невенка стаменковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Jun 2020 08:36:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невенка стаменковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стаменковска бара оставка од Манчевски и Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-bara-ostavka-od-manchevski-i-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-bara-ostavka-od-manchevski-i-filipche/#respond Wed, 10 Jun 2020 08:36:53 +0000 https://kurir.mk/?p=356004

Дополнителната заменичка – министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојковски преку својот Фејсбук профил денеска побара оставка од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и од министерот за здравство Венко Филипче. Саменковска во статусот на Фејсбук, реагирајќи на изјава на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манечевски, наведува дека позитивен случај на КОВИД 19 е потврден и во Министерството за информатичко општество и администрација и во неколку други државни институции. – Скандалозна и политичка е објавата на Дамјан Манчевски чиј приоритет е партијата и тесно партиски цели на СДСМ, а не вработените во јавниот сектор. И после оваа реакција можам само да заклучам дека заслепениот Дамјан Манчевски единствено се грижи за партиската агенда зошто каде било да се сврти ќе ги види институциите кои секој ден се вбројуваат во нови кластери а подрачните центри на ПИОМ и ФЗО веќе ставија клуч на врата. Дали Манчевски знае дека во институцијата во која тој е министер за жал веќе имаме позитивен случај на Ковид-19?, пишува Стаменковска. Наведува дека позитивни случаи се потврдени во Град Скопје, Државниот просветен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Секретаријатот за европски прашања, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Општина Гази Баба, Државниот инспекторат за труд….. – И колку Манчевски треба да набројуваме за да разберете дека јавниот сектор е оставен сам на себе, а соодветни мерки за заштита нема, се задоцнети или се недоволни, напиша Стаменковска на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-bara-ostavka-od-manchevski-i-filipche/feed/ 0
Стаменковска Стојковски: Во Македонија имало сериозни кризи и предизвици, но никогаш ВМРО-ДПМНЕ не помислило да ги крати платите, пензиите или други права на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-vo-makedonija-imalo-seriozni-krizi-i-predizvici-no-nikogash-vmro-dpmne-ne-pomislilo-da-gi-krati-platite-penziite-ili-drugi-prava-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-vo-makedonija-imalo-seriozni-krizi-i-predizvici-no-nikogash-vmro-dpmne-ne-pomislilo-da-gi-krati-platite-penziite-ili-drugi-prava-na-gragjanite/#respond Tue, 24 Mar 2020 12:31:14 +0000 https://kurir.mk/?p=321381

Согласно член 32 од Уставот на Република Македонија, секој вработен има право на соодветна заработувачка, вели дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски. -Согласно член 85 став (1) и член 87 став (1) од Законот за административни службеници, Административниот службеник има право на плата и надоместоци на плата под услови и критериуми утврдени со овој закон и основната компонента на плата ја сочинуваат: - дел на плата за степен на образование, - дел на плата за ниво и - дел на плата за стаж. Сите административни службеници и даватели на услуги кои се вработени на неопределено (околу 100 000), се столбот на институциите кои носат управни, реални и други акти од кои зависи функционалноста на секоја држава. Додека од друга страна (над 14 000), во јавниот сектор се вработени и лица согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор, заради: привремено зголемен обем на работа и сезонска работа. Основот како причина за склучување на договор за вработување на определено време на над 14 000 лица во институциите веќе не е одржлив односно престанала причината. Оваа бројка се однесува само за институции опишани во член 2 од Законот за вработените во јавниот сектор и со тоа се потврдува дека вработени на определено време се многу повеќе. Единствената причина и основ за склучување на сите овие договори за вработување на определено време се привремено зголемен обем на работа и сезонска работа кои и формално и фактички НЕ ПОСТОЈАТ, па затоа, наместо не уставно и не законски да се намалуваат платите на администрацијата, основано и законски е да се примени член 64 од Законот за работните односи со кој договорот за вработување на определено работно време престанува да важи со престанувањето на причината, заради којашто бил склучен и со тоа ќе се ослободат многу повеќе средства кои би помогнале во справувањето со најпогодените гранки во стопанството поради пандемијата. Историски во Македонија имало бројни сериозни кризи и предизвици, но никогаш ВМРО-ДПМНЕ не помислило да ги крати платите, пензиите или било кое друго право на граѓаните. Владата не смее да ги прифати предлозите на Зоран Заев за линеарна исплата на минимална плата на административните службеници и даватели на услуги, Владата треба да го има во предвид државниот интерес пред партискиот и трезвено и разумно да ги носи антикризните мерки, во спротивно, освен здравствена и економска криза, не потребно ќе создадете и социјална криза која е поопасна од овие кои сега веќе ги имаме, пишуваа Стаменковска Стојковски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-vo-makedonija-imalo-seriozni-krizi-i-predizvici-no-nikogash-vmro-dpmne-ne-pomislilo-da-gi-krati-platite-penziite-ili-drugi-prava-na-gragjanite/feed/ 0
Стаменковска реагира за предизборни вработувања во јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-opshtata-sostojba-na-vrabotenite-vo-drzavniot-i-javniot-sektor-e-mnogu-losha-i-zagrizuvachka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-opshtata-sostojba-na-vrabotenite-vo-drzavniot-i-javniot-sektor-e-mnogu-losha-i-zagrizuvachka/#respond Mon, 27 Jan 2020 14:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=295269

