Нефрон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 10:28:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нефрон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Под мотото „Здрави бубрези за сите“ здружението „Нефрон“ го одбележа Светскиот ден на бубрегот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-zdravi-bubrezi-za-site-zdruzhenieto-nefron-go-odbelezha-svetskiot-den-na-bubregot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-zdravi-bubrezi-za-site-zdruzhenieto-nefron-go-odbelezha-svetskiot-den-na-bubregot/#respond Thu, 09 Mar 2023 10:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=809884

Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ денеска го одбележа Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите: Подготовка за неочекувани ситуации, поддршка на ранливите лица". Притоа беше соопштено дека бубрежните болести се незаразни, а 850 милиони луѓе ширум светот имаат некоја форма на ваква болест. Беше нагласено дека целта на кампањата на Светскиот ден на бубрегот и активностите што се реализираат во месец март, е да се истакне дека превенцијата е клучна за намалување на човечките и економски трошоци од хроничната бубрежна болест. Од Здружението информираа дека овој месец, со помош на здравствените установи и центрите за дијализа, низ целата држава се спроведуваат акции за подигнување на свеста за грижата за бубрежното здравје и преку едукација и организирани мерења на шеќерот во крвта и крвниот притисок и делење медицински совети, бесплатно ќе им се овозможи на голем број граѓани навремено да ги откријат, но и да превенираат и спречат бубрежни болести. Беше спомената и едукацијата во училиштата. Од „Нефрон“ потсетија дека постојат 20 години и имаат 1.500 членови пациенти на дијализа и 240 со трансплантиран бубрег. -Терминалниот стадиум на хроничната бубрежна болест е тешка состојба, бара континуирано лекување и нега. Оваа состојба одредува посебен начин на живот, со многу одрекувања, со постојани третмани кои траат 4-5 часа секој втор ден во центар за дијализа. Сепак, дијализата го продолжува животот, а трансплантацијата наполно го променува, рече меѓу другото, Душко Ѓоргиев, претседател на Здружението. Од „Нефрон" рекоа дека светскиот ден на бубрегот, во државава се одбележува по 18 пат. Педесет и едногодишниот пациент Киро Христовски, кому по осум години одење на дијализа пред година и половина му е трансплантиран бубрег, рече дека со трансплантација заболените се враќаат скоро на нормален живот. -Органодарителството значи многу. Хуман гест и спасување на човечки животи, нагласи тој во изјава за медиумите, притоа истакнувајќи ја големата улога на ваквите здруженија како ,,Нефрон". Павлинка Балиска, психолог и координатор во Здружението, информираше дека шеесет и едно лице, одат повеќе од 20 години на дијализа или од 20 до 43 години во континуитет на дијализа. Најмладиот пациент којшто оди на дијализа има три години, а најстариот околу 90 години. Вулнет Мемеди од Клиниката за нефрологија, го поздрави денешниот настан за подигање на свеста за постоење на бубрежни заболувања. -Иако клиниката за нефрологија е во секојдневен директен контакт со пациентите на коишто им е неопходен нефролошки третман, сепак пораката што денеска ја испраќаме е дека се задолжителни и понатамошни активности за уште подобра здравствена услуга на пациентите со бубрежна болест. Како што се, соработка помеѓу лекарите, пациентите но и надлежните институции, што може да придонесе промени во здравствениот систем, нагласи Мемеди. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-zdravi-bubrezi-za-site-zdruzhenieto-nefron-go-odbelezha-svetskiot-den-na-bubregot/feed/ 0