Нефи ИК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Apr 2021 08:27:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нефи ИК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Нефи ИК“ градел дури и во водите на Охридското езеро, кривични пријави за 3 лица и правен субјект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nefi-ik-gradel-duri-i-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero-krivichni-prijavi-za-3-lica-i-praven-subjekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nefi-ik-gradel-duri-i-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero-krivichni-prijavi-za-3-lica-i-praven-subjekt/#respond Thu, 22 Apr 2021 08:27:36 +0000 https://kurir.mk/?p=500710

Три лица и правен субјект заработија кривични пријави поради сомневање дека сториле казнено дело „узурпација на недвижности“ во заштитената зона на брегот на Охридското Езеро. Станува збор за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга и Р.Б. (47) од Охрид, како и против компанијата „Нефи ИК“ со седиште во Охрид. Според полицискиот записник, првопријавениот, иако знаел дека неговата катастарска парцела во населбата „Даљан“ во близина на Охридското Езеро, сѐ уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата ги ангажирал второ и трето пријавените, вработени во фирмата „Нефи ИК“ и побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро. Тие извршиле дотур на земја и камен со што ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи дури и во водите на Охридското Езеро. Случајот беше пријавен уште во ноевмри минатата година, кога беше регистрирано и снимено како со тешка механизација се насипува земја и шут во Охридското Езеро, во непосредна близина на новиот комплекс згради и дом за стари лица во изградба кон Извидничкото одморалиште кај Даљан. Уште тогаш на терен излезе инспекција на Општина Охрид и на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои потоа побараа од полицијата да ги пронајде сторителите, пишува порталот Фактор.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nefi-ik-gradel-duri-i-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero-krivichni-prijavi-za-3-lica-i-praven-subjekt/feed/ 0
Кујтим Усеини: Багерот што вади песок од Охридското Езеро не е сопственост на „Нефи ИК“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kujtim-useini-bagerot-shto-vadi-pesok-od-ohridskoto-ezero-ne-e-sopstvenost-na-nefi-ik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kujtim-useini-bagerot-shto-vadi-pesok-od-ohridskoto-ezero-ne-e-sopstvenost-na-nefi-ik/#respond Thu, 03 Sep 2020 12:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=398728

Компанијата „Нефи ИК“ никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро, тврди Кујтим Усеини, брат на Нефи Усеини советникот на Општина Охрид и сопственик на нелегалната бетонска база изградена на излезот од Охрид, во близина на езерото. Според изјавата на Усеини, невистинити се информациите објавени од страна на активисти на „Охрид SOS“, дека багер на компанијата „Нефи ИК“ црпел песок од езерото што, како што нагласува, било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на „Охрид SOS“. -Багерот снимен како копа во езерото не е наш. „НефиИК“ ниту некогаш црпела, ниту црпи, ниту некогаш ќе црпи езерска песок за бетонска база. Ние поседуваме сопствен каменолом од каде користиме суровини за производство на високо квалитетн бетон кој го користиме во градежните активности и не користиме материјали кои може да го компромитираат составот и квалитетот на бетонот и градбите кои ги изведуваме, вели Кујтим Усеини. Компанијата „Нефи ИК“ бара извинување од организацијата „Охрид SOS“ и нејзините активисти за изнесување невистини преку социјалните мрежи, а истовремено апелира до медиумите да не пренесуваат непроверени информации. Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина „Охрид SOS“ вчера на својот фејсбук профил објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото, посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kujtim-useini-bagerot-shto-vadi-pesok-od-ohridskoto-ezero-ne-e-sopstvenost-na-nefi-ik/feed/ 0