неказнивост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Feb 2022 14:37:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неказнивост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По реакциите во јавноста, Министерството за правда ја повлекува казнивоста за „негативно мислење“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-reakciite-vo-javnosta-ministerstvoto-za-pravda-ja-povlekuva-kaznivosta-za-negativno-mislenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-reakciite-vo-javnosta-ministerstvoto-za-pravda-ja-povlekuva-kaznivosta-za-negativno-mislenje/#respond Sun, 06 Feb 2022 14:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=627718

Погрешна е формулацијата негативно мислење која се најде во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, велат од Министерството за правда откако реакции во јавноста предизвика доставениот текст во Собранието. Оттаму уверуваат дека грешката ќе се корегира во амандманската собраниска расправа и посочуваат дека целосно ги поддржуваат новинарски слободи и права и дека сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање. -Министерството за правда ја информира јавноста дека формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење”, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа. Министерството за правда целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање. Во членот 6 од предлогот на овој закон, во делот одговорност за навреда и клевета пишува: „За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење“. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираа дека според нив, барањето на власта за навреда да одговара секој кој што ќе искаже негативно мислење е доказ дека Македонија е заробена држава. Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета го предлага Владата, преку Министерството за правда, влезе во собраниска процедура. Пред Комисијата за европски прашања се најде во четвртокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-reakciite-vo-javnosta-ministerstvoto-za-pravda-ja-povlekuva-kaznivosta-za-negativno-mislenje/feed/ 0
Амнести Интернешнл за Македонија: Загрижува неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=493505

Годишниот извештај на Амнести Интернешнл за состојбата со човековите права во 2020 забележува влошување речиси секаде во светот, во Македонија се посебно погодени жените, припадниците на ромската заедница и други маргинализирани групи како ЛГБТИ. -И покрај спроведувањето на реформите што ги бара Европската Комисија, ситуацијата останува загрижувачка ситуација во повеќе области: неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата кон жените и Ромите како и кон ЛГБТИ лицата. Оваа година повторно бегалци и мигранти беа нелегално задржувани и протерани на сила, алармира Амнести Интернешнл во делот за Македонија. Извештајот потсетува која е состојбата откако во земјата беше прогласена вонредна состојба лани од средина на март до изборите во јули, како и полицискиот час, но оцени дека забраната за верски собири беше применета на селективен начин. Амнести истакнува дека Македонија го скрати буџетот за невладиниот сектор за 525 илјади евра, со што ја загрози способноста на овие организации да обезбедат есенцијални услуги во услови на криза. Што се однесува до судството, организацијата е критична кон фактот што судовите не работеле минимално, а нема напредок во судските процедури поврзани за прекршување на рестрикциите за Ковид-19. Дискриминацијата базирана на етничката, верската, родовата припадност и сексуалната ориентација не само што останува проблем во Македонија, туку и се влошила со пандемијата. -Припадниците на албанската заедница беа често мета на говор на омраза и дезинформација на социјалните мрежи, нагласува Амнести Интернешнл, повикувајќи се на податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој констатирал зголемување од 80 отсто на исламофобичниот говор на омраза пред изборите во јули, поднесени се пет тужби во текот на тој месец за поттикнување омраза. Ромите се исто така силно погодени од дискриминација во земјата, посебно во делот на пристапот до финансиска помош за време на пандемијата, најранливите лица можеле да сметаат пред сѐ на невладините организации и некои локални власти за хуманитарни пакети. Се потсетува и на случајот со деветте ромски музичари кои на враќање од турнеја во Италија биле однесени во касарна за карантин, додека другите двесте лица кои патувале со нив добиле дозвола за домашен карантин. Жените и натаму остануваат ранлива категорија во Македонија посебно на работното место за време на пандемијата. -Одговорните не преземаа мерки за да им помогнат на родителите кои работат да се справат со последиците од пандемијата. Жените беа посебно погодени, а на некои им беше нелегално задржан дел од платата кога отсуствуваа од работа. Амнести се осврнува и на текстилната индустрија каде жените се соочиле со закани за бркање од работа, закани дека нема да им се обнови договорот за работа, и текстилни работнички присилени да одат на работа за викенд во Штип за време на полицискиот час. Владата на Северна Македонија не ги имплементирала целосно ниту препораките за заштита на жените и децата жртви на насилство. Лицата припадници на ЛГБТИ заедницата се исто така споменати во извештајот. Иако законот за заштита од дискриминација е вратен на сила во октомври, Амнести оценува дека не е гарантирана независноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Се потсетува и на нападот врз претседателот на ЛГБТ организацијата во Тетово во август. Жените Ромки се двојно погодени од дискриминација во државата и се посветува посебно внимание на случајот на жена Ромка која починала на крајот на бременоста за време на операција на отстранување на нејзиниот фетус, кој исто така починал. Неа претходно два пати и бил забранет пристап до болницата во Охрид и покрај болките и температурата, а кога конечно била однесена во болница во Скопје, чекала шест часа пред да ги добие резултатите од коронавирус. Шест други жени со ромско потекло биле нелегално избркани од својот дом во Скопје во 2016 додека биле бремени, Обединетите нации бараат од Македонија да им исплати отштета на овие жени, што сѐ уште не е сторено, потсетува Амнести. Се критикува фактот што државните центри за сексуално и репродуктивно здравје не можеле да ги понудат вообичаените услуги за време на пандемијата, а случаите со жените во тешки ситуации ги преземала невладината ХЕРА. Конечно Македонија потфрлила и во делот на правата на бегалците и мигрантите, смета организацијата за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/feed/ 0
Амбасадорката Брнс: Формирањето на влада е во рацете на пратениците, нова влада за справување со корупцијата и неказнивоста на криминалот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brns-formiranjeto-na-vlada-e-vo-racete-na-pratenicite-nova-vlada-za-spravuvanje-so-korupcijata-i-nekaznivosta-na-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brns-formiranjeto-na-vlada-e-vo-racete-na-pratenicite-nova-vlada-za-spravuvanje-so-korupcijata-i-nekaznivosta-na-kriminalot/#respond Sat, 01 Aug 2020 14:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=384828