Од моето именување до денес остварив многу состаноци, добив многу писма, пораки и преставки од кои можам да заклучам дека општата состојба на вработените во државниот и јавниот сектор е многу лоша и загрижувачка, ова денеска преку прес-конференција го истакна дополнителниот министер за информатичко општество Невенка Стаменковска- Стојковски. -Генералниот секретаријат на Владата за 2019 година има поднесено годишен план за вработување согласно методологијата и има добиено согласност од Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество за вработување на 38 лица, а во текот на годината без да се почитува законот односно добиле согласност за добивање на нови 57 нови вработувања без функционална анализа, односно за 75 нови вработувања со третото барање за измена на планот, а притоа главниот одлив на вработените е само три по основ на пензионирање, вели Стаменковска- Стојковски. Таа додава дека пропорционалното пополнување на работните места врз основа на природниот одлив на вработените во администрацијата е во духот на законот за административни службеници, законот за вработени во јавен сектор и методологијата. -Министерството за информатичко општество има непосредна одговорност за доследна примена на овие два закони, но наспроти тоа министерството било креатор и помагало во процесот на изигрување на законот и наместо да инсистира на законито постапување издава согласност за годишни планови во кои јасна е намерата за масовно партизирање на институциите  како што е примерот со генералниот секретаријат на Владата, рече Стаменковска- Стојковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-opshtata-sostojba-na-vrabotenite-vo-drzavniot-i-javniot-sektor-e-mnogu-losha-i-zagrizuvachka/feed/ 0
Стаменковска Стојковски: Фрапантни бројки, за 2 месеци власта распишала огласи за 4.131 вработувања, за нова партизација и непотизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-frapantni-brojki-za-2-meseci-vlasta-raspishala-oglasi-za-4-131-vrabotuvanja-za-nova-partizacija-i-nepotizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-frapantni-brojki-za-2-meseci-vlasta-raspishala-oglasi-za-4-131-vrabotuvanja-za-nova-partizacija-i-nepotizam/#respond Sun, 05 Jan 2020 13:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=285806

