немири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 20:00:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png немири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Киев ги обвини руските безбедносни сили за немирите на аеродромот во Дагестан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-gi-obvini-ruskite-bezbednosni-sili-za-nemirite-na-aerodromot-vo-dagestan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-gi-obvini-ruskite-bezbednosni-sili-za-nemirite-na-aerodromot-vo-dagestan/#respond Mon, 30 Oct 2023 20:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=894640

Украинскиот амбасадор во Израел Јевхен Корничук тврди дека руските безбедносни сили стојат зад, како што наведе, „акцијата на антисемитска толпа“ на терминалот на аеродромот во Руската Република Дагестан. -Тие донесоа припадници на безбедносните сили на аеродромот, но тие седеа на страна, пушеле цигари и не правеле ништо“, рече Корничук, коментирајќи ги немирите на аеродромот во главниот град на Дагестан, Махачкала, што избувнаа вчеравечер откако авионот слета од Тел Авив. Корничук тврди „дека царска Русија користела погроми против Евреите за да го намали гневот на населението поради невработеноста и сиромаштијата“, наведувајќи дека Москва користи слични тактики и денес, пишува Тајмс оф Израел. Корничук, исто така, вели дека немирите биле следниот предвидлив чекор „откако Русија ги угости лидерите на Хамас“ и не ги осуди целосно нападите на организацијата на 7 октомври. Корничук ги отфрли наводите на Москва дека Киев стои зад инцидентот на главниот аеродром во Дагестан. Тој додава дека „украинските разузнавачи соработуваат со израелските разузнавачки служби уште од првиот ден по инвазијата на Хамас“. Претходно денеска Русија ја обвини Украина дека игра „клучна улога“ во антисемитските немири на аеродромот во Дагестан, регион со мнозинско муслиманско население, во кои беа повредени повеќе од 20 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-gi-obvini-ruskite-bezbednosni-sili-za-nemirite-na-aerodromot-vo-dagestan/feed/ 0
Најмалку тројца приведени по немири во Малме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-trojtsa-privedeni-po-nemiri-vo-malme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-trojtsa-privedeni-po-nemiri-vo-malme/#respond Mon, 04 Sep 2023 13:13:18 +0000 https://kurir.mk/?p=874415

Најмалку три лица се приведени по судирите во делот на шведскиот град Малме каде што се наоѓаат имигранти, до кои дојде откако антиисламскиот активист Салван Момика запали копија од Куранот Полицијата во третиот по големина град во Шведска соопшти дека нејзините припадници биле гаѓани со камења, а десетици автомобили биле запалени. Полицијата ги опиша овие настани, кои почнаа вчера и продолжија во текот на ноќта, како „насилни немири“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-trojtsa-privedeni-po-nemiri-vo-malme/feed/ 0
Француската полиција уапси над 700 лица во нередите низ целата земја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-politsija-uapsi-nad-700-litsa-vo-neredite-niz-tselata-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-politsija-uapsi-nad-700-litsa-vo-neredite-niz-tselata-zemja/#respond Sun, 02 Jul 2023 12:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=851775

Француската полиција уапси најмалку 719 лица синоќа за време на дополнителните нереди против полициската бруталност, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи според првичната проценка. Министерството на Твитер објави и дека во нередите се повредени 45 полицајци. Во јужното париско предградие Л'ај ле Роз, напаѓачите ја нападнале куќата на градоначалникот. Нападот се случил во 01:30 часот, кога Винсент Жанбрун бил во својата канцеларија. Неговата сопруга и двете деца спиеле кога непознати напаѓачи ја пробиле влезната врата и го запалиле автомобилот. Нередите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција. На полицаецот осомничен за убиството на тинејџерот му е одреден притвор и се соочува со прелиминарна истрага за убиство од небрежност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-politsija-uapsi-nad-700-litsa-vo-neredite-niz-tselata-zemja/feed/ 0
Се огласи мајката на убиениот француски тинејџер: полицаецот пукал во мојот син кога видел арапско лице https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-majkata-na-ubieniot-frantsuski-tinejdher-politsaetsot-pukal-vo-mojot-sin-koga-videl-arapsko-litse/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-majkata-na-ubieniot-frantsuski-tinejdher-politsaetsot-pukal-vo-mojot-sin-koga-videl-arapsko-litse/#respond Fri, 30 Jun 2023 12:48:27 +0000 https://kurir.mk/?p=851247

