нетпрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 21:01:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нетпрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Закани од Арачиново до редакцијата на НетПрес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-zakani-od-arachinovo-do-redakcijata-na-netpres/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-zakani-od-arachinovo-do-redakcijata-na-netpres/#respond Thu, 01 Dec 2022 21:01:11 +0000 https://kurir.mk/?p=769795

Порака со елементи на закана доби редакцијата на НетПрес на својата официјална фејсбук страница, а според содржината се претпоставува дека станува збор за реакција во врска со информацијата за инцидент во скопско Арачиново. Во пораката од профилот на извесен Шенол Маслани, пишува „за лајкови не земајте луѓе на врат, самите себе се земате на врат… немојте да претерате со лажни вести.. оние си побегнале, а вие кај ќе се криете“. Претпоставуваме дека заканата е упатена во врска со информацијата за инцидентот во скопско Арачиново. Односно дека делот „ОНИЕ СИ ПОБЕГНАЛЕ“, може да се претпостави дека се однесува на полицајците во Арачиново, со што ја потврдува информација, за која МВР досега не даде никакво објаснување во јавноста. Имено претходно денеска до нашата редакција пристигна информација од извори кои сакаа да останат анонимни дека во текот на вчерашниот ден во Арачиново четворица полициски службеници на полициски пункт сопреле возило управувано од лице без никакви валидни документи. Лицето упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот. Според истите извори, лицето било син на полицаец, а подоцна вооружена група од се упатила кон полицискиот пункт во Арачиново по што полициските службеници добиле наредба веднаш да го напуштат пунктот и да се повлечат кон Полициската станица Гази Баба, но откако и таму се чувствувале небезбедни побегнале а од страв сѐ уште не го пријавуваат случајот. Редакцијата побара одговор од МВР од каде што рекоа дека до централата таков случај не е пријавен, но замолија да испратиме е-маил, за да проверат дали има пријава во полициските станици. Досега редакцијата не доби одговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-zakani-od-arachinovo-do-redakcijata-na-netpres/feed/ 0
Те гледаат в очи, се колнат и те лажат – белег на партиска програма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/te-gledaat-v-ochi-se-kolnat-i-te-lazat-beleg-na-partiska-programa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/te-gledaat-v-ochi-se-kolnat-i-te-lazat-beleg-na-partiska-programa/#respond Wed, 01 Jul 2020 12:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=366681

