неуставен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Feb 2020 17:29:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png неуставен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анализа на Каракамишева-Јовановска: Спорна е целата постапка на носење на новиот Закон за ЈО! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-tanja-karakamisheva-jovanovska-sporna-e-celata-postapka-na-nosenje-na-noviot-zakon-za-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-tanja-karakamisheva-jovanovska-sporna-e-celata-postapka-na-nosenje-na-noviot-zakon-za-jo/#respond Thu, 13 Feb 2020 16:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=303186

Целата постапка на донесување на новиот закон за јавно обвинителство е спорна како од аспект на непочитување на Деловникот на Собранието, Уставот и законот за Собранието, така и од аспект на непочитување на Деловникот на Владата на Македонија, вели  проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска во обемната анализа за Курир. Таа во анализата на јавноста пластично и едноставно и’ ја објаснува и скриената, тајна амнестија на врхушката на СДСМ во новиот Закон за ЈО, како и незаконитоста на вметнувањето на Бадентер и албанскиот јазик во правосудството. Ја потсетува јавноста дека правната лакрдија со предлогот на законот започна уште со јавната дискусија која беше организирана од страна на Комисијата за политички систем, како нематично работно тело, надвор од сите деловнички процедури. Целата постапка е промашена и прекршена од самиот почеток, потенцира таа.   Не се работело за точки и запирки, туку за вметнување на Бадентер и абанскиот јазик  Имено, вели професорката по Уставно право, поднесувањето на предлогот на законот е клучен момент за да започне законодавната постапка. Станува збор за важно претходно прашање кое е поврзано со одржувањето на јавната дискусија, а познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требало најнапред да помине на прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно телоОва не се случи, а со него и потребната општа расправа која требаше да произведе одлука на Собранието дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапкаДури по тоа следува јавната расправа. Прашањето е, потенцира Каракамишева-Јовановска, зошто ништо од ова што е предвидено во Деловникот на Собранието не е испочитувано? Каракамишева-Јовановска: Второ, откако беше доставена една верзија на предлогот на законот за јавното обвинителство во Собранието, а која верзија била усвоена на седница на Влада во неделата, министерката за правда по средбата со Али Ахмети и Таљат Џафери одлучи да ја повлече усвоената верзија на предлогот на законот, и брзопотезно да достави нова верзија на предлогот на законот, за која верзија на прес-конференција ја убедуваше јавноста дека е верзија во која биле извршени само технички корекции во предлогот на законот. Но, од она што информираа медиумите за „техничките“ корекции, се виде дека воопшто не станувало збор за ситни исправки, туку за суштински измени кои се однесувале на примената на одредбите од законот за јазиците во работата на Советот на обвинители, како и за внесување на Бадентеровото мнозинство при изборот на обвинителите во ОЈО за организиран криминал и корупција. Исто така во новата верзија имало разлика и во чл. 113 од предлогот на законот, каде во усвоената верзија од владата стоело дека законот влегувал во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, а се применува од 30 јуни 2020г., додека во новата верзија, која не била усвоена во Влада, чл. 113 гласи „Овој закон се објавува во „Службен весник“, а влегува во сила и ќе отпочне да се применува од 30 јуни 2020 година“, што е суштинска, а не техничка измена. Практично од овие измени се гледа дека не станува збор за технички корекции, не недостасуваат точки и запирки во предлогот на законот како што не убедуваше власта, туку станува збор за конкретни измени на членови во усвоената верзија на предлогот на законот кои не се поминати на влада што претставува флагрантно кршење на Деловникот на Владата, но и на Деловникот на Собранието. Спорен е и дополнително вметнатиот Бадентер за избор на обвинители, затоа што во правосудните органи до сега никогаш не се применувало бадентерово мнозинство.   Каракамишева-Јовановска ја објаснува скриената, тајна амнестија на врхушката на СДСМ во новиот Закон за ЈО Член 110 е вистински правен кошмар.  Со овој подметнат член на законски начин се гарантира неказнивост на СДС, а казнивост и политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ, за првите нема да важат прислушувани материјали, за вторите важеја и повеќе од три години се малтретираа луѓе по судови што е класична нееднаквост на сите пред законот. Индициите, или постапувањето по допрен глас  од секогаш се сметале за основа од која јавниот обвинител тргнува во истрагата, така што оваа законска формулација е класично правничко незнаење. Став 1 на чл.110 е признание на СДС дека СЈО беше главна фарса која што тие со помош на странскиот фактор криво ја насадија во правниот систем. Во ниту една земја НЕЗАКОНСКИ прислушувани материјали не се докази и врз нив не може да се заснова обвинение, ниту судска одлука. Решението од целиов овој циркус во правниот систем требаше да биде ПОНИШТУВАЊЕ на законот за СЈО со што ќе се поништеја сите правни последици кои овој закон ги создаде на дискриминрачки начин. Со вакви преодни и завршни одредби во предлогот на законот само се потврди тезата дека СДС дојде на власт на неџаконски начин со злоупотреба на правото.   