недоверба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 12:18:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png недоверба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/#respond Sat, 07 Oct 2023 12:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=886356

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени... македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк. Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија. Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции. Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија. Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија. Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум. Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/feed/ 0
Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-pratenitsi-ne-izglasaa-nedoverba-na-aktuelnata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-pratenitsi-ne-izglasaa-nedoverba-na-aktuelnata-vlada/#respond Fri, 27 Jan 2023 13:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=792862

Со 143 гласа „за“ и 156 „против“, грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада. За пад на Владата на Мицотакис, потребно беше предлогот на СИРИЗА да добие гласови од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот. Владејачката Нова демократија има 156 пратеници и сите беа против предлогот за недоверба на Владата. На гласањето му претходеше тридневна расправа и говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Поради скандалот со прислушувањата во земјата, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, во средата достави предлог за гласање недоверба на Владата.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-pratenitsi-ne-izglasaa-nedoverba-na-aktuelnata-vlada/feed/ 0
Црна Гора: Парламентот утре ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ, неизвесен е исходот од гласањето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/#respond Thu, 18 Aug 2022 08:21:57 +0000 https://kurir.mk/?p=720340

Подгорица, 17 август 2022 (МИА) – Собранието на Црна Гора утре треба да гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ, но исходот од тоа гласање се уште е неизвесен, пренесе Бета. Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба. За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници и чие претседателство денеска треба да одлучува за ова. Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември. Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, вчера изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/feed/ 0
Партијата на Ѓукановиќ денеска ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на Владата на Дритан Абазовиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-gjukanovikj-deneska-kje-pokrene-inicijativa-za-glasanje-nedoverba-na-vladata-na-dritan-abazovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-gjukanovikj-deneska-kje-pokrene-inicijativa-za-glasanje-nedoverba-na-vladata-na-dritan-abazovikj/#respond Wed, 03 Aug 2022 09:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=713362

Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ соопшти оти денеска ќе ја покрене иницијативата за гласање недоверба на Владата, како и дека потпишаниот Темелен договор со СПЦ ќе биде суспендиран по изборот на нова извршна власт. Од ДПС информираа дека иницијативата за гласање недоверба на Владата е отворена за сите оние кои, исто така, сметаат оти извршната власт се однесува неодговорно кон националните интереси на Црна Гора, се наведува на Твитер од страна на партијата на Ѓукановиќ, која го поддржа формирањето малцинска влада на Дритан Абазовиќ. „Денеска потпишаниот Договор, кој е спротивен на Уставот на Црна Гора ќе биде суспендиран веднаш по изборот на нова влада“, тврдат од ДПС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-gjukanovikj-deneska-kje-pokrene-inicijativa-za-glasanje-nedoverba-na-vladata-na-dritan-abazovikj/feed/ 0
Британските лабуристи ќе побараат гласање за недоверба на Владата на Џонсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-laburisti-kje-pobaraat-glasanje-za-nedoverba-na-vladata-na-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-laburisti-kje-pobaraat-glasanje-za-nedoverba-na-vladata-na-dzonson/#respond Tue, 12 Jul 2022 09:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=703742

Најголемата британска опозициска Лабуристичка партија најави дека денеска ќе поднесе барање за гласање на недоверба на Владата на премиерот Борис Џонсон, што се очекува да се одржи утре, изјави партиски извор. Предлогот за недоверба значи дека сите пратеници во Парламентот можат да гласаат дали Владата на Џонсон ќе продолжи до работа. Ако на Владата и се изгласа недоверба, тоа ќе доведе до предвремени парламентарни избори. Но, малку веројатно е дека ќе и се изгласа недоверба на Владата на Џонсон, бидејќи не се очекува пратениците од Конзервативната партија да поддржи предлог, што би довел до предвремени избори. Џонсон минатата недела најави дека ќе се повлече откако минатата недела повеќе од 50 високи владини функционери поднесоа оставки во знак на протест против неговото раководство, но ќе остане на лидерското место во Конезервативна партија сè додека не се избере негова замена на почетокот на септември. Лабуристите соопштија дека ќе предложат гласање доколку Конзервативната партија порано не преземе акција за смена на Џонсон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-laburisti-kje-pobaraat-glasanje-za-nedoverba-na-vladata-na-dzonson/feed/ 0
Пратениците од „Преродба“, „ИТН“ и ДПС ќе дадат поддршка за гласањето недоверба на владата на Петков https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenicite-od-prerodba-itn-i-dps-kje-dadat-poddrshka-za-glasanjeto-nedoverba-na-vladata-na-petkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenicite-od-prerodba-itn-i-dps-kje-dadat-poddrshka-za-glasanjeto-nedoverba-na-vladata-na-petkov/#respond Wed, 15 Jun 2022 08:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=691094

