нема – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jul 2021 08:54:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нема – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Состојбата со коронавирусот е стабилна и засега нема потреба од нови рестрикции, велат од Министерството за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-so-koronavirusot-e-stabilna-i-zasega-nema-potreba-od-novi-restrikcii-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-so-koronavirusot-e-stabilna-i-zasega-nema-potreba-od-novi-restrikcii-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/#respond Mon, 05 Jul 2021 08:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=532052

Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, информираа за МИА од Министерството за здравство. Од Министерството посочуваат дека ја следат епидемилошката состојба во земјава и регионот. Како што беше најавено Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа. Министерот за здравство Венко Филипче денеска во гостување на „Утрински брифинг“ рече дека ситуацијата е многу мирна, нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика и повеќе денови по ред нема притисок по болниците. – Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде нашите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно. Затоа ќе довршам, сметам дека летото доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки. Но, ситуацијата будно ја пратиме, има земји каде индискиот сој побрзо се шири. Но, засега нема потреба, а доколку се појави ќе интервенираме, потенцира Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-so-koronavirusot-e-stabilna-i-zasega-nema-potreba-od-novi-restrikcii-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/feed/ 0
Лукашенко: Нема да има повторно избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-nema-da-ima-povtorno-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-nema-da-ima-povtorno-izbori/#respond Mon, 17 Aug 2020 09:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=391544

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека нема да има нови претседателски избори во таа држава. – Вие нема да доживеете да го видите денот кога ќе направам нешто под притисок. Нема да има повторно избори, бидејќи во тој случај, нема да има фабрики, нема плантажи. Се ќе биде уништено за половина година, рече Лукашенко. Тој денеска ја посети фабрика и во таа прилика рече дека има информации дека сите фабрики во државата работат нормално. Неколку стотици демонстранти се собраа пред портите на фабриката за време на неговата посета, држејќи транспаренти со кои бараа негова оставка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-nema-da-ima-povtorno-izbori/feed/ 0
Турските власти тврдат дека нема зголемен број заболени од Ковид-19 во туристичките места https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-vlasti-tvrdat-deka-nema-zgolemen-broj-zaboleni-od-kovid-19-vo-turistichkite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-vlasti-tvrdat-deka-nema-zgolemen-broj-zaboleni-od-kovid-19-vo-turistichkite-mesta/#respond Thu, 06 Aug 2020 07:39:42 +0000 https://kurir.mk/?p=386946

Министерството за здравство на Турција ги негираше тврдењата за зголемен број нови случаи на коронавирус во туристичките места. Нема појава на коронавирус во туристичкте места во Турција. Зголемување на бројот на нови случаи е забележано само во Анкара, Дијарбакир, Газиантеп, Коња и Истанбул, соопшти Министерството за здравство на Турција. Голем број медиуми јавија вчера дека има појава на коронавирус во турските летувалишта, повикувајќи се на изјава на турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-vlasti-tvrdat-deka-nema-zgolemen-broj-zaboleni-od-kovid-19-vo-turistichkite-mesta/feed/ 0
Јавно обвинителство: Нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/#respond Wed, 15 Jul 2020 08:34:42 +0000 https://kurir.mk/?p=375960

До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во текот на ноќта и предизборните денови, стои во соопштението, пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. За останатите известувања, се подвлекува, јавните обвинители преземаат дејствија во предистражна постапка за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот. – Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот во ПО Галате каде дошол претседателот на месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. Лицата со автомобил низ селото растурале пропаганден материјал-флаери на една од коалициите. При што биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар -Гостивар. Сите иволвирани во моментот се во ПО Галате. Се работи на расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението од ЈО на Република Северна Македонија. За овие настани, како и за сите останати информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, се подвлекува во соопштението, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/feed/ 0
За првпат од март нема смртни случаи во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prvpat-od-mart-nema-smrtni-sluchai-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prvpat-od-mart-nema-smrtni-sluchai-vo-shpanija/#respond Mon, 01 Jun 2020 18:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=352522

За прв пат од март годинава, во Шпанија во последните 24 часа не се регистрирани смртни случаи од коронавирусот. Директорот на центарот за одговор на итни здравствени случаи Фернандо Симон, на прес-конференција рече дека ваквиот развој на ситуацијата е „многу, многу охрабрувачки“. Тој додаде дека во последните 24 часа се регистрирани само 71 случај на заразени со коронавирус. – Ние сме на многу добро место во развојот на пандемијата. Статистиките го следат трендот. Тие одат во вистинската насока, рече Симон. Во Шпанија, првите две смртни случаи од коронавирусот беа регистрирани на 3 март. Врвот на пандемијата беше достигнат на 2 април, кога починаа 950 луѓе. Од Ковид-19 Шпанија починаа вкупно 27.127 лица, а досега се заразени вкупно 240.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-prvpat-od-mart-nema-smrtni-sluchai-vo-shpanija/feed/ 0
Грчкото Министерство за здравство повеќе нема да одржува секојдневни прес-конференции за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-ministerstvo-za-zdravstvo-povekje-nema-da-odrzuva-sekojdnevni-pres-konferencii-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-ministerstvo-za-zdravstvo-povekje-nema-da-odrzuva-sekojdnevni-pres-konferencii-za-kovid-19/#respond Wed, 27 May 2020 08:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=350612

