неидентификуван проектил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 May 2022 10:39:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неидентификуван проектил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Северна Кореја истрела неидентификуван проектил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-neidentifikuvan-proektil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-neidentifikuvan-proektil/#respond Sat, 07 May 2022 10:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=673303

Северна Кореја денеска истрела неидентификуван проектил во водите во близина на нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на вооружените сили на Јужна Кореја. Лансирањето се случи само три дена откако Пјонгјанг последен пат истрела ракета, во услови на зголемени предупредувања дека може да изврши нуклеарна проба. – Северна Кореја истрела најмалку една граната во Источното Море, изјави началник на Здружениот генералштаб на јужнокорејските вооружени сили во Сеул, мислејќи на Јапонското Море. Јапонската крајбрежна стража, повикувајќи се на информации од своето Министерство за одбрана, соопшти дека Северна Кореја истрелала „веројатно балистичка ракета“ и ги предупреди своите бродови. И покрај строгите меѓународни санкции за нејзините програми за оружје, Северна Кореја драматично ги зајакна ракетните тестирања оваа година, игнорирајќи ги предлозите на САД за преговори. Најновото тестирање доаѓа само неколку дена пред инаугурацијата на новиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, во вторник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-neidentifikuvan-proektil/feed/ 0