Поддршка за изгласување недоверба на кабинетот „Петков“ изразија пратениците од бугарските политичк партии„Преродба“, „Има таков народ“ и од ДПС, јави БТА. Гласањето утринава го поднесе пратеничката група на ГЕРБ-СДС во Народното собрание со 59 потписи, а подносителите најавија дека тоа е неуспех на владата во финансиската и економската политика. Пратениците од ИТН Станислав Балабанов, Ива Митева и претседателот на пратеничката група Тошко Јорданов ја коментираа темата пред новинарите пред почетокот на денешната седница на Народното собрание. -Изгласувањето недоверба на сегашниот кабинет ИТН го даде кога Трифонов рече дека ја напушта коалицијата, рече Јорданов. Ива Митева изјави дека лично ќе го поддржи гласањето и очекува да се запознае со мотивите. Има многу причини за тоа, рече таа и додаде дека очекува повеќето нејзини колеги да бидат за, но ова прашање се уште не е разговарано во пратеничката група. Станислав Балабанов посочи дека бугарското општество треба да биде мирно за ажурирањето на буџетот. Според него, притисокот врз пратениците од нивната пратеничка група продолжува. Дејан Петков, еден од оние кои ја напуштија пратеничката група на ИТН, рече дека ќе гласаат по сопствено убедување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenicite-od-prerodba-itn-i-dps-kje-dadat-poddrshka-za-glasanjeto-nedoverba-na-vladata-na-petkov/feed/ 0
Поднесен нов ревидиран список со барање за гласање недоверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-nov-revidiran-spisok-so-baranje-za-glasanje-nedoverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-nov-revidiran-spisok-so-baranje-za-glasanje-nedoverba-na-vladata/#respond Wed, 10 Nov 2021 15:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=593729

Во Собранието попладнево е поднесен нов ревидиран список со барање за изгласување недоверба на Владата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новиот список е доствен до собраниската Архива и на него, како што наведуваат, од тактички прчини ги нема потписите на неколкумина пратеници кои биле на претходната листа. Очекуваат утре да има седница на Собранието и да и биде исгласана недоверба на Владата. Засега нема официјална потврда кои пратеници не се на новиот список, но дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека станува збор за двајцата пратеници од Левица – Димитар Апасиев и Борис Крмов. Повелување на потписите на пратениците од Левица бараше пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи, како услов неговиот потпис да остане на списокот за поднесување иницијатива за гласање недоверба на Владата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Иницијативата уследи откако премиерот, заклучно со понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-nov-revidiran-spisok-so-baranje-za-glasanje-nedoverba-na-vladata/feed/ 0
Стојаноска: Иницијативата за недоверба на Владата е од луѓе кои се против заевизмот кој е одлика на корупција и криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-inicijativata-za-nedoverba-na-vladata-e-od-lugje-koi-se-protiv-zaevizmot-koj-e-odlika-na-korupcija-i-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-inicijativata-za-nedoverba-na-vladata-e-od-lugje-koi-se-protiv-zaevizmot-koj-e-odlika-na-korupcija-i-kriminal/#respond Tue, 09 Nov 2021 20:18:04 +0000 https://kurir.mk/?p=593354