Во време на избори сме „Медена земја“, ама никако да конкурира за два оскари, иако се ни е розово, или по онаа народната „мижи да те лажам“. Затоа до 15 јули уживајте во реториката колку ни е убаво и дека ќе биде уште поубаво, само да победат на изборите, а ден потоа ќе ве соочат со реалноста дека ситуацијата е многу тешка, односно да се разбудиме од едномесечната бајка, пишува порталот Нетпрес. Што нудат политичките партии на овие избори?! Нормално, се е концентрирано на носечките сектори во државата во однос на гласачка машиnерија како здравството, образованието, пензионерите, јавните претпријатија, срамежливо се спомнуваат младите, па дури потоа се земјоделството и работниците. Се ветува зголемување на процентите во однос на нивните примања/ добивки, како на платата така и на даночните одбитоци. Во овој дел ќе ги перципираме двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Како и што можеше да се очекува СДСМ како главни адути во кампањата ќе ги исфрли приемот во НАТО, приближувањето до ЕУ (се чека датум за почнување на преговорите), решавањето на проблемите со Грција и Бугарија, кои беа предуслов за НАТО и ЕУ, но по цена на промена на името и преиспитување на државноста и историјата (обизличувањето). Во делот на левичарските постулати се минималната плата од 14.500 денари и повратот на ДДВ-то. Социјалдемократите прокламираат и поголема минимална и просечна плата. И, поради актуелната состојба и здравството се форсираат вложувањата во него. Како свој адут ги исфрла во преден план и довршувањето на автопатиштата Штип-Скопје и делницата Смоквица-Гевгелија, проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои беа во завршна фаза и поради промената на власта завршницата и припадна на СДСМ. Се фалат со завршени сали, а базените ги нема никаде кои беа ветувани. Првично го критикуваа проектот со салите на ВМРО-ДПМНЕ, а можеби со некои од нив и се пофалија. Контроверзни се фалбите дека ја намалиле невработеноста и ги зголемиле вложувањата, бидејќи некои работи се должат на големиот одлив на работна сила во белиот свет, а капацитетите за вработување се тие што беа направени по програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Опцијата добивката да се прикаже како вложување во зајакнување на структурно-ресурсните капацитети го прикажуваме како големо вложување и самозалажување, бидејќи нема реално вложување и реално отворање на работни места, туку тоа е начин како да не се плати на државата. И двете партии се на терен и се обидуваат да ги убедат гласачите во веродостојноста на нивните програми. СДСМ настапува со наведените програмски приоритети и слоганот „Можеме повеќе“, нешто што го имаше ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2009 година. Од друга страна, СДСМ пак се враќа на салонскиот настап на партијата од 90-тите години на минатиот век, кој многу ги чинеше, со преовладување на самобендисаноста. Тоа го прават со неколку изјави. Или се многу сигурни во себе или го избегнуваат директниот контакт со народот, или, пак веруваат во медиумската кампања која ја имаат под контрола и располагаат со многу повеќе пари. ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија покажува голема теренска агилност, потпирајќи се директниот контакт, бидејќи така се во можност да ги презентираат стратешките проекти на „Обновата“, нивната програма. Споредувајќи ја реализацијата на програмите во досегашните изборни циклуси, исто така и на сегашните, на ВМРО-ДПМНЕ секогаш повеќе тежат и имаа поголема реализација, со стратешки добро поставена цел. Така се случи со економските зони и привлекувањето на реномирани имиња во светскиот бизнис, при што конкретно се намали невработеноста и токму во делот каде што имаше најмала квалификуваност на работната рака. Моделот со субвенции во земјоделието го почна ВМРО-ДПМНЕ, притоа, како и во секоја работа имаше и маани и човечки злоупотреби. Но и двете партии треба да го менуваат овој модел, затоа што ваквото земјоделство е неконкурентно на светскиот пазар, а многу површини не се обработуваат и тоа во плодни полиња, затоа што на сопствениците не им се исплаќало да ги работат. Ако се имаат предвид претходните стратешки објекти на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше заживувањето на економските зони, изградбата на експресните патишта и автопатиштата, модернизација на аеродромите, модернизација на железничкиот парк, обновување на возниот парк во Скопје, културните и спортските објекти, справувањето со светската економска криза во 2009 година, воспоставувањето на фискалната дисциплина … тогаш и сегашните ветувања ќе станат реалност. Додека кај СДСМ отсуствува конкретноста за реализација на проектите, а како што видовме и паѓање на стратешките определби за краток период, како прогресивниот данок. Ова е само еден пример, а такви падни-стани работи имаше повеќе во нивниот мандат. Ги прати онаа самобендисаност од времето на СКМ-ПДП, подоцна СДСМ, партија за избрани лица, демек елитна. За спасување и остварување на буџетските цели, го избегнуваа, а потоа го прифатија моделот на ВМРО-ДПМНЕ со домашни задолжувања, кај банките. Макар, овој модел ја става владата во подредена улога спрема банките, па често им удоволува на нивните барања, а тоа на своја кожа најмногу го чувствуваат граѓаните и фирмите. ВМРО-ДПМНЕ во делот на даноците и платите се потпира на веќе испробаните формули кои се прифатливи за стопанствениците, како рамниот данок. Во оваа насока се планирањата и со платите и со пензиите. Бидејќи ова има директен одраз на полнењето на државната каса. Да потсетиме дека е констатирана помала наплата на ДДВ и другите даноци, односно попуштање на фискалната дисциплина. Речи си во секое населено место може да се забележи дека не се издаваат фискални сметки, само заради дневна политика а стратешки лоша определба за државата. Нема сузбивање на сивата економија, иако во времето на пандемијата и карантинот беше идеално да се стави крај. Пак власта попушти пред можните гласачи. За разлика од конкурентите, ВМРО-ДПМНЕ на пати од тоа да се консултира и со домашни и со странски стручни лица. Нешто што во текот на корона-кризата максимално се игнорираше Кампањата им е еднолична во последните три изборни циклуси. Можеби во нивното владеење, по 2002 година, е порелаксираната ситуација во општествените текови, додека ВМРО-ДПМНЕ го карактеризираше стегнатост. Една од најизговараните реченици на сдсмовските функционери е „ние знаеме да решаваме проблеми“, потенцирајќи ги решавањето на спорот за името со Грција и Догворот за добрососедство со Бугарија, и дека тоа ни ги отвора вратите на НАТО и ЕУ. Која е цената за тоа? Тогаш, што да кажеме за Љубчо Георгиевски! Значи, тој бил „Спејс шатл“ кој СДСМ директно го минираше. И зошто изгубивме 20 години?! За Заев да каже дека можел да ги решава проблемите. Дали Бранко Црвенковски беше послаб, понеумешен политичар од Заев? Веројатниот одговор е 103 отсто НЕ! Токму ваквите размислувања на попаметниот ги тераат младите луѓе да си заминуваат од Македонија. Кога на ова ќе се додадат колнењата дека тоа нема да го направат, знај дека те лажат во очи и го прават спротивното – така беше со името, за договорот со Бугарија. А ние своето именување не можеме да го кажеме со еден збор МАКЕДОНЕЦ, туку треба да го објаснуваме … Да, политиката е и компромиси! Политиката е курва, но со строги граници за идентитетот на државата и нацијата за кои многу политичари се жртвувале. Извор: Нетпрес]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/te-gledaat-v-ochi-se-kolnat-i-te-lazat-beleg-na-partiska-programa/feed/ 0
Нетпрес: Вработена во кабинетот на Премиерот, дел од сообраќајка со двајца мртви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-vrabotena-vo-kabinetot-na-premierot-del-od-soobrakjajka-so-dvajca-mrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-vrabotena-vo-kabinetot-na-premierot-del-od-soobrakjajka-so-dvajca-mrtvi/#respond Mon, 04 May 2020 19:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=341611