Мајката на францускиот тинејџер со алжирско-мароканско потекло, кој беше убиен од полицаец во вторникот затоа што не го запрел автомобилот, верува дека полицаецот пукал кога видел арапско лице и дека смртта на нејзиниот син била мотивирана поради расни причини. „Јас не ја обвинувам полицијата, обвинувам една личност, онаа што го одзеде животот на мојот син“, изјави Муниа за „Франс 5“ во своето прво интервју за медиумите по пукањето во вторникот наутро. Таа рече дека 38-годишниот полицаец, кој е обвинет за убиство, можел на друг начин да го контролира нејзиниот син. „Не мораше да го убие мојот син. Куршум? Толку блиску до неговите гради? Не, не“, расплакано изјавила самохраната мајка, вработена во медицинскиот сектор за францускиот тв канал. „Полицаецот виде арапско лице, мало дете и сакаше да му го одземе животот. Колку долго ќе трае ова? Уште колку деца ќе бидат вакви? Колку мајки ќе се најдат во мојата ситуација?“, додаде таа. Во четвртокот Мунија го предводеше маршот низ предградието Нантер, западно од Париз, каде што живееше со нејзиниот син, што заврши со судири меѓу демонстрантите и полицијата. Седумнаесетгодишниот Нахел М. бил застрелан од полицаец од непосредна близина во вторникот наутро во париското предградие Нантер. Возел жолт мерцедес кога бил запрен поради сообраќајни прекршоци. Инцидентот предизвика немири во Париз и градовите низ Франција, каде што демонстрантите се судрија со полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-majkata-na-ubieniot-frantsuski-tinejdher-politsaetsot-pukal-vo-mojot-sin-koga-videl-arapsko-litse/feed/ 0
Дарманин: По немирите во Франција ќе бидат распоредени 40.000 полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanin-po-nemirite-vo-frantsija-ke-bidat-rasporedeni-40-000-politsajtsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanin-po-nemirite-vo-frantsija-ke-bidat-rasporedeni-40-000-politsajtsi/#respond Thu, 29 Jun 2023 13:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=850879

Франција е зафатена од бран немири и нереди откако полицаец уби 17-годишно момче кое не успеало да го запре автомобилот по наредба на сообраќајната полиција. Од непосредна близина пукал тинејџерот Наел М., кој претходно одбил да го запре возилото. Тоа предизвика масовни протести и немири ширум Франција, а министерот за полиција Жерар Дарманин најави дека до крајот на деноит низ целата земја ќе бидат распоредени дури 40.000 полицајци, 30.000 повеќе од претходната вечер. Повеќе од 180 лица беа приведени за време на втората ноќ од протестите низ земјата, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како група млади луѓе упаднале во градското собрание во предградието на Лил и палат столици и документи. Тоа беше ноќ на „неподносливо насилство“, напиша Дарманин на Твитер, истакнувајќи дека градските сали, училиштата и полициските станици биле цел на целата земја. Дарманин додаде дека во судирите синоќа биле повредени 170 полицајци. Француското обвинителство денеска соопшти дека полицаецот кој во вторникот уби 17-годишно момче во предградие на Париз, официјално е под истрага. Од обвинителството додаваат дека врз основа на сознанијата на полицијата и анализите на видео снимките „не се исполнети законските услови за употреба на оружје“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanin-po-nemirite-vo-frantsija-ke-bidat-rasporedeni-40-000-politsajtsi/feed/ 0
ВИДЕО: Над 400 уапсени во немирите во Бразил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nad-400-uapseni-vo-nemirite-vo-brazil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nad-400-uapseni-vo-nemirite-vo-brazil/#respond Mon, 09 Jan 2023 06:51:19 +0000 https://kurir.mk/?p=784818

