непал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 17:35:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png непал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Расте бројот на жртвите од земјотресот во Непал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-nepal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-nepal/#respond Sat, 04 Nov 2023 17:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=896503

Расте бројот на загинати и повредени во силниот земјотрес што го погоди западен Непал. Најмалку 157 луѓе загинаа, а 170 се повредени. По синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала во областа Јајаркот во провинцијата Карнали уследиле повеќе потреси. Земјотресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 километри. Хималаите, каде што се наоѓа Непал, е геолошки исклучително активна област. Индиската тектонска плоча годишно се повлекува за два сантиметри од евроазиската плоча, што предизвикува силни земјотреси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-nepal/feed/ 0
Силен земјотрес во Непал, загинаа најмалку 128 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-nepal-zaginaa-najmalku-128-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-nepal-zaginaa-najmalku-128-luge/#respond Sat, 04 Nov 2023 09:04:16 +0000 https://kurir.mk/?p=896356

Најмалку 128 луѓе загинаа, а десетици се повредени по земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди западниот дел на Непал. Во земјотресот урнати се куќи во областа Јајаркот и бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 км. - Најмалку 20 лица се префрлени во болница со повреди, изјави официјален претставник на областа Џајаркот во Непал, Суреш Сунар. Националниот сеизмолошки центар на Непал соопшти дека земјотресот бил регистриран во 23:47 часот по локално време во областа Јајаркот во провинцијата Карнали. Јајаркот се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду. Потресот бил почувствуван во соседните области и во главниот град Катманду.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-nepal-zaginaa-najmalku-128-luge/feed/ 0
ВИДЕО: Два силни земјотреси во Непал, почувствувани и во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dva-silni-zemjotresi-vo-nepal-pochuvstvuvani-i-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dva-silni-zemjotresi-vo-nepal-pochuvstvuvani-i-vo-indija/#respond Tue, 03 Oct 2023 14:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=884680

Два земјотреси денеска го погодија западен Непал, а едно лице е повредено. Првиот земјотрес бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 5,6 степени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Непал. Оштетени се некои згради, а активиран е и одрон кој го блокирал главниот автопат. Земјотресите биле на длабочина од 10 километри, а тресењето на земјата се почувствувало и во делови на Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dva-silni-zemjotresi-vo-nepal-pochuvstvuvani-i-vo-indija/feed/ 0
Македонија се подготвува за „увоз“ на работна сила од странство, издадени работни дозволи за лица од Непал и Пакистан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-podgotvuva-za-uvoz-na-rabotna-sila-od-stranstvo-izdadeni-rabotni-dozvoli-za-litsa-od-nepal-i-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-podgotvuva-za-uvoz-na-rabotna-sila-od-stranstvo-izdadeni-rabotni-dozvoli-za-litsa-od-nepal-i-pakistan/#respond Thu, 30 Mar 2023 05:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=817965

