несоница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 07:52:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png несоница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зелената салата благотворна против несоница https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zelenata-salata-blagotvorna-protiv-nesonitsa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zelenata-salata-blagotvorna-protiv-nesonitsa/#respond Thu, 12 Oct 2023 07:52:48 +0000 https://kurir.mk/?p=887958

Од целиот спектар од трикови за помирен и поцврст сон, некои од нив, според некои стручњаци, може да бидат сомнителни. Но, други се потврдени од лекари и препорачани од поединци со несоница, кои ги пробале на себе. „Тиктокерите“, на пр., веќе знаат за топлата напивка од вода и зелена салата, за побрзо заспивање. Самиот напиток е едноставен и безбеден за подготовка - се зоврива вода, се додава зелената салата и се остава да отстои околу 10 минути. Тоа потоа се пие и, како што вели еден задоволен корисник - зелена салата можеби звучи малку чудно, но делува. Има и истражување што покажало дека глувците хранети со зелена салата спијат подолго. Но, испитувањата се направени на животни и засега не може со научна точност да се потврди дека резултатите би биле исти и кај луѓето. Иако водата од зелена салата сè уште не е научно тестирана на луѓе, јасно е дека многу луѓе кои ја пијат пред спиење забележуваат смирувачка корист. Освен самиот екстракт од зелената салата, и самата топла вода може да помогне во опуштањето на телото и за подобар сон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zelenata-salata-blagotvorna-protiv-nesonitsa/feed/ 0
Заборавете на несоницата: Со овој воен трик ќе заспиете за миг! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboravete-na-nesonitsata-so-ovoj-voen-trik-ke-zaspiete-za-mig/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboravete-na-nesonitsata-so-ovoj-voen-trik-ke-zaspiete-za-mig/#respond Tue, 19 Sep 2023 12:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=879540

Заборавете на несоницата: Со овој воен трик ќе заспиете за миг! Војниците од американската армија користат еден едноставен трик со кој полесно заспиваат, дури и во најтешките услови. Тајната на лесното заспивање е опишана во книгата „Релаксирај се и победи: Шампионски перформанс“, која најпрво беше издадена во 1981 година, но се популаризираше во последните неколку години преку интернет продажба на онлајн-книжарниците. Се верува дека тајната на лесното заспивање првпат била воведена од страна на старешините во воените редови, кои требало да им обезбедат на нивните војници мирен сон пред напорниот ден, колку и да се лоши условите надвор. Трикот оди вака: Релаксирајте ги мускулите на вашето лице, вклучувајќи го јазикот, вилицата и мускулите околу очите Спуштете ги рамената најниско што можете и истегнете ги рацете по цела должина на телото. Додека издишувате за да ги опуштите градите, полека олабавете ги нозете, почнувајќи од бутовите па надолу. Оставете да поминат околу десетина секунди во кои ќе се опуштите, релаксирајте го мозокот и потоа помислете на една од овие три слики: лежите во кану во мирно езеро, небото е светло сино и мирно а вие уживате во пловењето лежите во лежалка која е ставена во целосно затемнета соба замислете се како кажувате „не мисли, не мисли, не мисли“ континуирано во рок од десетина, можеби дваесет секунди Техниката работи кај 96% од луѓето кои ја практикуваат повеќе од еден месец. Не заборавајте дека оваа техника треба да ја повторувате почесто, дури и во моментите кога немате проблем со заспивање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboravete-na-nesonitsata-so-ovoj-voen-trik-ke-zaspiete-za-mig/feed/ 0
Ве мачи несоница? Експерт открива пет совети како ПОЛЕСНО ДА ЗАСПИЕТЕ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ve-machi-nesonitsa-ekspert-otkriva-pet-soveti-kako-polesno-da-zaspiete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ve-machi-nesonitsa-ekspert-otkriva-pet-soveti-kako-polesno-da-zaspiete/#respond Thu, 13 Jul 2023 07:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=856126