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораес, одлучи да го суспендира гувернерот на Бразил, Ибањез Роша, на 90 дена, поради „злонамерно непостапување“ што им овозможи на приврзаниците на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро да упаднат во зградите на федералната влада на Бразил. Пред одлуката за суспензија, гувернерот Роша рече дека најмалку 400 луѓе биле уапсени по рациите на клучните владини згради во Бразилија, велејќи дека одговорните „ќе платат за извршените злосторства“, објави Си-Ен-Ен. Судијата Мораес, исто така, нареди во рок од 24 часа да се распуштат камповите што ги поставија поддржувачите на Болсонаро пред воените бази, како и да се деблокираат патиштата и да се ослободат бразилските владини објекти, се вели во извештајот на Ројтерс. Де Мораес нареди и да се блокира пропагандата на пучистите на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и ТикТок. Претседателот Лула беше на претседателската позиција од 2003 до 2011 година, а минатата година во октомври, по безмилосната изборна кампања што го подели Бразил, во вториот круг од изборите го победи својот лут противник, десничарскиот и актуелен претседател Жаир Болсонаро со околу еден процент гласови, се потсетува во извештајот на Ројтерс. Според официјалните резултати, Лула освоил 50,9 отсто од гласовите, а Болсонаро 49,15.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nad-400-uapseni-vo-nemirite-vo-brazil/feed/ 0
НАТО потврди: Хаос и пукање на северот на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-potvrdi-haos-i-pukanje-na-severot-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-potvrdi-haos-i-pukanje-na-severot-na-kosovo/#respond Mon, 26 Dec 2022 09:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=780484

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, ги потврди информациите објавени во косовските медиуми дека синоќа имало пукотници во близина на нејзина патрола кај Зубин Поток во северно Косово, каде што локалните Срби имаат поставено барикади на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштение до медиумите, КФОР наведува дека станува збор за патрола со војници од Летонија и дека во иннцидентот немало повредени. – Во моментов можам да кажам дека пред неколку часа патрола на КФОР, која што била на задача во околината на Зубин Поток, слушнала и видела неколку пукотници во своја близина. Нема повредени и нема материјална штета. Сега ги проверуваме фактите и накнадно ќе објавиме дополнителни информации, се вели во соопштението. Со ова КФОР го демантира лидерот на најголемата партија на косовските Срби, Српска Листа, Горан Ракиќ, кој за белградската телевизија Пинк изјави дека се работи за дезинформација и дека кај Зубин Поток немало никакви пукотници. – Сакам да ги негирам извештаите во приштинските медиуми дека имало напад врз единица на КФОР. Нашите информации од терен велат дека немало никаков напад. Ситуацијата е мирна, изјави Ракиќ. Косовските Срби на 10 декември поставија барикадите на патиштата кои водат кон границата со Србија, во знак на протест поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој се сомничи дека организирал напади со експлозивни направи и огнено оружје врз општинските изборни комисии и врз полициски патроли во тој дел од Косово. Во четири општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, на 18 декември требаше да се одржат вонредни локални избори, откако досегашните градоначалници и членови на советите поднесоа оставки на функциите поради намерите на владата на Албин Курти да изрекува казни за тие што не ги смениле нелегалните српски со косовски регистерски таблички. По притисок од западните сојузници, пред сé на САД, првин на почетокот на ноември Курти се откажа од намерата за казнување на сопствениците на српски регистерски таблчички, а подоцна, на 9 декември и претседателката на Косово, Вјоса Османи објави дека се одлагаат вонредните избори за 23 април идната година.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-potvrdi-haos-i-pukanje-na-severot-na-kosovo/feed/ 0
Бројот на жртви во немирите во Иран се искачи на 31 лице https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-vo-nemirite-vo-iran-se-iskachi-na-31-lice/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-vo-nemirite-vo-iran-se-iskachi-na-31-lice/#respond Thu, 22 Sep 2022 15:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=736303

