Невена Георгиева Дуња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Jul 2022 19:34:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Невена Георгиева Дуња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На денешен ден: Родена е најмладата партизанка Н.Г. Дуња, свирепо убиена од бугарските фашисти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-rodena-e-najmladata-partizanka-n-g-dunja-svirepo-ubiena-od-bugarskite-fashisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-rodena-e-najmladata-partizanka-n-g-dunja-svirepo-ubiena-od-bugarskite-fashisti/#respond Mon, 25 Jul 2022 19:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=710108

На 25 јули 1925 година во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња (на спомен обележјето им друг датум на раѓање) , млада македонска партизанка во НОВ, која загинала на 6 декември 1942 година кај велешкото село Папрадиште, кога партизанскиот одред „Димитар Влахов“ бил нападнат од бугарската полиција. Дуња е учесник во НОБ од почетокот, односно од 1941 година и на 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија. Дуња станува борец на Скопскиот партизански одред при неговото создавање на 22 август 1941 година. По расформирањето на Одредот во ноември 1941, таа заминала во Велес, а потоа во Струмица. Помагала во подготовките на Струмичкиот партизански одред во летото 1942 година. Во мај 1942, во отсуство, таа била осудена на 7 години строг затвор, а во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контрачета. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ставена на кол ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог. Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“. Во скопскиот Жена-парк има спомен-обележје за Невена Георгиева-Дуња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-rodena-e-najmladata-partizanka-n-g-dunja-svirepo-ubiena-od-bugarskite-fashisti/feed/ 0
79 години од загинување на Невена Георгиева-Дуња, првата жена партизан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/79-godini-od-zaginuvanje-na-nevena-georgieva-dunja-prvata-zena-partizan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/79-godini-od-zaginuvanje-na-nevena-georgieva-dunja-prvata-zena-partizan/#respond Mon, 06 Dec 2021 08:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=604554

На 6 декември во 1942 година кај селото Папрадиште, велешко, загинала младата партизанка Невена Георгиева – Дуња, која била смртно погодена од фашистички рафал. Со своите 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија. Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“. Во нејзина чест, две основни училишта, во Кисела Вода и Нежилово, го носат нејзиното име. Исто така, еден од студентските домови во Скопје го носи нејзиното име. Родена била во Скопје, на 25 јули 1925 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/79-godini-od-zaginuvanje-na-nevena-georgieva-dunja-prvata-zena-partizan/feed/ 0
Грозоморно главата на партизанската Невена Геогриева – Дуња беше шетана по велешките села од бугарската полиција, за сега Заев да вели дека не тоа не се случило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozomorno-glavata-na-partizanskata-nevena-geogrieva-dunja-beshe-shetana-po-veleshkite-sela-od-bugarskata-policija-za-sega-zaev-da-veli-deka-ne-toa-ne-se-sluchilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozomorno-glavata-na-partizanskata-nevena-geogrieva-dunja-beshe-shetana-po-veleshkite-sela-od-bugarskata-policija-za-sega-zaev-da-veli-deka-ne-toa-ne-se-sluchilo/#respond Thu, 26 Nov 2020 15:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=434888

