непотизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 06:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png непотизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски како премиер, Телеком е дувло на непотизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-kovachevski-kako-premier-telekom-e-duvlo-na-nepotizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-kovachevski-kako-premier-telekom-e-duvlo-na-nepotizam/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=879355

Со Ковачевски како премиер Телеком е дувло на непотизам, Љушев кој важи за близок до него со менаџерска позиција си ја наградил сопругата. Никола Љушев кој важи за близок до Димитар Ковачевски, како директор на Македонски Телеком, најпрвно си ја вработува својата сопруга, Наташа Љушева во 2020 година во Телеком, за сега да ја унапреди во главен менаџер за секторот дигитализација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Телеком е фирма каде и државата има соптсвеност и претставник во органите на управување, креирање од истата дувло на непотизам го руши имиџот и на компанијата и на Македонија. Љушев не е единствен директор во Телеком кој си ја вработил сопругата, и главниот директор за финансии, Славко Пројкоски си ја вработил својата сопруга Гордана Пројкоска, додека пак главниот комерцијален директор за приватни корисници Бранко Станчев, си ја вработил сопругата Драгана Станчева, истакнуваат од партијата. „Симптоматично е што вработувањето и поставувањето на сопругата на Љушев на менаџерска позиција, односно нејзиниот напредок во Телеком се случува во моменти кога Ковачевски станува заменик министер за финансии, а потоа и премиер. Со секој поминат ден со Ковачевски и СДС, државата и државните фирми ќе се полнат со роднини и пријатели на нивните функционери, затоа се потребни промени“ - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-kovachevski-kako-premier-telekom-e-duvlo-na-nepotizam/feed/ 0
Германија: Државен секретар поднесе оставка поради обвиненија за непотизам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-drzhaven-sekretar-podnese-ostavka-poradi-obvinenija-za-nepotizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-drzhaven-sekretar-podnese-ostavka-poradi-obvinenija-za-nepotizam/#respond Wed, 17 May 2023 11:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=835290

Државниот секретар во германското Министерство за економија, Патрик Грајхен поднесе оставка поради критиките дека го вработил својот кум на важна позиција, објавија денеска германските медиуми. Како што објавија неделникот „Шпигел“ и новинската агенција ДПА, Грајхен поднесе оставка поради новите детали околу скандалот со вработувањето во Министерството за економија, кое го предводи вицеканцеларот и претставник на Партијата на зелените Роберт Хабек. Грајхен го предложи Михаел Шефер, политичар од берлинскиот огранок на Партијата на зелените, за директор на Државната агенција за енергетика (Дена). Но, тој не спомнал дека Шефер му е кум. Откако медиумите пишуваа за поврзаноста Грајхен со Шефер, објавен е нов конкурс за директорска функција. Грајхен е обвинет и за поврзаност со Институтот за животна средина, кој редовно добивал наредби од Министерството за скапи вештачења. Сестрата и братот на Грајхен се вработени во Еколошкиот институт. И сестрата на Грајхен е мажена за друг државен секретар во Министерството за економија. Опозицијата и делови од медиумите со недели го напаѓаат министерот Хабек поради неговото инсистирање Грајхен да остане државен секретар и покрај непотизмот. Од Министерството за економија засега не се изјаснија за овој случај, но министерот Хабек најави изјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-drzhaven-sekretar-podnese-ostavka-poradi-obvinenija-za-nepotizam/feed/ 0
Според Османи нема непотизам во МНР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-osmani-nema-nepotizam-vo-mnr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-osmani-nema-nepotizam-vo-mnr/#respond Tue, 13 Sep 2022 10:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=732076

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за непотизам при вработувањата во МНР, а во последниот случај според партијата станува збор за сопругата на пратеникот Мартин Костовски, вели дека Министерството има недостиг од кадар. -Нема ништо незаконито во вработувањето. Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24. Османи кажа дека Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание. Тој додава дека таа професија бара време за напредување и со оглед дека и критериумите се тешки нема голем интерес за вработување во МНР. Османи вели дека во моментов има оглас за вработување на 16 нови луѓе. Случај кој ја разбранува јавноста е случајот на презентерката Бесмира Ејупи за која се велеше дека се подготвува за конзул, а сега е вработена во МНР, додека во меѓувреме од различни државни институции земала хонорари од 12 илјади евра, за што вреќе е покрената истрага. – МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи за Студио 10. За Ејупи вели дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како член на службата на протокол во претходното Министерство. Османи додава дека треба да се праша и ВМРО-ДПМНЕ за хонорарите на Ејупи бидејќи нивни градоначалник ја ангажирал. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-osmani-nema-nepotizam-vo-mnr/feed/ 0
Стоилковски: Артан Груби вработи негов роднина во министерството, тоа е директен непотизам, институциите мора да реагираат и да се поништи одлуката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-artan-grubi-vraboti-negov-rodnina-vo-ministerstvoto-toa-e-direkten-nepotizam-instituciite-mora-da-reagiraat-i-da-se-ponishti-odlukata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-artan-grubi-vraboti-negov-rodnina-vo-ministerstvoto-toa-e-direkten-nepotizam-instituciite-mora-da-reagiraat-i-da-se-ponishti-odlukata/#respond Tue, 29 Mar 2022 10:09:16 +0000 https://kurir.mk/?p=655005

