негативен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Jun 2021 12:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png негативен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УБАВА ВЕСТ: Барди негативен на коронавирусот, одиме на Европско со него!!! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ubava-vest-bardi-negativen-na-koronavirusot-odime-na-evropsko-so-nego/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ubava-vest-bardi-negativen-na-koronavirusot-odime-na-evropsko-so-nego/#respond Sat, 05 Jun 2021 12:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=519359

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е негативен на последното тестирање. Македонската нација денеска се радува, Барди оди на Европско. Иако пред само два дена, фудбалерот на Леванте имаше повторно позитивен тест, но тренираше индивидуално, сега таа пречка е мината, тој може колективно заедно со колегите од репрезентацијата да тренира заедно. Веќе за осум дена го играме првиот натпревар на ЕП, а селекторот Ангеловски ќе биде тој кој ќе процени дали Барди е потполно фит и дали ќе може да го искористи за првиот меч против Австрија или пак ќе го темпира за мечот со Украина на 17-ти јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ubava-vest-bardi-negativen-na-koronavirusot-odime-na-evropsko-so-nego/feed/ 0
Хјустон постави негативен клупски рекорд https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/hjuston-postavi-negativen-klupski-rekord/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/hjuston-postavi-negativen-klupski-rekord/#respond Thu, 18 Mar 2021 08:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=484039

Кошаркарите на Хјустон рокетс ноќеска загубија од Голден Стејт со 108:94. Поразот беше 18-ти по ред за „ракетите“ во регуларниот дел од НБА-лигата оваа сезона. Ова е антирекорд по бројот на загубени натпревари во низа. Претходно, негативниот рекорд изнесуваше 17 порази по ред и беше поставен во 1968 година. Хјустон е на претпоследното, 14. место на табелата во Западната конференција. Екипата сезонава има 11 победи и 28 порази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/hjuston-postavi-negativen-klupski-rekord/feed/ 0
Негативен ПЦР-тест за влез во Полска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negativen-pcr-test-za-vlez-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negativen-pcr-test-za-vlez-vo-polska/#respond Mon, 22 Feb 2021 09:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=472128

Полска оваа недела треба да најави ново правило, а тоа е дека секој странски државјанин пред да влезе во земјата ќе треба да приложи негативен тест на коронавирус, изјави денеска полскиот министер за здравство Адам Ниједијелски. – Патниците кои ќе покажат негативен тест на Ковид-19 нема да мора да заминат во карантин по влезот во Полска, истакна Ниједијелски. Тој додаде дека земјата е пред третиот бран на епидемијата, кој ќе го достигне врвот кон крајот на следниот месец или почетокот на април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negativen-pcr-test-za-vlez-vo-polska/feed/ 0
Движењето низ регионот само со негативен ПЦР-тест, освен за Албанија, Косово и Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-niz-regionot-samo-so-negativen-pcr-test-osven-za-albanija-kosovo-i-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-niz-regionot-samo-so-negativen-pcr-test-osven-za-albanija-kosovo-i-turcija/#respond Sat, 15 Aug 2020 08:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=390950

