Ненси Пелоси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 08:07:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ненси Пелоси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ненси Пелоси иселена од нејзината канцеларија во Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-iselena-od-nejzinata-kantselarija-vo-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-iselena-od-nejzinata-kantselarija-vo-kapitol/#respond Wed, 04 Oct 2023 08:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884944

Вршителот на должноста претседател на Претставничкиот дом, Патрик Мекхенри и нареди на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси (83) најдоцна до денеска да ја напушти својата канцеларија во Капитол. Мекхенри е близок соработник на сега веќе поранешниот претседател на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, кој беше соборен од функцијата, а неговата наредба за иселување беше една од првите дејствија што ги презеде откако ја презеде функцијата вршител на должноста претседател, пишува Политико. Пелоси беше известена за иселувањето преку е-пошта, наведувајќи дека нејзината канцеларија ќе биде заклучена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-iselena-od-nejzinata-kantselarija-vo-kapitol/feed/ 0
Ненси Пелоси се повлекува од лидерка на демократите во Претставничкиот дом на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-se-povlekuva-od-liderka-na-demokratite-vo-pretstavnichkiot-dom-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-se-povlekuva-od-liderka-na-demokratite-vo-pretstavnichkiot-dom-na-sad/#respond Thu, 17 Nov 2022 19:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=762609

Ненси Пелоси, која речиси две децении ги предводеше демократите во Претставничкиот дом на САД, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата. Оваа 82-годишна жена се смета за најмоќна меѓу демократите во Конгресот и прва жена која била претседател на Претставничкиот дом. Таа ќе продолжи да ја претставува Калифорнија во Долниот дом на Конгресот, пишува Би-Би-Си. Пелоси планира за свој наследник да го предложи и поддржи конгресменот Хаким Џефрис, објави денеска сајтот Пак. Веста доаѓа во момент кога републиканците ја повратија контролата врз Претставничкиот дом по среднорочните избори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-se-povlekuva-od-liderka-na-demokratite-vo-pretstavnichkiot-dom-na-sad/feed/ 0
Осомничениот за нападот врз Пол Пелоси, сакал да ја земе Ненси како заложник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-napadot-vrz-pol-pelosi-sakal-da-ja-zeme-nensi-kako-zaloznik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-napadot-vrz-pol-pelosi-sakal-da-ja-zeme-nensi-kako-zaloznik/#respond Tue, 01 Nov 2022 08:17:55 +0000 https://kurir.mk/?p=753646

Мажот обвинет дека со чекан го претепал сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, откако насилно влегол во нивниот дом, се заканил дека како заложник ќе ја земе и ќе ѝ ги скрши колената, се наведува во кривичната пријава поднесени во понеделникот. Наводните намери на Дејвид Вејн ДеПапе, објавени се откако сојузните обвинители го обвинија 42-годишниот маж за напад и обид за грабнување со провала во петокот во мугрите во домот на семејството Пелоси во Сан Франциско. Неколку обвиненија се подигнати одвоено пред Врховниот суд на Сан Франциско, вклучително и за обид за убиство, напад со смртоносно оружје, провалување, злоставување на стари лица и закана кон јавен службеник, објави окружната обвинителка Брук Џенкис за новинарите. Осумдесет идвегодишната Ненси Пелоси, од Демократската партија, која е во втората линија за заменик на американскиот претседател, во време на нападот била во Вашингтон. Нејзиниот, исто така, 82-годишен сопруг Пол Пелоси, извршен директор на компании за недвижнини и ризичен капитал, за кого се вели дека челничката на Претставничкиот дом често и лобира, е хоспитализиран додека закрепнува од скршеница на черепот и повреда на десната рака. Лекарите очекуваат целосно заздравување. Инцидентот, кој обвинителката Џенкинс го нарече „политички мотивиран“ без да даде докази и објаснување, поттикна стравови за партиско екстремистичко насилство пред изборите на средината на мандатот на 8-ми ноември. Според анкетите, се очекува дека републиканците ќе ја преземат контролата врз двата дома на Конгресот, но тире стравуваат од изборни манипулации, па се создаде една од најжестоките и најполаризани кампањи во историјата на САД. Како една од највисоко позиционираните демократи во Вашингтон и долгогодишна претставничка на едно од најнеолибералните американски градови, Ненси Пелоси поради нејзините акции и вербални напади врз политичките напади, често и самата беше цел на критики и напади од конзервативците. Беше пријавено дека нејзиниот кабинет бил ограбен во текот на упадот на Капитол на 6-ти јануари 2021 година од приврзаниците на тогашниот републикански претседател Доналд Трамп кои и денеска сметаат дека му е украдена победата на претседателските избори во полза на демократот Џо Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-napadot-vrz-pol-pelosi-sakal-da-ja-zeme-nensi-kako-zaloznik/feed/ 0
Напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси ќе одговара за обид за убиство и серија други кривични дела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/#respond Sun, 30 Oct 2022 08:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=752571

