негрижа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Nov 2020 13:35:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png негрижа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Донев: Грижата за Охридското Езеро и алармантното ниво на водата е едно од најексплицитните лажни ветувања на СДС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-grizata-za-ohridskoto-ezero-i-alarmantnoto-nivo-na-vodata-e-edno-od-najeksplicitnite-lazni-vetuvanja-na-sds/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-grizata-za-ohridskoto-ezero-i-alarmantnoto-nivo-na-vodata-e-edno-od-najeksplicitnite-lazni-vetuvanja-na-sds/#respond Sat, 21 Nov 2020 13:35:08 +0000 https://kurir.mk/?p=432563

Во изминатиот период сведоци сме на сите лажни ветувања со кои оваа гарнитура на СДС дојде на власт, критикувајќи ги тогашните состојби воедно ветувајќи промени. Еден од најексплицитните примери за тоа е грижата за Охридското Езеро и алармантното ниво на водата, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев. – Тогаш критикуваа и објаснуваа како треба. Дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства за да прикрива неодговорни политики, а сега состојбата е најдраматична од било кога, односно никогаш не била ни приближно како што е денес. Во времето кога држеа пресови симулирајќи наводна паника им ветуваа на граѓаните поинакво менаџирање, истакна Донев. Тој потсети дека Охридското Езеро нема концесионер, дивите градби околу езерото не се срушени, а освен палмите ниту една мерка не е спроведена од препораките на УНЕСКО. – Ги охрабруваме невладините организации, екологистите и Хидробиолошкиот завод кој егзистира децении на брегот на езерото, да се јават со свој официјален став, да бидат јасни и гласни околу последиците од ваквата алармантна состојба и последиците коишто ќе следат по флората и фауната на езерото. Заштитата на растителниот и животинскиот свет во езерото е должност и обврска на Заводот како институција којашто треба да се грижи за еко-системот на езерото, порача Донев. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, нагласи дека за жал со оваа власт нема и нема да има заштитата на Охрид и Охридското Езеро според препораките од УНЕСКО. Имаше и ќе има само лажни вести и мачкање на очи. Но замачканите очи сепак гледаат, а умот и разумот на граѓаните бележат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-grizata-za-ohridskoto-ezero-i-alarmantnoto-nivo-na-vodata-e-edno-od-najeksplicitnite-lazni-vetuvanja-na-sds/feed/ 0
Чулев: Денешната изјава на Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата за вработените во МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-deneshnata-izjava-na-angelovska-e-ushte-eden-dokaz-za-negrizata-na-vladata-za-vrabotenite-vo-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-deneshnata-izjava-na-angelovska-e-ushte-eden-dokaz-za-negrizata-na-vladata-za-vrabotenite-vo-mvr/#respond Thu, 21 May 2020 13:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=348752

Денешната изјава на Министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерката Ангеловска денес го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски, реагира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, откако претходно на прес-конференција, министерката за финансии Нина Ангеловска потврди дека неговата предлог-уредба за еднократна и линеарна финансиска награда од 15.000 денари за сите полициски службеници нема да биде биде прифатена. Токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцираше дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи. Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава. Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува. А во врска со денешната изјава на Министерката Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од моја страна, напоменувам дека до сега од буџетот на Министерството за внатрешни се скратени околу 5 милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот. Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката „капитални расходи“ и „стоки и услуги“ за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи. Свесен сум дека пандемијата поврзана со Ковид 19 сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-deneshnata-izjava-na-angelovska-e-ushte-eden-dokaz-za-negrizata-na-vladata-za-vrabotenite-vo-mvr/feed/ 0