некст тајм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jun 2023 10:28:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png некст тајм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мартин „Некст Тајм“ се женеше: Ечеше во Кичево, младоженецот качен на тапан, а брат му лепи бакшиш (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/martin-nekst-tajm-se-zheneshe-echeshe-vo-kichevo-mladozhenetsot-kachen-na-tapan-a-brat-mu-lepi-bakshish-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/martin-nekst-tajm-se-zheneshe-echeshe-vo-kichevo-mladozhenetsot-kachen-na-tapan-a-brat-mu-lepi-bakshish-foto/#respond Tue, 13 Jun 2023 10:27:45 +0000 https://kurir.mk/?p=845217

После ергенската забава во Париз, очекувано следеше и големиот свадбен ден за гитаристиот на „Некст тајм“, Мартин Филиповски кој „рипна во тевче“. Мартин и Андра и официјално се во брак, откако си се ветија еден на друг пред Бога во манастирот „Св. Богородица – Причеста“ во Кичево, а ставија и потпис во матично. Како што налага традицијата, зетот отиде по невестата во нејзиното родно Кичево каде ечеше свадбарска музика. Зетот качен на тапанот, а неговиот брат Стефан до него лепеше пари на музичарите. Се вртеше оро, се пееше и наздравуваше во име на љубовта на младите кои по осум години врска решија да стават прстени. По регистрацијата и црквената венчавка се случила и мала прослава во еден кичевски ресторан каде присуствувале најблискте. Како што дознава порталот Вистина, свадбена забава се подготвува и во Скопје, а ќе се случи наредниот викенд во кругот на најблиските. За потсетување, Мартин ја побара раката на Андреа минатиот септември на неговиот роденден. Тие неколку години ја одржуваа врската на далечина поради професионалните ангажмани на ракометарката во странство. Андреа Белеска беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК. Честитки!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/martin-nekst-tajm-se-zheneshe-echeshe-vo-kichevo-mladozhenetsot-kachen-na-tapan-a-brat-mu-lepi-bakshish-foto/feed/ 0
Ежење: Слушнете како звучи кога цела сала во еден глас ја пее „Бисер балкански“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ezenje-slushnete-kako-zvuchi-koga-cela-sala-vo-eden-glas-ja-pee-biser-balkanski-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ezenje-slushnete-kako-zvuchi-koga-cela-sala-vo-eden-glas-ja-pee-biser-balkanski-video/#respond Sat, 07 Jan 2023 09:02:02 +0000 https://kurir.mk/?p=784364

За концерот на Некст тајм, кој се одржа на 17 декември во салата „Јане Сандански“ несомнено уште долго ќе се зборува. Некст тајм на својот канал на Јутјуб објавија видео од концертот на кое цела сала во еден глас ја пееше песната „Бисер балкански“. „Ежење“, „Секоја чест за изведбата“, „Капа доле мајстори“, се само дел од коментарите под видеото. Слушнете како звучи
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ezenje-slushnete-kako-zvuchi-koga-cela-sala-vo-eden-glas-ja-pee-biser-balkanski-video/feed/ 0
Муцунски: Ние немаме потреба од полиција и обезбедување, вечерва ќе слушаме македонска музика https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-nie-nemame-potreba-od-policija-i-obezbeduvanje-vecherva-kje-slushame-makedonska-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-nie-nemame-potreba-od-policija-i-obezbeduvanje-vecherva-kje-slushame-makedonska-muzika/#respond Sat, 17 Dec 2022 11:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=776979

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски утрово на својата фејсбук страна објави фотографија направена во спортскиот центар „Јане Сандански“ на подготовка на вечерашниот концертот на дуото Некст Тајм. -Ние немаме потреба од полиција и обезбедување. Вечерва во 20 часот ќе слушаме македонска музика, ќе зборуваме за патриотизам и ќе ги промовираме нашите традиционални песни и вредности, напиша Муцунски на фејсбук и најави дека денес со својот син Иан ќе ги присуствува на концертот. Дел од фановите објавата ја поврзуваат и со денешниот настан на владејачката партија СДСМ за која медиумите објавуваат фотографии од засилено полициско обезбедување.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-nie-nemame-potreba-od-policija-i-obezbeduvanje-vecherva-kje-slushame-makedonska-muzika/feed/ 0
Ректорот Миленковски со Златна плакета за групата „Некст тајм“ за ширење на македонската песна! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-milenkovski-so-zlatna-plaketa-za-grupata-nekst-tajm-za-shirenje-na-makedonskata-pesna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-milenkovski-so-zlatna-plaketa-za-grupata-nekst-tajm-za-shirenje-na-makedonskata-pesna/#respond Mon, 12 Dec 2022 15:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=774514

