нееднаквост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Nov 2020 07:20:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нееднаквост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пандемијата може да ја зголеми нееднаквоста во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-moze-da-ja-zgolemi-neednakvosta-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-moze-da-ja-zgolemi-neednakvosta-vo-evropa/#respond Tue, 24 Nov 2020 07:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=433469

Европа се уште е регион со највисока еднаквост во светот, но кризата со коронавирусот може да ги зголеми разликите во приходите, предупредуваат француските економисти и повикуваат на запирање на намаленото оданочување на компаниите. Заклучоците на Париската лабораторија за светска нееднаквост (WIL) се издадени во време кога Европската унија расправа за прифаќање на планот за обнова, вреден 750 милијарди евра, и е клучен за ублажување на драматичните економски последици од корона кризата, пренесува Хина. Заклучоците од најновата анализа на WIL, основана на Париското школо за економија и кооснована од економистот Томас Пикети, кој ја проучува нееднаквоста во светот, не се неповолни за Европа. Нееднаквоста во Европа останува најниска во светот. Во 2019 година, приходите на 10 проценти од најбогатите во Европа сочинуваат 35 проценти од вкупните приходи, а на 10 проценти од најбогатите на Блискиот исток, каде нееднаквоста е најголема, 56 проценти од вкупните приходи. -Во Европа има зголемување на нееднаквоста од 80-тите години на минатиот век, но тоа е многу помалку изразено отколку во САД. Европа се спротивстави на меркантилизацијата на сите аспекти на општеството, се уште е остров на релативна еднаквост во светот, рече Лукас Шансел од Париската школа за економија. Ова се објаснува со политиките за прераспределба на приходот, но и со одлуката за финансирање на инфраструктурата и квалитетните јавни услуги, бесплатни или евтини, како и регулирањето на пазарот на трудот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-moze-da-ja-zgolemi-neednakvosta-vo-evropa/feed/ 0