По точно три месеци од појавувањето на првиот позитивен случај на Ковид-19 во Грција, по постепеното ублажување на рестриктивните мерки и речиси враќањето во „новата нормалност“, по 72 дена секојдневни попладневни брифинзи, Министерството за здравство на Грција ги прекинува прес-конференциите посветени на новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Атина. На 26 февруари 2020 година беше регистриран првиот случај на Ковид-19 во Грција, а три месеци подоцна, во земјата има 2.892 заразени, починаа 173 лица, а направени се 160.991 тестови. Грција брзо презеде строги рестриктивни мерки, ги затвори училиштата, продавниците, кафулињата рестораните, а помалку од еден месец по првиот случај воведе целосна забрана за движењето. Грците 42 дена останаа дома, а за време на карантинот, прес-конференциите во Министерството за здравство на Грција на професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, кој од почетокот на февруари беше назначен за шеф на експертската комисија и одговорен за контакт со медиумите и заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, надлежен за операциониот дел, станаа дел од секојдневието на граѓаните. Резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција од изминатиот период покажаа дека мнозинството Грци редовно ги следеа секојдневните брифинзи. Во 18 часот, секој ден, речиси сите грчки телевизии ги пренесуваа во живо прес-конференциите на кои се соопштуваа новите податоци за Ковид-19, за ситуацијата во земјата и светот, за текот на мерките, а Циодрас и Хардаљас одговараа и на новинарски прашања, испратени писмено. – Повеќе не сме во период на карантин, за да биде потребно да бидеме тука секое попладне, како што беше случај изминатиот период. И се надеваме дека никогаш повеќе нема да се појави оваа потреба. Ако повторно нѐ видите да држиме секојдневни пресови со господинот Циодрас, тоа ќе значи дека работите одново станаа тешки, рече заменик-министерот за цивилна заштита на Грција. – Со оглед на тоа дека нашата епидемиолошка слика е добра, толку добра, благодарение на сите вас, што не е потребено ова редовно информирање. Вистинската репродуктивна стапка на пандемијата, според епидемиологот Литрас од Националната организација за јавно здравје, непроценлив помошник во целиот наш зафат, вистинското „Ро“ синоќа беше 0,33, многу помало од еден. До 31 мај ќе имаме писмени соопштенија и ако се оди добро, од јуни еднаш седмично, ќе бидете информирани од Министерството за здравство со писмено соопштение за текот на болеста, исто како што тоа секоја година се прави со грипот, рече професорот Циодрас. На првите прес-конференции во Министерството за здравство, по појавувањето на првите случаи на новиот коронавирус, професорот Циодрас секогаш повикуваше на смиреност и потребата да не се создава паника, за три месеци, стана особено омилен меѓу граѓаните, а често коментарите во Грците беа дека е „гласот што влева смиреност“. На вчерашната последна прес конференција, професорот се задржа на процените согласно математичките модели на епидемиолозите од експертската комисија, како и на групата за процени од медицинскиот факултет на атинскиот Универзитет дека во Грција „реалниот број на случаи бил понизок од еден отсто од населението“. Тој се осврна и на процените за бројот на смртни случаи во земјата. Доколку не се презедоа строгите рестриктивни мерки, а контактите на граѓаните беа намалени за десет отсто, бројот на смртни случаи би бил во просек 13.685, додека со 20 проценти намалување на контакти земјата ќе имаше 7.015 смртни случаи. Сега, има само 173 починати лица. Од 4 мај 2020 година, со завршувањето на карантинот во Грција, започна и постепеното олабавување на рестриктивните мерки кое продолжува и во текот на јуни, со отворање на основните училишта и градинките, отворање на хотелите и сезонските туристички објекти, отворање на границите и аеродромите и почеток на туристичката сезона. Грците веќе се вратија во „новата нормалност“, дел од нив ги почитуваат новите правила и препораки, но постои и дел од граѓаните кои едноставно продолжија онаму каде што застанаа пред пандемијата на Ковид-19. Од 2.892 заразени лица во Грција, 1.374 оздравеле, односно 46.51 отсто од вкупниот број, а активни се 1.345 случаи (46.5 проценти). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-ministerstvo-za-zdravstvo-povekje-nema-da-odrzuva-sekojdnevni-pres-konferencii-za-kovid-19/feed/ 0
Во Словенија засега нема позитивни на коронавирусот во масовното експериментално тестирање https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-zasega-nema-pozitivni-na-koronavirusot-vo-masovnoto-eksperimentalno-testiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-zasega-nema-pozitivni-na-koronavirusot-vo-masovnoto-eksperimentalno-testiranje/#respond Wed, 22 Apr 2020 16:41:50 +0000 https://kurir.mk/?p=335736

