недела неработен ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Aug 2022 16:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png недела неработен ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Инспекција „хараше“ 7 саати во Чаир, се проверувало дали се почитува законот за недела неработен ден – казнети 12 објекти https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspekcija-harashe-7-saati-vo-chair-se-proveruvalo-dali-se-pochituva-zakonot-za-nedela-neraboten-den-kazneti-12-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspekcija-harashe-7-saati-vo-chair-se-proveruvalo-dali-se-pochituva-zakonot-za-nedela-neraboten-den-kazneti-12-objekti/#respond Sun, 14 Aug 2022 16:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=718413

Денеска (14.08.2022),во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на опстина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи. Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspekcija-harashe-7-saati-vo-chair-se-proveruvalo-dali-se-pochituva-zakonot-za-nedela-neraboten-den-kazneti-12-objekti/feed/ 0
Петкоска: Мнозинството да го изгласа предлог законот за трговија кој предвидува туристичките места да можат да работат во недела и за време на државни празници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/petkoska-mnozinstvoto-da-go-izglasa-predlog-zakonot-za-trgovija-koj-predviduva-turistichkite-mesta-da-mozat-da-rabotat-vo-nedela-i-za-vreme-na-drzavni-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/petkoska-mnozinstvoto-da-go-izglasa-predlog-zakonot-za-trgovija-koj-predviduva-turistichkite-mesta-da-mozat-da-rabotat-vo-nedela-i-za-vreme-na-drzavni-praznici/#respond Thu, 09 Jun 2022 09:49:16 +0000 https://kurir.mk/?p=688767

Предлог законот за трговија односно законот познат како недела неработен ден кој ние како Пратеничка група го поднесовме, а владеачкото мнозинство го измени и го претставува како нивен закон, никако да се изгласа. Имено, ги помина сите собраниски процедури и треба само да биде изгласан, изјави на денешната прес конференција Лидија Петкоска, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таа истакна дека предлог законот предвидува туристичките места да можат да работат во недела и за време на државни празници. - Останува нејасно кои точно места се сметаат за туристички согласно Законот за туристичка дејност бидејќи во законот поимот „туристичко мето“ е премногу општо дефиниран и според него буквално секое место во државата може да се смета за туристичко. Предлог заљконот ги помина собраниските процедури на 25мај, што значи дека туризмот и туристичките места ги трпат последиците од недоговорното парламентарно мнозинство кое ако беше навистина загрижено за туризмот и туристичкиот развој овој закон досега ќе беше изгласан и ставен во сила. Сакаме да потсетиме дека туристичката сезона е веќе започната и дека не смее да се прават дополнителни одложувања на носењето на овој важен закон. Последици трпат сите туристички места, туристите и секако државата, појасни Петкоска. Пратеничката апелира до парламентарното мнозинство сериозно да пристапи кон овој закон бидејќи и тие самите го поддржуваат и заедно да го изгласаат за колку толку остатокот од туристичка сезона да биде спасен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/petkoska-mnozinstvoto-da-go-izglasa-predlog-zakonot-za-trgovija-koj-predviduva-turistichkite-mesta-da-mozat-da-rabotat-vo-nedela-i-za-vreme-na-drzavni-praznici/feed/ 0
ССМ ќе бара во недела да работат пратениците кои најавија измени на Законот за трговија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-kje-bara-vo-nedela-da-rabotat-pratenicite-koi-najavija-izmeni-na-zakonot-za-trgovija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-kje-bara-vo-nedela-da-rabotat-pratenicite-koi-najavija-izmeni-na-zakonot-za-trgovija/#respond Wed, 20 Apr 2022 11:22:31 +0000 https://kurir.mk/?p=665892

Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека ќе поднесе иницијатива до Собранието да се донесе законско решение со кое ќе им овозможи на пратениците, кои најавија дека ќе поднесат измени на Законот за трговија, да работат во недела. – Ќе побараме од пријателот на работниците, претседателот на Собранието Талат Џафери да го стави таквиот предлог по скратена постапка на собраниска седница и ќе ги повикаме сите пратеници да им го овозможат правото на дополнителна работа во недела на пратениците од политичката партија која размислува да поднесе Предлог – закон со кој сака да им го скрати тоа право на работниците, наведува ССМ во денешната реакција. Со ова, велат од ССМ, ќе им се овозможи на пратениците кои сакаат да поднесат измени на Законот за тровија, да видат како е да се работи во недела. – На таков начин ќе им се овозможи на пратениците подносители на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, да работат во недела во туристичките центри и на своја кожа да почувствуваат како им е било на работниците од трговијата, кои не знаеја ниту за викенд, ниту за празник ниту за неработен ден. А, работниците кои одмараат во недела, со задоволство ќе ги посетат пратениците кои ќе работат трговија во туристичките центри да пазарат кај нив, стои во реакцијата. Од ССМ потсетуваат дека измените на Законот за трговија, со кои недела се прогласи за неработен ден, се донесени врз основа на темелна анализа. – Притоа со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови со закон да работат, предвидена е и можноста за работа на моловите, штандови и киосци за време на спортски настани, фестивали, саеми, манифестации и слично, како и предвидена е можноста во продавници за трговија на мало со храна, пијалоци и слично, работата да ја вршат лично сопствениците на продавниците. На овој начин сметаме дека се покриени сите потреби на туристите во туристичките места од аспект на трговските услуги, со тоа што потсетуваме дека овие работници кои ќе бидат ангажирани за работа во недела имаат право на додаток на плата за работа во недела и за празници најмалку во висина од 100 проценти за секој час поминат на работа, како и право на неделен одмор во друг ден од неделата, нагласуваат од синдикатот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат Предлог-закон за измени на Законот за трговија бидејќи според нив со постоечките измени и е нанесен тежок удар на туристичката и трговската дејност, а во недела и за празник има најголема фреквенција на купувачи во туристичките места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-kje-bara-vo-nedela-da-rabotat-pratenicite-koi-najavija-izmeni-na-zakonot-za-trgovija/feed/ 0
Законската одредба за недела неработен ден утре пред Уставниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonskata-odredba-za-nedela-neraboten-den-utre-pred-ustavniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonskata-odredba-za-nedela-neraboten-den-utre-pred-ustavniot-sud/#respond Tue, 19 Apr 2022 13:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=665405

Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Северна Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи. – Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, велат од Уставен суд. Според подносителот, со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела – неметалните минерални производи, имале еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата, кои се утврдени со закон, но биле ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка. Освен ова точка, Уставниот суд утре ќе дискутира и за иницијативата поднесена од Здружението на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци и за Правилниот за облиците на континуирано стручно усовршување. Други две иницијативи за кои уставните судии утре треба да се произнесат се за носењето на лична заштита заради спречување на ширењето на Ковид-19 и за еден обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonskata-odredba-za-nedela-neraboten-den-utre-pred-ustavniot-sud/feed/ 0
На фризерниците и цвеќарниците ќе им се дозволи да работат во недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-frizernicite-i-cvekjarnicite-kje-im-se-dozvoli-da-rabotat-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-frizernicite-i-cvekjarnicite-kje-im-se-dozvoli-da-rabotat-vo-nedela/#respond Tue, 15 Feb 2022 07:54:37 +0000 https://kurir.mk/?p=631538

