негативна енергија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Sep 2019 16:12:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png негативна енергија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овие работи привлекуваат лоша енергија и не ви се потребни во домот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-privlekuvaat-losha-energija-i-ne-vi-se-potrebni-vo-domot-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-privlekuvaat-losha-energija-i-ne-vi-se-potrebni-vo-domot-2/#respond Fri, 06 Sep 2019 16:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=237901

Фенг шуи советите се однесуваат на тоа како да направите енергетски складен простор во вашиот дом или канцеларија, во кој ќе се чувствувате пријатно и ќе привлекувате позитивна енергија. Иако не е задолжително да навлегуваме подлабоко во филозофијата на ваквиот начин на живеење и да веруваме дека различно поставените предмети носат различна енергија, сепак и самите ќе признаеме дека постојат одредени работи кои навистина носат негативна енергија. Ова се некои од нив. Свенато цвеќе Билките претставуваат раст и развој, а пријатно е да се види убав букет цвеќе во секој дом. Но, свежото цвеќе не трае долго и треба да се замени со ново. Понекогаш не го забележуваме тоа, а понекогаш и со намера го чуваме свенатото цвеќе бидејќи не потсетува на некоја личност или посебен момент. Треба да знаете дека свенатото цвеќе носи стагнација и негативно расположение во вашиот дом. Затоа, фрлете го за да се ослободите од блокадата на енергиите и стагнација на вашиот напредок. Искршени или напукнати предмети Можеби имате шолја или некој друг предмет кој ви е премногу драг, но кој се скршил со текот на времето. Или пак носите некоја стара облека која ви значи, а која е искината. Треба да знаете дека чувањето на напукнатите или искинати предмети носи енергија дека секое ваше постигнување е половично. Ако ви изгледа како постојано да префрлувате од „шупливо во празно“, ако постојано нешто започнувате, а не можете да го довршите, фрлете ги овие предмети колку и да ви се драги. Часовник кој не работи и стари календари Часовниците се навистина практични бидејќи го покажуваат времето, а некои од нив се особено убави и естетски одговараат во нашиот дом. Но, застанатиот часовник носи лоша енергија во домот. Тој привлекува лоши настани во иднина. Истото се однесува и за старите календари, тие ја заробуваат енергијата и го спречуваат средувањето на животот и живеењето во сегашниот момент. Несакани подароци Секој го има тоа искуство - да добиеме подарок од некој кој не сме го сакале или пак подарок од личност која некогаш ни била драга, но со тек на времето веќе не ни е. Често, забораваме да ги фрлиме тие работи или пак сметаме дека не треба од почит. Сепак, тоа е погрешно. Чувањето на ваквите предмети носи вознемирувачка енергија, го пореметува мирот и среќата и предизвикува чувство на вина и незадоволство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-privlekuvaat-losha-energija-i-ne-vi-se-potrebni-vo-domot-2/feed/ 0
Блокирајте ја негативната енергија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/blokirajte-ja-negativnata-energija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/blokirajte-ja-negativnata-energija/#respond Fri, 01 Mar 2019 07:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=167101

Чувствувате ли понекогаш дека темен облак демне над вас и го блокира сонцето во вашиот живот. Имате тешкотија да се ислободите од негативните чувства? Не се секирајте на сите ни е повремено вака, а помошта да се вратиме на вистинскиот пат е секогаш добродојдена. Еве неколку знаци дека негативната енергија го блокира вашето секојдневие: Повекето луѓе ве иритираат или бознемируваат во последно време; Повлечени сте; Ги избегнувате луѓето коишто ги сакате; Чувствате дека другите не ве ценат; Чувствате замор и тага. Ако барем две од наведените состојби ги забележувате кај себе, ова е сигнал дека во вашиот живот царува негативна енергија. Сепак, не треба да бидете многу загрижена, затоа постојат работи кои можете да ги направите. Овие три начина ќе ви помогнат