невакцинирани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 17:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невакцинирани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Велес и велешко започна теренската вакцинација на невакцинирани деца од претшколска и школска возраст во рамките на кампањата „Од врата до врата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=895479

Екипа на Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен дом Велес денеска започна со теренска вакцинација за претшколски и школски деца кои не се вакцинирани,а во рамките на кампањата „Од врата до врата“. Децата ќе добиваат вакцини според календарот за вакцинација на деца од претшколска и школска возраст, информира д-р Марина Тодоровска координатор на кампањата за теренска вакцинација од оваа јавна здравствена установа. -Во зависност кое дете ќе го пронајдеме, која вакцина е пропуштена, со таа ќе го вакцинираме. Целта на оваа кампања е да се подигне свеста и разбирањето за важноста на имунизација и придобивките од вакцинација, информира д-р Тодоровска. Таа појасни дека 12 теренски посети во наредните денови ќе извршат пет тима. Од тие пет теренски посети се во Велес, а седум во населените места во Општините Велес, Градско и Чашка. Д-р Тодоровска информира дека семејствата кои ги немаат вакцинирано децата се најмногу од ранливите категории. За нив ќе одржат и едукативни предавања и ќе им ја појаснат предноста од добивањето на вакцината која е многу важна за понатамошно здравје на нивните деца и заштита од многу болести. Кампањата „Од врата до врата“ ја организира Министерството за здравство и Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. Воедно д-р Тодоровска информира дека во рамките на овие теренски посети како новина ќе вакцинираат и против сезонски грип. Со тоа нивните екипи на терен ќе можат да ги вакцинираат и сите ранливи категории граѓани, над 65 години возраст, со хронични болести, трудници, деца од шест месеци до шест години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/feed/ 0
Италија ги враќа на работа лекарите кои не се вакцинирани против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-vrakja-na-rabota-lekarite-koi-ne-se-vakcinirani-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-vrakja-na-rabota-lekarite-koi-ne-se-vakcinirani-protiv-koronavirusot/#respond Fri, 28 Oct 2022 12:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=751820

Италијанските лекари и медицинскиот персонал, кои беа суспендирани од работа бидејќи не биле вакцинирани против Ковид 19, наскоро ќе бидат вратени на работа, соопшти денеска новоименуваниот министер за здравство, Орацио Сцилачи. Овој потег е мотивиран од загрижувачкиот недостиг од медицински персонал, како и од намалениот број на новозаразени со коронавирусот, пренесува Ројтерс. Министерот Скилачи додаде дека новата влада ќе ги укине и казните изречени за сите лица над 50 години кои не се вакцинирани. Италија е една од најпогодените земји од пандемијата на Ковид, со регистрирани дури 179.000 смртни случаи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Владата на поранешниот премиер Марио Драги во 2021 година воведе задолжителна вакцинација за наставниот и медицинскиот персонал, а во јануари годинава оваа мерка беше проширена на сите лица над 50 години, потсетува Ројтерс.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-vrakja-na-rabota-lekarite-koi-ne-se-vakcinirani-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Бекали: На вакцинираните фудбалери треба да им се забрани да играат! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bekali-na-vakciniranite-fudbaleri-treba-da-im-se-zabrani-da-igraat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bekali-na-vakciniranite-fudbaleri-treba-da-im-se-zabrani-da-igraat/#respond Wed, 23 Feb 2022 19:30:47 +0000 https://kurir.mk/?p=635599