Фризерско-козметичарските салони и цвеќарниците се единствените меѓу услужните дејности кои се водат како занаетчиски за кои ќе може да се направи отстапка и да им се дозволи да работат во недела. Тие сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера на средба со министерката за труд и социјална политика добиле ветување дека отстапката за фризерите, козметичарите и за цвеќарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи. Фризерско-козметичарските салони и цвеќарниците се единствените меѓу услужните дејности кои се водат како занаетчиски за кои ќе може да се направи отстапка и да им се дозволи да работат во недела. Занаетчиите сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера на средба со министерката за труд и социјална политика добиле ветување дека отстапката за фризерите, козметичарите и за цвеќарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи. – Ние баравме да може да работат во недела сите занаетчии кои работат сами за себе и кои ќе сакаат да бидат отворени во денот за неделен одмор. Не сме задоволни од договореното, но ние не протестираме, па ќе се обидеме да договориме уште еден состанок, на кој се надевам дека ќе успееме да докажеме дека свадба без фотограф не бива. Кој ќе ги снима и ќе ги слика свадбите во недела ако фотографите не смеат да работат?, вели за весникот ВЕЧЕР Сашо Богоевски, претседател на регионалната Занаетчиска комора – Охрид и потпретседател на Комората на занаетчии на Македонија. Тој додава дека претставниците на Министерството за труд и социјална политика на овој состанок не сакале ниту да слушнат за други измени на Законот, иако, како што вели, занаетчиите кои сакаат да ги отворат дуќаните во недела, немаат намера да експлоатираат нечиј труд, туку самите би работеле. Од Министерството за труд и социјална политика вчера попладне ја потврдија средбата на која, како што соопштија од Занаетчиската комора, информирале за предизвиците со кои се соочуваат со новото законско решение „недела неработен ден“ и потребата од работа во недела на фризерите, козметичарите и на одредени пекарски и слаткарски производители. – Законското решение недела да биде неработен ден се имплементира само месец и половина. Очекувам праксата да покаже какви се ефектите. Како Влада и како Министерство, ќе направиме дополнителни анализи за да утврдиме дали е постигната целта 92 отсто од работниците да не работат во недела, а оние 8 отсто кои работат во техничко-технолошкиот процес, кој не може да се прекине во недела, да добиваат 50 проценти повисока дневница – рекла Тренчевска. Состанокот се случува сега, иако занаетчиите реагираа за одредбите на Законот со кои не им се дозволува да работат во недела уште пред тие да стапат во сила. Претседателот на таа Комора, Агрон Фазлији, тогаш предупреди дека многу ретки и стари занаети кои се застапени во чаршиите, како што се Скопската и Охридската, на пример златари, јорганџии… ќе останат без приходи, зашто, можеби, најголемиот промет го прават токму во недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-frizernicite-i-cvekjarnicite-kje-im-se-dozvoli-da-rabotat-vo-nedela/feed/ 0
Според Бектеши со новата одлука недела неработен ден, 92 отсто од вработените имаат слободно време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-bekteshi-so-novata-odluka-nedela-neraboten-den-92-otsto-od-vrabotenite-imaat-slobodno-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-bekteshi-so-novata-odluka-nedela-neraboten-den-92-otsto-od-vrabotenite-imaat-slobodno-vreme/#respond Sun, 30 Jan 2022 18:10:06 +0000 https://kurir.mk/?p=624786

Со последната одлука недела е неработен ден 92 отсто од вработените имаат слободно време да поминат со своите семејства, а осум проценти од вработените кои се ангажирани во недела имаат поголеми дневници за 50 до 100 отсто, објави министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук. – Трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува. Секој работник има право на одмор и неделата да ја помине со семејството. Семејството пред се!, наведе Бектеши во објавата проследена со фотографија со на која е сликан со неговото семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-bekteshi-so-novata-odluka-nedela-neraboten-den-92-otsto-od-vrabotenite-imaat-slobodno-vreme/feed/ 0
Стопанската комора ги оспори законите за недела неработен ден пред Уставниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskata-komora-gi-ospori-zakonite-za-nedela-neraboten-den-pred-ustavniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskata-komora-gi-ospori-zakonite-za-nedela-neraboten-den-pred-ustavniot-sud/#respond Mon, 17 Jan 2022 19:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=620524