Зошто законот се бутка на мускули со европски знаменца и без почитување на Венецијанската комисија?  Со предлогот на законот се игнорира мислењето на Венецијанската комисија во делот на потребата од отстранување на оние проблематични одредби од законот за употребата на јазиците што се однесуваат на работата на правосудните органи. Токму Венецијанската комисија, потсетуваКаракамишева-Јовановска,  и препорачува на Владата да отстрани двојазичност во работата на правосудните органи поради кршење на бројни човекови права, но и права поврзани со судење во разумен рок. Власта не само што не ги измени овие одредби, туку и натаму продолжува со нивната примена и се однесува како да не постои мислењето на Венецијанската комисија. Зошто, прашува универзитетската професорка во анализата за Курир,  министерката за правда го бутка овој предлог на закон по скратена постапка, буквално на мускули иако примената на истиот треба да започне на 30 јуни, 2020 година? Каракамишева-Јовановска: Индикативно е дека на власта премногу и се брза да го донесе законот дури и во услови на повреда на законодавната постапка. Да ја потсетиме власта дека согласно член 135 од Деловникот на Собранието на РМ се бара, воведот на законот со европско знаменце, покрај вообичаените елементи, како што се, оцена на состојбите во областа што треба да се уреди и причините за неговото донесување, целите, начелата и основните решенија на предлогот на закон, оцена на финансиските последици врз буџетот и другите јавни финансиски средства, како и процена на финансиските средства потребни за спроведување на законот, да содржи и повеќе прегледи и последици што ќе произлезат од предложените решенија.  Професорката по Уставно право ја потсетува министерката дека во член 135, став 5 од Деловникот е наведено дека со предлогот на закон се поднесува и изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и јасно наведување на правниот акт на Европската унија со кој е извршено усогласувањето. Каракамишева-Јовановска: Да го потсетиме и Таљат Џафери дека согласно член 136 од Деловникот: „Ако предлогот на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој деловник, претседателот на Собранието, пред да го достави на пратениците, ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена од барањето на претседателот на Собранието се смета дека предлогот на законот не е поднесен“. Дали Џафери толерира незаконитост со игнорирањето на оваа деловничка обврска?   Законот за јавното обвинителство  е неуставен и спротивен на европските стандарди  Професорката за Курир посочува дека предлогот на законот за јавното обвинителство и натаму е неуставен и спротивен на европските стандарди. Се форсира комплетно преземање на кадарот и надлежноста на СЈО во ОЈО за организиран криминал и корупција без да се имаат предвид елементарни правни правила. Специјалното јавно обвинителство имаше специјална надлежност да постапува по незаконски прислушуваните материјали, нешто што како надлежност го нема во редовното обвинителство. Каракамишева-Јовановска: Значи, ОЈО за организиран криминал и корупција ќе постапува по предмети за кои нема стварна надлежност да постапува што е незаконски. Исто така, специјалните обвинители се веќе преземени од страна на државниот јавен обвинител и тие продолжија да постапуваат по предметите и покрај тоа што не се избрани за обвинители во ОЈО за организиран криминал поради што тие немаат законско овластување да постапуваат по предметите. Јовевски се дрзна да ги преземе предметите и обвинителите од СЈО на незаконски начин, со некакво сомнително писмо потпишано од Катица Јанева, обвинителка која е оддалечена од работното место бидејќи се наоѓаше во притвор, а сега во куќен притвор. Обвинител оддалечен од работно место нема законско право да потпишува согласност за преземање на предмети и кадар од страна на Јовевски. Она што е натаму спорно во предлогот на законот е што е уредено прашање на кривично гонење, прашање што детално е уредено во законот за кривичната постапка. Таа наведува и дека предлогот на законот е спорен и конфузен и во делот на принципот на хиерархија и субординација , како и дека никаде во предлогот на законот не е разработена НЕЗАВИСНОСТА (надворешна, внатрешна, објективна, субјективна) на јавното обвинителство, европска вредност содржана и детално разработена во сите документи на Советот на Европа, Венецијанската комисија, Европската мрежа на судството и на јавното обвинителство. Каракамишева-Јовановска наведува редица колизии на законот со правото и праксата. Државниот јавен обвинител мора да остане главен и највисок орган во јавното обвинителство, а не како што е сега случајот Јавниот обвинител на ОЈО за организиран криминал и корупција да може да му се наметнува над Државниот обвинител по сила на закон. Сериозни проблеми се гледаат и во фактот - кој и во каква постапка ќе ја оценува работата на државниот јавен обвинител, особено поради моментот што во точката 7.  ОЦЕНУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ, во член 36 од предлогот на законот не е наведено КОЈ, ниту во каква постапка ќе ја оценува работата на Државниот Јавен обвинител, наведува проф. д-р Каракамишева – Јовановска во обемната анализа на пропустите и нелогичностите соддржани во прелог-законот за ЈО.      ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-tanja-karakamisheva-jovanovska-sporna-e-celata-postapka-na-nosenje-na-noviot-zakon-za-jo/feed/ 0