нетањаху – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 09:08:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нетањаху – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нетанјаху на пат повторно да биде премиер на Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-na-pat-povtorno-da-bide-premier-na-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-na-pat-povtorno-da-bide-premier-na-izrael/#respond Wed, 02 Nov 2022 09:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=754320

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите сојузници ултра-националистички и верски партии се на пат да обезбедат стабилно мнозинство во парламентот (Кнесет), покажуваат резултатите од преброени повеќе од две третини од гласачките ливчиња. Гласовите сè уште се пребројуваат, но доколку се точни прелиминарните показатели, Израел ќе има една од најдесничарските влади во својата историја со оглед на добриот резултат на вчерашните парламентарни избори на ултранационалистичката Верска партија, чии членови се познати по својата антиарапска и анти-ЛГБТК реторика. Првичните резултати укажуваат на свртување кон десно на израелските гласачи, што дополнително ги намалува надежите за мир со Палестинците и создава услови за можен конфликт со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и поддржувачите на Израел во таа земја, пренесе Бета. Вчерашните избори беа петти во Израел за помалку од четири години, и како и претходните, главно се фокусираа на способноста на Нетанјаху да владее додека му се суди за корупција. Поддржувачите на Нетанјаху го сметаат за жртва на „лов на вештерки“, додека неговите противници го обвинуваат дека е закана за демократијата и измамник. Гласовите се пребројуваа цела ноќ и до рано утринава се преброени 80 отсто од гласовите и се предвидува дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе имаат повеќе од 61 пратеник потребни за формирање влада. Изборната трка беше тесна како и секогаш, но навестува дека Нетанјаху (73) повторно ќе биде премиер со солидно мнозинство во 120-члениот Кнесет. Дури и ако Нетанјаху и неговите сојузници победат, сепак ќе бидат потребни недели преговори за формирање коалициска влада. Не се исклучува ниту можноста за продолжување на политичкиот ќорсокак и нов изборен процес. Говорејќи во Ерусалим среде ноќ, Нетанјаху апелираше до поддржувачите да бидат трпеливи и рече дека тој и неговата конзервативна партија Ликуд се „на работ на голема победа“. Можеби поради страв дека арапските гласачи би можеле да го спречат да победи, Нетанјаху на Твитер објави обвиненија за насилство и нерегуларности на арапските избирачки места, но не обезбеди докази и Централната изборна комисија ги отфрли како неосновани гласини. Нетанјаху подоцна побара изборите да бидат беспрекорни затоа што тоа е основата на демократијата. Арапите сочинуваат 20 отсто од населението во Израел и беа клучен фактор за блокирање на Нетанјаху на претходните избори. Овојпат нивните гласови беа поделени меѓу три различни партии и секоја се соочуваше со опасност да не го помине изборниот праг. Нетанјаху најдолго беше премиер во историјата на Израел, 12 последователни години и вкупно 15 години, пред да биде сменет минатата година од коалицијата предводена од лидерот на центристичката партија Јеш Атид (Има иднина) и националист, лидерот на партијата Јамина, Нафтали Бенет. Во таа коалиција, во која беше вклучена мала арапска партија за првпат во историјата на Израел, избувнаа недоразбирања и таа се распадна по само една година на власт. Партиите кои беа во неа се очекува да освојат околу 50 пратенички мандати, судејќи според првичните резултати. Обраќајќи им се на приврзаниците рано утринава, Лапид (58) рече дека трката не е одлучена додека не се преброи последниот глас. Трета по партиите на Нетанјаху и Лапид, е партијата Верси ционизам на ултрадесничарскиот политичар Итамар Бен-Гвир, која синоќа славеше во Ерусалим веејќи израелски знамиња. Бен-Гвир е следбеник на расистичкиот рабин Меир Кахане чија партија беше забранета и прогласена за терористичка група во САД. Тој беше убиен во Њујорк во 1990 година. Кахане повикаше на забрана на мешани бракови меѓу Арапи и Евреи, одземање на израелското државјанство на Арапите и протерување на голем број Палестинци. За разлика од Кахане, Бен-Гвир е еден од најпопуларните израелски политичари и често се појавува во медиумите и повикува на поостар однос кон Палестинците. Негови најголеми поддржувачи се младите ултраортодоксни Евреи, а живее на Западниот Брег и е поддржувач на проширувањето на еврејските населби, а своите арапски колеги во парламентот ги опишува како терористи. Палестинскиот премиер Мухамед Штајех го нарече растот на израелската ултрадесница „природен резултат на растечките манифестации на екстремизам и расизам во израелското општество“. Сепак, не се исклучува можноста Нетанјаху, доколку добие задача да формира нова влада од претседателот на Израел Исак Херцог, да бара други коалициски партнери. Но, тоа не би му било лесно бидејќи неговите противници велеа дека никогаш нема да бидат со него во владата. Се предвидува дека Ликуд на Нетанјаху ќе биде најголема партија со 31 пратеник, а Лапид ќе има од 22 до 24 пратенички мандати.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-na-pat-povtorno-da-bide-premier-na-izrael/feed/ 0
Повторно протести пред резиденцијата на Нетанјаху https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-protesti-pred-rezidencijata-na-netanjahu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-protesti-pred-rezidencijata-na-netanjahu/#respond Wed, 13 Jan 2021 09:29:49 +0000 https://kurir.mk/?p=454639

