нексе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 05:26:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нексе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мануел Штрлек потпишува за Нексе https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/manuel-shtrlek-potpishuva-za-nekse/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/manuel-shtrlek-potpishuva-za-nekse/#respond Mon, 13 Mar 2023 05:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=811093

Хрватскиот ракометен клуб, член и на СЕХА лигата, Нексе во понеделник ќе го потпише Мануел Штрлек, како свое најголемо засилување. Хрватскиот репрезентативец ќе му се приклучи на клубот од следната сезона и ќе ги помине следните три години во Нашице. Штрлек е еден од најатрактивните хрватски играчи, репрезентативец, поранешен играч на Загреб и Киелце, а во редовите на Нашиќ доаѓа од унгарскиот Веспрем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/manuel-shtrlek-potpishuva-za-nekse/feed/ 0
Вардар го доживеа четвртиот пораз во СЕХА лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-dozivea-chetvrtiot-poraz-vo-seha-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-dozivea-chetvrtiot-poraz-vo-seha-ligata/#respond Wed, 17 Mar 2021 18:44:26 +0000 https://kurir.mk/?p=483880

Македонскиот ракометен шампион Вардар го доживеа вториот пораз во четвртиот натпревар од СЕХА лигата, каде овојпат загуби на гостувањето кај Нексе со 36-32.
Тимот на Алушовски одигра лош натпревар, мало оправдување може да биде некомплетниот состав, но Вардар имаше доволно добар тим за да се претстави во подобро издание.
Нексе моќно го почна натпреварот, по шест минути игра имаше водство од 5-0, Вардар во осмата минута го постигна првиот гол. Потоа направи серија со која намали на 6-5. На одморот се замина со водство на хрватскиот тим од 15-14.
Во првите десет минути од вториот дел Вардар беше добар, неколку пати беше во водство, но потоа следуваше пад, Нексе беше многу подобар, имаше и шест голови предност, на крајот победи со 36-32.
Убедливо најдобар во Вардар беше Дибиров со девет голови, шест постигна Гаџа, Борко имаше девет одбрани. Кај Нексе по шест голови дадоа Јагањац и Кевиќ, голманот Морено Цар имаше фантастичен меч со 16 интервенции.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-dozivea-chetvrtiot-poraz-vo-seha-ligata/feed/ 0
Алушовски: Не сум задоволен https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/alushovski-ne-sum-zadovolen/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/alushovski-ne-sum-zadovolen/#respond Tue, 02 Feb 2021 08:00:56 +0000 https://kurir.mk/?p=462944

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски не беше задоволен од изданието на неговите ракометари и покрај победата (27:26) над Нексе синоќа во натпревар од СЕХА лигата. – Имавме четири разлика, па потоа следуваше несфатлив пад во играта, особено во напад, правевме премногу технички грешки кои резултираат со брз гол на ривалот. Да бидам искрен, не сум задоволен од многу работи. Првпат кажувам дека сум разочаран после еден натпревар, за тоа како го испочитуваа играчите договореното пред натпревар. На минатиот дуел со Војводина, без задоволен од одбраната, но сега ако не беше Борко Ристовски и нивните промашени зицери, натпреварот лесно можеше да биде во корист на Нексе. Сепак на секоја победа треба да се гледа од позитивната страна и утре со ладни глави ќе анализираме што беше добро, а што лошо и подготвени ќе заминеме за Порто, изјави Алушовски. За Вардар ова беше втора победа во СЕХА од два натпревара и е лидер во Б-групата со 6 бода. Нексе е втор со 3, додека Војводина и Мотор Запорожје немаат бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/alushovski-ne-sum-zadovolen/feed/ 0
Вардар триумфираше против Нексе https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-triumfirashe-protiv-nekse/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-triumfirashe-protiv-nekse/#respond Mon, 01 Feb 2021 21:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=462857

