неухранетост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 06:00:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неухранетост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Околу 1,4 милиони деца под петгодишна возраст од Јужен Судан страдаат од неухранетост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-1-4-milioni-deca-pod-petgodishna-vozrast-od-juzen-sudan-stradaat-od-neuhranetost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-1-4-milioni-deca-pod-petgodishna-vozrast-od-juzen-sudan-stradaat-od-neuhranetost/#respond Fri, 14 Oct 2022 05:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=745055

Во Јужен Судан, земја која се бори со тешка криза со глад поради честите поплави и вооружените конфликти, околу 1,4 милиона деца, на возраст под пет години, страдаат од неухранетост, предупреди денеска невладината организација „Спасете ги децата“(Save the Children). Најмладата земја во светот, жртва на политичко-етничко насилство и хронична нестабилност од нејзината независност од Судан во 2011 година, четврта година по ред е опустошена од поплавите, кои и годинава зафатија девет од десет нејзини региони. Податоците на ОН покажуваат дека 8,9 милиони жители или 71 отсто од населението имаат потреба од хуманитарна помош. „Меѓу нив има 1,4 милиона деца, на возраст под пет години, кои страдаат од неухранетост“, се наведува во соопштението на невладината организација. „Ситуацијата се влоши во последните месеци бидејќи повеќе од 615.000 лица четврта година по ред се погодени од невидена поплава која уништи куќи и посеви и предизвика зголемување на случаите на маларија и каснување од змии, особено кај жените и децата “, наведуваат од организацијата „Спасете ги деацата“ . Националната валута на оваа источно-африканска земја годинава загуби 40 отсто од вредноста, што доведе до зголемување на цените на увозните производи, на што влијае и војната во Украина, посочува истиот извор. -Јужен Судан е меѓу петте земји во светот што се најранливи на климатските промени, изјави Џиб Рабилтосапорн, директор на организацијата „Спасете ги децата“ за Јужен Судан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-1-4-milioni-deca-pod-petgodishna-vozrast-od-juzen-sudan-stradaat-od-neuhranetost/feed/ 0
Телото ви ги дава овие знаци дека не јадете доволно, не ги игнорирајте! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/teloto-vi-gi-dava-ovie-znaci-deka-ne-jadete-dovolno-ne-gi-ignorirajte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/teloto-vi-gi-dava-ovie-znaci-deka-ne-jadete-dovolno-ne-gi-ignorirajte/#respond Fri, 01 Apr 2022 20:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=657007

Вишокот килограми и прејадувањето се голем проблем присутен кај многу луѓе, но постои и другата крајност која исто така предизвикува здравствени проблеми, а тоа е неухранетост. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека не јадете доволно: Низок шеќер во крвта Хипогликемијата е еден од првите симптоми на неухранетост. Прескокнувањето на оброците или консумирањето помала количина на храна од вообичаено во комбинација со физичка активност предизвикува големи и нагли падови на шеќерот во крвта кој се манифестира како чувство на глад заедно со потење на дланките, треска и општа слабост. Не слабеете, но губите мускулна маса Спротивно на општото мислење, понекогаш консумирањето повеќе храна може да ви помогне да ослабете. Ако не го храните вашето тело со хранливите состојки кои му се потребни, тоа ќе чува резерви на масти и наместо нив, ќе ги согорува мускулите за да добие енергија. Губењето на мускулна маса ќе го забави вашиот метаболизам, а со самото тоа и процесот на губење килограми. Недостаток на енергија и чувство на замор Во случај на неухранетост вашето тело не ги добива потребните хранливи состојки, калории и витамини кои му се потребни за да функционира нормално. Поради тоа постојано се чувствувате уморно и слабо, а енергија речиси воопшто немате. Обидете се да се држите до златното правило за 3 оброци дневно и две мали ужини. На овој начин ќе го регулирате нивото на глукоза во крвта и ќе го спречите наглото губење на енергија. Постојано ви е ладно Кога не внесувате доволно калории, вашата телесна температура се снижува. Поточно, телото не може да ја произведува и одржува потребната топлина без калории. Исто така, внесувањето ограничен број на калории влијае на работата на одредени хормони, како што се хормоните на штитната жлезда, што исто така може да предизвика ниска температура. Постојано чувство на глад Ова е најочигледниот симптом на неухранетост. Логично е дека ако је одбегнувате храната, постојано ќе бидете гладни. Меѓутоа, постојат и случаи кога луѓето јадат често, а сепак чувствуваат глад. Тогаш проблемот е во храната што ја консумираат, полна со јаглехидрати без добри масти и протеини. Сите едноставни јаглехидрати се всушност шеќери и тие се добар моментален и брз извор на енергија бидејќи телото брзо ги обработува. Но, по некое време ќе почувствувате глад. Тоа значи дека треба да јадете повеќе комплексни јаглехидрати и протеини бидејќи нив телото брзо ги вари и подолго време ќе се чувствувате сити и полни со енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/teloto-vi-gi-dava-ovie-znaci-deka-ne-jadete-dovolno-ne-gi-ignorirajte/feed/ 0
УНИЦЕФ: На децата мигранти во Мексико им се закануваат болести и неухранетост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-na-decata-migranti-vo-meksiko-im-se-zakanuvaat-bolesti-i-neuhranetost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-na-decata-migranti-vo-meksiko-im-se-zakanuvaat-bolesti-i-neuhranetost/#respond Thu, 09 Dec 2021 07:05:41 +0000 https://kurir.mk/?p=605947