Од почетокот на годинава заклучно со вчера од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) дадени се позитивни мислења за издавање работна дозвола за странец до Министерството за внатрешни работи за две лица од Непал, 10 лица од Пакистан, додека за Бангладеш нема поднесени барања, информираат од АВРСМ за МИА. Од Агенцијата за вработувањесе надлежна институција за издавање работна дозвола за странец кој го има регулирано престојот во државата по друг основ (освен вработување), со поднесување барање за издавање работна дозвола во АВРСМ - надлежните центри за вработување, давање мислење врз основа на искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Северна Македонија, во постапката за стекнување дозвола за привремен престој заради работа и издавање Потврда за регистрација на работата која ја вршат странците во државата, а за која не е потребна работна дозвола. - Оваа надлежност произлегува од Законот за вработување и работа на странци и Законот за странци, подзаконските акти кои ја доуредуваат материјата и Одлуката за определување на квотите на работни дозволи за странци, појаснуваат од Агенцијата за вработување. Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, неодамна информираше дека од почетокот на годинава преку 3 000 странски граѓани добиле дозвола да работат во земјава, а годишната квота, како што посочи е 5 000. Според него, земјава планира „увоз“ на работна сила, а најмногу кадар недостига во туризмот и градежништвото. -На ваков начин, со отворање на нови работни места, со преквалификација и низ процесот на дуално образование ќе се подобри состојбата со пазарот на трудот и недостигот од работна сила. Долгорочното решение е доквалификација, реквалификација на нашите луѓе кои живеат тука и да се стекнат со нови вештини кои им се потребни на компаниите, вели Битиќи, според кого увозот на работна сила не е долготрајно решение, а државата прави напори да ја подобри состојбата со недостигот на работници. Да се либерализира пазарот на трудот и да се овозможи повеќе работа за странци бараат и од стопанските комори, а од Организацијата на работодавачи порачуваат дека размислуваат да „увезат“ работна сила од земјите кои имаат пониска просечна плата од нашата. Подолго време во земјава работат работници од Турција во делот на градежните инвестиции на турски компании и од Кина на изградбата на автопатиштата. Агенциите за посредување веќе почнуваат да нудат работници од Далечниот исток пред се од Пакистан, Непал и Бнагладеш, но за да дојдат во земјава неопходни им се околу 2 000 евра за пат, плус работодавачот треба да им обезбеди и место за престој. -Тие што сметаат дека нашата држава дава подобри услови за живот, ќе го најдат патот, исто како нашите сограѓани кои веруваат дека поквалитетен живот можат да најдат во Западна Европа, вели Битиќи. Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше о Според него, прашањата како што е увозот на работна сила, мора да се отвораат и да се разговараат, бидејќи е подобро да бидеме подготвени, отколку затечени од ситуацијата. Сепак, вели, долгорочните решенија треба да се бараат кај нашите граѓани кои мора да ја сфатат нужноста од преквалификација и доквалификација зашто некои работни места од пред 30 години, веќе не постојат. -Мора да сфатиме дека доживотното учење не е само на хартија и на зборови, туку треба да се докфалификуваме и преквалификуваме, да сме во тек со работните места кои се отвораат. Работни места кои постоеле пред 30 години, веќе ги нема, се бараат нови вештини и знаења. Владата никогаш не била тука да носи некого на грб, туку креира можности. Нуди законски можности, елиминирање на бирократските процедури, креира можности секој да си го најде местото. Веќе 3.000 и нешто од квотата 5.000 е затворена. Додека ние зборуваме приватниот сектор ги наоѓа решенијата сами, изјави Битиќи. Според него, „увозот“ на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено. Тоа е пракса во сите земји. -Примарно е работната сила да се осигура од домашниот пазар, но, анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10.000 работници. Се уште не е дефинирано од каде би се увезувале работници, ниту се утврдени квоти. Во Владата е отворена дискусија затоа што тоа е актуелен проблем, вели Битиќи и додава дека смета оти првично за „увоз“ би требало да се „искористат“ луѓето од регионот. Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) бара од Владата да го либерализира пазарот на трудот, да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се елиминираат бариерите кои г Со неговиот став се согласуваат и од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) од каде барат Владата да го либерализира пазарот на трудот, да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се елиминираат бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји. -Состојбата со пазарот на трудот во Македонија е многу алармантна, бидејќи нашите млади заминуваат во странство. Приоритет на Владата треба да и биде да го либерализира пазарот на трудот со земјите од регионот што е веќе започнато со некои земји. Бараме тоа да се направи и со Косово и да ги елиминира бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји, вели претседателот на СКСЗМ Менди Ќура. Тој посочи дека мора да се зголемат квотите за увоз на работна сила дури и од Азија, бидејќи има недостиг на работна сила во земјава особено во угостителството, туризмот и градежништвото. Пред тоа да се направимора да се искористат сите капацитети кои ги имаме во земјава. -Агенцијата за вработување треба да биде поажурна и тие што се пријавени за невработени да се вклучат во работната сила и да се вработат во компаниите кои бараат работна сила. Од ден на ден нашата земја останува без работна сила иако во последните три години дипломирале околу 15 илјади студенти, но за жал тие заминуваат во странство. Се согласуваме дека треба да расте минималната плата, но настојуваме да се зголеми и средната плата на 500 до 600 евра, а не просечната, за колку толку да се спречи одливот на кадри во странство, порача Ќура. - Како членови на Економско-социјалниот совет сигурно дека нема само да набљудуваме што ќе се преговара, затоа што на крајот на краиштата и нас не интересира висината на платите во јавниот се Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи недоамна во интервију за МИА посочи дека најголем проблем во реалниот сектор е недостаток на работници и неможноста да се најде квалификуван работен кадар иако во Агенцијата за вработување се уште има голем број на регистрирани невработени лица. -Но, тие невработени не сакаат да се јавуваат на огласите за слободните работни места, а од друга страна и покрај напорите на Владата преку активните политики за вработување тие не се јавуваат ниту имаат желба за преквалификација, што значи долгогодишните проблеми во системот на образование кај се продуцираа кадри кои не одговараа на нашето стопанство си го дава својот резултат. Значи, тие луѓе да речеме ако имаат завршено некој факултет, чекаат да се вработат според дипломата, за која што се школувале и не прифаќаат преквалификација или доквалификација за друго работно место, рече Димитров. Ова, како што укажа, значи дека ние само формално имаме невработени, а кога некоја фирма ќе отиде во Агенција за вработување и ќе бара 20 до 30 работници, не може да најде ниту тројца од соодветниот кадар. Димитров предлага да се либерализира пазарот на трудот и тоа, како што вели, не мора да биде преку ноќ, туку постепено. Во државава, информира тој, има неколку агенции за увоз за невработени за вработување кои веќе имаат контакти и преговараат со странски работници кои се заинтересирани да работат во Македонија. Се разбира дека на тие луѓе кои ќе дојдат во Македонија треба да им се обезбеди место за станување, значи за живеење, да им се обезбедат минималните услови и да се вработат во нашите компании. Тоа веќе се случува во Хрватска, во Бугарија, посочи Димитров, кој од агенција од Скопје веќе добил понуда за работници од Непал. -Таму има доволно заинтересирани луѓе кои имаат искуство со машини за шиење, бидејќи знае дека јас сум од таа бранша, па и ми понуди такво нешто, но сигурно некои разговарале и со други држави. Бангладеш, Пакистан, Флипини, Индонезија се држави кај што имаат трипати пониски плата од нашата и мислам таму може да се разговара, информираше Димитров. Во Собранието минатиот месец беа ратификувани договорите за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од овој регион. Со ратификацијата на договорите, што се поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Исто така ќе можат да добијат „Отворен Балкан“ број за идентификација на нивниот национален портал за е- Влада или на нивниот национален портал за електронска идентификација. -Со ратификувањето на договорите се засилува конкурентноста во регионот, бидејќи компаниите ќе може да сметаат на работната сила на трите држави непречено, што ќе влијае и на конкурентноста на пазарот на трудот и растот на платите. Со тоа излегуваме во пресрет и на компаниите и стопанските комори од трите држави, кои очекуваа брзо спроведување на оваа мерка со која се либерализира регионалниот пазар на трудот, порачаа од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-podgotvuva-za-uvoz-na-rabotna-sila-od-stranstvo-izdadeni-rabotni-dozvoli-za-litsa-od-nepal-i-pakistan/feed/ 0
Најсмртоносната авионска несреќа во Непал: Нема преживеани, се бара последното тело, идентификацијата отежната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najsmrtonosnata-avionska-nesreka-vo-nepal-nema-prezhiveani-se-bara-poslednoto-telo-identifikatsijata-otezhnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najsmrtonosnata-avionska-nesreka-vo-nepal-nema-prezhiveani-se-bara-poslednoto-telo-identifikatsijata-otezhnata/#respond Wed, 18 Jan 2023 07:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=788755

Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник. Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „ АТР 72“ на авиокомпанијата „Јети ерлајнс“, што се урна во неделата наутро во близина на туристичкиот град Покара, а со него се превезуваа 72 лица. -Не е можно некој да преживеал. Досега пронајдовме 71 тело. Потрагата по последното ќе продолжи, изјави денеска Тек Бахадур К.Ц., највисок функционер на округот во Похара. Идентификацијата на телата е отежната поради состојбата на посмртните останки, изјави Ајај К.Ц, полициски службеник кој се наоѓа на местото на спасувањето. -Додека болничките тестови не покажат дека таму се посмртните останки на 72 лица, ќе продолжиме да го бараме последното лице, изјави Ајај К.Ц. Тимовите за пребарување на денот на несреќата пронајдоа 68 тела, а уште две беа пронајдени во понеделникот пред да се прекине потрагата. Уште едно тело беше пронајдено во вчера доцна попладне, соопштија официјални лица. Екипите го пренасочија токот на блиската река за да ги бараат телата, рече Гурудут Гимир, службеник кој исто така е дел од потрагата. -Таму не остана ништо таму. Но, потрагата ќе продолжи, рече Гимир. Спасувачките екипи во понеделникот успеаја да ги пронајдат двете црни кутии од патничкиот авион. Податоците од една кутија што ги евидентира податоците за летот и другата што ги евидентира комуникациите во пилотската кабина со контрола на летот веројатно ќе им помогнат на иследниците да утврдат што ја предизвикало несреќата. Бидејќи Непал нема можност да чита црни кутии, уредите ќе се испраќаат каде и да препорача производителот. „АТР 72“ е регионален линиски патнички авион произведен во Франција. Се напојува со два турбо-пропелер мотори поставени под крилата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najsmrtonosnata-avionska-nesreka-vo-nepal-nema-prezhiveani-se-bara-poslednoto-telo-identifikatsijata-otezhnata/feed/ 0
Смртниот биланс од авионската несреќа во Непал се зголеми на 70 лица, се трага по уште две https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-avionskata-nesreka-vo-nepal-se-zgolemi-na-70-litsa-se-traga-po-ushte-dve/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-avionskata-nesreka-vo-nepal-se-zgolemi-na-70-litsa-se-traga-po-ushte-dve/#respond Tue, 17 Jan 2023 09:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=788258

Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал се искачи на 70, додека спасувачите трагаат по уште две лица кои се водат за исчезнати. Спасувачите денеска користеа беспилотни летала за да се спуштат по клисурата длабока 200 метри во западен Непал во потрага по уште двајца патници, кои се уште се водат за исчезнати по најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години. Бројот на загинатите во авионот АТР-72 на Џети Ерлајнс што се урна во неделата во близина на градот Покара во Непал, неколку минути пред слетувањето, се искачи на 70, соопштија претходно официјални лица, а на летот имало 72 патници и членови на екипажот, кои патувале од главниот град Катманду во туристичкиот град Похара. Потрагата по преостанатите две исчезнати лица, која продолжи и денеска откако поради мрак претходно беше прекината, е отежната поради тешкиот терен и лошите временски услови, односно појава на густа магла. Вчера беше пронајден снимачот за податоци за летот, како и снимачот на глас од пилотската кабина, и двата во добра состојба, откритие што веројатно ќе им помогне на истражителите да утврдат што ја предизвикало несреќата. Во авионот, кој летал од Катманду до Похара на ведро време кога се урнал, имало 57 државјани на Непал, пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-avionskata-nesreka-vo-nepal-se-zgolemi-na-70-litsa-se-traga-po-ushte-dve/feed/ 0
Пронајдени двете црни кутии од авионот што се урна во Непал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-shto-se-urna-vo-nepal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-shto-se-urna-vo-nepal/#respond Mon, 16 Jan 2023 08:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=787749

Спасувачките екипи ги пронашле двете црни кутии од патничкиот авион што се урна во близина на непалскиот град Похара, при што загинаа 68 патници, а уште четворица се водат како исчезнати во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија утринава властите. Податоците од кутија што ги снима податоците за летот и другата што ги снима разговорите од пилотската кабина со контрола на летот би можеле да и помогнат на истрагата да ја утврди причината за падот на авионот што се урна при ведро време во неделата, непосредно пред да слета на аеродромот во туристичкиот град Похара. Текнат Ситаула, претставник на аеродромот во Катманду, рече дека двете црни кутии „се во добра состојба. – Однадвор изгледаат добро, рече тој. Спасувачите денеска ја продолжија потрагата по четири исчезнати лица, а Непал за денеска прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на несреќата, кој ќе има задача да предложи мерки за да се избегнат вакви несреќи во иднина. Досега се пронајдени телата на 68 лица, од 72 колку што се наоѓале во авионот АТР 72 во сопственост на Јети ерлајнс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-shto-se-urna-vo-nepal/feed/ 0
Потрагата по уште четворица патници од авионот кој се урна во Непал продолжува утре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potragata-po-ushte-chetvoritsa-patnitsi-od-avionot-koj-se-urna-vo-nepal-prodolzhuva-utre/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potragata-po-ushte-chetvoritsa-patnitsi-od-avionot-koj-se-urna-vo-nepal-prodolzhuva-utre/#respond Sun, 15 Jan 2023 15:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=787559