Македонскиот машки ракометен шампион Вардар забележа нова победа во СЕХА регионалната лига и тоа против хрватскиот Нексе со 27-26 . Најефикасни кај домашните беа Филип Талески и Иван Чупиќ со по шест постигнати гола, Јотиќ постигна четири, додека голманот Борко Ристовски заврши со седум одбрани, од кои три во самиот финиш. Кај Нексе, Кевиќ имаше седум постигнати гола, пред Јагањац и Маркушиќ со по четири гола Следен предизвик за избраниците на Стефче Алушевски е ЛШ  и гостувањето во Порто во рамките од елитното европско натпреварување, меч кој ќе се одигра на 4 февруари. foto : gol.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-triumfirashe-protiv-nekse/feed/ 0
Алушовски: Бевме посреќна екипа од Нексе https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/alushovski-bevme-posrekjna-ekipa-od-nekse/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/alushovski-bevme-posrekjna-ekipa-od-nekse/#respond Sun, 30 Aug 2020 07:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=396744

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, по синоќешниот драматичен дуел со Нексе и пласманот на „фајнал фор“ турнирот во СЕХА лигата, изјави дека „црвено-црните“ беа посреќниот тим. – Бевме посреќна екипа од Нексе. Бевме многу неодговорни во ситуација седум на шест и фрливме многу топки во бунар. Мислам дека е недозволиво за Вардар кој има големи амбиции, за некои играчи неодговорно да се однесуваат, иако во најдобра намера ги правеле грешките. Мораме да учиме од нив, и да се подобруваме секој ден. Ме радува фактот што Дисингер беше оној стариот, меѓутоа во вториот дел за 21 минута дадовме само пет гола, сето тоа поради наши технички грешки, но тоа е спортот и јас им честитам на момците за местото на Ф4. Се надевам дека таму ќе бидеме многу подобри, рече Алушовски. Гостинскиот тренер жали за пропуштената шанса, неговите избраници да одат во полуфиналето. – Го имавме натпреварот, ја имавме контролата се до финишот на натпреварот. Го преземавме водството во средина на вториот дел, но Вардар повторно покажа дека кога е во невозможна ситуација знае да се извлече. Тие имаат големо срце, и тука се две три ситници, можеби малку неискуството на неколку мои играчи овозможи Вардар да се врати во живот и на крајот тоа и да го искористи. Малку среќно, малку снаодливо, што да се каже… На крајот останува да жалиме, зошто можевме сега мирно да патуваме за Задар. Не е срамота да се изгуби од Вардар во Скопје. Ние сме на нашиот пат, почеток е на сезона, не очекува еворпа започнува и СЕХА. Прв официјален натпревар затоа и имаше толку технички грешки на двете страни, ситници, неодговорност во игра… Но рутината се добива со играње на вакви натпревари, особено кога имате една млада екипа, истакна Хрвоје Хорват. Вардар синоќа загуби со 25:26, но поради победата во Нашице со 31:30 оди на завршницата во Задар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/alushovski-bevme-posrekjna-ekipa-od-nekse/feed/ 0
Вардар против Нексе по рекорд во СЕХА https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-protiv-nekse-po-rekord-vo-seha/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-protiv-nekse-po-rekord-vo-seha/#respond Mon, 12 Mar 2018 14:16:02 +0000 http://kurir.mk/?p=29293

Македонскиот ракометен шампион Вардар посакува со триумф над Нексе да го заврши основниот дел од регионалната СЕХА Газпром лига и да стигне до рекордни 17 победи. Тренерот Раул Гонзалес изјави дека дуелот со хрватскиот тим ќе биде добра шанса да се поправат некои грешки во играта во одбраната. - Имаме мотивација да ја завршиме сезоната со победа. Фаворити сме, но мора тоа да го потврдиме на терен. Нексе е квалитетна екипа која во минатото знаела да ги изненади фаворити. Ние во пресрет на овој меч мора да ја поправиме одбраната, која во последниот период не е на очекуваното ниво, рече Раул на денешната прес-конференција. „Црвено-црните“ со евентуална победа над Нексе ќе бидат тимот што успеал да ја заврши сезоната со најмногу бодови досега во историјата на СЕХА. македонскиот првак на 17-те натпревари оваа сезона има 16 победи и едно реми. Натпреварот е закажан за утре од 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански". Без оглед на резултат Вардар е прв на табелата со обезбедено место на „Фајнал фор“ турнирот што ќе се игра во Скопје од 13 до 15 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-protiv-nekse-po-rekord-vo-seha/feed/ 0