Според објавената одлука за вработување за Сезар Груби како самостоен референт, Артан Груби очигледно го приватизира министерството, со тоа што вработува негов роднина и ова е директен непоитизам, а соодветните институции треба да реагираат, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција во врска со партизацијата на министерството за политички систем на Артан Груби. Стоилковски потенцираше дека Артан Груби избра да вработи свој роднина на работно место „самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење“. - Ова е директен непотизам и е во спротивност со Законот за спречување на корупција. Не само реакција на Груби и на владата, очекуваме реакција и на ДКСК и на сите други соодветни институции, веднаш да го испитаат случајот и да се поништи одлуката за вработување на роднината на Артан груби, истакна Стоилковски. Тој нагласи дека во спротивно наместо во заштита на законот и институциите, ќе работат во полза на партизација и зголемување на администрацијата спротивно на интересите на народот, со што ќе бидат соучесници во делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-artan-grubi-vraboti-negov-rodnina-vo-ministerstvoto-toa-e-direkten-nepotizam-instituciite-mora-da-reagiraat-i-da-se-ponishti-odlukata/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Непотизам и фамилијарно вработување во ЈП Стрежево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gjorgjievski-nepotizam-i-familijarno-vrabotuvanje-vo-jp-strezevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gjorgjievski-nepotizam-i-familijarno-vrabotuvanje-vo-jp-strezevo/#respond Fri, 19 Feb 2021 13:34:49 +0000 https://kurir.mk/?p=470988

Функционерите на СДСМ упорно си тераат партиска агенда и со Државните претпријатија се однесуваат како со личен имот вработувајки исклучиво по партиски клуч, истакна Ѓорѓи Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес конференција: Во случајот на ЈП „Стрежево“ „инвентивниот“ Директор Менде Граматковски оди „степен повисоко“ односно злоупотребата со вработувањата ја унапреди на повисоко ниво реализирајќи ФАМИЛИЈАРНИ вработувања и НЕПОТИЗАМ па покрај „вдомување“ на околу 30-тина партиски активисти на СДСМ почна да вработува и деца на актуелни вработени во претпријатието. Но, да одиме по ред. Директорот Граматковски изврши злоупотреба на функцијата и го вработи својот иден зет за ќерка што е класичен пример за непотизам, а исто така го вработи и синот на Јован Дојчиновски актуелен Технички директор во Стрежево. Во Стрежево работни места добија и синот на Јован Адамовски, раководител на одделението за електроенергетика и Мартин Белокозовски кој од член на Управниот одбор сега доби работно место од Граматковски што исто така говори за огромниот конфликт на интереси и при ова вработување. Јавно го прашуваме Директорот Граматковски дали во ЈП Стрежево покрај гореспоменатите вработи и двајца блиски роднини на високи функционери во СВР Битола и дали за нивното вработување побарал некаква противуслуга? Од директорот Граматковски бараме лично и јавно да ги објави имињата на овие вработени и да ги каже критериумите по кои тие се примени, дали освен нив имало и други пријавени на конкурсите за вработување кои немале квалификации како избраните, а воедно ги повикуваме надлежните институции и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски наместо да брои чаши испиена вода на министрите да му предложи на Владата разрешување на Директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gjorgjievski-nepotizam-i-familijarno-vrabotuvanje-vo-jp-strezevo/feed/ 0
Во последните 100 дена замреа сите надежи дека Заев ќе се бори со непотизмот и корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poslednite-100-dena-zamrea-site-nadezi-deka-zaev-kje-se-bori-so-nepotizmot-i-korupcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poslednite-100-dena-zamrea-site-nadezi-deka-zaev-kje-se-bori-so-nepotizmot-i-korupcijata/#respond Sat, 12 Dec 2020 13:20:36 +0000 https://kurir.mk/?p=442403