-Новата влада да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19. Во парлементарна систем, премиерското место е работа на парламентарното мнозиство, инаку САД ќе соработува со сите политички парти во земјата за да се продолжи еуро-атланскиот пат на Македонија, изјавил ексклузивно за весникот КОХА, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнс. Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје, Кејт Мари Бернс, во ексклузивно интервју за весникот “КОХА”, зборуваше за актуелната политичка состојба во земјата, формирањето на новата Влада, како и за идејата на ДУИ за албанскиот премиер. Таа смета дека со оглед на ситуацијата со здравствената криза со Ковид-19, лидерите на политичките партии треба да ги почитуваат роковите и да ги формираат институциите на земјата што е можно поскоро. -Ние очекуваме партите да се соберат и да ги исполнат роковите. Со оглед на кризата со Ковид-19 и други важни проблеми со кои се соочува земјата, постигнувањето договор за нова Влада што ќе може да ги реши овие проблеми, е приоритет, вели за весникот „КОХА“, амбасадороката Брнс. На прашањето за идејата на ДУИ за прв албански премиер, американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс рече дека плуралистичкиот систем на Македонија овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност. -Зависи од мнозинството во парламентот која ќе го изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се, по природа на вашиот парламентарен систем, одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност, рече американската амбасадорка во Скопје. Зборувајќи за приоритетите што треба да ги има следната влада, амбасадорката Кејт Мари Барнс вели дека треба да го искористи моментот. -Новата влада ќе мора да постави свои приоритети. Од наша гледна точка, се надеваме дека таа ќе има за цел да профитираат во моментот кога е овозможено членството во НАТО и напредокот кон ЕУ. Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес. Најважно е да не се изгуби моментот, рече Кејт Мари Барнс за весникот „КОХА”. Од американскиот амбасадор во Скопје, весникот „Коха“ побара да го коментира негирањето на резултатите од изборите од страна на Коалицијата Алијанца-Алерантаива. -Опозициската коалиција на албанската заедница Алијанса/Алтернатива се спротивстави на изборните резултати. Каква е вашата проценка за посветеноста на Села за евроатлантскиот аспираци на земјата? – ја прашавме амбасадороката Бернс, која одговори: -Ние ќе работиме со која било странка или партија што има за цел да ја види Македонија да продолжи на својот евро-атлански-пат. Американската амбасада во Скопје соопшти дека досега и помогнала на  Македонија со 2,7 милиони американски долари за да се справи со последиците од кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19. -САД придонесоа со над 2,7 милиони американски долари за зголемување на националниот одговор за Ковид-19 во Македонија. Американската помош ги поддржа владините напори, вклучително и оние предводени од Министерството за Здравство и Образование и Наука; Државна изборна Комисија; и за спроведување на законот, судските и инспекциските органи. Ние, исто така, поддржувавме иницијативи на приватниот сектор, како што се оние предводени од микрофинансиски институции, како и оние предводени од граѓански организации, вклучително и националните и локалните поглавја на Црвениот крст, истакна Брнс во интервју за Коха.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brns-formiranjeto-na-vlada-e-vo-racete-na-pratenicite-nova-vlada-za-spravuvanje-so-korupcijata-i-nekaznivosta-na-kriminalot/feed/ 0