Професорот од Универзитетот во Калифорнија Метју Вокер во подкаст на едноставен начин објасни како да го подобрите квалитетот на сонот. – Мислам дека има пет стандардни совети кои ги нарекуваме и еден вид хигиена на спиењето. Првата работа е редовно да си легнувате во исто време и да се будите во исто време, без разлика дали е работен ден или викенд – вели Вокер. Меѓународниот автор на бестселери објасни дека мозокот најдобро функционира во активности кога редовно му ги обезбедувате и дека така ќе го подобрите квалитетот на вашиот сон. Тој исто така ја истакна важноста на темнината. – Не добиваме доволно темнина во оваа светлина. Во последниот час пред спиење, исклучете го светлото во собата и ќе се изненадите колку тоа ќе ве успие. Третиот совет се однесува на температурата во просторијата каде што спиете. Општо земено, таа треба да е нешто пониско од она што е идеално. Важно е температурата да биде околу 18 степени, бидејќи полесно е да се заспие во просторија која е студена. Четвртиот предлог на професорот е правилото од 30 минути. Ако половина час се обидувате да заспиете, но не можете да заспиете, станете и направете нешто: медитирајте, шетајте низ дома или направете нешто што нема да ви предизвика многу стрес. Совет број пет е за количината на алкохол. Сигурно нема да ви помогне полесно да заспиете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ve-machi-nesonitsa-ekspert-otkriva-pet-soveti-kako-polesno-da-zaspiete/feed/ 0
ЕКСПЕРТИТЕ ГО ИМААТ РЕШЕНИЕТО: Трик за сите кои страдаат од несоница https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ekspertite-go-imaat-reshenieto-trik-za-site-koi-stradaat-od-nesonitsa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ekspertite-go-imaat-reshenieto-trik-za-site-koi-stradaat-od-nesonitsa/#respond Thu, 13 Apr 2023 13:38:05 +0000 https://kurir.mk/?p=823390

Малку работи фрустрираат како несоницата. Доколку сте од оние луѓе што имаат тешкотија да заспијат, имаме добри вести. Постои воен трик со кој се заспива за само две минути. Се вели дека овој трик го користат војниците во американската армија за да заспијат на места што се далеку од мирни, на пр., боиштата. За трикот пишува во книгата „Релаксирај се и победи: шампионски перформанс“ од 1981 г. Еве што треба да направите: – Релаксирајте ги мускулите на лицето, вклучувајќи го и јазикот, вилицата и мускулите околу очите. – Опуштете ги рамената, спуштајќи ги надолу заедно со рацете, прво на едната рака, а потоа и на другата. – Издишете, опуштете ги градите, а потоа и нозете, започнувајќи со бутовите. – Во следните 10 секунди треба да се обидете да го избистрите мозокот пред да почнете да замислувате една од следниве слики: лежите во кану на мирно езеро и не гледате ништо освен чисто сино небо над вас; лежите на лежалка во црна просторија; си повторувате „не размислувај, не размислувај, не размислувај“ околу 10 секунди. Се вели дека овој трик функционира за околу 96% од луѓето по одреден период на вежбање. Лекарите препорачуваат просечно осум часа квалитетен сон секоја ноќ. Недостигот на сон може да доведе до здравствени проблеми, како дебелина, висок крвен притисок и срцева болест. Доколку не функционира трикот, експертот за спиење Најл Стенли вели дека најважниот фактор кога станува збор за заспивањето е смирувањето на умот. Нема магичен начин како да го направите ова, туку треба да го најдете методот што функционира за вас, без разлика дали тоа е читање, топла бања, чај од камилица, ароматерапија или слушање музика, вели Стенли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ekspertite-go-imaat-reshenieto-trik-za-site-koi-stradaat-od-nesonitsa/feed/ 0
Несоница довела до оставката на папата Бенедикт во 2013 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/#respond Fri, 27 Jan 2023 14:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=792913

