршка за членката на НАТО, Литванија, во однос на заканите на Русија против Вилнус, која воведе ограничувања за некои стоки кои минуваат низ нејзина територија за руската енклава Калининград. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс повтори дека Вашингтон ја задржува својата посветеност според членот 5 од Договорот за НАТО, кој предвидува дека нападот на сојузничката земја е напад врз сите членки на НАТО. „Ние ги поддржуваме нашите сојузници во НАТО и ја поддржуваме Литванија“, рече Прајс. Тој го поздрави спроведувањето на европските санкции против Русија поради руската инвазија на Украина. „Ја зајакнавме нашата посветеност за поддршка на Алијансата, го зајакнавме источното крило на НАТО, особено во оние земји кои се во првите редови на заканите на Русија“, рече Прајс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-vashington-ja-poddrzuva-litvanija-vo-odnos-na-zakanite-od-moskva/feed/ 0
Прајс: Одлуката на Скопје, Софија и Подгорица за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prajs-odlukata-na-skopje-sofija-i-podgorica-za-zabrana-za-prelet-na-avionot-na-lavrov-e-pochituvanje-na-obvrskite-kon-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prajs-odlukata-na-skopje-sofija-i-podgorica-za-zabrana-za-prelet-na-avionot-na-lavrov-e-pochituvanje-na-obvrskite-kon-nato/#respond Tue, 07 Jun 2022 05:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=687546

Одлуката на Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора за забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е почитување на обврските кон НАТО, оцени портпаролот на Стејт департментот на САД Нед Прајс. – Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, рече Прајс на брифинг на Стејт департментот, одговорајќи на прашање на Гласот на Америка. Прајс посочи дека се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор. Одлуката, според него, е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина. – Ја повикуваме и Србија да се држи до европски пат, да ја намали зависноста од руски енергетски ресурси и да ја усклади надворешната политика согласно принципите и правилата на ЕУ, рече портпаролот на Стејт департментот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prajs-odlukata-na-skopje-sofija-i-podgorica-za-zabrana-za-prelet-na-avionot-na-lavrov-e-pochituvanje-na-obvrskite-kon-nato/feed/ 0
Прајс: САД ќе продолжат со дипломатското присуство во Кабул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-kje-prodolzat-so-diplomatskoto-prisustvo-vo-kabul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-kje-prodolzat-so-diplomatskoto-prisustvo-vo-kabul/#respond Tue, 17 Aug 2021 12:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=551656

Стејт департментот денеска соопшти дека САД ќе продолжат со дипломатското присуство во Кабул и истовремено ќе ја забрзаат евакуацијата на илјадници Авганистанци кои имаат право на специјална имиграциска виза. САД моментно разговараат со Талибанците во Кабул и Доха, каде се водат мировни преговори, јавија американските медиуми. На преостанатите Американци во Кабул официјален Вашингтон им порача да се засолнат на местата каде што се наоѓаат во моментот и да не патуваат до аеродромот. – Имаме намера да продолжиме со дипломатското присуство во Кабул, додека тоа е безбедно за нас, и е одговорно од наша страна, изјави Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот. Според него, од неделата навечер целиот персонал од амбасадата на САД бил пренесен до меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, чиј периметар е обезбеден од американските војници. Тој додаде дека Пентагон „работи деноноќно на обнова на позитивна контрола над аеродромот за американските воени авиони и патнички авиони да можат да слетуваат и полетуваат“. Околу седум илјади американски војници добија дозвола за нераспоредување во Авганистан за пружање помош и евакуација на цивилниот персонал на САД и сојузниците, како и на Авганистанците кои се во опасност. Половина од таа бројка војници пристигна вчера. Според Стејт департментот, во изминатите недели во САД биле донесени две илјади кандидати и членови на нивните семејства за специјална имиграциска виза. Бајден синоќа издвои 500 милиони долари итна помош за бегалците од Авганистан. Администрацијата беше подложна на остри критики откако Талибанците за само неколку денови ги зазедоа клучните градови во земјата. Претставници од двете партии, демократската и републиканската, го осудија пристапот на САД за кратење на военото присуство во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-kje-prodolzat-so-diplomatskoto-prisustvo-vo-kabul/feed/ 0