Во изминатиот период во јавноста не беше достапна вкупна бројка на работни места за кои се распишани огласи за вработување во државната управа, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ. -Но, податоците до кои дојдовме се алармантни. Фрапантна е бројката на распишани огласи за вработување во последните два месеци. Од 6 ноември од кога е познато дека ќе се формира техничка влада,  па се до сега се распишани огласи во државната управа, преку Агенцијата за вработување и Агенцијата за државни службеници за 4131 работно место.  Значи за само 2 месеци се распишани огласи за фрапантна бројка од 4131 работно место, во услови кога забелешките се дека државната администрација е превработена и гломозна. А од друга страна со овие вработувања се прави брутална партизација на државниот апарат. Ова е безобзирно уништување на институциите. Од 4131 работно место, 911 работни места се во владини институции, Генерален секретаријат, Министерство за економија, Министерство за финансии, Министерство за земјоделие, па и во претпријатија кои мака мачат со исплата на плати како што се Македонски железници, вели Стаменковска Стојковски. Таа додава дека платите за дел од распишаните места се движат и од 40 илјади па до 60 илјади денари. Овие огласи по нивниот обем и начинот на кој се распишани, за само два месеци, не се ништо друго туку само начин на изборно корумпирање и купување на мир во владејачката партија. -Сето ова ќе биде на товар на граѓаните, но и на сметка на квалитетни кадри кои ќе останат запоставени и тргнати на страна. Ревизијата која е во тек ќе ги испита сите неправилности при распишувањето на овие огласи и давањето на согласности. И онаму каде ќе има отстапување ќе побарам нивно поништување. Нема ниту една државна администрација која може да издржи вакви тектонски оптеретувања кои повторно паѓаат на товар на граѓаните, рече Стаменковска Стојковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-frapantni-brojki-za-2-meseci-vlasta-raspishala-oglasi-za-4-131-vrabotuvanja-za-nova-partizacija-i-nepotizam/feed/ 0
Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-kje-bide-izvrshen-nadzor-na-site-soglasnosti-za-objavuvanje-na-oglasite-za-vrabotuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-kje-bide-izvrshen-nadzor-na-site-soglasnosti-za-objavuvanje-na-oglasite-za-vrabotuvanje/#respond Sat, 04 Jan 2020 13:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=285502

Дополнителниот заменик – министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски денеска на првиот работен ден во Министерството соопшти дека ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување кои се актуелни во последниов период. Таа посочи дека имаат сознанија за незаконски постапки при вработување и нејзината цел е да не се загрози европската перспектива на државава преку нарушениот предизборен период и поткупот на гласачи преку масовната партизација на администрацијата. Според неа, тоа што вистински загрижува е нагласената партизација и десетиците отворени огласи за стотици нови вработувања во пресрет на изборите. Партизацијата, потенцира, е едниот проблем, но тоа што претставува вистински дополнителен проблем е токму непотизмот. – Заразата од непотизам прави дисторзија на квалитетот на кадрите и дава шанса на роднините и пријателите пред сите други квалитетни кадри. Моето инсистирање на законито работење не е опструкција на политиката на вработување, туку напротив да ставам точка на непотизмот, неквалитетот и партизацијата во институциите. Тоа е и постулатот на моето работење – борба против непотизмот, партизацијата на администрацијата и време е во администрацијата конечно да дојдат квалитетни кадри кои се обучени и треба да ја водат Македонија напред кон Европската унија, рече Стаменковска Стојковски пред просториите на Министерството. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во нејзиниот тим ќе има шест лица, како што е согласно законот, тројца внатрешни и тројца надворешни лица. Појасни дека денеска во Министерството ги виделе условите за работа, имаат обезбедно канцеларии, кои треба дополнително да се дополнат согласно потребите за работа на луѓето. Таа рече дека во моментов се задоволни од тоа што го добиле како простории и услови за работа. – Веднаш не може да се направи ништо, ни треба барем некој период за да ги провериме сите претпоставки кои ги имаме за непотизмот, дел од кои ги објавив на неколку пресови претходно, за дел од нив сум говорела и на дебатни емисии, но тоа што можеме да го направиме во иднина е да ги проверуваме луѓето и да знаеме дека пред се избираме квалитет и дека нема да бидат повторно луѓе на други партиски фунцкионери на СДСМ, бидејќи навистина непотизмот е нешто што ги револтира граѓаните, не остава простор на вистинските професионалци да дојдат во рамки на администрацијата, додаде Стаменковска Стојковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-kje-bide-izvrshen-nadzor-na-site-soglasnosti-za-objavuvanje-na-oglasite-za-vrabotuvanje/feed/ 0
Стаменковска: Нема да дозволам ниту еден вработен во јавната администрација да биде жртва на партиската машинерија на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-nema-da-dozvolam-nitu-eden-vraboten-vo-javnata-administracija-da-bide-zrtva-na-partiskata-mashinerija-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-nema-da-dozvolam-nitu-eden-vraboten-vo-javnata-administracija-da-bide-zrtva-na-partiskata-mashinerija-na-sdsm/#respond Tue, 31 Dec 2019 16:32:11 +0000 https://kurir.mk/?p=284369