Словенечките доктори објавија дека засега немаат потврден случај на лице заразено со коронавирусот во масовното експериментално тестирање на граѓаните. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со теренските проверки засега опфатиле 200 од планираните 3.000 граѓани, а целта е да се добие реална слика за раширеноста на коронавирусот во земјата. Мирослав Петровец од Институтот за микробиологија и имунологија изјави дека засега немаат откриено позитивен случај во големиот експеримент кој започна во понеделникот. Инаку, според планот предвидено е до петок да се тестираат вкупно 3.000 граѓани по случаен избор, односно по десет од сите 300 општини во земјата. Списокот за тестирање го направи Државниот завод за статистика, а ќе бидат опфатени здрави особи без разлика на полот и возраста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-zasega-nema-pozitivni-na-koronavirusot-vo-masovnoto-eksperimentalno-testiranje/feed/ 0
ДОБРИ ВЕСТИ ОД ДЕБАР: Веќе седум дена нема новодијагностицирани со коронавирус, излекувани се 45 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dobri-vesti-od-debar-vekje-sedum-dena-nema-novodijagnosticirani-so-koronavirus-izlekuvani-se-45-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dobri-vesti-od-debar-vekje-sedum-dena-nema-novodijagnosticirani-so-koronavirus-izlekuvani-se-45-lica/#respond Wed, 22 Apr 2020 16:35:17 +0000 https://kurir.mk/?p=335732

Во Дебар веќе седми ден нема новодијагностицирани со „Ковид-19“ а само уште двајца, од претходно заразените се на домашно лекување. -До сега извршени се повеќе од 250 тестирања,при што позитивни на „Ковид-19“ се 51 лице,од нив двајца од Центар Жупа. Исто така извршени се повеќе од 50 ретестирања за да се потврди негативниот резултат, односно дека заболените лица се оздравени,- изјави за МИА, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука,кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб. Од вкупната бројка заразени, 17 биле на лекување во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби,од нив 13 се испишани како оздравени, додека четворица починаа,од кои тројца мажи од Дебар и една жена од Центар Жупа. На домашно лекување беа 34 лица,од кои,со вчера официјално соопштените податоци за четворица оздравени, битката со вирусот ја добиле 32 лица кои се лекувале во домашни услови. Доколку се имаат во предвид бројките на оздравени во Клиниката за инфективни болести и оние во домашни услови или вкупно 45, тоа значи дека се лекуваат само уште двајца пациенти и тоа во домашни услови. Во оштините Дебар и Центар Жупа, според Стефан Димоски портарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид во изолација се 111, а во самоизолација се 68 лица,кои редовно се контролираат од страна на полициските службеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dobri-vesti-od-debar-vekje-sedum-dena-nema-novodijagnosticirani-so-koronavirus-izlekuvani-se-45-lica/feed/ 0
УНХЦР: Засега нема заразени бегалци и баратели на азил во Азија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-zasega-nema-zarazeni-begalci-i-barateli-na-azil-vo-azija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-zasega-nema-zarazeni-begalci-i-barateli-na-azil-vo-azija/#respond Fri, 20 Mar 2020 15:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=319564

Засега нема потврдени случаи на заразени меѓу бегалците и барателите на азил во Јужна и Југоисточна Азија, посочува УНХЦР. – Соработуваме со партнерите и националните власти за да овозможиме оваа популација да биде интегрирана во целото планирање поврзано со подготвеноста и реакцијата на епидемијата, рече портпаролот на регионалната канцеларија на УНХЦР во Бангкок. Хуманитарните организации денеска предупредија дека стотици илјади бегалци кои живеат во тешки услови низ Азија се особено ранливи на коронавирусот, а затворањето на границите го зголеми ризикот од нивна присилна репатријација. – Бегалците и лицата без државјанство кои се сместени во кампови се меѓу најтешко погодените популации, бидејќи се принудени да останат во ограничен простор кој овозможува мал број погодности и пристап до здравствени услуги, изјави Темба Луис, генералниот секретар на Азиско-пацифичката мрежа за правата на бегалците. Хуманитарните организации се особено загрижени за големите, густо населени, кампови, како што е „Кокс пазар“ во Бангладеш, прибежиште за околу 700.000 муслимани Рохињи, кои избегаа од Мјанмар во 2017 година. Во девет кампови долж границата на Тајланд со Мјанмар се сместени околу 31.000 бегалци од Мјанмар, додека околу 60.000 Тамили од Шри Ланка се во кампови во јужна Индија и повеќе од два милиона Авганистанци живеат во кампови во Иран и Пакистан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-zasega-nema-zarazeni-begalci-i-barateli-na-azil-vo-azija/feed/ 0