Починатиот папа Бенедикт како главна причина за оставката ја наведе несоницата, се наведува во неговото писмо, чија содржина денеска ја пренесоа германските медиуми. Од почетокот на неговиот понтификат, Бенедикт речиси „постојано“ го мачела несоница, се наведува во писмото напишано неколку недели пред неговата смрт. Во писмото до неговиот биограф Петер Зевалд, до кое дојде германското списание „Фокус“, Бенедикт вели дека „јаките“ таблети што ги препишал неговиот лекар му овозможиле да ги исполни своите должности на папа. Тие лекови, меѓутоа, „дојдоа до своите граници“, наведува тој во писмото од 28 октомври минатата година. Несреќата за време на посетата на Мексико и Куба во март 2012 година ја забрза неговата одлука да се повлече. На првото утро од тоа патување, Бенедикт го нашол своето марамче „целосно натопено во крв“. „Веројатно удрив во нешто во бањата и паднав“, напишал Бенедикт во писмото. По тој инцидент, лекарот побарал намалена употреба на апчиња за спиење и инсистирал Бенедикт на идните патувања да учествува само во утринските настани. Набрзо меѓутоа на папата му станало јасно дека ќе може да ги почитува овие медицински ограничувања само „кратко време“, што го натерало во 2013 година да објави дека се повлекува од должноста. Бенедикт Шеснаесетти, роден како Џозеф Рацингер, го шокираше светот со својата објава дека станал првиот папа по речиси шестотини години кој се откажа од своите должности. Самиот си ја одреди титулата „почесен папа“ и продолжи да живее во Ватикан, со неговиот наследник Франциск. Почина на Нова Година 2022/23 година, ослабен од болеста.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/feed/ 0
Необичен напиток против несоница: Ви требаат ОВИЕ две работи за мирно да заспиете https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/neobichen-napitok-protiv-nesonica-vi-trebaat-ovie-dve-raboti-za-mirno-da-zaspiete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/neobichen-napitok-protiv-nesonica-vi-trebaat-ovie-dve-raboti-za-mirno-da-zaspiete/#respond Thu, 01 Dec 2022 14:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=769370

Бананите изобилуваат со бета-каротен, витамини од групата Б и витамин Ц и Е. Содржат многу хранливи влакна и препорачливо е да се консумираат секое утро. Бананите благотворно делуваат кај несоницата. Доколку патите од несоница, чајот од банана и цимет ќе ви помогне да имате убав сон. Подготовка: Излупете една банана и ставете ја цела во вода да се вари 10 минути. Потоа процедете ја водата и во неа додадете еден прстофат цимет. Зготвената банана можете да ја изедете, а чајот испијте го еден час пред да легнете да спиете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/neobichen-napitok-protiv-nesonica-vi-trebaat-ovie-dve-raboti-za-mirno-da-zaspiete/feed/ 0
Совети за несоница: Војнички метод за заспивање за две минути https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-nesonica-vojnichki-metod-za-zaspivanje-za-dve-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-nesonica-vojnichki-metod-za-zaspivanje-za-dve-minuti/#respond Wed, 26 Oct 2022 07:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=750522

Оние кои се борат за полесно и брзо заспивање, постојано бараат нови техники. Меѓу можеби најефикасните е војничкиот метод „Заспивање за две минути“ што го користат американските војници и пилоти, појаснува д-р Линдзи Браунинг. Таа верува дека оваа техника е делотворна и им препорачува на луѓето со несоница. – Методот делува бидејќи ве тера да ги опуштите мускулите на вашето тело, наместо да дозволите несаканите мисли да ви го преплават умот, вели д-р Браунинг. Овој метод првпат е спомнат во книгата „Опушти се и победи: Шампионска изведба“ (Relax and Win: Championship Performance) од 1981 година. Се тврди дека има 96 отсто успешност по шест недели вежбање. Сѐ тоа почнува со опуштање на мускулите на челото, очите, образите, вилицата и сосредоточување на дишењето. Особено рамената да не се напнати… Се спуштаат колку што може пониско и рацете, дланките и прстите се држат опуштени крај телото. Потоа, земете длабок здив и полека издишете, опуштајќи ги градите, стомакот, бедрата, колената, нозете и стапалата. Потоа, замислете две „сценарија“. Прво – лежите во чамец среде мирно езеро, нема ништо, само синото небо над Вас. Второ – лежите во црна мека лежалка во темна соба. Ако почнете да размислувате за нешто друго, повторете го зборот „не размислувај“ 10 секунди. Според д-р Браунинг, луѓето често не можат да заспијат бидејќи нивните умови се „премногу зафатени“ со други грижи или се вознемирени. – Воениот метод на заспивање е многу сличен на техниката за прогресивна мускулна релаксација што ја посочувам на моите клиенти со несоница. Постојат и други техники со кои можете да се обидете полесно да заспиете, како што се бавно длабоко дишење или броењето, додава таа. Проблемот со несоницата е тешко да се реши со обични техники за опуштање, ако тој е потежок и, во тој случај веројатно ќе треба поопсежна стручна помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-nesonica-vojnichki-metod-za-zaspivanje-za-dve-minuti/feed/ 0
Виновниците се во вашата спална соба – поради ОВИЕ работи не можете да заспиете навечер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vinovnicite-se-vo-vashata-spalna-soba-poradi-ovie-raboti-ne-mozete-da-zaspiete-navecher/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vinovnicite-se-vo-vashata-spalna-soba-poradi-ovie-raboti-ne-mozete-da-zaspiete-navecher/#respond Fri, 02 Sep 2022 15:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=727936