Денеска, 12 декември 2022 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, ректорот проф. д-р Аце Миленковски на членовите на групата „Некст тајм“ им додели Златна плакета за ширење на македонската традиција и култура меѓу младите во нашата татковина, Република Македонија. „Ви благодарам за секоја отпеана песна, за секоја отсвирена нота, за сето она што го создавате, а што мене ми причинува и задоволство и немир, што лично и професионално длабоко ме трогнува. Вие и вашата музика сте израз на родољубие и патриотизам, и ви благодарам што овие чувства ги будите и ги негувате и кај младите луѓе денеска“, истакна ректорот Миленковски при врачувањето на плакетата. Тој нагласи дека една од основните задачи на образованието низ целата вертикала, од предучилишна возраст до највисоките академски звања е да ги разбуди и да ги негува токму овие чувства кај идните граѓани што треба да ја градат и да ја развиваат државата. „Јас така сум ги воспитувал и своите деца, да си ја сакаат татковината, да си го сакаат домот. Каде и да оди човек, дали на работа, дали во град, дали во кафеана, па дури и да оди професионално некаде зад границите, на крајот тој секогаш треба и се враќа дома, зашто каде што е татковината, таму е и домот“, истакна тој. На крајот, ректорот Миленковски уште еднаш им се заблагодари на членовите на групата што ја шират македонската песна дома и низ светот, зашто, како што истакна парафразирајќи свој добар пријател-музичар, Македонија се протега дотаму до каде што се слуша македонската песна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-milenkovski-so-zlatna-plaketa-za-grupata-nekst-tajm-za-shirenje-na-makedonskata-pesna/feed/ 0
Време беше: Голем и солистички концерт на „Некст Тајм“ во Скопје https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vreme-beshe-golem-i-solistichki-koncert-na-nekst-tajm-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vreme-beshe-golem-i-solistichki-koncert-na-nekst-tajm-vo-skopje/#respond Tue, 15 Nov 2022 12:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=760911

На 17-ти декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд - „Некст Тајм“. Тие ќе бидат придружувани од нивниот бенд, на чело со маестралниот композитор и музичар – Николче Мицевски, со кои ќе го презентираат нивното музичко творештво, како и материјалот од нивниот последен албум „Мајка“. Публиката со нетрпение го очекуваше токму овој момент за тие во живо и на голема бина да ги отпеат нивните најголеми хитови како што се: „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам Бабо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Кога падна на пирина“ и уште многу други. „Пријатели ве очекуваме во голем број, да уживаме во македонска музика и музички СПЕКТАКЛ“ – порача Стефан на социјалните мрежи. „Ве чекаме на концерт! Сметаме на вашата поддршка. Фала. 17-ти декември, „Јане Сандански“ – објави и Мартин на својот профил на Фејсбук. Специјален гостин на концертот ќе биде еден од најдобрите вокали на овие простори, нивниот колега и многу добар пријател, Влатко Лозаноски – Лозано. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на MkTickets, како и во повеќето градови во Македонија. Наскоро повеќе информации поврзани со овој голем музички спектакл закажан за на 17-ти декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vreme-beshe-golem-i-solistichki-koncert-na-nekst-tajm-vo-skopje/feed/ 0
Ракометарката кажа ДА: Мартин од Некст Тајм ја запроси саканата на ПОСЕБЕН ден (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rakometarkata-kaza-da-martin-od-nekst-tajm-ja-zaprosi-sakanata-na-poseben-den-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rakometarkata-kaza-da-martin-od-nekst-tajm-ja-zaprosi-sakanata-na-poseben-den-foto/#respond Wed, 21 Sep 2022 08:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=735599

Мартин од Некст Тајм ја запроси својата сакана Андреа на денот кога тој и неговиот брат близнак го прославија својот 36-ти роденден. Убавата ракометарка кажа ДА по долгогодишната врска со гитаристот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by маRтин (@martin_filipovski)

Прекрасната вест ја споделија на социјалните мрежи. Идниот младоженец ја покажа и својата романтична страна, избирајќи убав прстен за својата понежна половина.  
 
https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/rakometarkata-kaza-da-martin-od-nekst-tajm-ja-zaprosi-sakanata-na-poseben-den-foto/feed/ 0
Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и Некст Тајм со настап во Тетово https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/humanitaren-nastap-na-lambe-alabakovski-i-nekst-tajm-so-nastap-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/humanitaren-nastap-na-lambe-alabakovski-i-nekst-tajm-so-nastap-vo-tetovo/#respond Fri, 05 Aug 2022 08:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=714402

Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата „Го сакам Тетово“, со настапи на Ламбе Албаковски и Некст Тајм. Концертите ќе бидат на отворено и бесплатно во Жена парк, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и средства за загрозено семејство. -Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, истакна Станислав Бојчески од иницијативата. Иницијативата „Го Сакам Тетово” најавува и други настани во текот на летото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/humanitaren-nastap-na-lambe-alabakovski-i-nekst-tajm-so-nastap-vo-tetovo/feed/ 0
Концерт на годината, Некст Тајм и Лозано во Антички https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncert-na-godinata-nekst-tajm-i-lozano-vo-antichki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncert-na-godinata-nekst-tajm-i-lozano-vo-antichki/#respond Fri, 15 Jul 2022 06:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=705449

Најактуелните македонски звезди, групата Некст Тајм и пејачот Влатко Лозановски на 30 јули ќе одржат заеднички концерт во Античкиот театар во Охрид.