Вработена во Кабинетот премиерот Оливер Спасовски, вчера учествувала во тешка сообраќајката на патот Куманово – Крива Паланка, при што животот го загубија две лица. Неофицијално, станува збор за Ирма Мандева пишува порталот Нетпрес. Според полицискиот билтен, во 9.40 часот, на местото викано „Чешмиче“, пред селото Страцин, се судриле „фиат пунто“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(55) од селотот Железница и „фиат пунто“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола. Повеќе прочитајте на Нетпрес]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-vrabotena-vo-kabinetot-na-premierot-del-od-soobrakjajka-so-dvajca-mrtvi/feed/ 0
Нетпрес: Поткуп на гласачи во Струмица, вмешан и Вице Заев? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-potkup-na-glasachi-vo-strumica-vmeshan-i-vice-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-potkup-na-glasachi-vo-strumica-vmeshan-i-vice-zaev/#respond Thu, 30 Apr 2020 10:26:45 +0000 https://kurir.mk/?p=339864

Во Струмица бил откриен поткуп на гласачи и непочитување на полицискиот час од страна на активисти на владејачката партија. Се шпекулира дека власта утрово се обидува да сокрие случај на поткупување гласачи и непочитување на полицискиот час, кој полициските службеници го констатирале на територија на општина Струмица. Полициски извори од СВР Струмица утрово за медиумите брифираат дека настан во кој се приведени неколку лица кои се блиски до СДСМ по секоја цена треба да биде сокриен и да на биде евидентиран во полицискиот билтен. Во меѓувреме Нетпрес неофицијално дознава и дека Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лично бил во полициска станица да влијае на полицајците да ги ослободат поткупувачите. Од СДСМ не беа достапни да ја потврдат ниту демантираат оваа информација. Изворите информираат дека станува збор за случај на еклатантно кршење на законите во кој е констатирано злоупотреба на полициските дозволи и за неговото прикривање интервенирале бизнис моќници од Струмица кои се блиски до партијата на власт. Во моментов се врши притисок врз полициските службеници да извршат промена на записниците каде што е констатиран пропустот, а за случајот е запознаен и врвот на МВР кој е близок до СДСМ. Во скопско Ѓорче Петров, пак, се дели брашно на големо, тоа може да се забележи и од снимката која се појави утрово на социјални мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-potkup-na-glasachi-vo-strumica-vmeshan-i-vice-zaev/feed/ 0
„Нетпрес“: Дувлото на лажни вести во Македонија има име – СДСМ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-duvloto-na-lazni-vesti-vo-makedonija-ima-ime-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-duvloto-na-lazni-vesti-vo-makedonija-ima-ime-sdsm/#respond Fri, 21 Feb 2020 14:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=307063