Стопанската комора на Македонија ги оспори денеска пред Уставниот суд законските решенија кои овозможија неделата да биде неработен ден за повеќето вработени во земјава. Како што извести на интернет страницата Уставниот суд, денеска од Комората биле поднесени две иницијативи. Во едната, подносителот ги оспорува членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија објавен во „Службен весник на РМ” 295/21. Се оспоруваат одредби коишто се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекршочни санкции. Според подносителот оспорените одредби биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото (член 8 алинеја 7), владеењето на правото (член 8 алинеја 3) и начелото на еднаквост (член 9) од Уставот, соопшти Уставниот суд. Во втората, во која подносител исто така е Стопанската комора на Македонија се оспорува Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи објавен во „Службен весник на РМ” бр.288/21, како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата во недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskata-komora-gi-ospori-zakonite-za-nedela-neraboten-den-pred-ustavniot-sud/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Пратениците го усвоија законот, еве колкави дневница ќе земете доколку сте на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-nedela-neraboten-den-pratenicite-go-usvoija-zakonot-eve-kolkavi-dnevnica-kje-zemete-dokolku-ste-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-nedela-neraboten-den-pratenicite-go-usvoija-zakonot-eve-kolkavi-dnevnica-kje-zemete-dokolku-ste-na-rabota/#respond Mon, 20 Dec 2021 12:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=610828

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието на Северна Македонија го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор. „Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците,“ порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод изгласувањето на Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден. Министерката Шахпаска рече дека со ова законско решение овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место. „Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. Затоа, оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Непочитувањето на ова законско решение го утврдува Државниот инспекторат за труд и на работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од 15 дена, а доколку го повтори прекршокот во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата,“ рече Шахпаска. Таа додаде дека вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%. А дополнително, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки. „Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Поради тоа остануваат наш приоритет во градењето на идните политики,“ порача министерката Шахпаска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-nedela-neraboten-den-pratenicite-go-usvoija-zakonot-eve-kolkavi-dnevnica-kje-zemete-dokolku-ste-na-rabota/feed/ 0
Шахпаска: Од 1 јануари недела ќе биде ден за одмор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-od-1-januari-nedela-kje-bide-den-za-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-od-1-januari-nedela-kje-bide-den-za-odmor/#respond Fri, 10 Dec 2021 19:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=606866

Законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година. Ова со заеднички комисиски амандман го одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика, каде Предлог-законот за работните односи помина во второ читање. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нагласи дека законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Таа очекува пратениците да го поддржат ова законско решение и на пленарна седница, бидејќи законот е во интерес на 92 проценти од работниците во Република Северна Македонија. „Со ова решение ги штитиме правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци, додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела”, рече министерката Шахпаска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-od-1-januari-nedela-kje-bide-den-za-odmor/feed/ 0
ССМ: Пратениците да престанат со политичките игри и да ги донесат измените за недела неработен ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pratenicite-da-prestanat-so-politichkite-igri-i-da-gi-donesat-izmenite-za-nedela-neraboten-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pratenicite-da-prestanat-so-politichkite-igri-i-da-gi-donesat-izmenite-za-nedela-neraboten-den/#respond Wed, 22 Sep 2021 13:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=566894

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска повторно ги повика пратениците да престанат со политичките игри и да ги изгласаат измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден. – Апелираме пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, што тие губат и каква штета на работникот му прават, а воедно каква штета си прават и тие самите. Ги повикуваме сите кои му мислат лошо на работникот да престанат со политичките игри и пресметки на грбот на оние кои ги гласаат, се вели во денешното соопштение од ССМ. Измените на Законот за работни односи се заглавени во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Откако ќе поминаат на оваа Комисија, треба да бидат изгласани на пленарна седница. Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври. И премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не е коректно да се блокираат закони во Собранието и дека треба да се има одговорност пред граѓаните. – Не сакам да обвинувам никого, сакам само да апелирам на одговорност пред граѓаните. Ние сме бирани, земаме плата да им служиме. Не е коректно да се блокираат законите, јас разбирам кога има политичка цел, кога има аргумент за тоа нека се соопшти, но навистина нема никакви аргументи за ваквите законски решенија да бидат блокирани. Ниту влијаат на изборите, ниту нешто можат да сменат во плус или во минус на претстојните избори, треба да се донесат затоа што се добри за целиот народ без разлика на неговата политичка определба, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pratenicite-da-prestanat-so-politichkite-igri-i-da-gi-donesat-izmenite-za-nedela-neraboten-den/feed/ 0