Десетици демонстранти носејќи факели, мегафони и знамиња во зората протестираа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, барајќи оставка и потсетувајќи го на неговото судење за корупција, што ќе продолжи во февруари. Полицијата приведе седум демонстранти. Протестот беше организиран од групата наречена „Министер на криминалот“, која го повика Нетанјаху да поднесе оставка поради судењето и поради лошото раководење со пандемијата. Демонстрантите го читаа обвинението пред резиденцијата на Нетанјаху, кој денеска требаше да се појави на суд, но судењето е одложено поради рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19. Израелците повеќе месеци протестираат пред домот на Нетанјаху, на главните раскрсници и мостовите во земјата барајќи негова оставка. Нетанјаху е обвинет минатата година поради измама, злоупотреба на полжбата во три случаи и земање на мито. Тој демантира и ги обвинува медиумите, полицијата и правосудството за „лов на вештерки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-protesti-pred-rezidencijata-na-netanjahu/feed/ 0
Судењето на Нетанјаху продолжува во февруари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudenjeto-na-netanjahu-prodolzuva-vo-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudenjeto-na-netanjahu-prodolzuva-vo-fevruari/#respond Tue, 12 Jan 2021 08:46:39 +0000 https://kurir.mk/?p=454115

Судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кој одговара за обвиненија за корупција, ќе продолжи на 8 февруари, откако е одложен поради построгите ограничувачки мерки во земјата поради пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Окружниот суд во Ерусалим. Како што судот наведе, Нетанјаху се очекува да се појави на рочиштето. Нетанјаху е обвинет за измама и злоупотреба на службената положба во три случаи, вклучувајќи и поткуп во еден од нив, но негира дека сторил нешто лошо и тврди дека е жртва на „лов на вештерки“ од страна на непријателските медиуми, полицијата и судските службеници, пренесуваат американските медиуми. Во Израел на сила се третите рестрикции низ целата земја, поради што судот го одложи продолжувањето на судењето, што беше закажано за утре, 13 јануари. Земјата неодамна се соочи со уште еден драстично зголемување на бројот на заразени, и покрај една од најбрзите кампањи за вакцинација против вирусот, што почна на 20 декември. Околу 20 проценти од израелските 9,3 милиони луѓе веќе ја примиле првата од двете дози на вакцината, а Нетанјаху кажа дека Израел обезбедил доволно вакцина до крајот на март да ги имунизира сите возрасни Израелци. Судењето на Нетанјаху ќе почне пред парламентарните избори закажани за 23 март, што се четвртите избори за помалку од две години, а неговите правни проблеми се очекува да бидат главна тема за време на предизборната кампања, иако тој со брзата вакцинација се обидува повторно да биде премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudenjeto-na-netanjahu-prodolzuva-vo-fevruari/feed/ 0
Илјадници Израелци на протест во Ерусалим против Нетанјаху https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-izraelci-na-protest-vo-erusalim-protiv-netanjahu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-izraelci-na-protest-vo-erusalim-protiv-netanjahu/#respond Sun, 01 Nov 2020 09:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=423216

Илјадници Израелци протестираа во Ерусалим против премиерот Бенјамин Нетанјаху затоа што му се суди за корупција и поради лошиот одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Демонстрантите вееја израелски и розови знамиња, кои станаа симбол на движењето на протестот, додека маршираа кон плоштадот во близина на резиденцијата на премиерот и носеа транспаренти на кои пишуваше „Спаси ја земјата, бори се против корупцијата“ и „Револуција“. Помали демонстрации се одржаа низ целата земја. Демонстрантите го критикуваат Нетанјаху за последиците од пандемијата врз економијата и исто така му се спротивставуваат како премиер бидејќи против него се покренати обвиненија за измама, злоупотреба на доверба и примање мито. Ваквите демонстрации траат со месеци и продолжуваат во време кога во Израел постепено се укинуваат ограничувањата наметнати на 18 септември поради пандемијата. Продавниците, хотелите и рестораните се затворени за да се запре ширењето на инфекцијата. Израел се чинеше дека успешно се спротивстави на пандемијата во пролетта, но невработеноста нагло се зголеми. Сепак, првите мерки беа брзо укинати, што доведе до нагло зголемување на бројот на заразени, а земјата мораше да воведе нови ограничувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-izraelci-na-protest-vo-erusalim-protiv-netanjahu/feed/ 0
Илјадници демонстранти и синоќа излегоа на протести против Нетанјаху https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-demonstranti-i-sinokja-izlegoa-na-protesti-protiv-netanjahu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-demonstranti-i-sinokja-izlegoa-na-protesti-protiv-netanjahu/#respond Sun, 02 Aug 2020 09:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=385076