Моја чест и особено задоволство е предлогот да бидам дел од Владата за спроведување на предвремените парламентарни избори на позицијата заменик министер за администрација и информатичко општество, објави на својот профил Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ. Изминатите три години власта предводена од СДСМ изврши класична партизација на јавната администрација, се вработуваа блиски и роднини на високи партиски и државни функционери на СДСМ, Македонија ја зафати епидемија на непотизам. Искусни кадри со обемни биографии беа заменети со партиски послушници на СДСМ, овие луѓе си поигруваа со човечки судбини и речиси да немаше ден кога некој со солзи во очите не раскажуваше за мобингот по државните институции. Доаѓа крајот на притисоците, уцените и заканите врз јавната администрација. Јас нема да дозволам ниту еден вработен во јавната администрација кој животот го посветил да им служи на граѓаните, да биде жртва на партиската машинерија на Социјал демократскиот сојуз. Секој еден вработен во администрацијата ќе има шанса во демократска и фер атмосфера да го оствари своето право на глас загарантирано со Устав. Доаѓа време кога повторно ќе се почитуваат законите, правото и европските стандарди во Македонија. Доаѓа времето за обнова на Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-nema-da-dozvolam-nitu-eden-vraboten-vo-javnata-administracija-da-bide-zrtva-na-partiskata-mashinerija-na-sdsm/feed/ 0
Стаменковска: Заев ја злоупотребува администрацијата- власта не работи ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-zaev-ja-zloupotrebuva-administracijata-vlasta-ne-raboti-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-zaev-ja-zloupotrebuva-administracijata-vlasta-ne-raboti-nishto/#respond Fri, 13 Dec 2019 11:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=277063

Власта не работи ништо. Наместо институциите задолжени за чистење на сметот да го исчистат ѓубрето по улиците, Зоран Заев ја ангажира целата администрација да ги чисти улиците и парковите низ градовите. Комуналните претпријатија при општините и градот Скопје имаат обврска и должност да се грижат за хигиената на општините и градовите и истата секојдневно да ја одржуваат. Но очигледно власта не си ја врши работата, истакна Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. -Зоран Заев ја злоупотребува администрацијата. Власта не работи ништо. Градовите низ државата треба да бидат секојдневно чисти, бидејќи тоа е обврска на комуналните претпријатија, а не тие да се чистат акциски. Користењето на јавната администрација за чистење и одржување на хигиена е чиста злоупотреба од страна на Зоран Заев, рече Стаменковска и додаде: „Администрацијата треба да работи она за што е платена со парите на граѓаните и тоа да го прави стручно и професионално, а не да извршува работи кои власта не успеала да ги изменаџира, а се дел од секојдневното работење на комуналните претпријатија. Завршува времето на злоупотреби. По 12 април секој одговорно ќе ја врши својата работа“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-zaev-ja-zloupotrebuva-administracijata-vlasta-ne-raboti-nishto/feed/ 0
Стаменковска до Владата: Граѓаните на село Раштак немаат цело лето вода за пиење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-do-vladata-gragjanite-na-selo-rashtak-nemaat-celo-leto-voda-za-pienje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-do-vladata-gragjanite-na-selo-rashtak-nemaat-celo-leto-voda-za-pienje/#respond Tue, 10 Dec 2019 14:40:37 +0000 https://kurir.mk/?p=275604

Пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Невенка Стаменковска денеска имаше обраќање на собраниската седница каде кажа дека во 21 век граѓаните на село Раштак цело лето немаат вода за пиење. - Граѓаните во село Раштак од минатата недела прво цело лето немаа вода за пиење воопшто а од минатата недела од чешмите во нивните домови течеше кал наместо вода потенцираше Стаменковска. Таа упати апел до владата овој проект за се реализира колку што е можно побрзо бидејќи граѓаните постојано се жалат и нагласи дека власта воопшто нема слух за овие граѓани кои секојдневно се борат за да се снабдат со чиста вода за пиење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-do-vladata-gragjanite-na-selo-rashtak-nemaat-celo-leto-voda-za-pienje/feed/ 0
Стаменковска: По договорот за парламентарни избори се случуваат невидени притисоци и уцени врз администрацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-po-dogovorot-za-parlamentarni-izbori-se-sluchuvaat-nevideni-pritisoci-i-uceni-vrz-administracijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-po-dogovorot-za-parlamentarni-izbori-se-sluchuvaat-nevideni-pritisoci-i-uceni-vrz-administracijata/#respond Thu, 21 Nov 2019 11:30:23 +0000 https://kurir.mk/?p=267104