Влезниците за овој спектакл веќе се во продажба преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк https://www.kupikartizase.com/Events/next_time_2022

-Овој настан за нас е од огромно значење пред се поради тоа што првиот наш фестивал во 2008 како Некст Тајм, беше токму овде на Антички и ја освоивме публиката која исто така и ден  денес е со нас. Заедно со Лозано се појавивме на тој фестивал и некако се  зближивме од тогаш. После толку години градејки ги нашите музички кариери ете стигнавме  да одржиме за прв пат заеднички концерт.

Се надеваме дека  публиката ќе ужива во песните од  нашиот најнов албум, но сигурно ќе има и изненадувања, велат од Некст Тајм.

Очекуваат публиката да дојде во голем број и заедно да уживаат во една незаборавна вечер исполнета со заедничката уметност.

За Лозано Антички театар е историски простор каде што секој изведувач од Македонија би сакал да настапува, како еден од најреномираните локалитети за правење концерти воопшто кај нас.

-Отворената сцена, но и самата историја која што ја крие "антички" дава на тежина и големо значење на секој евент кој што се организира таму. Со големо исчекување го очекуваме концертот и ветуваме заеднички дека ќе направиме одлична музичка претстава на сите присутни. Ги покануваме сите во Охрид и уште еднаш "ова лето ќе се памти" по уште еден одличен концерт заедно со моите пријатели од Некст Тајм, вели Лозано.

Бидете дел од најуникатниот настан ова лето во Македонија!!!

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncert-na-godinata-nekst-tajm-i-lozano-vo-antichki/feed/ 0
„Некст Тајм“ го промовираа новиот албум: „Го посветуваме на нашите две мајки“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekst-tajm-go-promoviraa-noviot-album-go-posvetuvame-na-nashite-dve-majki-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekst-tajm-go-promoviraa-noviot-album-go-posvetuvame-na-nashite-dve-majki-foto/#respond Wed, 08 Jun 2022 12:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=688348

Вчеравечер во хотелот „Мериот“ во Скопје, момците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин Филиповски пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка“. На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус, но таа привилегија да ги слушнат и тие песни ќе имаат само тие што ќе го купат албумот. Во преполната сала на хотелот момците од „Некст Тајм“, заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните изведоа неколку песни, додека пак на крајот тие ја испеаа и нивната „лична карта“, „Ја излези Ѓурѓо“ и тоа заедно во дует со нивниот голем пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано. „Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија. Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија – рекоа тие на промоцијата. Како што кажавме, помеѓу присутните можевме да забележиме доста познати личности. Тука беше и нивниот голем пријател, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, политичарот Илија Димовски, Ленин Јовановски, спортиската Власта Ружиновска, пејачката Елена Ристеска, виолинистот Виктор Ангeлов, џез-пејачката Агни Авшар и многу други... По завршување на официјалниот дел, Стефан и Мартин останаа да се дружат со своите гости, па речиси час и половина тие се фотографираа и потпишуваа цедиња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekst-tajm-go-promoviraa-noviot-album-go-posvetuvame-na-nashite-dve-majki-foto/feed/ 0
Уште нови песни и гостин – изненадување: Некст Тајм со голема промоција на албумот „Мајка“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ushte-novi-pesni-i-gostin-iznenaduvanje-nekst-tajm-so-golema-promocija-na-albumot-majka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ushte-novi-pesni-i-gostin-iznenaduvanje-nekst-tajm-so-golema-promocija-na-albumot-majka/#respond Wed, 01 Jun 2022 12:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=684965

По успешната промоција на нивниот најнов проект – „Кога падна на Пирина“, со кој ја воодушевија целата македонска публика, момците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин на 7-ми овој месец ќе го промовираат и својот албум. „Мајка“ е насловот на албумот на кој се наоаѓаат девет композиции, дел познати, дел не, а во него ќе има и една бонус трака за песната „Ја излези Ѓурѓо“, која што е во ново руво и во дует со популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано. Инаку овој албум е изработуван долг период под палката на композиторот Николче Мицевски, додека пак истиот е снимен и мастеризиран во „XL studio Momiroski“. Како што кажавме, промоцијата е закажана за на 7-ми овој месец во хотелот „Мериот“, со почеток во 20 часот, а на неа се поканети сите оние кои ја сакаат и ја поддржуваат нивната музика. Познатите близнаци ќе одржат и мини концертна изведба на албумот, односно ќе испеат дел од песните кои се наоѓаат на овој албум. Албумот „Мајка“ ќе може да се купи само на промоцијата и ќе биде во лимитиран број.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ushte-novi-pesni-i-gostin-iznenaduvanje-nekst-tajm-so-golema-promocija-na-albumot-majka/feed/ 0