невакцинирани лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Dec 2021 12:26:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невакцинирани лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЗ:67% од новите случаи со Ковид 19 се невакцинирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-67-od-novite-sluchai-so-kovid-19-se-nevakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-67-od-novite-sluchai-so-kovid-19-se-nevakcinirani/#respond Fri, 31 Dec 2021 12:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=615178

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 30 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 30.12.2021 на територија на државата 69.242 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2447 лица со Ковид 19, 1913 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 22% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-67-od-novite-sluchai-so-kovid-19-se-nevakcinirani/feed/ 0
Невакцинираните од Ковид-19 во оваа држава сами ќе си ги плаќаат трошоците за лекување? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevakciniranite-od-kovid-19-vo-ovaa-drzava-sami-kje-si-gi-plakjaat-troshocite-za-lekuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevakciniranite-od-kovid-19-vo-ovaa-drzava-sami-kje-si-gi-plakjaat-troshocite-za-lekuvanje/#respond Thu, 23 Dec 2021 15:40:42 +0000 https://kurir.mk/?p=612211

Властите на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс предложија лицата кои не примиле вакцина против Ковид-19 да ги плаќаат трошоците за болничко лекување. Властите тврдат дека невакцинираните пациенти се неодговорни и претставуваат голем трошок за даночните обврзници и затоа предлагаат сами да си го плата своето лекување. Голем број политичари и лекари се изјаснија против предлогот и тврдат дека здравствената нега во Австралија мора да е достапна за секого. Членовите на австралиската федерална Влада се скептични кон предлогот, додека Австралиската медицинска асоцијација соопшти дека истиот е неетичен, а можеби не е во согласност со законот. Претседателката на австралискиот Кралски медицински колеџ Карен Прајс истакна дека предлогот ќе ги погоди сиромашните или помалку образованите заедници. Меѓу невакцинираните лица има голем број на недоволно информирани или немаат пристап до вакцини и од таа гледна точка не би било етички да се применува овој принцип, наведе Прајс. Во Австралија, 90 проценти од тие кои имаат пристап до вакцини се целосно вакцинирани. Во Нов Јужен Велс во еден ден се регистрирани 5.715 новозаразени лица, што е рекорд во Австралија од почетокот на пандемијата. Западна Австралија беше првата што воведе задолжителна вакцинација за одредени групи на население. Негативен тест е потребен за патување меѓу австралиските сојузни држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevakciniranite-od-kovid-19-vo-ovaa-drzava-sami-kje-si-gi-plakjaat-troshocite-za-lekuvanje/feed/ 0
Парламентот на Ерменија усвои закон со кој можат да се отпуштаат невакцинирани работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-ermenija-usvoi-zakon-so-koj-mozat-da-se-otpushtaat-nevakcinirani-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-ermenija-usvoi-zakon-so-koj-mozat-da-se-otpushtaat-nevakcinirani-rabotnici/#respond Fri, 10 Dec 2021 15:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=606770

Парламентот на Ерменија денеска усвои закон кој ќе им овозможи на работодавачите да отпуштаат работници кои одбиваат да дадат доказ за вакцинација против Ковид-19 или негативен резултат од тестот. Новото правило следи по наредбата од август на Министерството за здравство со која се бара од ерменските граѓани да им достават на своите работодавачи доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест на секои две недели или ќе бидат казнети. „Доколку работникот не достави потврда за вакцинација или негативен тест за Ковид-19, работодавачот има право да го отстрани од работа, да му ја суспендира платата и да го отпушти доколку отсуствува 10 работни дена од работа поради таа причина, рече заменик министерот за труд и социјални прашања Рубен Саргсјан. Тој прецизира дека новиот услов за вакцинација нема да важи за претседателот на земјата, премиерот, замениците, народните правобранители, судиите на Уставниот суд и другите функционери. „Овој исклучок е воспоставен затоа што овие функции се или (институционални), како што е случајот со замениците или нивните носители се именувани во согласност со Уставот“, рече Саргсјан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-ermenija-usvoi-zakon-so-koj-mozat-da-se-otpushtaat-nevakcinirani-rabotnici/feed/ 0
Нови правила за невакцинирани работници во Германија – нема плата за време на карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-pravila-za-nevakcinirani-rabotnici-vo-germanija-nema-plata-za-vreme-na-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-pravila-za-nevakcinirani-rabotnici-vo-germanija-nema-plata-za-vreme-na-karantin/#respond Wed, 22 Sep 2021 14:43:18 +0000 https://kurir.mk/?p=566936