Бројот на жртви во немирите во Иран се искачи на 31 лице. Иранската револуционерна гарда денеска го повика државното судство да ги осуди оние „кои шират лажни вести и гласини“ за 22-годишната Махса Амини. „Побаравме од судството да ги идентификува оние кои шират лажни вести и гласини на социјалните мрежи, како и оние на улиците кои ја загрозуваат психолошката безбедност на општеството, на кои треба одлучно да се дејствува“, соопшти гардата, а изрази и сочувство до семејството на Амини. Демонстранти во Техеран и во други ирански градови денеска запалија полициски станици и возила. Причината за немирите низ Иран е смртта на Амини, убиена од полицијата затоа што неправилно носела хиџаб, јавија дел од локалните медиуми. Протестите започнаа откако девојката беше приведена од полицијата за морал, потоа претепана бидејќи, наводно, хиџабот не го носела правилно. Амини падна во кома, а потоа почина. Убиството на Амини го осудија Обединетите Нации, Европската унија, САД. Полицијата одби да ѝ покаже на јавноста снимен материјал од комбито каде девојката е претепана. Оттаму наведуваат дека таа починала од срцев удар, иако семејството нагласи оти Амини била здрава. Во знак на протест, жените во Иран јавно го тргаат и го палат својот хиџаб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-vo-nemirite-vo-iran-se-iskachi-na-31-lice/feed/ 0
САД апелираат на воздржаност по немирите во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-apeliraat-na-vozdrzanost-po-nemirite-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-apeliraat-na-vozdrzanost-po-nemirite-vo-bagdad/#respond Mon, 29 Aug 2022 17:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=725679

САД новите немири во Багдад ги оцени како „вознемирувачки“ и ги повикаа Ирачаните да се воздржат од насилство, при што загинаа најмалку осум лица. – Извештаите за денешните немири во Ирак се вознемирувачки … Ги повикуваме инволвираните да останат смирени, да се воздржат од ова насилство и да продолжат со мирни патишта за решавање политички спорови, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби. Осум поддржувачи на ирачкиот свештеник Моктада ал Садр се убиени, а 85 други се повредени во денешните судирите што избија во утврдената Зелена зона во Багдад. Ирачката армија воведе полициски час низ целата земја од 19 часот по локално време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-apeliraat-na-vozdrzanost-po-nemirite-vo-bagdad/feed/ 0
Казахстанскиот претседател со наредба до силите „да пукаат без предупредување“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstanskiot-pretsedatel-so-naredba-do-silite-da-pukaat-bez-predupreduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstanskiot-pretsedatel-so-naredba-do-silite-da-pukaat-bez-predupreduvanje/#respond Fri, 07 Jan 2022 10:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=616674

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев за време на обраќањето до нацијата, издаде наредба да се отвори оган „врз терористите“ без предупредување . Претседателот рече и дека казахстанските власти немаат намера да преговараат со терористите. – Од странство се повикуваат страните да преговараат за мирно решавање на проблемите. Целосна глупост! Какви преговори може да се водат со криминалци, со убијци? Имаме работа со вооружени и обучени бандити, рече Токаев. Казахстанскиот лидер рече дека главниот град на државата бил нападнат од 20.000 „бандити“ и изрази „посебна благодарност“ до рускиот претседател Владимир Путин за испраќањето војници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kazahstanskiot-pretsedatel-so-naredba-do-silite-da-pukaat-bez-predupreduvanje/feed/ 0