Поднесената иницијатива за гласање на недоверба на Владата е од луѓе против заевизмот. Целта е јасна се бара промена на заевизмот, важно е да се формира мнозинство на база на принципи, а не уцени, рече пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на вечерашното гостување на Македонската телевизија. Стојаноска укажа на лошото владеење на СДСМ. -РЕК Битола е во хаос, што е со хидороцентралите, тука е и однесувањето на Заев и власта во ковид кризата до каква последици доведе и што уште не, редица на случаи на криминал и корупција, рече Стојаноска ставајќи акцент на многуте кризи како корона кризата, како и актуелната енергетска криза. Токму поради ова, рече Стојаноска, јасно е зошто се такви резултатите од локалните избори. -Најголемиот проблем во државава е Зоран Заев. Секој дополнителен ден со Заев значи пропаст за граѓаните и државата“, посочи Стојаноска. За локалните избори се осврна и пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева. На дебатата пратеничката Калеска Ванчева од СДСМ посочи дека „локалните функционери се шлепаа на централните политики“, на што Стојаноска и посочи „значи ли тоа дека локалните функционери немале на што да се шлепаат бидејќи добивте многу малку гласови на локалните избори“. Стојаноска кажа дека неработењето на владата и на владеачкото мнозинство се покажа целиот мандат, бидејќи не можеше да се собере ниту мнозинство за работа на Собранието. -Заев само лаже, вели ќе поднесел оставка, но сега не знаеме што мисли, бидејќи само ги менува ставовите, а во меѓувреме се случуваат кризи во државата. А тоа е така затоа што Заев е самобендисан и е до гуша заглавен во криминал, рече Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-inicijativata-za-nedoverba-na-vladata-e-od-lugje-koi-se-protiv-zaevizmot-koj-e-odlika-na-korupcija-i-kriminal/feed/ 0
Албански медиуми: Официјално – четирите пратеници на Алтернатива ќе гласат за недоверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanski-mediumi-oficijalno-chetirite-pratenici-na-alternativa-kje-glasat-za-nedoverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanski-mediumi-oficijalno-chetirite-pratenici-na-alternativa-kje-glasat-za-nedoverba-na-vladata/#respond Tue, 09 Nov 2021 20:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=593346

Највисоките партиски органи на Алтернатива одлучиле, нивните 4 пратеници да ја поддржат иницјативата за недоверба на Владата, објави новинската агенција на албански ИНА. Како што објави ИНА, постигната е согласност околу позиции, исто така околу истите лини е согласен и пратеникот Скендер Реџепи - Зејд. Со ваквата одлука, во четврток владат на Заев се очекува да не ја добие довербата и да падне, притоа отварајќи го патот за избор на нова Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, АА/А, БЕСА, други партии и пратеници, пишува ИНА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanski-mediumi-oficijalno-chetirite-pratenici-na-alternativa-kje-glasat-za-nedoverba-na-vladata/feed/ 0
Холандскиот премиер го преживеа гласањето на недоверба во Парламентот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-go-prezivea-glasanjeto-na-nedoverba-vo-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-go-prezivea-glasanjeto-na-nedoverba-vo-parlamentot/#respond Fri, 02 Apr 2021 06:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=491120

Холандскиот премиер Марк Руте преживеа гласање за недоверба ноќеска на барање на опозицијата во Парламентот, која го обвини за лажење за време на преговорите за формирање коалициска влада. -И понатаму останувам премиер. Ќе работам напорно за да ја вратам довербата, изјави Руте за медиумите, чија либерална партија, Народна партија за слобода и демократија (ВВД), освои мнозинство на парламентарните избори минатиот месец. Ноќеска беше изгласана тесна поддршка за Руте. Тој беше поддржан од двете главни партии кои беа дел од неговата претходна коалиција, Д66 и ЦДА, додека сите опозициски партии гласаа против него. Оваа епизода претставува една од најважните политички битки во долгата кариера на Марк Рут, на власт од 2010 година. Холандската влада падна во средината на јануари поради скандал со субвенции за деца. Изборите се одржаа на 17 март. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-go-prezivea-glasanjeto-na-nedoverba-vo-parlamentot/feed/ 0