Германските здравствени власти планираат нови правила според кои невакцинираните работници нема да добијат надомест на плата доколку мерките за коронавирус ги принудат на карантин. Новите правила ги подготвува германското Министерство за здравство, и треба да стапат во сила најдоцна на 11 октомври. Новите правила ќе влијаат на луѓето кои се позитивни на коронавирус, како и оние што се враќаат од патувања од земји означени – „висок ризик“, кои сега ги вклучуваат Велика Британија, Турција и делови од Франција. Невакцинираните патници од такви земји мора да бидат ставени во карантин најмалку пет дена, а не е задолжително оние што се вакцинирани или неодамна се опоравиле од вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-pravila-za-nevakcinirani-rabotnici-vo-germanija-nema-plata-za-vreme-na-karantin/feed/ 0
Четвртиот бран на пандемијата е „бранот на невакцинираните“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrtiot-bran-na-pandemijata-e-branot-na-nevakciniranite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrtiot-bran-na-pandemijata-e-branot-na-nevakciniranite/#respond Wed, 08 Sep 2021 16:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=561065

Осумдесет и шест проценти од сериозно болните пациенти со Ковид-19 во најнаселената германска покраина Северна Рајна-Вестфалија не се вакцинирани. Одбивањето на имунизација на некои Европејци е во основата на четвртиот бран на инфекцијата, се наведува во анализа на Дојче веле. Поради драстично растечката инциденца на невакцинирани против коронавирус, медицинските лица и политичарите во Германија предупредуваат на претстојниот „бран на невакцинирани“. – Четвртиот бран е во тек. Тој ќе биде поспецијален бидејќи ќе влијае на невакцинираните луѓе. Луѓето треба да бидат свесни дека оние кои не се вакцинираат, кога било ќе се заразат. Некои од овие луѓе ќе се разболат, понекогаш со опасност по животот, изјави шефот на Универзитетската клиника во Есен, професор Јохан Вернер. Минатата недела, министерот за здравство на Северна Рајна-Вестфалија, Карл-Јозеф Лауман истакна дека 86 отсто од сериозно болните пациенти со коронавирус, кои се хоспитализирани во покраината, не биле вакцинирани. Локалните здравствени власти испитуваат дали е можно да се води посебна статистика за морбидитетот кај неимунизираните лица. Според достапните информации, инциденцата кај вакцинираните е значително помала. Портпарол на Министерството за здравство на Северна Рајна-Вестфалија рече дека веќе може да се зборува за „пандемија меѓу невакцинираните“. Во јули и август бројот на лица заразени со коронавирус на Универзитетската клиника во Есен, која е еден од најголемите германски центри за лекување на Ковид-19, значително се зголеми. Три четвртини од вкупно 142 пациента не биле вакцинирани во овој период, а половина од нив биле на возраст под 50 години. Покрај 75 проценти од 142-те лица за кои станува збор, кои биле хоспитализирани во јули и август и кои не биле вакцинирани, 11 проценти биле вакцинирани со само една доза, а 13 проценти биле целосно вакцинирани. Директорот на Универзитетската клиника во Есен, исто така, вели дека зголемениот број ковид-пациенти примени во болницата ќе има негативно влијание врз грижата за сите други пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrtiot-bran-na-pandemijata-e-branot-na-nevakciniranite/feed/ 0
Филипче: Невакцинираните лица ќе можат да одат на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-nevakciniranite-lica-kje-mozat-da-odat-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-nevakciniranite-lica-kje-mozat-da-odat-na-rabota/#respond Sun, 08 Aug 2021 15:31:45 +0000 https://kurir.mk/?p=548068

Свадбите и прославите на затворено се забрануваат. На кафе, концерт, спортски натпревар, работилници и разни културни манифестации каде има повеќе од 30 присутни ќе се бара потврда за примена најмалку една доза КОВИД вакцина. Ова се новите мерки кои стапуваат на сила на 16 август и ќе важат за полнолетните лица. -Сертификат засега нема да се бара за влез во трговските центри ниту во фирмите и претпријатијата со над 30 вработени, објасни министерот за здравство Венко Филипче. Допрва ќе се прават координации со останатите надлежни институции кој и како ќе ги проверува КОВИД сертификатите на влезот од објектите. Филипче вели дека овие мерки биле нужни бидејќи нагло се зголемиле бројките на заразени и хоспитализирани а анализите покажале дека вирусот најмногу го шират неимунизираните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-nevakciniranite-lica-kje-mozat-da-odat-na-rabota/feed/ 0