Контроверзниот прв човек на романската ФЦСБ (поранешна Стеауа), Џиџи Бекали, претходно изјави дека е против вакцинација за сузбивање на коронавирусот, а сега отиде чекор понатаму и рече дека ќе им забрани настап за клубот на своите играчи кои ја примиле вакцината. Имено, Бекли тврди дека играчите кои ја примаат вакцината губат сила, а со тоа и натпревари. Според него, вакцината против коронавирус е причината за полошите резултати на Клуж и Рапид Букурешт, чии играчи се вакцинирани. Инаку, Клуж моментално има осум бода повеќе од клубот на Бекали на табелата во романскиот шампионат. -Да имав пиштол и вакцина на масата, попрво би го земал пиштол и би си пукал во глава. Во мојот клуб нема да има вакцинација, рече Бекали уште во октомври минатата година, а сега додаде уште неколку коментари. – Ако некој е вакциниран, не го терам да игра. Јас не ги дискриминирам луѓето. Тие што беа вакцинирани во ФЦСБ го направија тоа за забава. Сите играчи на ФЦСБ кои се на терен нема да бидат вакцинирани. Имам доверба во медицината, но и во Господ. Не верувам во фалсификувани лекови. Им верувам на научниците. Читам, велат научниците, дека вакцината содржи графен оксид и убива луѓе. Го прочитав тоа. Сите се рака под рака! Сакам моите повеќе да не се вакцинираат, изјави Бекали во емисија, а изјавите ги пренесе порталот Про Икс. Тој потоа продолжи: – Ќе видите за две до три години што ќе се случи. Го кажувам тоа што го мислам, а платформата „Ro Vaccinare“ само лаже. Лекарите од мојата клиника велат дека вакцината има смртоносни несакани ефекти. Имунизацијата се стекнува исклучиво природно. Стојам каде имам моќ, не можам да ги спречам оние од Клуж. Треба да ги спречиме оние кои се вакцинирани. Досега тоа не го кажав затоа што се исплашив, но сега луѓето видоа дека вакцината не е добра. Дозволете ми да ви ја кажам вистината сега, бил јасен Бекали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bekali-na-vakciniranite-fudbaleri-treba-da-im-se-zabrani-da-igraat/feed/ 0
Омикрон е поблага варијанта, но не за сите: Лекарите открија кои симптоми се разликуваат кај (не)вакцинираните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/omikron-e-poblaga-varijanta-no-ne-za-site-lekarite-otkrija-koi-simptomi-se-razlikuvaat-kaj-ne-vakciniranite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/omikron-e-poblaga-varijanta-no-ne-za-site-lekarite-otkrija-koi-simptomi-se-razlikuvaat-kaj-ne-vakciniranite/#respond Fri, 04 Feb 2022 11:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=626978

Додека на почетокот имаше мислење дека сојот омикрон е поблаг од претходните соеви, се покажа дека, иако е поблаг, предизвикува големи проблеми, како во однос на притисокот врз болничките капацитети, така и во однос на имунокомпромитирани лица кои се заразуваат со него. Затоа лекарите ширум светот апелираат луѓето да се вакцинираат, заради нивна сопствена, но и здравјето на своите најблиски. Веќе статистички се покажа, пренесува „Тајмсофиндија“, дека во претходниот бран бројот на тешки случаи на зараза бил јасно различен бидејќи меѓу нив доминирале невакцинирани пациенти. Слично е и со сојот омикрон. Медицинските извештаи ширум светот велат дека разликите во симптомите на пациентите со сојот омикрон може да се видат дали се вакцинирани или не се. Имено, според извештаите, симптомите на напрегање на омикрон кај вакцинираните најчесто се течење на носот, главоболка, болки во зглобовите, болки во грлото. Од друга страна, невакцинираните луѓе имаат поголема веројатност да доживеат отежнато дишење. Д-р Питер Чин-Хонг, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, исто така вели дека е докажано дека вакцинираните луѓе се борат со симптомите пократко. - Додека целосно вакцинираните луѓе ги чувствуваат симптомите ден или два, невакцинираните луѓе покажуваат симптоми пет или повеќе дена, вели д-р Чин-Хонг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/omikron-e-poblaga-varijanta-no-ne-za-site-lekarite-otkrija-koi-simptomi-se-razlikuvaat-kaj-ne-vakciniranite/feed/ 0
Невакцинираните доктори во Грција може да останат без работа по 31 март https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-doktori-vo-grcija-moze-da-ostanat-bez-rabota-po-31-mart/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-doktori-vo-grcija-moze-da-ostanat-bez-rabota-po-31-mart/#respond Mon, 31 Jan 2022 15:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=625096

Невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис, во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ објасни дека на 31 март истекува мерката здравствените работници кои не се вакцинирани да бидат на принуден одмор, а дотогаш одново ќе се разгледа, дали ќе се продолжи истата мерка или пак ќе се донесе одлука да не бидат дел од здравствениот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-doktori-vo-grcija-moze-da-ostanat-bez-rabota-po-31-mart/feed/ 0
Невакцинираните Грци од недела ќе плаќаат казни https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-grci-od-nedela-kje-plakjaat-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-grci-od-nedela-kje-plakjaat-kazni/#respond Thu, 13 Jan 2022 17:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=619010

Невакцинираните лица над 60-годишна возраст во Грција имаат уште неколку дена рок да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно, со оглед на тоа што од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите повтори дека оваа одлука е донесена од многу конкретни причини, „бидејќи девет од десет смртни случаи од Ковид ја погодуваат оваа возрасна група, седум од десет приклучени на апарати се постари од 60 години, а осум од десет интубирани лица се невакцинирани“. -Затоа, тоа е одлука која пред сè се однесува на заштитата на нивниот живот. Заштита на нивното здравје. Но, не постои задолжителност без последици за оние што ја игнорираат. Не постои изборна задолжителност. Затоа од 16 јануари ќе се применуваат санкциите предвидени со закон и ќе се изрекува административна глоба од 100 евра секој месец се додека нашите сограѓани над 60 години остануваат невакцинирани, истакна Иконому. Во однос на пандемијата, рече дека епидемиолошките податоци како во Европа, така и во Грција, „ни наметнуваат да бидеме во најголема можна готовност “ и затоа, додаде дека во овој момент, не може да има никакво олабавување на мерките, кои воедно, вчера беа продолжени за уште една седмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-grci-od-nedela-kje-plakjaat-kazni/feed/ 0
Забрана за невакцираните во Манила да користат јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabrana-za-nevakciranite-vo-manila-da-koristat-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabrana-za-nevakciranite-vo-manila-da-koristat-javen-prevoz/#respond Wed, 12 Jan 2022 09:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=618317

Филипинските власти одлучија сите жители на главниот град Манила, кои не се вакцинирани против Ковид-19, да немаат право да користат јавен превоз, јави ДПА. Таа одлука е донесена во време кога се зголемува бројот на новозаразени со варијантата Омикрон. Во Манила и околните области има околу 13 милиони жители. Согласно одлуката, доколку некој сака да купи билет за градски превоз, лицето ќе треба да покаже сертификат за вакцинација и документ за да го докаже својот идентитет. Исклучок се само оние лица, кои поради здравствени причини не се вакцинирани. Претседателот Родриго Дутерте неодамна нареди апсење на сите невакцинирани граѓани кои ги напуштаат своите домови без оправдана причина. Според податоците од вчера, на Филипините вакцинирани се околу 53 милиони луѓе – повеќе од 48 отсто од 110-милионското население на земјата. Од почетокот на пандемијата, регистрираните инфекции надминаа три милиони луѓе. Вчера здравствените власти соопштија дека има 28.000 новозаразени со коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabrana-za-nevakciranite-vo-manila-da-koristat-javen-prevoz/feed/ 0
Макрон: Сакам да ги нервирам невакциниранитe, ќе продолжиме со тоа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sakam-da-gi-nerviram-nevakciniranite-kje-prodolzime-so-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sakam-da-gi-nerviram-nevakciniranite-kje-prodolzime-so-toa/#respond Wed, 05 Jan 2022 08:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=616097