Потрагата по уште четворица патници од авионот АТР-72 на „Џети ерлајнс“, кој денеска се урна во ридовите на Непал, ќе продолжи утре, јавија светските агенции. Потрагата е прекината поради стемнување, а досега е потврдено дека загинале 68 лица, од 72 кои биле во авионот. Патничкиот авион на „Џети ерлајнс“, кој летал од главниот град Катманду до Похара се урна непосредно пред да слета на новиот аеродром во туристичкиот град. „Џети ерлајнс“ ги откажа сите летови закажани за утре. Ова е најтешката авионска несреќа во Непал од 1992 година, кога авионот „Ербас А300“ на „Пакистан интернешнел ерлајнс“ се урна во планините на Непал на летот за Катманду, при што загинаа сите 167 луѓе во него. „Џети Ерлајнс“ има флота од шест авиони ATR-72, според нејзината веб-страница, и се опишува како водечка авиокомпанија во Непал.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potragata-po-ushte-chetvoritsa-patnitsi-od-avionot-koj-se-urna-vo-nepal-prodolzhuva-utre/feed/ 0
Страшна снимка од моментот на падот на авионот во Непал, најмалку 40 загинати (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-snimka-od-momentot-na-padot-na-avionot-vo-nepal-najmalku-40-zaginati-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-snimka-od-momentot-na-padot-na-avionot-vo-nepal-najmalku-40-zaginati-video/#respond Sun, 15 Jan 2023 09:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=787488

Најмалку 40 лица загинаа утрово кога авион со 72 лица, меѓу кои 10 странски државјани, се урна во близина на градот Покара во западниот дел на Непал, соопштија портпаролите на армијата и аеродромот. Стотици спасувачи продолжуваат да го пребаруваат ридското место на несреќата, каде што се урна авионот на Јети ерлајнс од главниот град Катманду. „Спасувачките операции се во тек. Времето е ведро“, изјави портпаролот на Непалската агенција за цивилно воздухопловство, Јаганат Нирула.Државната телевизија на Хималаите покажа црн чад како се издига од местото на несреќата и спасувачките екипи околу остатоците. Тоа е најсмртоносната несреќа во Непал од март 2018 година, кога патничкиот авион САД-Бангла, кој леташе од Дака, се урна при слетувањето во Катманду, при што загинаа 51 од вкупно 71 лице во него, според Мрежата за воздухопловна безбедност. Во авионот АТР 72 на Јети ерлајнс од Катманду имало 72 лица, меѓу кои две деца и четворица членови на екипажот, изјави портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула. Во авионот се наоѓале пет индиски, четворица руски, еден ирски, двајца јужнокорејски, еден австралиски, еден француски и еден аргентински државјанин, изјави претставник на аеродромот во Непал. На социјалните мрежи е објавено видео снимено само неколку моменти пред трагедијата. На него се гледа како пилотот ја губи контролата над леталото и само неколку секунди подоцна удира во земјата. Авионот бил стар 15 години, според веб-страницата за следење летови FlightRadar24. АТР 72 е авион со широка употреба, заеднички произведен од француската компанија Ербас и италијанската компанија Леонардо. Јети ерлајнс поседува вкупно 6 авиони ATR72-500, според нивната веб-страница. Авионските несреќи не се невообичаени во Непал, дом на осум од 14-те највисоки планини во светот, вклучувајќи го Еверест, каде што времето може нагло да се промени и да создаде опасни услови. Непалскиот премиер Пушпа Камал Дахал свика итен состанок на владата по несреќата, се вели во соопштението на владата.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-snimka-od-momentot-na-padot-na-avionot-vo-nepal-najmalku-40-zaginati-video/feed/ 0
Се урна авион со 72 патици (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-avion-so-72-patitsi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-avion-so-72-patitsi-video/#respond Sun, 15 Jan 2023 08:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=787461

Авион со 72 патници се урна на аеродромот Похара во централниот дел на Непал. Досега се пронајдени 32 тела на загинатите, соопштија властите. Авионот на Јети ерлајнс летал од Катманду до Похара. Се урна при слетувањето, а потоа се запали. Во авионот имало 68 патници, од кои 10 странски државјани и четворица членови на екипажот, пренесува Ројтерс. – Најмалку 32 тела се пронајдени на местото на падот на авионот Јети во Похара – се наведува во извештајот. Според соговорникот на изданието, операцијата за пребарување и спасување продолжува на местото на несреќата, безбедносните сили и локалното население работат заедно на пребарување и спасување на преостанатите патници – пренесе РИА.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-avion-so-72-patitsi-video/feed/ 0