Лицето кое упадна во домот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и со чекан го удри нејзиниот сопруг во главата извикувајќи „Каде е Ненси“ се очекува да одговара за убиство во обид и за голем број други тешки кривични дела. Полицијата првично одби да го открие мотивот за петочниот напад во Сан Франциско врз Пол Пелоси (82), кој, според канцеларијата на неговата сопруга, бил опериран поради фрактура на черепот и повреди на десната рака и дланка, иако лекарите очекуваат целосно закрепнување. Инцидентот ги поттикна стравувањата за политичко насилство на помалку од две недели пред среднорочните избори кои ќе одлучат за контрола врз Претставничкиот дом и Сенатот, кои доаѓаат во услови на најжешка и поларизирана политичка клима во САД во последните децении. Демократката Пелоси, која е втора во уставната линија за наследување на американскиот претседател, за време на нападот во нејзиниот дом беше во Вашингтон. Таа веднаш се врати во Сан Франциско за да биде со нејзиниот сопруг. Три темни теренски возила, за кои се верува дека припаѓаат на специјална единица за безбедност, вчера беа паркирани, заедно со патролно возило на градската полиција, пред Општата болница „Цукерберг“ во Сан Франциско, каде што Пол Пелоси е примен на лекување . Во болница беше и нивниот син Пол Пелоси Џуниор, кој на новинарско прашање за состојбата на татко му одговори „засега е добро“. Претседателот Џо Бајден денеска на новинарите им изјави дека сопругот на Пелоси е „многу подобар“ и дека се чини дека нападот бил „наменет кон Ненси“. Полицијата го идентификуваше напаѓачот, кој беше уапсен на местото на настанот, како Дејвид ДеПејп (42). Британските медиуми наведуваат дека и тој, исто така, е пренесен во болница во Сан Франциско. Евиденцијата на шерифот покажува дека ДеПејп бил задржан под сомнение за обид за убиство, напад со смртоносно оружје, злоставување постари лица, претепување, провална кражба и неколку други кривични дела. Обвинението ќе биде поднесено утре, а неговото покренување се очекува во вторник, соопшти окружното обвинителство во Сан Франциско. Шефот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, во петокот вечерта изјави дека полициските детективи, потпомогнати од агенти на ФБИ, допрва треба да утврдат што го поттикнало упадот во домот на семејството Пелоси, но додаде „знаеме дека ова не е случаен чин“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-na-soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odgovara-za-obid-za-ubistvo-i-serija-drugi-krivichni-dela/feed/ 0
Полицијата во Сан Франциско:Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е намерен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-napadot-vrz-soprugot-na-nensi-pelosi-e-nameren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-napadot-vrz-soprugot-na-nensi-pelosi-e-nameren/#respond Sat, 29 Oct 2022 08:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=752261

Нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во нивниот дом во Сан Франциско не бил случаен, соопшти полицијата. -Тоа не беше случаен акт. Тоа беше намерен напад, изјави синоќа на прес конференција началникот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, одбивајќи да ги коментира можните мотиви за нападот. Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше „насилно нападнат“ по упадот во нивниот заеднички дом. Според некои информации, напаѓачот во нивната куќа упаднал со чекан и притоа извикал „каде е Ненси“, сугерирајќи на тоа дека лидерката на Претставничкиот дом всушност била првата цел на нападот.(МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-san-francisko-napadot-vrz-soprugot-na-nensi-pelosi-e-nameren/feed/ 0
Упад во куќата на Ненси Пелоси, нападнат нејзиниот сопруг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upad-vo-kukjata-na-nensi-pelosi-napadnat-nejziniot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upad-vo-kukjata-na-nensi-pelosi-napadnat-nejziniot-soprug/#respond Fri, 28 Oct 2022 13:52:46 +0000 https://kurir.mk/?p=751948

Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси, бил „насилно нападнат“ по упад во нивниот дом во Калифорнија во петокот наутро, соопштено е од нејзиниот кабинет. „Напаѓачот е во притвор, а се истражуваат мотивите за нападот“, се наведува во соопштението. „Господинот Пелоси беше пренесен во болница, каде што добива одлична медицинска нега и се очекува целосно да закрепне“, се додава. Демократската претседателка на Претставничкиот дом не била дома во моментот на нападот во раните утрински часови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upad-vo-kukjata-na-nensi-pelosi-napadnat-nejziniot-soprug/feed/ 0
Пелоси за иранските беспилотни летала: Тоа е опасна технологија која мора да се запре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-za-iranskite-bespilotni-letala-toa-e-opasna-tehnologija-koja-mora-da-se-zapre/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-za-iranskite-bespilotni-letala-toa-e-opasna-tehnologija-koja-mora-da-se-zapre/#respond Mon, 24 Oct 2022 20:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=749992