веднаш да зпочнете да ја елиминирате негативната енергија од вашиот живот Уредете го својот животен простор Дали сте знаеле дека просторот во кој луѓето го поминуваат нејголемиот дел од нивниот ден обично ја одржува внатрешната состојба на умот? Затоа, кога нашите домови, работни места, автомобили се несредени, валкани и хатотични, тоа лесто ја претставува нашата емотивна состојба. А колку повеќе време минуваме во таква хаотична средина, толку понегативно се чувствуваме. Од друга страна, кога се наоѓате во средена просторија, која е чиста, топла, светла, не можете а да не се чувствувате сигурно и задоволно. Токму затоа првиот моќен начин да се ослободите од негативна енергија е да си го средите животниот простор. Започнете така што ке се ослободите од хаосот д сметот кој што е расфрлан наоколу, фрлете се што е истрошено и непотребно, односно се што не користите а ви зафака простор. Ќе се изненадите кога ке забележите колку ке ве освежи исфрлањето на непотребни работи. Во домот нека ви влезе свеж воздух и сончева светлина затоашто, таа е исполнета со високоенергетски вибрации што правт лугето да се чувствуваат срекни и полни со енегија. Поминувајте го времето со лугето што ве прават среќни Ист како и вие, сите луге во вашиот живот имаат свое ‘енергетски полиња’ кои можете да ги почувствате кога сте со нив. Ако сакате да се ослободите од негативната енергија, важно да поминувате многу време со позитивни луѓе, а да ги избегнувате оние кои ве вечат надолу. Ако заради некоја личност се чувствувате лошо, тогаш нејверојатно не вреди да си го трошите времето на неа. Наместо тоа окружете се со позитивни, весели луѓе кои ке ве расположат и ке се чувствате удобно и добро. Дружете се со луѓе кои можете да се смеете забавувате и да делите позитивни искуства. Научете се да се ослободувате од негативни емоции Негативна енергија се храни со негативни емоции. Во ред е, и нормално е понекогаш а се чувствате тажно, луто и фрустрирано. Ама, проблемите настануваат кога на правтите ништп за да се ослободите од тие негативни емоции, тие почнуваат да скапуваат…. затоа долго време се чувствуате лошо. На пример, ако секогаш имате неубави мисли поврзани со вашата работа, најверјатно ке се чувствате мизерно секој ден на работа, а тоа нема да им помогне на вашта мотивација, задоволство и односите со колегите. За да го спречите тоа, важно е да ги почувствате своите емоции наместо да се обидете да ги потиснете и да дознате што се случува зошто така се чувствате. Откако ке ги прифатите вашите чувства и ке преземете чекори споствените чувства и ќе превземете чекори со чија помош ке се чувствате подобро, време е да се ослободите од негативните чувства. А кога ке се вратите на некоја стабилна положба, ќе бидете во можност да започнете позитивни промени во вашиот живот. Затоа, наместо да дозволите да ве контролираат деструктивни мисли, убедете се дека вие сте господар на својот ум и дека можете да ги котролирате и отфрлате негативните ситуации. Во оној момент кога ќе почнете да го ослободите од својот живот од негатибна енергија и да се соочувате со проблемите на конструктивен начин, ке се зачудите колку всушност се чувствате весело и слободно! А наскоро ке почнат да ви се случуваат и убави работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/blokirajte-ja-negativnata-energija/feed/ 0
Еве како да престанете да ја апсорбирате негативната енергија од другите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-kako-da-prestanete-da-ja-apsorbirate-negativnata-energija-od-drugite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-kako-da-prestanete-da-ja-apsorbirate-negativnata-energija-od-drugite/#respond Sat, 20 Oct 2018 12:40:25 +0000 http://kurir.mk/?p=9468

