непроодни патишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Mar 2021 11:38:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png непроодни патишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАДЛЕЖНИТЕ ПАК ИЗНЕНАДЕНИ: Овчари без храна, непроодни патишта, отсечени села – еве каква е состојбата по снежните врнежи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadleznite-pak-iznenadeni-ovchari-bez-hrana-neproodni-patishta-otsecheni-sela-eve-kakva-e-sostojbata-po-sneznite-vrnezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadleznite-pak-iznenadeni-ovchari-bez-hrana-neproodni-patishta-otsecheni-sela-eve-kakva-e-sostojbata-po-sneznite-vrnezi/#respond Mon, 22 Mar 2021 11:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=486069

Центарот за управување со кризи објави каква е состојбата во Македонија до 11 часот денеска по снежите врнежи. Овчари во битолскиот регион се останати без храна поради непроодни патишта. На повеќе места има прекини во електроснабдувањето, отсечени се села и голем број патишта не се проодни. Скопски регион Во општина Гази Баба се работи на расчистување на дваесетина паднати дрва и дел од патиштата од населените места се во фаза на чистење. Патот што води кон селата Танушевци, Малино и Брест е непрооден поради снжните врнежи. Исто така има прекин во снабдување со електрична енергија во истите села. Од ЕВН известуваат дека поради дефект на 10 КВ мрежа (дефекти претежно предизвикани од паднати дрва без електрична енергија се корисниците од населените места Сопиште, Добри Дол, Ракотинци, дел од с.Бардовци, индустриска зона Визбегово, дел од општина Зелениково, Љубош, Батинци, Орешани, Долно Лисиче, Побожје, Горно, Средно и Долно Коњари, дел од Катланово и Катлановска Брезница. Битолски регион Во општина Битола екипите на ЈКП „Нискоградба“ Битола работат на расчистување на планинските села во општината. Од жители од с.Древеник добиено е известување дека патот до селото е непрооден (има околу 50 см снег) и дека таму има 2000 овци и 5 овчари кои се останати без храна и потребно било со гасеничар да се интервенира на расчистување на патот. За ова се известени ЕЛС Битола и ДЗС Битола. Во општина Прилеп, поради дефект на дефект на далековод без електрична енергија се населените места од ЕЛС Долнени, поголем дел од населените места во ЕЛС Кривогаштани и неколку населени места од ЕЛС Прилеп (населени места од старата општина Тополчани). Екипи од ЕВН Македонија работат на терен на одстранување на дефектите. Во општина Новаци екипи на ЈКП Комунална хигиена се упатени на расчистување на планинските села во мариовскиот дел (Зовиќ, Старавина, Градешница, Будимирци и Груниште) и во текот на денот се планира тој патен правец да биде прооден. Во општина Демир Хисар има дефект на 35 kV далековод од с.Сопотница до Демир Хисар. Екипите се на терен и работата на санација на дефектот. Во општина Крушево регионалниот патен правец Крушево - П.Река не е прооден за лесни моторни возила и се очекува во текот на денот да биде исчистен. Тетовски регион Во Тетовскиот регион, регионалниот пат до Попова Шапка е чистен и прооден, додека е отпочнато чистење на локалните патишта до под шарпланинските села. Висината на снежната покривка изнесува повеќе од 60 сантиметри снег и се уште има врнежи од снег. Во Тетово и пониските места снежната покривка е од околу 5 сантиметри и не представува проблем за непречено одвивање на сообраќајот и доставување на намирници. Снабдувањето со електрична енергија е редовно, има пријава за дефект само во с.Ларце - ЕЛС Желино. Во ЕЛС Брвеница е испратен багер да го чисти патот до с.Гургурница. Во општина Гостивар трите лавини на патот Маврови Анови – Дебар кај Бигорскиот манастир се расчистени околу 03:00 часот и патот е прооден во двете ленти. Се уште има забрана за движење на ТТВ на патот Крак - Маврово - Дебар. Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со чистење на обиколницата околу Мавровското Езеро. Висината на снежната покривка на Маврово е околу 60 сантимтери и продолжува интензивно да врне. Велешки регион Во општина Кавадарци во ридско - планинскиот дел на коловозите има кашест снег. Се интервенира на расчистување и посолување на патниот правец кон одморалиште „Михајлово“. Во попладневите часови планирано е посолување на патните правци во ридско – планинскиот дел. Охридски регион Во општина Македонски Брод денес ќе се чистат градските населби од паднатиот снег а утре ќе почне со чистење на отсечените села во планинскиот реон каде има наврнато околу 40 см снег. Електрична енергија нема во селата од Поречието. Во општина Кичево во селските населби има наврнато околу 30 см снег и моментално движењето е ограничено на теренски моторни возила. Во селата Речани, Крушица и Видрани има прекин на електричната енергија. Во општина Струга непрооден е патот од Вишни до Г.Белица. Патот спрема Малесија е прооден до с.Мислодежда и сообраќајот од Струга за Дебар се одвива отежнато. Во општина Дебар и Центар Жупа исчистени се половина од селата во Центар Жупа, а до крајот на денот се очекува да се исчистат патиштата до сите села. Кумановски регион Во повисоките планински предели во Козјачијата и Карадачкиот планински венец во општина Старо Нагоричани се зафатени со снег со висина помеѓу 20 и 30 сантиметри, а локалните патни правци од с.