Негативен ПЦР – тест стана услов за патување во земјите низ регионот, со исклучок на Албанија и на Турција. Условот не важи за транзит низ земјите при влез на граничен премин за воздужен сообраќај, како и на копнен граничен премин, но потребно да се потпише изјава за транзит и да се напушти односната земја во рок од три часа. Србија овој услов го воведува од денеска, за сите граѓани на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и на Романија. Црна Гора, пак, ја укина забрзаната за влез во земјата, но најверојатно со приложување на негативен ПЦР – тест. Имено, според одлуката на Кризниот штаб на Србија донесена вчера, за влез во земјата државјаните на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и на Романија треба да имаат негативен ПЦР-тест, кој нема да биде постар од 48 часа, при што рестрикциите нема да важат за граѓаните на Црна Гора. – Таа одлука ќе важи од 15 август, и нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб. Пропишаниот период од 48 часа, според Кисиќ Тепавчевиќ, започнува да тече од моментот на издавање на сертификатите од страна на лабораториите, а одлука е донесена врз основа на проценка на епидемиолошката состојба, како и врз основа на трендот на заболување од коронавирусот. Црна Гора исто така од денеска ќе ги отвори границите за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и за Косово. Како што изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, за влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР-тест или серолошки тест ЕЛЕСА. Според него, одлуката за отворање на границите е донесена по барање од туристичката заедница, а начините за влез во земјата треба да ги одреди денеска на седница Националното координативно тело. Дел од приштинските медиуми јавија дека Владата на Косово на вчерашната седница одлучила „да ги отвори државните граници на Република Косово“ со Северна Македонија, Албанија и Србија, оценувајќи дека тоа значи оти граѓаните на трите соседни држави нема да имаат потреба да приложуваат тест со кој ќе докажат дека не се заболени од Ковид-19. Меѓутоа, членот на косовската Влада, Халил Матоши во изјави за МИА прецизира дека одлуката на Владата „да ги отвори државните граници на Република Косово со Северна Македонија, Албанија и Србија“ се однесува на олеснување на одредени царински процедури со тие три земји и не значи дека се укинува обврската за приложување ПЦР-тест за македонските граѓани при влез во земјата. Тој изјави дека станува збор за „погрешно толкување од страна на некои медиуми“ на дел од соопштението од седницата на владиниот Кабинет. – Оваа одлука се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19. Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесува на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши. Нашата земја, пак, меѓу првите го воведе условот за негативен ПЦР-тест за влез во државава. Според одлуката објавнеа на 10 јули државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и на Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на нашата држава задолжително треба да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез во земјава. Воедно треба да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот. Доколку само транзитираат можат да ја поминат границата без ПЦР-тест. Одлуката на Владата беше донесена по предлог на Комисијата за заразни болести по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во четирите земји согласно информациите добиени од медицинските власти во тие земји. Забраната за влез во земјите од ЕУ Брисел ја воведе на 1 јули и се уште е во сила. Бугарската Влада одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и Северна Македонија, при што од 28 јули македонските државјани можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа. Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата. За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 август, поради коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-niz-regionot-samo-so-negativen-pcr-test-osven-za-albanija-kosovo-i-turcija/feed/ 0
Пленковиќ негативен на тестот за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-negativen-na-testot-za-koronavirus-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-negativen-na-testot-za-koronavirus-2/#respond Mon, 22 Jun 2020 18:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=361112

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е негативен за коронавирус, покажа тестот извршен по неговиот краток престој во саботата на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар. “Иако тој не беше во контакт со заразените тенисери, ниту во близок контакт со другите тенисери, премиерот Андреј Пленковиќ, со оглед дека извршува одговорна должност, денеска изврши тест за присуство на коронавирус и резултатот е негативен”, пренесе порталот Индекс, хр., повикувајќи се на соопштение на хрватската Влада. Пленковиќ беше тестиран за коронавирус, откако во саботата беше на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар, што беше прекинат кога беше откриено дека бугарскиот репрезентативец Григор Димитров е позитивен за Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-negativen-na-testot-za-koronavirus-2/feed/ 0
Уште еден член од тимот на кумановскиот градоначалник е негативен: Дали некој намерно ги елиминира членовите на кризниот штаб на чело со Димитриевски? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-chlen-od-timot-na-kumanovskiot-gradonachalnik-e-negativen-dali-nekoj-namerno-gi-eliminira-chlenovite-na-krizniot-shtab-na-chelo-so-dimitrievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-chlen-od-timot-na-kumanovskiot-gradonachalnik-e-negativen-dali-nekoj-namerno-gi-eliminira-chlenovite-na-krizniot-shtab-na-chelo-so-dimitrievski/#respond Thu, 23 Apr 2020 20:03:52 +0000 https://kurir.mk/?p=336386

