невара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Mar 2023 18:09:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Возачот на „Ferrari“ останал шокиран од забрзувањето на „Nevera“ на автопат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vozachot-na-ferrari-ostanal-shokiran-od-zabrzuvaneto-na-nevera-na-avtopat-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vozachot-na-ferrari-ostanal-shokiran-od-zabrzuvaneto-na-nevera-na-avtopat-video/#respond Fri, 24 Mar 2023 18:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=816155

Видеото покажуваа колку всушност „Nevera“ е брз автомобил. На социјалните мрежи се шири видео кое на својот профил го споделил и Мате Римац со коментар „Бела Невера забележана во дивините на Калифорнија“, мислејќи на непреченото возење на автопатот во насока на Сан Хозе. Видеото е снимено од „Ferrari 458“, а во возењето друштво им прави и една хибридна „Acura NSX“. Адреналинот расте и само прашање на време е кога „ќе падне“ трка. Меѓутоа, работата во свои раце веднаш ја презема возачот на „Nevera“. Не грижејќи се многу за околниот сообраќај, а уште помалку за сообраќајните правила, притиснува на гасот. „Nevera“ буквално во секунда се одлепува од „Ferrari“ и „Acura“, кои едноставно не можат да ја следат. Младите возачи на спортските автомобили и покрај поразот се полни со воодушевување кон автомобилот на Римац. Покажувањето на мускули сепак не трае долго бидејќи „Nevera“ се исклучува од автопатот, а останатите учесници заклучуваат дека станува за нереален автомобил. „Ова е некое друго ниво“, вели возачот на „Acura“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vozachot-na-ferrari-ostanal-shokiran-od-zabrzuvaneto-na-nevera-na-avtopat-video/feed/ 0
„Невера“ е официјално најбрзиот електричен автомобил во светот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nevera-e-oficijalno-najbrziot-elektrichen-avtomobil-vo-svetot-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nevera-e-oficijalno-najbrziot-elektrichen-avtomobil-vo-svetot-video/#respond Wed, 16 Nov 2022 16:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=761896

Вчера „Римац автомобили“ ја објави веста што неодамна ја најави Мате Римац: нивниот автомобил „невера“ официјално стана најбрзиот електричен сериски автомобил во светот. Со ова, овој хрватски хиперавтомобил не го држи само светскиот рекорд за забрзување, туку и брзинскиот рекорд за сериски електричен автомобил. Најновиот рекорд е постигнат во контролирани услови на овалната специјализирана патека „Аутомотив тестинг Папенбург“ во Германија, која има две ленти од по 4 километри. На нив, „невара“, според официјалното мерење на Џи-пи-ес, достигна најголема брзина од 412 километри на час. Користени се комерцијални гуми „мишелин куп 2Р“, легални за патиштата, а сѐ се одвивало под надзор на инженерите од „Римац“ и „Мишелин“. Ова е, исто така, најголемата брзина што автомобил некогаш ја постигнал на таа тест-патека. Третина од брзината на звукот Зад воланот беше Мирослав Зрнчевиќ, главниот тест и развоен возач на „Римац автомобили“. При соборувањето на рекордот, „невера“ беше поставена во т.н. режим на топ-брзина, создавајќи аеродинамичен профил кој го балансира влечењето и надолната сила за да обезбеди стабилност при големи брзини. Најголемата брзина е истата што инженерите ја добиле во симулации за време на развојот на „невера“ и што беше една од целите, уште од претставувањето на концептот „C_Two“ во Женева во 2018 година. - Патувањето со брзина од 412 километри на час значи патување со третина од брзината на звукот. Постигнувањето на таа брзина во патнички автомобил е неверојатно сложено, но во „невера“ создадовме автомобил што може да помине долги растојанија со едно полнење, може да се справи со тесни и извртени тркачки патеки и може да соборува рекорди за забрзување, достигнувајќи брзини над 400 километри на час. Најважното нешто што го научив за време на обидот за максимална брзина е колку автомобилот беше сталожен и стабилен - што потврдува дека нашите тимови за аеродинамика и динамика на возила завршија неверојатна работа - рече Зрнчевиќ. „Невера“ се доставува до клиентите со електронски ограничена максимална брзина од 350 километри на час. Во продолжение можете да го погледнете видеото од возењето што го собори рекордот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nevera-e-oficijalno-najbrziot-elektrichen-avtomobil-vo-svetot-video/feed/ 0