Илјадници деца мигранти во импровизиран камп во јужно Мексико се изложени на ризик од неухранетост, болести и одвојување од нивните семејства, предупреди УНИЦЕФ. Во кампот подигнат до фудбалскиот стадион во јужниот мексикански град Тапачулa, илјадници мигранти, меѓу кои многу деца, чекаат одговор на барањето за азил или хуманитарна виза. Во видео порака, заменик-претставничката на УНИЦЕФ во Мексико Пресија Арифин-Кабо предупреди дека ситуацијата е критична. – Многумина се загрижени поради ширењето на Ковид, рече таа. – Освен тоа, има многу ѓубре, а мигрантите немаат ни пристап до вода за пиење и хигиена, а исто така им недостига и храна. УНИЦЕФ е особено загрижен поради можноста за разделување на семејствата, а многу семејства по пат ги загубија документите, додаде Арифин-Кабо. Мексиканските власти се обидоа да го расформираат кампот, кој се наоѓа во близина на границата со Гватемала и почнаа да ги преместуваат мигрантите од Тапачула во други делови на земјата, ветувајќи дека ќе го регулираат нивниот статус. Според официјалните податоци, околу 40 отсто од 84.600 бегалци кои доаѓаат во Мексико се малолетни. Многу мигранти се надеваат дека ќе можат да побараат азил во САД, кои минатата недела повторно ги започнаа Протоколите за заштита на мигрантите, според кои барателите на азил мораат да чекаат во Мексико на сослушување од страна на американските имиграциски власти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-na-decata-migranti-vo-meksiko-im-se-zakanuvaat-bolesti-i-neuhranetost/feed/ 0
Повеќе луѓе умираат поради дебелина отколку од неухранетост https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/povekje-lugje-umiraat-poradi-debelina-otkolku-od-neuhranetost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/povekje-lugje-umiraat-poradi-debelina-otkolku-od-neuhranetost/#respond Wed, 03 Oct 2018 19:56:34 +0000 https://kurir.mk/?p=110412

Според истражувањето на здравствената состојба во светот, спроведено во 187 земји, од дебелина можат да починат повеќе луѓе отколку од неухранетост. На глобално ниво, како што покажува истражувањето, поради дебелина има трипати повеќе смртни случаи отколку од неухранетост. Во земјите од северната хемисфера, дебелината во 2010 година била предизвикувач на смртта кај 3,4 милиони лица, а неухранетоста кај помалку од еден милион луѓе. За 20 години, како што сметаат експертите, се премина од свет каде луѓето страдаа за храна до свет во кој луѓето имаат проблеми со болести поврзани за многу масна и калорична исхрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/povekje-lugje-umiraat-poradi-debelina-otkolku-od-neuhranetost/feed/ 0