СДСМ е главниот извор на лажни вести во Македонија, и тоа почнувајќи од нејзиниот лидер Зоран Заев, па продолжувајќи преку останатите функционери во партијата. Досега кажаа многу „вистинити“ лаги во името на народот, на држвата, на вистината… Eпилогот е евидентен – јавноста е излажана, а на СДСМ-овци не им фали ништо, анализираат од порталот Нетпрес. -Во пласирањето лажни вести Владата и политичарите од СДСМ се неприкосновени лидери, и тоа на големи теми, а, за жал, засега нема никаква одговорност за тоа, дури и се прават „на Тошо“ и си свиркааат во неофицијално почнатата кампања и повторно кажуваат срцепарателни ветувања, лажења, пишува порталот. Ова е една од поголемите лажни вести пласирани директно од раководството на СДСМ. Најголемата лажна вест, пак, е на сега веќе за среќа поранешниот премиерот Зоран Заев во интервју за „Дојче Веле“ на македонски јазик на 30 јуни 2018 година ја оцени како „историска“ одлуката на ЕУ за датум за отпочнување преговори за членство на Македонија и Албанија, оценувајќи оти консолидацијата на ЕУ ќе биде довршена дури кога Унијата ќе го прифати Западен Балкан. Целата вест, прочитајте ја на НЕТПРЕС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-duvloto-na-lazni-vesti-vo-makedonija-ima-ime-sdsm/feed/ 0
Главниот уредник на Нетпрес, Николовски под кривичен прогон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-urednik-na-netpres-nikolovski-pod-krivichen-progon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-urednik-na-netpres-nikolovski-pod-krivichen-progon/#respond Thu, 26 Sep 2019 10:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=244862

Главниот уредник на НетПрес, Дејан Николовски е под кривичен прогон. Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР денеска дошле во редакцијата на НетПрес по наредба на јавен обвинител. Николовски како што истакна за КУРИР, тие извршиле разговор со него во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра. НетПрес за овој случај во декември, лани, објави серија текстови поткрепени со документација. Инспекторите на МВР од главниот уредник барале информација од каде се добиени документите. -Кривична е постапката, за неовластено прибавување и оддавање на деловна тајна. Денеска дојдоа тројца инспектори, што малку ме зачуди, по наредба на Обвинителство и извршивме разговор баш за време на протестот, вели Николовски за КУРИР. Според документот од Обвинителството, за случајот во тек е кривична постапка за кривично дело Оддавање и неовластено прибавување на деловна тајна по член 281 од Кривичниот законик. Инаку, разговорот со Николовски, инспекторите го воделе за време додека новинари протестираат за слобода на говорот пред Основното јавно oбвинитeлство и пред Сyдовите, на мирниот протест кој го организираше МАН. Ваквата реакција на МАН следува по се поголемиот и cилен политички пpитиcoк врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку пpaвосудниот систем. На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апceња и пpoгони!- е мото на протестот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-urednik-na-netpres-nikolovski-pod-krivichen-progon/feed/ 0
Додека новинарите протестираат против апceња и пpoгони, полицијата упадна во редакцијата на Нетпрес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-novinarite-protestiraat-protiv-apcenja-i-ppogoni-policijata-upadna-vo-redakcijata-na-netpres/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-novinarite-protestiraat-protiv-apcenja-i-ppogoni-policijata-upadna-vo-redakcijata-na-netpres/#respond Thu, 26 Sep 2019 09:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=244844

Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР утринава дојдоа во редакцијата на НетПрес по наредба, како што рекоа, на јавен обвинител, пренесува порталот. Тие извршија разговор со главниот уредник на НетПрес, Дејан Николовски, а во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра. НетПрес за овој случај во декември, лани, објави серија текстови поткрепени со документација. Инспекторите на МВР од главниот уредник бараа информација од каде се добиени документите. Според документот од Обвинителството, за случајот во тек е кривична постапка за кривично дело Оддавање и неовластено прибавување на деловна тајна по член 281 од Кривичниот законик. Инаку како што е познато во јавноста, токму за овој случај неколку месеци по објавите на НетПрес, беа објавени и аудио снимки. Инаку, новинарите во моментов протестираат пред Основното јавно oбвинитeлство и пред Сyдовите. МАН ги повикува новинарите и слободумните граѓани да се придружат на денешниот пpoтecт за слобода на говорот. Ваквата реакција на МАН следува по се поголемиот и cилен политички пpитиcoк врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку пpaвосудниот систем. Мотото на пpoтестот е: На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апceња и пpoгони!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-novinarite-protestiraat-protiv-apcenja-i-ppogoni-policijata-upadna-vo-redakcijata-na-netpres/feed/ 0
„НЕТПРЕС“: Полицаец кадар на ДУИ осомничен за свирепото убиство во Прилеп (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/netpres-policaec-kadar-na-dui-osomnichen-za-svirepoto-ubistvo-vo-prilep-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/netpres-policaec-kadar-na-dui-osomnichen-za-svirepoto-ubistvo-vo-prilep-foto/#respond Sat, 15 Sep 2018 10:31:07 +0000 https://kurir.mk/?p=101273

Полицијата го откри и го приведе сторителот на свирепото убиство на 36-годишниот Бекир А. од Битола, што се случило вчера околу 16.30 часот на патот за селото Беловодица, прилепско, потврдува Маријана Илиеска, обвинител во прилепското јавно обвинителство кое правеше увид, пренесува МИА.

Станува збор за 23-годишниот Енвер Т., полицаец од СВР Битола, кој од битолската е доведен на распит во прилепската полиција. Тој во СВР Битола е вработен во 2015.

Неофцијално, убиството е направено по нарачка. Тој го земал во кола Бекир и го однел во селото каде што го застрелал и го запалил. -Ноќеска е откриен сторителот на свирепото убиство. Полицаецот од СВР Битола Е.Т, роден 1995 година го призна убиството и сега е на распит во прилепската полиција, потврдува Илиеска.

Прилепското обвинителство го смета за свирепо убиство. Вчера во 16.30 часот телото на патот за селото Беловодица го пронашол прилепчанец кој најверојатно се упатил на риболов во блиското езеро.

-Телото беше делумно изгорено, главно на главата но препознатиливо на лицето. Во себе имаше и документи за идентификација и станува збор за 36-годишен Б.А од Битола. Покрај телото се пронајдени траги од два автомобила од кои едниот, најверојатно голф и констатирано е дека е со битолски регистерски таблички. Околу телото се пронајдени четири чаури и едно зрно, најверојатно од пиштол што треба да го утврди вештачењето. Убиството е извршено свирепо. Наредена е обдукција, изјави Илиеска.

Полицијата го обезбедува местото. Малкуте жители во селото Беловодица не виделе ништо. Педесет и едногодишната Блага Мицеска вели дека нејзиниот сопруг само ги слушнал истрелите.

-Мојот домаќин слушнал пет-шест пати како пукнало. Изгледало како да е од пиштол, ама друго не знае. Беше да ги напасува кравите. Си ги прибрал потоа и си дошол дома. Јас со синот не знаевме ништо но кога се враќавме во селото имаше многу автомобили, полицајци.

Од СВР Битола велат дека МВР во текот на денот ќе информира случајот.

Извор: НетПрес]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/netpres-policaec-kadar-na-dui-osomnichen-za-svirepoto-ubistvo-vo-prilep-foto/feed/ 0
„НетПрес“: Ги враќа ли Заев долговите кон арачиновското подземје? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-gi-vrakja-li-zaev-dolgovite-kon-arachinovskoto-podzemje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-gi-vrakja-li-zaev-dolgovite-kon-arachinovskoto-podzemje/#respond Tue, 24 Jul 2018 16:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=80605