По скандалозните изјави на Заев на вчерашното интервју за бугарската новинарска агенција БГНЕС, со кои јасно даде до знаење дека настаните како грозоморното убиството на партизанката Невена Геогиева – Дуња од страна на бугарската полиција во 1942 година се настани кои немаат значење како и тоа дека речиси и да не постоеле. Имено Невена Геогриева – Дуња cо своите 16 години, од 1941 година, како младинска активистка учествува во подготовките за вооружено востание во Македонија. Таа е меѓу првите 12 борци кои влегуваат во Првиот скопски партизански одред, кој е формиран на 22 август кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк. Шестмина борци од Скопскиот партизански одред илегално се префрлаат во Велес со намера да се приклучат на Прилепскиот партизански одред. Во групата се: Васил Антевски - Дрен, Благоја Давков, Боро Боцевски, Даме Крапчев, Боро Ончев и Невена Георгиева – Дуња. Во мај 1942 година, Невена Георгиева – Дуња била осудена во отсуство на 7 години строг затвор. Во втората половина на септември 1942 година, таа станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Невена Георгиева – Дуња загинува во судир со бугарската полиција кај велешкото село Нежилово. Бугарската полиција во служба на фашизмот, онаа која сега Заев ја нарекува „администрација“ грозоморно и ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села. Во Велес ја донеле нејзината глава и истата била ставена во еден централен излог за да ја видат сите. Главата на партизанската била нечовечки шетана по селата од страна на сега како пто кажува Заев не бугарската полиција која била на страната на фашизмот, туку бугарската администрација. Вакви примери од историјата има многу, а и сеуште се живи дел од потомците на загинатите во борбата против фашизмот и тогаш бугарскиот окупатор на Македонија и секое нивно порекнување граѓаните по нивните реакции и вчера и денеска во јавноста се доказ дека она што Заев го направи е навредување и газење врз делото на партизаните во таа ослободителна војна за слобода од фашизмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozomorno-glavata-na-partizanskata-nevena-geogrieva-dunja-beshe-shetana-po-veleshkite-sela-od-bugarskata-policija-za-sega-zaev-da-veli-deka-ne-toa-ne-se-sluchilo/feed/ 0
Mozzart започна акција за донација на лаптопи во основни училишта – првите доделени во ООУ Невена Георгиева Дуња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-zapochna-akcija-za-donacija-na-laptopi-vo-osnovni-uchilishta-prvite-dodeleni-vo-oou-nevena-georgieva-dunja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-zapochna-akcija-za-donacija-na-laptopi-vo-osnovni-uchilishta-prvite-dodeleni-vo-oou-nevena-georgieva-dunja/#respond Mon, 16 Nov 2020 12:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=430172

Продолжуваат хуманитарните кампањи на компанија Mozzart, која овој пат започна акција за донација на лаптоп компјутери во основни училишта, а се наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19. Од училиштето се заблагодарија на донацијата на компјутерите кои понатаму ќе бидат доделени на учениците.
„Голема благодарност од мене и од вработените во ООУ Невена Георгиева Дуња до општествено одговорната компанија Mozzart за донираните 5 лаптоп компјутери кои ќе им бидат доделени на семејства  чии деца посетуваат настава во Училиштето, а не се можност да набават компјутер за непречено да ја следат наставата. Се надевам дека нивниот пример ќе го следат и други компании кои ќе издвојат дел од своите финансии за да им помогнат на учениците. Ние вработените во училиштето уште еднаш се заблагодаруваме за прекрасниот гест.“ – изјави директорот на училиштето, Хари Стојаноски.
Од Mozzart велат дека недостигот на дигитални уреди за следење на онлајн наставата е пречка со која се соочуваат одреден број ученици во процесот на своето образование, па се надеваат дека со оваа акција ќе придонесат онаму каде што е најпотребно.
„Се надеваме дека образовниот систем и сите вклучени страни во едукативниот процес ќе ги надминат тешкотиите за време на овој тежок период, а учениците ќе продолжат непречено во  градење на своето знаење и во овие вонредни услови. Уште од почетокот на пандемијата, компанија Mozzart постојано реализира бројни општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ни ги носи. Ги донираме овие компјутери во надеж дека ќе помогнеме онаму каде што е најмногу потребно, а со оваа акција продолжуваме и во наредниот период во основните училишта.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
На доделувањето на донацијата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода – Дарио Шимиќ и Васко Илијевски - претседателот на АСОМ, асоцијацијата во која членува Mozzart.
„​​Со голема радост сакаме да соопштиме дека општинското основно училиште „Невена Георгиева-Дуња“ од Кисела Вода, од компанијата Mozzart доби донација 5 преносни компјутери (лаптопи), кои ќе бидат доставени до учениците  чии семејства не се во можност да си дозволат да потрошат средства за купување на истите. Благодарност до Mozzart во име на Општината и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.“ – изјави претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.
„Образовниот процес е право на секој ученик. Во услови на пандемија кога наставата во најголема мера се одвива онлајн, сакаме да помогнеме колку што можеме за непречено следење на наставата, а со оваа донација од нашата членка Mozzart правиме придонес во исполнување на таа цел. Ние како Асоцијација и сите наши членки остануваме посветени на општествено одговорните проекти кои нудат решенија за важни прашања во зедницата во која работиме.“ – изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.
Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза.  Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството. Од Mozzart истакнаа дека продолжуваат наредниот период со донација на лаптоп компјутери во основните училишта, наменети за учениците кои не се во можност да ја следат онлајн наставата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-zapochna-akcija-za-donacija-na-laptopi-vo-osnovni-uchilishta-prvite-dodeleni-vo-oou-nevena-georgieva-dunja/feed/ 0