Квалитетното спиење е непроценливо за телото и за добро функционирање следниот ден. Една студија открила дека постојаната несоница може да доведе до сериозни здравствени последици. Сè што нè разбудува и нервира, дури и на потсвесно ниво, мора да биде исфрлено од просторијата во која спиеме. Психолозите објаснуваат зошто е неопходно да се исфрлат овие работи од спалната соба. Телевизор Едноставно прмногу го одвлекува вниманието, се согласуваат експертите, објаснувајќи што се случува кога спиеме со телевизорот, дури и ако уредот е целосно исклучен. „Што и да сте пуштиле да ве заспие, сигурно има некоја програма што инаку ја сакате. Мозокот ќе ослободи хормони поврзани со возбуда и тоа сепак ќе ве разбуди“. Мислите за работа Кога одите во кревет, оставете ги сите ваши грижи поврзани со работата на вашата работна маса. Размислувањето за обврските само се меша со квалитетот на спиењето и го продолжува времето за заспивање. „Треба целосно да го исклучите надворешниот свет 30 минути пред спиење. Ова значи дека сè што е поврзано со работата, кое ќе го задржи вашиот мозок буден и можеби повеќе нервозен, треба да се остави надвор од спалната соба”. Неред Купот алишта да не биде последното нешто што ќе го видите пред спиење. „Бројни студии покажале дека нередот и хаосот во спалната соба можат сериозно да влијаат на спиењето. Нашиот ум регистрира неуредна спална соба како недовршена задача, дури и ако е на несвесно ниво. Вашата спална соба треба да биде тивок, хармоничен простор каде што ништо нема да ве нервира “. LED осветлување Најдоброто нешто, советува професорката од Универзитетот во Вирџинија, Маријана Шкло-Кокс, е да ја исфрлите целата технологија од просторијата каде што спиете. „Сината светлина што ја испуштаат уредите на екранот може да влијае на квалитетот на спиењето. Ве советувам да немате компјутерски монитори, лаптопи во просторијата и ако е можно, отстранете кој било друг уред што има LED светло”, вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vinovnicite-se-vo-vashata-spalna-soba-poradi-ovie-raboti-ne-mozete-da-zaspiete-navecher/feed/ 0
Машко здравје: Седум причини зошто постојано сте уморни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mashko-zdravje-sedum-prichini-zoshto-postojano-ste-umorni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mashko-zdravje-sedum-prichini-zoshto-postojano-ste-umorni/#respond Fri, 12 Aug 2022 07:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=717425