Илјадници демонстранти и синоќа се собраа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху барајќи негова оставка. Синоќешните демонстрации во Ерусалим, на кои според светските агенции, се собрале десетици илјади луѓе, со неколку мали протести во Тел Авив како и во близина на куќата на Нетанјаху на брегот во Цезареја и десетина други, се најголеми во последните неколку недели. Илјадници Израелци летово излегоа на улиците за да побараат оставка од премиерот, протестирајќи поради начинот на кој ја води земјата за време на пандемијата на коронавирус, велејќи дека не треба да остане на власт додека му се суди за корупција. Иако Нетанјаху се обиде да ги минимизира протестите, велејќи дека демонстрантите се „левичари“ и „анархисти“, тие не се намалуваат – Израелците се собираат двапати неделно за да бараат негова оставка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-demonstranti-i-sinokja-izlegoa-na-protesti-protiv-netanjahu/feed/ 0
Протести против Нетанјаху, полицијата се судри со демонстрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-protiv-netanjahu-policijata-se-sudri-so-demonstrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-protiv-netanjahu-policijata-se-sudri-so-demonstrantite/#respond Fri, 31 Jul 2020 09:45:47 +0000 https://kurir.mk/?p=384209

Стотици противници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа протестираа пред неговата официјална резиденција, повикувајќи го да поднесе оставка, додека мала група негови приврзаници се судрија со полицијата и новинарите во трговскиот центар во близина. Полицијата соопшти дека се уапсени осум лица. Додека централниот дел на демонстрациите се одржуваше пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим, група млади луѓе, облечени во црно, ги навредуваа претставниците на медиумите и нападнаа палестински возач на автобус и двајца новинари во трговски центар во близина. Телевизијата Канал 13 објави видео од маж кој се гледа како пцуе и го тепа снимателот на таа телевизија. Според извештаите, мажите се дел од „Ла Фалилија“, екстремистичка група на поддржувачи на фудбалскиот клуб од Ерусалим, која се поврзува со партијата на Ликуд на Нетанјаху. Претходно полицијата соопшти дека уапсила неколку лица поврзани со насилство на екстремни десничари. Израелскиот претседател Рувен Ривлин ја повика полицијата да ги гони извршителите на на насилството „до целосно спроведување на законот“. Илјадници луѓе се приклучија на протестите во последните недели, обвинувајќи го Нетанјаху за лошо управување со здравствената и економската криза во земјата, која беше предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Демонстрантите тврдат дека премиерот треба да поднесе оставка додека му се суди за корупција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-protiv-netanjahu-policijata-se-sudri-so-demonstrantite/feed/ 0
Протести во Израел, се бара оставка од Нетанјаху https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-izrael-se-bara-ostavka-od-netanjahu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-izrael-se-bara-ostavka-od-netanjahu/#respond Sun, 19 Jul 2020 08:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=378259

Израелската полиција употреби водени топови во Ерусалим и солзавец во Тел Авив за да ги растера демонстрантите кои се незадоволни од економската криза во земјата поради пандемијата на коронавирус и бараат оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху. Стотици граѓани се собраа во Ерусалим пред резиденцијата на Нетанјаху, а потоа излегоа по улиците, каде што полицијата употреби водени топови. „Најмалку две лица се уапсени“, соопшти полицијата. Во исто време, илјадници луѓе во Тел Авив побараа државна помош за компаниите загрозени од економската криза предизвикана од епидемијата на Ковид-19. Израелската Телевизија Решет објави дека полицијата во Тел Авив употребила солзавец против демонстрантите, како и дека имало мали судири со полицијата. Полицијата соопшти дека на овој протест немало апсења.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-izrael-se-bara-ostavka-od-netanjahu/feed/ 0
Нетанјаху: Израел е во вонредна состојба поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-izrael-e-vo-vonredna-sostojba-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-izrael-e-vo-vonredna-sostojba-poradi-kovid-19/#respond Mon, 06 Jul 2020 06:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=369587

