неочекувана понуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jul 2020 11:26:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неочекувана понуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откако остана без работа, Нина Бадриќ доби неочекувана понуда https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkako-ostana-bez-rabota-nina-badrikj-dobi-neochekuvana-ponuda/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkako-ostana-bez-rabota-nina-badrikj-dobi-neochekuvana-ponuda/#respond Wed, 29 Jul 2020 11:26:35 +0000 https://kurir.mk/?p=383148

Поп-пејачката Нина Бадриќ преку социјалните мрежи ѝ се обрати на хрватската власт да им овозможи на музичарите да работат, земајќи предвид дека веќе половина година не можат да ја вршат својата работа поради коронавирусот. -Ова не е хоби, ова не е шега. Од оваа работа зависи егзистенцијата на многумина кои останаа гладни и едвај врзуваат крај со крај. Го замолувам Министерството да се огласи по прашањето на нас музичарите и да ни овозможи, како било, се разбира почитувајќи ги заштитните мерки бидејќи здравјето е најважно, повторно да почнеме да работиме, замоли Бадриќ. Обраќањето на популарната пејачка привлече големо внимание, па преку Фејсбук една жена ѝ понуди работа. -Еве, за неколку дена ќе го ископаме компирот, триесет хектари, во околината на Бјеловар, и потребни ни се работници, плаќаме 300 куни (околу 2.500 денари) од ден. Ве молам да ја известите дотичната ако сака да работи. Може да ги земе и Северина и другите што не зедоа помош од 4.000 куни (32847.68 ден.). Само, кажете ѝ да не ни дојде во дизајнерскиот фустан од 14.000 куни (115.000 ден.), со кој се пофали пред неколку месеци, бидејќи врнеше деновиве и доста е калливо, порача жената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/otkako-ostana-bez-rabota-nina-badrikj-dobi-neochekuvana-ponuda/feed/ 0