САД ќе продолжат да и помагаат на Украина без оглед на резултатите од претстојните избори во САД, изјави претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во Загреб. На 8 ноември Американците излегуваат на гласање за Конгресот, што би можело да го промени односот на силите во Претставничкиот дом и Сенатот. Доколку републиканците ја преземат контролата, аналитичарите веруваат дека Вашингтон може да ја запре или намали помошта за Украина. „Нашата поддршка нема да престане“, рече Пелоси на прес-конференцијата со премиерот Андреј Пленковиќ. Демократскиот лидер додаде дека Киев има поддршка и во двете партии и во двата дома на Конгресот и дека таа поддршка започнува од Белата куќа. Пелоси истакна дека американската поддршка за Украина не е „бланко чек“, бидејќи таа земја покажала интегритет и транспарентност во примањето помош. „Ова е однос со голем интегритет, за демократија и слобода во светот“, рече таа. „Техеран прави голема грешка“ Зборувајќи за беспилотните летала што Иран и ги испорачува на Русија, Пелоси рече дека Техеран прави голема грешка и дека односот меѓу Русија и Иран е порака до оние земји кои се воздржуваат од гласање во глобалните тела кои ги осудуваат постапките на Москва „да размислат повторно“. Таа нагласи дека Украина постигнува „одредени успеси“ против беспилотните летала. „Тоа е опасна технологија која мора да се запре“, рече Пелоси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-za-iranskite-bespilotni-letala-toa-e-opasna-tehnologija-koja-mora-da-se-zapre/feed/ 0
Сопругот на Ненси Пелоси возел пијан, па доби ПЕТ ДЕНА затворска казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugot-na-nensi-pelosi-vozel-pijan-pa-dobi-pet-dena-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugot-na-nensi-pelosi-vozel-pijan-pa-dobi-pet-dena-zatvorska-kazna/#respond Tue, 23 Aug 2022 20:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=722948

Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска е осуден на пет дена затвор и три години условна казна, откако преку адвокат се изјасни за виновен за несовесно возење и предизвикување сообраќајна несреќа во Калифорнија во пијана состојба. Тој веќе одлежа два дена во затвор и доби два дена намалување поради добро однесување, рече судијата на Врховниот суд на округот Напа, Џозеф Солга, пренесува АП. Судот пресуди дека Пол Пелоси мора да посетува тримесечен курс за возење. Покрај тоа, Пелоси ќе мора да плати казна од околу 7.000 долари. Пол Пелоси беше уапсен поради сообраќајка на 28 мај во округот Напа, северно од Сан Франциско, откако алкотестот покажа дека имал ниво на алкохол во крвта од 0,082 отсто, што е повеќе од дозволената граница. Полицајците кои реагираа на местото на несреќата во близина на малиот град Јунтвил потврдија дека го застанале Пелоси на возачкото седиште на Порше Карера од 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugot-na-nensi-pelosi-vozel-pijan-pa-dobi-pet-dena-zatvorska-kazna/feed/ 0
Кина воведе санкции кон Ненси Пелоси по нејзината посета на Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vovede-sankcii-kon-nensi-pelosi-po-nejzinata-poseta-na-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vovede-sankcii-kon-nensi-pelosi-po-nejzinata-poseta-na-tajvan/#respond Fri, 05 Aug 2022 09:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=714448

Кина воведе точно неодредени санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, „и членовите на нејзиното потесно семејство“, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг, јави ДПА. Одлуката на кинеските власти следи по вчерашната посета на Пелоси на Тајван, и покрај претходно јасно искажаното предупредување дека нејзината посета на Тајпеј ќе се сфати како провокација, бидејќи официјален Пекинг островот го смета за составен дел на својата територија, а официјален Вашингтон официјално ја поддржува политиката на „една Кина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-vovede-sankcii-kon-nensi-pelosi-po-nejzinata-poseta-na-tajvan/feed/ 0
Ненси Пелоси пристигна во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-pristigna-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-pristigna-vo-japonija/#respond Thu, 04 Aug 2022 14:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=714160

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска пристигна во Јапонија, последната станица од нејзината азиска турнеја. Авионот на Пелоси слета во воздухопловната база Јокота, западно од Токио. Пелоси, за која ова е прва посета на Јапонија од 2015 година, утре наутро ќе разговара со јапонскиот премиер Фумио Кишида. Кина, која го смета Тајван за дел од својата територија, дееска почна воена вежба без преседан во знак на протест поради посетата на Пелоси на Тајпеј. Кинески балистички ракети првпат паднаа во ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави денеска јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши. По објавувањето на кинеските воени вежби, Јапонија, која е близок сојузник на САД, изрази „загриженост” за активностите на Пекинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-pristigna-vo-japonija/feed/ 0