немаат услови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Aug 2020 08:35:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png немаат услови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНИЦЕФ: 800 милиони деца во светот немаат услови во училиштата да ги измијат рацете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-800-milioni-deca-vo-svetot-nemaat-uslovi-vo-uchilishtata-da-gi-izmijat-racete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-800-milioni-deca-vo-svetot-nemaat-uslovi-vo-uchilishtata-da-gi-izmijat-racete/#respond Thu, 13 Aug 2020 08:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=390091

Во заеднички извештај на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО) се вели дека повеќе од 800 милиони деца во светот немаат услови да ги мијат рацете на училиште. Насоките за продолжување на работата на училиштата за време на пандемијата на новиот коронавирус потенцираат дека е неопходно да се воведат санитарни и хигиенски мерки со цел да се намалат шансите за ширење на инфекцијата, а се препорачува училиштата да обезбедат услови за редовно миење на рацете. Во извештајот се предупредува дека во 60 проценти од земјите кои се најтешко погодени од коронавирусот, училиштата немаат основно санитарни услови, а три од четири училишта немаат основни средства за миење на рацете уште од почетокот на пандемијата, што значи дека 818 милиони деца ширум светот во своите училишта немаат основни услови за миење на рацете. Од тој број, 355 милиони деца во Северна Африка и Западна Азија немаат ниту вода, ниту сапун. Повеќе од половина од децата лишени од основни средства за хигиена живеат во подсахарска Африка. Иако скоро 70 проценти од училиштата имаат вода за пиење, 584 милиони деца ширум светот немаат вода за пиење во своите училишта – ова важи и за подсахарска Африка, особено Етиопија, Нигерија и ДР Конго – додека околу 350 милиони деца немаат никакви санитарни услови во своите училишта, се вели во извештајот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-800-milioni-deca-vo-svetot-nemaat-uslovi-vo-uchilishtata-da-gi-izmijat-racete/feed/ 0