Нексе Нашице – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Feb 2022 18:48:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нексе Нашице – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вардар поразен од Нексе на стартот на СЕХА ракометната лига https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-porazen-od-nekse-na-startot-na-seha-rakometnata-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-porazen-od-nekse-na-startot-na-seha-rakometnata-liga/#respond Fri, 04 Feb 2022 18:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=627220

Македонскиот машки ракометен првак на стартот од новата сезона во СЕХА лигата е поразен од хрватски Нексе со 25:24. Гостите од Нашице добро го отворија натпреварот и во првиот дел беа во постојана предност која во најголемиот дел се движеше меѓу два и три гола, а на момент Нексе водеше и со четири погодоци разлика. Црвено-црните имаа одличен почеток на второто полувреме. Во првите три и пол минути ја анилираа предноста на противникот од два гола и поведоа со 15:13. Сепак составот предводен од новиот тренер Давид Дејвис не успеа да обезбеди поголема предност, а до крајот на мечот се играше гол за гол во која двата тима се менуваа во водството. На пет минути пред крајот Вардар водеше со 23:22, но гостите со серија од 3:1 во завршните секунди влегоа со предност од 25:24, а нашиот состав во последниот напад не успеа да се избори за нерешен резултат. Најефикасни во редовите на македонскиот првак со пет гола беа Тимур Дибиров и Јоел Моралес, а по три пати прецизни беа Оливие Ниокас и Гоце Георгиевски. Голманите Борко Ристовски и Мартин Томовски комбинирано имаа седум интервенции. Во гостинскиот состав прв стрелец со шест гола беше Фахрудин Мелиќ, а голманите Доминик Кузмановиќ и Михајло Радовановиќ забележаа вкупно 13 интервенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-porazen-od-nekse-na-startot-na-seha-rakometnata-liga/feed/ 0