Браќата Наим и Рамиз Асани од Арачиново, осудени на доживотната казна затвор за трикаратното убиство во интернет кафуле во Чаир од затворот „Идризово“  се префрлени во Истражниот затвор „Скопје“. Причина за трансферот е ново судење за случајот, пишува НетПрес. Информацијата за Нетпрес ја потврди директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски. -Можам да потврдам дека двајцата осуденици се префрлени во истражниот затвор „Скопје“ по наредба на Кривичен суд Скопје поради започнување на нова судска постапка за случајот во кој Наим и Рамиз Асани беа осудени на доживотен затвор, изјави Мојсоски. Браќата Асани уште во 2008 година беа осудени на максимална казна затвор за едно од најбруталните повеќекратни убиства. Двајцата беа осудени за масакрирањето на три момчиња во интернет кафето 21 во близина на ТЦ „Чаирчанка“. Тие се товареа дека пролетта во 2006 година со автомобил марка „БМВ“ застанале пред интернет кафето, каде што имало повеќе малолетници, излегле од возилото и отвориле оган од автоматски пушки. Во нападот на интернет кафето беа убиени Ибиши Раметула (20) и браќата Енѓин (13) и Енис (17) Исмаили. Во престрелката беа ранети уште шест лица на возраст од 20 до 34 години – Х.М. (23), Б.Б (24), Р.Ш. (25), А.Н. (34), Г.К.(20) и С.Р (21). Престрелката се случила околу 23 часот и 45 минути во интернет кафе „21“ на улицата „Стојна Стефкова“, кога од засега непознати лица од возило, со автоматско оружје отвориле оган кон објектот во време кога внатре имало повеќе лица. -Полицијата тогаш соопшти дека до крвавата престрелка дошло поради нерасчистени односи помеѓу две криминални групи, а мотивот бил крвна одмазда за убиството на Агим Асани (26) од Арачиново. Тој беше убиен во јануари 2006 година на паркингот пред стоковната куќа „Илинден“, откако го изрешетаа четири вооружени лица, за кои полицијата тогаш соопшти дека и’ се познати. И тогаш причината за убиството беа нерасчистени сметки помеѓу криминалните групи. Браќата Асани беа поврзувани и со убиството на полицајците Ерол Готак, Аце Ангеловски и Кире Петрушевски, злосторство сторено на 11 јануари 2000 година на влезот во селото Арачиново. Заедно со нив, беа обвинети и Лирим Динарица, Муча Бајрами, Башким Асани и Емрула Емрулај, сите од Арачиново, но по долгогодишен процес судот ги ослободи. СДСМ по доаѓањето на власт, како едно од првите ветувања кои ги реализираше беше амнестија за 850 криминалци кои беа осудени на казна затвор, пишува НетПрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-gi-vrakja-li-zaev-dolgovite-kon-arachinovskoto-podzemje/feed/ 0
НетПрес ексклузивно дознава: Убиецот на Мартин Нешковски пуштен од затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-ekskluzivno-doznava-ubiecot-na-martin-neshkovski-pushten-od-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-ekskluzivno-doznava-ubiecot-na-martin-neshkovski-pushten-od-zatvor/#respond Tue, 24 Jul 2018 10:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=80367

Убиецот на Мартин Нешковски, специјалецот Игор Спасов кој во 2012 година беше осуден на казна затвор од 14 години излегол од затворот во Идризово и во моментов се наоѓа во својот дом во Штип, дознава НетПрес. По само 6 години затвор за убиството на Мартин Нешковски Спасов е пуштен од затвор под неразбирливо образложение дека има потреба од домашно лекување. Засега официјалните институции се недостапни за понатамошни објаснувања во врска со овој случај. Нејасно е зошто доколку имало потреба од лекување не се користи арестанското медицинско оделение туку Спасов веќе се наоѓа во својот дом во Штип. Инаку, Игор Спасов минатата година оствари и средба и се ракуваше со премиерот Зоран Заев, кој го посети затворот Идризово. Во меѓувреме Владата донесе и одлука за амнестија, со која повеќе од 800 осудени криминалци и сторители на кривични дела добија едлумно или целосно ослободување од затворските казни. Како што е веќе познато во јавноста, СДСМ и и припадниците на т.н. Шарена револуција протестираа постојано во изминатите години за случајот Нешковски и бараа правна разрешница, завршува текстот на НетПрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-ekskluzivno-doznava-ubiecot-na-martin-neshkovski-pushten-od-zatvor/feed/ 0