несакани ефекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jul 2021 06:05:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png несакани ефекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФДА со предупредување за несакани ефекти на вакцината на Ј&Ј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-so-predupreduvanje-za-nesakani-efekti-na-vakcinata-na-j-j/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-so-predupreduvanje-za-nesakani-efekti-na-vakcinata-na-j-j/#respond Tue, 13 Jul 2021 06:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=535759

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат дека постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување шест недели по вакцинацијата. Во писмо на компанијата до ФДА се наведува дека шансите за развој на синдром Гилен-Баре (Guillain-Barré) по вакцинацијата се „многу мали“. Но, додаваат дека оние кои примиле вакцина J&J треба да побараат лекарска помош доколку се чувствуваат слабо, имаат потешкотии при движење. Околу 12,8 милиони луѓе примиле вакцина J&J во САД, а пријавени се и 100 извештаи за ГБС кај вакцинираните со вакцината, вклучувајќи 95 сериозни случаи кои бараат хоспитализација и еден потврден смртен случај. ГБС е ретка невролошка состојба во која имуниот систем ја напаѓа заштитната обвивка на нервните влакна. Повеќето случаи се придружени со бактериска или вирусна инфекција, а повеќето луѓе се опоравуваат целосно. Таа состојба беше поврзана со вакцинации во минатото – најмногу со кампањата за вакцинација за време на епидемијата на свински грип во САД во 1976 година и децении подоцна со вакцината употребена за време на пандемијата на грип H1N1 во 2009 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-so-predupreduvanje-za-nesakani-efekti-na-vakcinata-na-j-j/feed/ 0
„Џонсон и Џонсон“ го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против Ковид-19 поради несакани ефекти врз пациент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-dzonson-go-prekina-klinichkoto-ispituvanje-na-potencijalna-vakcina-protiv-kovid-19-poradi-nesakani-efekti-vrz-pacient/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-dzonson-go-prekina-klinichkoto-ispituvanje-na-potencijalna-vakcina-protiv-kovid-19-poradi-nesakani-efekti-vrz-pacient/#respond Tue, 13 Oct 2020 06:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=415526

Американската компанија Џонсон и Џонсон привремено го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против новиот коронавирус поради необјаснета болест на учесник во студијата, објави компанијата. Болеста на учесник на тестот, ја испитува независен одбор за набудување на податоците и безбедноста. Во соопштението се посочува дека таквите паузи се вообичаени за време на големите истражувања во кои може да учествуваат десетици илјади луѓе. Тоа е второ одложување на тестирањето на вакцините спроведено од неколку производители ширум светот, откако АстраЗенека ја паузираше доцната фаза на тестирање на својата експериментална вакцина, што се развива на Универзитетот во Оксфорд, исто така, поради болест на учесник во студијата. Тестовите за вакцината во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија продолжија, но се уште се во пауза во САД. Џонсон и Џонсон минатиот месец објавија дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произведува силен имунолошки одговор во раните и средните фази на испитувањето, по што започна последната фаза со 60.000 учесници, а резултатите се очекуваа подоцна оваа година или почетокот на следната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-dzonson-go-prekina-klinichkoto-ispituvanje-na-potencijalna-vakcina-protiv-kovid-19-poradi-nesakani-efekti-vrz-pacient/feed/ 0