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди вчера дека земјата се наоѓа во вонредна состојба поради драстичното зголемување на бројот на нови случаи на зараза со коронавирус. – Се наоѓаме среде нов напад на коронавирусот. Епидемијата е многу силна, во целиот свет и кај нас, истакна Нетанјаху на владина седница. Тој предупреди дека доколку не се преземат итни мерки, многу Израелци ќе ги загубат своите животи. – Се наоѓаме во вонредна ситуација. Ако не го спречиме ширењето на Ковид-19, нема да имаме ниту здравје, ниту економија. Многу граѓани на Израел ќе починат, нагласи израелскиот премиер. Владата утре повторно ќе одржи седница за евентуално воведување на нови рестриктивни мерки. Во последните 24 часа во Израел се регистрирани 804 новозаразени и четири смртни случаи. Досега во земјата вкупно се инфицирани 29.366 лица, а починале 330 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-izrael-e-vo-vonredna-sostojba-poradi-kovid-19/feed/ 0
Ковид-19: Израелскиот премиер најави релаксирање на ограничуваките мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-izraelskiot-premier-najavi-relaksiranje-na-ogranichuvakite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-izraelskiot-premier-najavi-relaksiranje-na-ogranichuvakite-merki/#respond Sun, 19 Apr 2020 07:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=334240

Израел од денеска може да почне со ублажување на ограничувањата воведени во борбата против новиот коронавирус, соопшти синоќа премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој рече дека е можно „одговорно и постепено“ олеснување на ограничувањата поради релативно добри перформанси на Израел во борбата против коронавирусот во споредба со другите развиени земји. – Имаме една од најниските стапки на смртност, рече израелскиот премиер, додавајќи дека ова и дозволува на државата да преземе чекори за да ги олесни мерките. Наместо претходните 15 проценти, максималниот број на вработени на кои ќе им биде дозволено да бидат распоредени на одредени работни места ќе се зголеми на 30 проценти, подложни на строги правила за хигиена. Сепак, луѓето се уште се охрабруваат да работат од дома колку што е можно повеќе. Олеснувањето главно ќе влијае на ИТ компаниите и електронската индустрија. Вработените на возраст над над 67 години и оние со хронични заболувања се уште се повикуваат да останат дома. Спортот на отворено сега може да го практикуваат најмногу две лица, но оддалечени само 500 метри од дома. До 10 луѓе можат да се молат заедно на отворено, но мора да има оддалеченост од најмалку два метра меѓу нив. Заштитните маски остануваат задолжителни. Нетанјаху рече дека во рок од две недели ќе се одлучи дали мерките ќе бидат дополнително олеснети. – Ако дојде до нова експлозија на коронавирусот, ќе треба повторно да ги заостриме мерките, предупреди тој. Според Министерството за здравство, со новиот коронавирус се заразени 13.265 лица во Израел, од кои 3456 се опоравени. Смртните случаи се 164. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-izraelskiot-premier-najavi-relaksiranje-na-ogranichuvakite-merki/feed/ 0
Нетанјаху: Ни за секунда не смееме да го замаглиме жртвувањето на поранешниот Советски сојуз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ni-za-sekunda-ne-smeeme-da-go-zamaglime-zrtvuvanjeto-na-poraneshniot-sovetski-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ni-za-sekunda-ne-smeeme-da-go-zamaglime-zrtvuvanjeto-na-poraneshniot-sovetski-sojuz/#respond Thu, 23 Jan 2020 14:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=293685

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не треба да се намалуваат жртвувањата и придонесот на Советите во Втората светска војна. Ова тој го изјави на церемонијата на отворање на споменикот во Еруслаим, посветен на опсадата на Ленинград што траеше 900 дена. Нетанјаху притоа потсети дека во таа војна беа убиени милиони жители на Советскиот сојуз. -Не смееме ни за една секунда да го замаглиме жртвувањето и придонесот на поранешниот Советски сојуз во победата на нацистичкиот монструм, рече израелскиот премиер. Споменикот е откриен пред почетокот на собирот на светските лидери во Меморијалниот центар Јад Вашем во знак на сеќавање на Холокаустот и ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц. Токму над овој настан се надви сенка заради несогласувањата околу улогата на одделни земји во оваа војна. Полскиот претседател Анджеј Дуда ја бојкотираше комеморацијата во знак на протест што централната улога му е дадена на рускиот претседател Владимир Путин на кого му забележува дека има нефер однос кон почетокот на Втората светска војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ni-za-sekunda-ne-smeeme-da-go-zamaglime-zrtvuvanjeto-na-poraneshniot-sovetski-sojuz/feed/ 0