Арбанашко кон селата Длабочица, Буковљане, Малотино, Мгленце како и селата Цветишница, Жељувино се непроодни. Во делот на селата вон градот во Которлкот, во текот на денешниот ден по етапи ќе се дејствува за чистење на овие локални патни правци кои ги поврзуваат со општина Куманово. Без електрична енергија се Бејтови Ниви, Тромеѓа Азмак, Слатино и Бузинци Во општина Липково патните правци кон повисоките населени места како што се Гошинце, Лукаре, Пресница, Брест, Стрима, Рковце и др. можно е движење само со теренски возила. Од општината известиле дека во втора фаза на расчистување кон истите ќе дејствуваат во текот на денот и утрешниот ден. Во општина Ранковце патниот правец Пклиште - Герман е непрооден и има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Отсечении се селата Герман и Пклиште. Локалниот пат (земјен) кон с.Криви Камен е непрооден поради висина на снегот. Отсечено е с.Криви Камен. Во општина Крива Паланка патниот правец Пклиште - Герман е непрооден во должина од 7км. Без електрична енергија се населените места Гиновци, Мултинци, Ветуница, Отошница, Вржогрнци, Гулинци, Станча, Пклиште, Орашац, Герман и Нерав. Локален (земјен) пат с.Дурачка Река – с.Дренак, е непрооден поради висина на снег и отсечено е с.Дренак. Во општина Кратово непрооден е патниот правец с.Нежилово - Каврак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadleznite-pak-iznenadeni-ovchari-bez-hrana-neproodni-patishta-otsecheni-sela-eve-kakva-e-sostojbata-po-sneznite-vrnezi/feed/ 0
Поради снегот, отсечени села и непроодни патишта во делови од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-snegot-otsecheni-sela-i-neproodni-patishta-vo-delovi-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-snegot-otsecheni-sela-i-neproodni-patishta-vo-delovi-od-makedonija/#respond Thu, 10 Jan 2019 12:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=150573

Снежните врнежи го блокираа сообраќајот на повеќе патишта во Македонија кон повисоките населени места, во сила се забрани за камиони преку повеќе планински превои, а движењето на возилата е отежнато и забавено. Ависообраќајот на Меѓународниот аеродорм Скопје досега се одвива без проблеми и според информациите од веб страницата, се реализираат полетувањата и слетувањата. – Во скопскиот регион се непроодни патните правци кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино во општина Чучер Сандево не се проодни, а тие села немаат и електрична енергија. Во општина Кисела Вода непрооден е патот од Теферич кон Сопиште, покажува извештајот за состојбата на патиштата до 13 часот на Центарот за управување со кризи. Во Битолскиот регион, регионалниот патен правец Крушево – Пуста Река не е исчистен, но е прооден за теренски возила со зимска опрема, а во Прилеп сите магистрални и регионални патишта се исчистени и опесочени, проодни за сите моторни возила, освен регионалниот пат за Мариово, кој е од трет преоритет. Регионалниот пат Лагово – Витолиште, моментално е прооден за теренски возила. Во општина Долнени непроодни се патните правци за селата Маргари, Зрзе и манастиорот во село Зрзе. Прооден за сообраќај е и регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Во охридско, во општина Македонски Брод, регионалните патишта за Кичево, Прилеп и Самоков се проодни, а непроодни се локалните патишта кон повисоките села Дренов, Крапа, Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица. Во општина Струга, непрооден е патот што ги поврзува селата во Малесија од село Присовјани до хидроцентрала Глобочица. Според извештајот на ЦУК, во Велешко, во општините Велес, Градско и Чашка, екипите на Македонија пат, ЈКП Дервен и ГП Изгрев, се на терен и се чисти накај селата Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Иванковци, Оризари, Клуковец, Сливник, Раштани и Бузалково. Патните правци кон Горно Јаблчиште и Богомила се тешко проодни. ЈП „Македонија пат“, според ЦУК, е на терен и работи на расчистување. На подрачјето на општините Свети Николе и Лозово патот кон селата Немањици, Ранченци, Мечкуевци и Патетино, како и кон селата Трстеник, Сопот, Преот, Малино, Алакинци и Крушица не се проодни за лесни моторни возила, а се проодни за теренски возила. ЦУК информира дека во кумановскиот регион, во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Србија – Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во козјачијата се тешко проодни.  Во општина Липково, тешко проодни се патиштата кои гравитираат кон повисоките села Гошинце, Лукаре и Малино. Регионален пат Ранковце – село Герман е прооден до село Пклиште, а оттаму до село Герман нема усклови за сообраќај. За теренски возила е прооден регионалниот патен правец Крива Паланка – село Огут, додека регионалниот патен правец Крива Паланка – село Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат од село Дурачка река местото викано Метоф кон село Дренак е непрооден. Според извештаите на ЈП „Македонија пат“ и Аавтомотосојузот на Македонија, забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патот Прилеп – Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири). Од 12:15.часот  поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан. Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) најави дека врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри, а на планините и над 20 сантиметри. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-snegot-otsecheni-sela-i-neproodni-patishta-vo-delovi-od-makedonija/feed/ 0