Често се соочуваме со личности кои шират негативна енергија. Она чувство кога нивната емоционална состојба влијае на вас психички, па дури и физички. Но постојат неколку начини за да ја избегнете апсорпцијата на негативната енергија и да се поштедите самите себе. Престанете да им удоволувате на луѓето Не може на секого да се допаѓате. Не можете на секого да удоволите. Луѓето имаат различни мисли и желби, а вие не можете баш на сите да им ги исполните. Наместо тоа, сконцентрирајте се на себеси – што е она што вие сакате да го постигнете и работете на остварување на вашите цели. Бидете културни кон сите и имајте почит за сите, но прво ценете се себеси. Научете да кажете „НЕ“ Да бидете великодушни е одлична особина, но мора да постојат граници. Доколку тие граници се поминати, тогаш веќе се работи за злоупотреба. Поставете ги тие граници и почитувајте ги. Во спротивно, ќе чувствувате како некој постојано да ве користи. Вие одлучувате. Не го хранете „ѕверот“ Доколку не ги почитувате горенаведените совети, постојано вие ќе бидете жртвата на нечиво некоректно однесување. Тоа ќе доведе до немање доволно енергија и истрошеност. Добро е да сослушате и да се обидете да помогнете, доколку сте во можност, но не на луѓе кои вашето внимание го користат за да ја задоволат својата потреба за постојано внимание. Не е ваша задача да ги решавате туѓите проблеми, особено ако тие самите немаат волја да ги решат. Вратете и се на природата Понекогаш ни треба одмор од се и секого. Не ја занемарувајте моќта на природата. Бегство во природниот свет позитивно ќе влијае на вашата психичка состојба, а и ќе си го добиете заслужениот одмор и ќе си ги наполните батериите. Дозволете звуците на природата да ги заменат звуците на хаосот од модерното живеење. Запомнете кој е одговорен за вас самите Вие сте единствените кои можете да кажете како се чувствувате. Вие сте комплетно одговорни за влијанието на емоциите и мислите врз вашата генерална состојба. Кога ќе научите да не се грижите за работи над кои немате моќ и ќе си ја ставите сопствената среќа на прво место, ќе и дозволите на позитивната енергија да завладее со вас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-kako-da-prestanete-da-ja-apsorbirate-negativnata-energija-od-drugite/feed/ 0
Немате хармонија и пари во домот? Еве како да ја откриете „негативната енергија“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nemate-harmonija-i-pari-vo-domot-eve-kako-da-ja-otkriete-negativnata-energija-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nemate-harmonija-i-pari-vo-domot-eve-kako-da-ja-otkriete-negativnata-energija-video/#respond Sat, 23 Jun 2018 09:46:08 +0000 https://kurir.mk/?p=68879

Без разлика на тоа дали верувате во “негативна енергија” или не, сепак, таква “лоша” енергија може да биде присутна во вашиот дом. Негативната енергија може да предизвика многу чудни и необични работи во вашиот дом и на луѓето кои живеат во него. Ако сте започнале да се прашувате зошто целото домаќинство некако се влече надолу, постојано недостигаат пари, меѓу членовите постои напнатост и нервоза, нечеста е депресијата и тагата… можеби е време да размислите да го направите овој тест. Понекогаш овие енергии си го наоѓаат својот пат до нашите домови без наша вина. За среќа, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ги отстраните овие негативни енергии. Ако сакате да откриете дали постојат негативни енергии во вашиот дом, постојат неколку техники кои ќе ви помогнат во тоа. Со следниов многу едноставен трик ќе дознаете брзо и ќе дејствувате соодветно. Периодичното чистење на лошата енергијата може да помогне во одржување на хармонијата на куќата и на сите членови на семејството. Како се појавува енергијата во домот?​ На местото во кое живееме, исто така, живеат и нашите енергии. Куќата е простор на единство меѓу членовите на семејството, па така, нивните енергии стануваат вообичаени за тоа место. Нашите емоции, чувства и мисли не само што произведуваат одреден вид на енергија, туку исто така, тие привлекуваат енергија. Негативната енергија може да дојде во нашиот дом од различни причини. Членовите на семејството се клучни актери, иако и соседите или посетителите може да влијаат, исто така. Дури и зависта на некој кој влегува во вашиот дом може да влијае врз вас. Доколку постои негативна енергија во вашиот дом, ќе започнете да ги забележувате следниве знаци: -среќата повеќе нема да биде на ваша страна -ќе недостигаат пари и постојано ќе ви се “лизгаат” од раце -односите меѓу членовите на