Најновиот случај со директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Билјана Јовановска, која си го вработила сопругот во Фондот, ги замре сите надежи на граѓаните дека оваа старо – нова Влада ќе се бори против непотизмот и корупцијата. Поранешниот заменик директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Томче Ѓуровски откако во 2011 година беше разрешен од функцијата, сега тој повторно е вработен во фондот. Ова не е прв случај на непотизам за овие сто дена влада – влада која реди само загуби, афери и скандали. Пред еден месец и Мухамед Зекири, кумашинот на Зоран Заев беше назначен за генерален секретар на местото на Драги Рашковски. Зеќири пред една година се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска, а на свадбата кум му беше Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева. Тогаш од СДСМ изјавија дека не постоело непотизам во Владата, а токму претходната власт беше на удар од јавноста затоа што поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески му беше кум на екс премиерот Никола Груевски. Непотизмот продолжува и во МЕПСО. Антикорупциска даде мислење за постоење на судир на интереси во назначувањето на Куштрим Рамадани за нов директор на МЕПСО. И Алијанса за албанците обвини за непотизам при назначување на кадри на ДУИ на директорски места. -Што е со предлогот на Јетон Акики, директор на АЕК, инаку зет на вечниот Невзат Бејта со што ја заслужува оваа позиција, освен што станува збор за зет на Невзат Бејта кого нивната партија го претвори во династија за членовите на нивното семејство? Што е со браќата Бесими? Едниот доживотен директор на Тетовската болница и другиот министер на сите министерства во земјава и на крај министер за финансии? Кој политички субјект може да биде ДУИ кога ја заснова својата политичка активност врз класичниот непотизам, спречувајќи ги младите кадри да се развиваат политички? Нема ли судир на интереси каде треба да реагира антикорупциската комисија? Ова е ДУИ на денешницата која не се разликува од вчера, која се повикува на легитимноста на Албанците, а истовремено ги срами Албанците со „вечниот” Ејуп, генијалните браќа и „способниот” зет на Невзат Бејта- стои во соопштението од Алијансата на Албанците. Според извештајот на Транспаренси Интернешнал објавен овој месец, непотизмот, односно вработување на блиски лица на поранешни и сегашни функционери, злоупотреби со апанажи, патни трошоци, службени возила и платежни картички во странство, се само дел од бројните случаи за кои антикорупционерите дале препораки, но никој не ги зема предвид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poslednite-100-dena-zamrea-site-nadezi-deka-zaev-kje-se-bori-so-nepotizmot-i-korupcijata/feed/ 0
„Лидер“: Непотизмот на власта го зафати и Телекомот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-nepotizmot-na-vlasta-go-zafati-i-telekomot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-nepotizmot-na-vlasta-go-zafati-i-telekomot/#respond Wed, 12 Aug 2020 13:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=389777

Непотизмот како појава широко е распространет со власта на СДСМ. Сведоци сме на вработување на сопруги на функционери, братучеди, роднини на носители на јавни функции под државна капа, анализира ЛИДЕР. Таквиот непотизам го зафатил и Македонскиот телеком, па во исто време кога се пишува за носење на одлука за технолошки вишок според политички мотиви и реваншизам, до нашата редакција стигнаа информации за непотизам кај дел од менаџментот на Телекомот во кој и државата има удел. Иако порталот побарал официјална информација до пред објавувањето на ваквата вест не доби ниту потврда или демант. Во Телекомот според засега непотврдени информации вработени се: Наташа Љушева, Служба за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници. сопруга на Никола Љушев ,Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година. Гордана Пројкоска, Сектор за продажба за приватни корисници, сопруга на Славко Пројкоски , кој е Главен директор за финансии на Македонски Телеком. Драгана Станчева, Служба за продукти и сервиси за деловни корисници, Сектор за маркетинг за деловни корисници, сопруга на Бранко Станчев , Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком. -Телекомот го следи скандал на планирање на одлука за технолошки вишок во услови кога менаџментот вработува свои блиски. Интересно е што Телекомот соработува и со агенции чие планирање за реорганизација го прават луѓе блиски до актуелната влада. Лидер го истражува случајот, објави порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-nepotizmot-na-vlasta-go-zafati-i-telekomot/feed/ 0
Нови обвинувања: „Непотизмот на Костадин Костадинов нема крај“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-obvinuvanja-nepotizmot-na-kostadin-kostadinov-nema-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-obvinuvanja-nepotizmot-na-kostadin-kostadinov-nema-kraj/#respond Fri, 12 Jun 2020 14:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=357160