Уште еден член на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово е негативен на Ковид19. Дали се работи за случајна грешка или намерна елиминација на членовите на штабот на чело со градоначалникот Максим Димитриевски и нивно ставање во самоизолација, пишува порталот кумановскимуабети. Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојановски на својот фејсбук профил напиша дека направил два теста на коронавирусот, кои покажале не дека не бил заболен, туку и дека воопшто не бил во контакт со лице заболено од Ковид19. Тој беше еден од членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово, чии првични тестови беа позитивни. По укажување од матичниот лекар, но и поради тоа што немал никакви симптоми, Стојановски одучил да нарпави два теста. – Првиот PCR тест изготвен во референтна лабараторија, како и вториот брз RAPID тест за антитела IgG и IgM се негативни и укажуваат на фактот дека нити сум дошол во контакт со инфициран од Ковид-19, ниту пак воопшто станува збор кај мене, во мојот организам за некакво си заразување со Ковид-19, напиша Стојановски. Тоа е како што вели среќната околност, но тој на својот профил пишува и за тажната, која се однесува за одговорноста кон семејството, колегите, пријателите и сите со кои бил во контакт. – Сите ние околу себе имаме семејства со кои сме блиски, а во кои има и хронично болни и постари лица, стравот од непознатото е голем и сериозен, можноста од пренесувањето во контактибилноста со истите е реалност и претставува баласт исклучително на оној кој е заразен а не знае или од било кои причини не му е укажано правовремено за да создаде сопствен начин на однесување кон другите на кој што нема да им наштети. Сам, изолиран, одделен од семејството, од најмилите со посебен режим на однесување со многу време за размислување и себеобвинување од типот каде згрешив, што се случува, што да очекувам што ќе се случи со моите, најблиските, пријателите, луѓето, граѓаните, човекот воопшто, животот, сликите се редат и сфаќаш дека си можел и немо да говориш во себе и со себе. Кога сето ова ќе го читат моите пријатели ќе речат види го пријателов и филозов станал, аман бе кажи ја суштината од тажната околност оти с’ска не фати ќе не расплачеш како си почнал. – По 8 (осум) дена од доставата на Решението изготвено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 16.04.2020 година., во кое се вели дека сум лабараториски потврден случај позитивен на Ковид-19 кому му се одредува лекување и изолација во домашни услови во траење од 14 дена и до добивање на два последователни негативни резултати од овластена лабараторија, со тестовите кои на 22.04.2020 година, ги имам направено се и двата негативни. Се убедувам себе си, а уште повеќе сакам да верувам дека Лабараторија при Институтот за јавно здравје при прегледување на моите брисеви има направено превид или случајна грешка, но не сакам ни да помислам дека позадината е нешто сосема друго кое по некаква потреба го прави позитивен мојот резултат. Зошто пак сето ова го говорам. Побудата не е од причина поради страв од жигосување или стигматизмот кон мене, ниту пак чувствувам потреба да седам 20 тина дена дома покрај семејството а сето тоа да ми биде платено од Државната каса, напротив потребата од свесноста да укажам на можните грешки, е поголема од се друго, потребата од сознанието и просветленоста кон другите да укажам на фактот дека се работи за луѓе а не за бројки, да го потикнам чувството на одговорноста кон сето она што го правиме и говориме, затоа што на крајот на денот народов наш напатен сигурноста ја бара во Нас сите од кои неговата иднина зависи. Утре во писмена форма ќе се обратам до ЦЈЗ Куманово иако ценам дека воопшто не е вина на Епидемиологот и ќе побарам повторување на тестирање исклучиво за мене за да ја корегираме грешката. Јас и понатака како граѓанин, ќе се однесувам одговорно почитувајќи го Решението на ДЗСИ и постапувајќи во однос на претходно воспоставените термини декларирани во истото. На сите мои позитивно дијагностицирани сограѓани им посакувам побрзо закрепнување и целосно оздравување, а на останатите стриктно почитување и придржување кон севкупните мерки за спречување на можноста од заразување со Ковид-19, пишува Стојановски. https://www.facebook.com/goran.stojanovski.3557/posts/1923579994443860]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-chlen-od-timot-na-kumanovskiot-gradonachalnik-e-negativen-dali-nekoj-namerno-gi-eliminira-chlenovite-na-krizniot-shtab-na-chelo-so-dimitrievski/feed/ 0
Излегоа резултатите за старанецот кој што во Битола беше тестиран за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izlegoa-rezultatite-za-staranecot-koj-shto-vo-bitola-beshe-testiran-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izlegoa-rezultatite-za-staranecot-koj-shto-vo-bitola-beshe-testiran-za-koronavirus/#respond Sat, 14 Mar 2020 21:24:12 +0000 https://kurir.mk/?p=316679

Министерот за здравство, Венко Филипче за Тера телевизија потврди дека негативен е тестот на лицето од странство кое преку Центарот за јавно здравје во Битола денеска било тестирано за коронавирус. Инаку, како што информираше министерот на вечерашната прес конференција, во Македонија има нови шест лица заразени од коронавирусот, со што бројот на заразени во државата се зголеми на 18 лица. Исто така Филипче вечерва преку својата Фејсбук страница информираше дека се донесе одлука за заострување на мерките против коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izlegoa-rezultatite-za-staranecot-koj-shto-vo-bitola-beshe-testiran-za-koronavirus/feed/ 0