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера за „Le Parisien“ изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против Ковид-19 и да го ограничи нивниот пристап до социјалниот живот што е можно повеќе. -Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегијата, рече Макрон, додека во парламентот продолжи жестоката расправа за нацрт-законот за сертификатите за вакцинација. Франција лани воведе сертификати со кои на лицата со негативен ПЦР тест и вакцинирани им се дозволи да влегуваат во ресторани, кафулиња и други места, што владата сега сака да го промени и да воведе само сертификати за вакцинација. Макрон рече дека не се залага за нервирање на Французите, но кога станува збор за невакцинираните, тој сака да ги нервира. -Не сакам да ги пратам во затвор, не сакам да ги терам да се вакцинираат, треба да им се каже: од 15 јануари повеќе нема да можете да одите во ресторани, на пијалоци, кафе, театар , кино…, објасни претседателот. Жан-Лук Меланшон, кандидатот на екстремната левица на претседателските избори, изјавата на Макрон на Твитер ја опиша како зачудувачка. Според кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, еден претседател така не би требало да зборува. -Гарантот на единството на нацијата упорно сака да ја подели и сака невакцинираните да ги претвори во граѓани од втор ред. Емануел Макрон не е достоен за својата функција, рече Ле Пен. Републиканецот Бруно Ретајло, пак, тврди дека „нема здравствена ситуација што би ги оправдала таквите зборови“. Во интервјуто, Макрон ја отфрли можноста за воведување нови мерки за борба против Ковид-19, кажувајќи дека одлуките од минатата недела остануваат на сила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sakam-da-gi-nerviram-nevakciniranite-kje-prodolzime-so-toa/feed/ 0
Финска им забрани влез во земјата на невакцинираните, дури и да поседуваат негативен тест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-im-zabrani-vlez-vo-zemjata-na-nevakciniranite-duri-i-da-poseduvaat-negativen-test/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-im-zabrani-vlez-vo-zemjata-na-nevakciniranite-duri-i-da-poseduvaat-negativen-test/#respond Tue, 28 Dec 2021 18:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=614194

Влез во земјава ќе можат само странските патници со негативен тест за Ковид-19 и оние кои ќе докажат дека се целосно вакцинирани или дека ја надминале инфекцијата, соопшти Министерството за внатрешни работи по седницата на Владата. Портпаролот на граничната служба потврдил за Франс прес дека невакцинираните странци ќе бидат одбиени, освен оние помлади од 16 години или оние кои се на списокот за изземање. - Без разлика на потеклото на странскиот државјанин, секој мора да покаже потврда за вакцинација и негативен тест кој не е постар од 48 часа, изјави Томи Кивенџури, претставник на финската гранична стража. Мерката, која стапила на сила во 14 часот, важи и за граѓаните на Европската унија, а се однесува на лицата родени пред 2006 година. Исклучок се здравствениот и транспортниот персонал, сериозни семејни причини или луѓето на кои им е потребна хуманитарна помош, како и некои жители на пограничните области на Шведска и Норвешка. Финска минатата недела објави дека ќе побара негативен тест од сите патници, и од граѓаните на ЕУ и вакцинираните патници, од 28 декември, со цел да се запре зголемувањето на бројот на случаи на ковид а-19 поврзани со варијантата омикрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-im-zabrani-vlez-vo-zemjata-na-nevakciniranite-duri-i-da-poseduvaat-negativen-test/feed/ 0
Австрија го укинува локдаунот и за невакцинираните за време на празниците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-go-ukinuva-lokdaunot-i-za-nevakciniranite-za-vreme-na-praznicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-go-ukinuva-lokdaunot-i-za-nevakciniranite-za-vreme-na-praznicite/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=609681

Австриската влада одлучи да го укине локдаунот за невакцинираните граѓани за време на божиќните и новогодишните празници. Во празничниот период ќе биде дозволено собирање до максимално 10 луѓе без „2Г“ сертификати, соопшти австрискиот министер за здравство, Волфганг Микштајн. За собирање со максимум 25 лица повторно важи „2Г“ правилото, а тоа е да може да присуствуваат само вакцинирани или оздравени, изјави министерот на конференција за медиумите. За Нова Година ќе се укине и ковид ограничувањето на работното време во гастрономијата. Микштајн изјави дека со општиот локдаун се доби простор кој овозможува отварање и за невакцинирани. Поради тоа тој вели дека ќе биде овозможено одредено отклучување за празниците. Меѓутоа, Микштајн предупредува дека треба граѓаните да бидат внимателни поради омикрон сојот кој што неконтролирано се шири. - Божиќ треба да покаже колку е важен контактот со нашите најблиски. За време на Божиќ треба да собереме сили и да се подготвиме за следните недели - рече тој, порачувајќи дека тие денови нема да има ограничувања на слободата на движење. Микштајн најави построги правила за влез во земјава, особено од Велика Британија и рече дека се работи на соодветна регулатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-go-ukinuva-lokdaunot-i-za-nevakciniranite-za-vreme-na-praznicite/feed/ 0