семејството ќе станат поостри -ќе владее општа дисхармонија, па дури и вашите миленици доколку ги имате, ќе се однесуваат чудно -ќе бидете повеќе нервозни, немирни и можеби ќе плачете без причина -билките ќе венеат -апаратите ќе започнат да се расипуваат -ќе се кршат чаши и други садови -нема да се чувствувате комптно и опуштено во вашиот дом. Овие знаци нема да ги забележите сите одеднаш, па затоа е важно да постојат и други механизми за откривање на негативни енергии. Како да се открие негативна енергија со една чаша вода? Прво, многу е важно да се анализира она што се случува во вашата куќа. Многу често тие не се енергии кои привлекуваат проблеми. Ако мислите дека не можете да го најдете вистинскиот корен на проблемите, тогаш обидете се со овој трик и детектирајте ги сите лоши вибрации:​ 1.Земете една чаша од целосно транспарентно стакло. На чашата не смее да има било какви цртежи, боја или резби. Исто така, имајте на ум дека нема да можете повторно да ја употребите. Ако сте во можност, купете специјално една ваква стаклена чаша која ќе ја користите исклучиво само за оваа намена. 2.Наполнете 1/3 од чашата со морска сол. 3.Дополнете 2/3 од чашата со бел оцет или органска јаболкова киселина. ​4.Последната третина дополнете ја со обична, чиста вода.​ 5.Однесете ја чашата во собата од куќата каде што мислите дека лошите вибрации се најмоќни. Тоа може да биде просторијата во која пречекувате гости, во која најчесто се собирате заедно и слично.​ 6.Чашата ставете ја во некој скриен агол да отстои 24 часа. Многу е важно никој да не ја допира чашата и да не ја разместува во овој период. 7.Следниот ден треба да се набљудува чашата: -Ако чашата е иста, онаква како што ја оставивте претходниот ден, тогаш во таа просторија нема лоши вибрации. Чашата пренесете ја во друга просторија и повторете ја постапката на ист начин.​ -Ако во чашата се појават меурчиња како во газирана вода, ако се замати или се обои зелено или било што да се случува чудно со чашата, тоа значи дека во просторијата постојат енергетски проблеми. Во тој случај содржината од чашата треба да се истури во тоалетната школка, а чашата да се измие многу добро. Потоа додадете ги истите состојки и повторете ја постапката во истата просторија, за следните 24 часови. Повторете онолку пати колку што ќе биде потребно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nemate-harmonija-i-pari-vo-domot-eve-kako-da-ja-otkriete-negativnata-energija-video/feed/ 0
Трик со кој ќе откриете дали луѓето внесуваат негативна енергија во вашиот дом https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/trik-so-koj-kje-otkriete-dali-lugjeto-vnesuvaat-negativna-energija-vo-vashiot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/trik-so-koj-kje-otkriete-dali-lugjeto-vnesuvaat-negativna-energija-vo-vashiot-dom/#respond Wed, 28 Mar 2018 12:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=33891

Секоја личност која влегува во нашиот дом внесува и одреден вид на енергија, а таа може да биде позитивна или негативна. Негативната енергија предизвикува стрес, здравствени и финансиски проблеми и лоши чувства. Доколку мислите дека во вашиот дом е присутна таква енергија, веднаш преземете нешто. Трик со помош на чаша вода: Во проѕирна стаклена чаша ставете морска сол (солта би требало да зазема 1/3 од чашата). По солта во чашата ставете 1/3 студена вода и 1/3 бел оцет. Чашата ставете ја во собата во која мислите дека е собрана негативна енергија. Откако сте ја поставиле чашата, никој ен смее да ја допира следните 24 часа. Доколку течноста во чашата е во иста состојба во каква што сте ја оставиле, во таа соба не е присутна негативна енергија. Доколку во чашата забележите меурчиња или течноста стане непроѕирна, очигледно е дека имате некакви проблеми. Откако течноста во чашата ја апсорбирала негативната енергија, фрлете ја течноста во тоалетната школка и пуштете вода. Постапката повторувајте ја секој ден, се додека течноста во чашата не биде потполно бистра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/trik-so-koj-kje-otkriete-dali-lugjeto-vnesuvaat-negativna-energija-vo-vashiot-dom/feed/ 0