неисполнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Feb 2020 16:40:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неисполнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев ги излажа и наставниците- нема покачување на плати иако тоа го вети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-izlaza-i-nastavnicite-nema-pokachuvanje-na-plati-iako-toa-go-veti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-izlaza-i-nastavnicite-nema-pokachuvanje-na-plati-iako-toa-go-veti/#respond Mon, 10 Feb 2020 15:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=301920

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска изрази незадоволство од институциите на системот, кои на директен или индиректен начин влијаеле врз неисполнување на договорот за зголемување на платите за 10 проценти во високообразовните институции, почнувајќи од јануарската плата. – Непобитен е фактот дека Министерството за образование и наука требаше да го реализира договореното зголемување на платите за 10 проценти од јануари 2020 година. Доколку ова договорено зголемување не можело да се реализира заради законски или други пречки, МОН требаше најпрво да разговара и изнајде решение заедно со СОНК, како договарач со МОН, но, пред се и заради докажаната репрезентативност на национално ниво, во дејноста образование. Спротивно на ова, МОН бараше „решение” со ректорите на државните универзитети, при што изнајдоа „соломонско” решение во рамките на универзитетите да иницираат формирање на нов универзитетски синдикат, којшто би бил репрезентативен. Со тоа, би можеле да потпишат колективен договор на ниво на работодавач, кој би содржел еден член, а тоа би било само за зголемување на платите од 10 проценти, наведува СОНК во соопштението. Според Синдикатот, ова е недозволиво и создава дополнително нови проблеми односно отвара можност работодавачите кога сакаат и како сакаат да може да формираат синдикални организации, а кога ќе нема потреба да ги згаснат. Ваквите дејствија, сметаат од СОНК, се спротивни на националното зкаонодавство и на меѓународните конвенции. Нереализирањето на веќе најавеното зголемување на платите, веат од СОНК, го нарушува одличниот партнерски однос кој досега го имале со ресорното Министерство. Денес, како што наведуваат, се соочени со неизвеноста од носењето на законското решение со кое треба да се овозможи ветеното зголемување поради распуштањето на Парламентот. – Дали беше неопходно да се создаде овој проблем? По нас, не. Ова на никому не му оди во прилог, особено не на министерот за образование и наука, во период пред парламентарни избори. Не им беше потребно и на дел од ректорите, затоа што тие не смеат да даваат изјави дека на таков начин се ангажирале за подобрување на социјалниот статус на вработените. Јасно им е на сите дека СОНК го договори ова зголемување и не се коректни такви изјави со што некој сака да се „кити“ со туѓи перја. Или пак, имаат потреба да се додворуваат пред своите вработени, на пример, можеби доаѓаат избори за ректор во некој од универзитетите, велат од СОНК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-izlaza-i-nastavnicite-nema-pokachuvanje-na-plati-iako-toa-go-veti/feed/ 0
Царовска во Валандово пуштила во употреба објект за најмалите кој не ги исполнува стандардите за намената (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/#respond Sat, 14 Dec 2019 14:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=277553

Без потпис од надзорот и без технички прием, локалната власт во Валандово со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пуштиле во употреба објект за најмалите кој не ги исполнува стандардите за намената која ја има и условите кои требало да овозможува градинката. Станува збор за објектот детската градинка "Калинка" во Валандово, чиј што проект за реконструкција на истата е поднесен на 22.04.2016 година. Општина Валандово е носител на овој проект од ИПА за меѓугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Грција-INTERREG,во кој учествуваат 5 партнери: Општина Валандово, Општина Серес, Општина Радовиш, Општина Лерин и CERTH-грчка државна лабораторија за испитување на хемиски и биолошки процеси. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.478.000 евра, од кои 390.000 евра се одобрени во месец април 2017 година,во време кога со општината сеуште раководи ВМРО-ДПМНЕ. Но, Реконструкцијата ДГ "Калинка" во Валандово не е изведена во согласност со проектот и предвидените позиции во проектната документација, а министерката Царовска изврши посета на објектот со цел промоција на успешно реализиран проект од локалната власт на СДСМ во општина Валандово. Дека не е извршена и изведена реконструкцијата за чија намена се дадени средства од европските фондови говорат неколку факти и тоа: -Целосно не е довршена кровната конструкција,наместо целосно да се замени парното греење со 2 нови котели на пелети и нови радијатори,старите радијатори се само префарбани и оставени се старите котели на нафта. -Не се поставени фотоволтаици на кровот кои се предвидени во проектната документација и дополнително,направени се многу отстапувања при градењето,односно реконструкцијата на објектот во однос на проектната документација со која објектот на детската градинка требаше да биде модернизирана во целосно енергетски ефикасен објект и да бидат извршени реконструкции на повеќе позиции во внатрешноста на градинката. -Објектот и дворното место се во катастрофална состојба и наместо дечињата да добијат еден нов современ простор за дневен престој,добија простор за сместување од кој нивните родители веќе почнаа да се сомневаатдека може да добијат одредени заразни болести. Царовска и општина Валандово ја пуштиле во употреба градинката најверојатно поради жестокиот притисок на родителите кои беа принудени своите деца да ги испраќаат со несоодветен превоз до градинките во другите населени места во општината. Општината со соработка со министерството не беа способни да реализираат и да ги запазат роковите дури и на обезбеден проект од претходната локална власт,па објектот го пуштија во употреба без да го завршат во целост,без да ја извршат реконструкцијата согласно проектната документација, без потпис од надзорот и без технички прием. Од галеријата на фотографии може да се увиди во каква состојба е градинката, па тука се поставува прашањето дали станува збор за злоупотреба на средства од европските фондови и дали општина Валандово ќе сноси одговорност доколку се утврди дека тоа е така? Надлежните институции треба да извршат надзор соодветно на нивните надлежности и да известат зошто се трошат европските пари за проект кој не е ни приближно оспособен од предвиденото во проектната документација, како и да утврдат дали навистина станува збор за злоупотребени средства за објект којшто не е реконструиран според превидените средства и документација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-vo-valandovo-pushtila-vo-upotreba-objekt-za-najmalite-koj-ne-gi-ispolnuva-standardite-za-namenata-foto/feed/ 0