нелегална трговија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 09:38:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нелегална трговија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасени 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-1-000-machki-od-nelegalnata-trgovija-so-meso-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-1-000-machki-od-nelegalnata-trgovija-so-meso-vo-kina/#respond Wed, 25 Oct 2023 09:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=892868

Полицијата во Кина спасила околу 1.000 мачки од камион што се движел кон кланица. Тоа било дел од нелегалната трговија со месо од мачки што се продава како свинско или јагнешко, објавија тамошните медиуми. Акцијата се одвивала во Џангјаганг, во источната кинеска област Џијангсу. По дојава од очевидци и активисти за заштита на животните, властите пресретнале возило што се користело за собирање и пренос на заловени мачки. Полицијата и земјоделските власти ги сместиле спасените мачки во блиско засолниште. Без интервенција на активистите, фатените мачки ќе биле заклани и испратени на југот на Кина каде што од нивното месо ќе се прават „свински и јагнешки“ ражен, колбаси итн., според наводите. А, од ваква пратка обично, приходот е скоро 20.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-1-000-machki-od-nelegalnata-trgovija-so-meso-vo-kina/feed/ 0
Поднесено обвинение против двајца државјани на Република Албанија – во Гостивар пуштале во промет наркотични средства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-dvajca-drzavjani-na-republika-albanija-vo-gostivar-pushtale-vo-promet-narkotichni-sredstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-dvajca-drzavjani-na-republika-albanija-vo-gostivar-pushtale-vo-promet-narkotichni-sredstva/#respond Fri, 29 Jan 2021 09:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=461344

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица, државјани на Република Албанија, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Освен ова, едниот обвинет се товари и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети соизвршители, на возраст од 21 и 19 години, на почетокот на ноември 2020 година во Република Албанија набавиле наркотична дрога марихуана и ја внеле во државава со намера да ја препродадат. Дрогата ја сокриле во високиот возен парк на улица „Боге Велјаноски“ во Гостивар. На 6 ноември, овластени полициски службеници ги забележале обвинетите во моментот кога извадиле чанта од местото на кое ја криеле дрогата. Полицајците се обиделе да им извршат личен преглед, но двајцата обвинети пружиле активен отпор и се дале во бегство. При обидот да биде совладан, едниот од обвинетите со тупаница го удрил по лицето полицискиот службеник – инспектор, нанесувајќи му телесна повреда. Откако бил совладан и му бил извршен претрес, во чантата бил пронајден над еден килограм наркотична дрога – марихуана. Вториот обвинет, пак, следниот ден сам се пријавил во полициска станица во Гостивар. Ценејќи дека и натаму постојат основите – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да се повтори делото, надлежниот јавен обвинител за двајцата обвинети предложи да биде продолжена претходно определената мерка притвор.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-dvajca-drzavjani-na-republika-albanija-vo-gostivar-pushtale-vo-promet-narkotichni-sredstva/feed/ 0