За непотизам во семејството на портпаролот на СДСМ информира Цветанка Иљазова. „Непотизмот на Костадин Костадинов нема крај ! Јагода Јанковска тетка ( од негов татко сестра ) е вработена како шефица на секторот за образование во општина Центар , а нејзиниот сопруг пензиониран началник на специјална полиција во Штип , Раде Јанковски кој е веќе пензионер и бил ангажиран прво во кабинетот на Оливер Спасовски додека е министер за внатрешни работи, а сега советник во влада . На официјалниот сајт на влада нема податоци за ниту еден советник . Зошто ги крие ??? Јавноста треба да знае“, пишува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-obvinuvanja-nepotizmot-na-kostadin-kostadinov-nema-kraj/feed/ 0
Костовски: Суров непотизам во општина Бутел https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-surov-nepotizam-vo-opshtina-butel/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-surov-nepotizam-vo-opshtina-butel/#respond Thu, 11 Jun 2020 09:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=356543

СУРОВ НЕПОТИЗАМ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ Дали градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски ќе биде доблесен и ќе ни каже колку вработени и советници во Општина Бутел се негови блиски роднини? Исто така да ни каже колку вкупно вработени во општината се блиски роднини на претседателот на совет, заменик градоначалникот и разни државни и партиски функционери на СДС? П.С Жешко лето за Општина Бутел Можеби има теми за разгледување како на пример: Незаконско узурпирање на државно земјиште во Бутел при што општината е нема, криминални спреги помеѓу високи припадници на МВР со општинските власти, секако припадници поставени во времето на СДС, и неколку други интересни теми, поинтересни од наведените ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-surov-nepotizam-vo-opshtina-butel/feed/ 0
Арсовски откри нов бран на непотизам: Свесни за падот, СДСМ побрза повторно да си ги згрижи своите блиски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-otkri-nov-bran-na-nepotizam-svesni-za-padot-sdsm-pobrza-povtorno-da-si-gi-zgrizi-svoite-bliski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-otkri-nov-bran-na-nepotizam-svesni-za-padot-sdsm-pobrza-povtorno-da-si-gi-zgrizi-svoite-bliski/#respond Fri, 10 Jan 2020 13:34:09 +0000 https://kurir.mk/?p=287961

Се уште не се завршени истрагите за првиот бран на непотизам од пред една година од страна на Антикорупциската Комисија, а сега веќе имаме нови бранови на непотизам буквално во сите градови во Република Македонија. Нови вработувања, нови прераспределувања и нови унапредувања на блиски роднини и луѓе на функционерите од СДСМ на раководни позиции, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. - Свесни за падот на владата кој ги чека, функционерите на СДСМ побрзаа повторно да си ги згрижат и унапредат своите блиски. Како пример прв град ќе го земеме Штип. Штип сега станува град за пример на непотизам, каде што за да се вработиш или да добиеш раководна функција мора да си брат братучед или роднина на некој функционер. Штип стана дувло на непотизам каде што владеат 5 семејства со целиот град. Ајде да почнеме со ред. Најпрвин вработени и унапредени е прва братучетка и зетот на Шекеринска, сестра на директорот на затворот во Штип. Именувани на раководни позиции и ќерките на поранешниот пратеник Рамбабов. Мики Тодоров, поранешен втор човек во СДСМ Штип, инаку секретар на општинската организација е поставен за директор на затворот во Штип без соодветно образование и спротивно на закон и без ниту еден ден работно искуство. Не бележи некои успеси во работењето, дури имаше и бунт во затворот од страна на затворениците, но бележи успеси во вработувањето своите роднини, вели тој. Арсовски потенцира дека истиот Мики Тодоров си ја вработил сестра му како библиотекарка во ООУ „Тошо Арсов“. -Втор пример, ќерката на екс пратеникот од СДСМ Рамбабов, Емилија Рамбабова е назначена за нов директор на медицинското училиште во Штип, додека пак сестра и на Емилија, односно втората ќерка на поранешниот пратеник Рамбабов е назначена за нова директорка на Клиниката за нефрологија во државната болница во Скопје. Трет пример, нормално покуса не останала ниту Радмила Шекеринска, каде што имаме пример нејзината прва братучетка Дијана Шишкова е именувана за началник на инфективно одделение во Клиничка Болница Штип, а нејзиниот сопруг, односно зетот на Шекеринска е назначен за раководител на одделението за ортопедија. Ова се само дел од примерите на непотизам каде што СДСМ јасно покажуваат со ова дека се уплашени од претстојните избори. Свесни дека ќе паднат од власт, ја окупираат државната и јавната администрација со нивни блиски роднини, вршејќи непотизам од највисоки размери. Оваа епидемија на непотизам која со тек на време, изминатата година прерасна во чума низ целата држава мора да прекине. Се ближи 12-ти април, и веднаш потоа почнува обновата на Македонија. Одговорност за се, мора да има и ќе има, порача Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-otkri-nov-bran-na-nepotizam-svesni-za-padot-sdsm-pobrza-povtorno-da-si-gi-zgrizi-svoite-bliski/feed/ 0