неприфатена оставка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Oct 2021 09:52:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неприфатена оставка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бессрамници https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bessramnici/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bessramnici/#respond Wed, 06 Oct 2021 09:13:40 +0000 https://kurir.mk/?p=573873

Не те навредувам, само те опишувам. Вака накусо би започнало сижето за ликот и неделото на северџан прима, Зоран, кој вчера така бессрамно застана во одбрана на неговиот пулен Венко. Инаку, северџан секунда. Прима, ко прв, не дека не прима мито и евра, а секунда ко втор, не дека секунда не го дели од кривична одговорност и затвор, притвор и разрешување. Тоа е во Македонија, а паралелната стварност во она на „С“ е поинаква, таму се’ е испревртено и забегано. Велат, иницијација во „друштвото“ е бесплатна операција од за нив сувишните етика, емпатија, срам, логика и одговорност, непотребни луксузи кои само ќе им пречат во градењето кариера и трупањето пари... А, ако некој некогаш  и некаде слушнал поглупав, победен, поевтин и пошапшалски изговор зошто не ја прифаќа „моралната“ оставка на неговиот неморален мото-совозач, нека сфати дека е морална само затоа што Филипче морал да ја „даде“ за да ЗЗ потоа ја одбие. И да, во Македонија вчера се случи вистински погром на сетилата, логиката и интелигенцијата. Сите оние кои изворно не ја чуле изјавата на ЗЗ, нека ја слушнат, за ука и памет, да научат што е најдно од сите дна, оти поглупаво нешто не сте чуле. Факт, доктор Зоче, кој милува да биде историчар, полиглот, а најчесто глуми политичар, вчера стана и електроничар, електричар и ЦСИ експерт, Грисом и Хорацио од ЦСИ во пакет. Па да се фрапирате и во несвест да паднете слушајќи го Зочето, кое единствено од продажба на чушки и име се разбира, а објаснува за моментот на спојување на полначот за телефон со „продужниот“ кабел кој го предизвикал пожарот во комбинација со дефибрилаторот, па како тоа демек од медиумите дознал, а не од ЈО и Јовески, па се мачеше пустиот да им објасни дека другарчето му Филипче не е виновно за искрата која ги запалила живи 14-те душички во Тетово, па да не се политизирала работата, па како се трудеше од петни жили да го одбрани истиот му совозач, е тоа е за паметење. Поцрпнато нешто не сте виделе ни чуле, гарантирано исто ко и криминогеноста на неговото опкружување... И не заборавајте, драгиот му Венко е втор човек во партија, создаден според ликот и неделото на Заев, лекар кој не научи ништо од тоа како заврши првиот му мото-совозач во историјата, Драги Рашковски. Ова самото доволно зборува за него, но инстант комуњарската кариера на екс советникот на Нино, Министер Смрт Први кој набргу стана Министер Смрт Втори, а потоа стана и десна рака на Зоранчо, очебијно не е забенција. Чудни, перверзни времиња, нели, кога десна рака ти е Венко, а лева рака ти е Нино Тодоров на кој Филипче на времето му беше десна рака, парадоксално и перверзно - оној истиот колумнистот за Дојче Веле, кој пак порано му бил десна рака на твојот клет душман Грујо. Ги измешаа лончињата, нели, рацете башка, ама „скроз“... Си спомнувам на еден проблесок, токму од серијата „Бессрамно“, во која главниот лик (Вилијам Мејси) вели: „Не, не, јас не сум бездомник. Имам дом. Само што не сум добредојден таму.“ Фер.Толку слична прикаска и судбина со „нашиот“ бессрамен и безрбетен главен лик, кој ќе вели: „Не, не јас не сум апатрид. Имам татковина. Само што не сум добредојден таму...“]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bessramnici/feed/ 0