Немате елан, ни енергија и постојано се чувствувате поспано? Сосема е во ред одвреме-навреме да бидете уморни и тоа не е причина за загриженост, но ако тоа се случува секој ден, можеби телото ви дава знаци дека нешто не е во ред и дека треба да направите промени во начинот на живот и на исхрана, а можеби и да отидете на лекар. Ова се седум најчести причини зошто мажите чувствуваат константен умор: Лоша исхрана Логично е дека ако не внесувате доволно хранливи состојки и витамини, тоа ќе се одрази на вашата општа физичка состојба. Листот марула во хамбургерот не се смета за дневна доза зеленчук, па затоа внимавајте како се исхранувате и внесете повеќе растителни влакна и свежо овошје и зеленчук во секојдневната исхрана. Ниско ниво на тестостерон Примарниот машки секс хормон игра важна улога во физичкото и менталното здравје на мажите, како и на нивното ниво на енергија. Како што стареат мажите, им опаѓа нивото на тестостерон. Ниското ниво на тестостерон може да предизвика безволност, умор, па дури и депресија. Други симптоми на ниско ниво на тестостерон се раздразливост, потешкотии при концентрирање, анемија и еректилна дисфункција. Вежбање И претераното и недоволното ниво на вежбање може да има иста последица – умор. Физичката активност го крева нивото на адреналин и енергија, но само до одредена граница. Ако претерате, нивото повторно се спушта. Пореметено дишење при спиење Ако многу ви се спие во текот на денот, иако сте спиеле најмалку 7 часа, можно е да станува збор за прекинување на дишењето во сон што може да трае до 10 секунди. Овој синдром е почест кај мажите и кај луѓето со прекумерна тежина. Симптомите на овој синдром се гласно ‘рчење, немирен сон, утринска главоболка, депресија, анксиозност и нервоза. Несоница Почесто се јавува кај постари мажи, но може да се јави кај мажи на која било возраст. Причините за несоницата може да бидат физички, емотивни или психички. Анемија Недостигот на железо се манифестира како константен умор. За ниското ниво на железо може да е виновна лошата исхрана, но причината може да биде и крварење во системот за варење. Штитна жлезда Иако жените почесто страдаат од болести на штитната жлезда, и мажите може да бидат погодени. Симптоми за забавена функција на штитната жлезда се умор, безволност, но и постојано чувство на студ.   извор: kajgana]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mashko-zdravje-sedum-prichini-zoshto-postojano-ste-umorni/feed/ 0
Мозокот им е секогаш “вклучен“: Несоницата најмногу влијае на ОВИЕ хороскопски знаци https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozokot-im-e-sekogash-vkluchen-nesonicata-najmnogu-vlijae-na-ovie-horoskopski-znaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozokot-im-e-sekogash-vkluchen-nesonicata-najmnogu-vlijae-na-ovie-horoskopski-znaci/#respond Tue, 05 Jul 2022 18:22:02 +0000 https://kurir.mk/?p=700378

Несоницата е проблем што мачи многу луѓе во денешниот брз живот. Влијае на секојдневниот живот и се меша со нашите активности. Ако станува збор за хронична несоница, проблемот е уште поголем. Експертите велат дека стресот, брзата информираност и брзото темпо на промена влијаат на лошиот сон. Астролозите откриваат дека несоницата најмногу влијае на следниве три знаци: Близнаци Мозокот на овој хороскопски знак е секогаш вклучен, неговиот ум е секогаш полн со информации, податоци, отворени прашања, разговори, планови. Ваквата содржина им се мота во мозокот на Близнаците доколку немаат никакви проблеми. Ако, пак, се загрижени за нешто, тогаш во главата владее тотален хаос. Несоницата често им пречи, а вежбите за релаксација можат да им помогнат. Водолија За да биде вклучена во акција и социјални активности, таа мора да биде будна што е можно подолго. Ако пропушти нешто значајно за неа, тоа ќе ја гризе внатре и ќе има бурни разговори со себе најмногу во умот. А, тоа повторно значи дека е будна. На кој начин и да го свртите, Водолијата не спие доволно, освен кога е преморена поради физичка активност. Девица Девица е владетел на Меркур, а тоа подразбира љубопитност и комуникација, стремеж кон ред, чистота, прецизност. Не само во домот и канцеларијата, туку и во бизнисот, потрошувачката, храната, односите. Последица на тоа е несоница. За да се донесете себеси и вашата околина во задоволителна состојба и да го задржите на тој начин, треба да вложите многу труд и работа. Бројни дневни обврски бараат прецизен дневен распоред и проценки на трошоците. Девицата анализира и планира ноќе, па затоа е мистерија како воопшто заспива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozokot-im-e-sekogash-vkluchen-nesonicata-najmnogu-vlijae-na-ovie-horoskopski-znaci/feed/ 0