Како во многу сфери во македонското општество, така и во администрацијата владее тотален хаос. Ова денес го изјави Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Текстот од изјавата го пренесуваме интегрално во продолжение. После две години од формирање на Совет за реформа на јавна администрација, посебно последните триесет дена откако се договорија предвремените парламентарни избори во април 2020 година, се случуваат незапамтени во историјата на самостојна Македонија, незаконски партиски вработувања, притисоци и уцени врз администрацијата и општо непочитување на законите и законските обврски. Имено, од 20 октомври 2019 година, до денес, согласно нашата евиденција, објавени се: Над 1500 огласи  за вработување во администрација на определено и неопределено работно време за над 2500 лица, додека од 11.11.2019 година, откако одржав прес конференција пред зградата на Делегацијата на Европска Унија, до денес, објавени се нови 452 огласи  за вработување во администрација на определено и неопределено работно време за вкупно 519 лица. За една недела, од страна на административните службеници и вработени во државните и јавни институции, пристигнати се стотици докази за поведени дисциплински постапки, незаконски распоредувања и отказни решенија и тоа: - 32 Решенија за изречени дисциплински мерки -90 Решенија за распоредување на пониско ниво -55 Решенија за распоредување во друга општина, надвор од местото на живеење -37 Решенија за отказ од работно место Додека власта свесно ги злоупотребува институциите и нивните буџети за партиски цели, и со тоа ја загрозуваат иднината на сите граѓани, се гледа и од  Извештајот за реализација на годишниот план за вработување објавен на страната на Министерството за информатичко општество и администрација, за периодот јануари – јуни 2019 година. Извештајот за периодот јануари – јуни 2019 година, ја потврдува бруталноста во практикување на власт на СДСМ. Државна институција, министерство, без срам објавува нецелосен документ, во кој за многу институции воопшто нема податоци,  во кој има реализирано повеќе вработувања од планираните, во кој се планирани вработувања за една етничка заедница, а се вработени од друга, во кој не се внесени податоци согласно член 9 од Методологијата со која е уредено извештајот да содржи  насловна страна и три дела, и тоа: - Дел 1. Реализирани движења на вработените во рамките на институцијата во полугодието, - Дел 2. Реализирани намалувања на бројот на вработени во рамките на институцијата во полугодието, и - Дел 3. Реализирани зголемувања на бројот на вработени во рамките на институцијата во полугодието. Со  Законот за вработените во јавниот сектор во член 46 определена е Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност и ќе му се изрече на функционерот кој раководи со институцијата, ако: - не достави извештаи за реализација на годишниот план за вработувања, или во извештаите внесе лажни податоци. Дополнително ги потсетуваме членовите на Совет за реформа на јавната администрација  на член 20-б став 9 од ЗВЈС кој гласи: Доколку и по истекот на рокот од став (8) на овој член функционерот на институцијата до Министерството за информатичко општество и администрација не достави усогласен план и не добие позитивно мислење, институцијата нема да може да спроведува постапки за нови вработувања. Императивна норма која доколку не се почитува, сите вработувања се ништовни! Доказите и аргументите ќе ги доставиме денес  до Делегацијата на Европската Унија. Злоупотребите од страна на власта на СДСМ мора да запре, а законите мора да се почитуваат! На власта и порачуваме: Обнова на Македонија следува и одговорност за  вашите злоупотребите ќе има! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-po-dogovorot-za-parlamentarni-izbori-se-sluchuvaat-nevideni-pritisoci-i-uceni-vrz-administracijata/feed/ 0
Стаменковска: Власта е во очај и безнадежност- ризикуваат да ја прокоцка европската перспектива иако беа предупредени дека претстојните избори мора да бидат фер и демократски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-vlasta-e-vo-ochaj-i-beznadeznost-rizikuvaat-da-ja-prokocka-evropskata-perspektiva-iako-bea-predupredeni-deka-pretstojnite-izbori-mora-da-bidat-fer-i-demokratski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-vlasta-e-vo-ochaj-i-beznadeznost-rizikuvaat-da-ja-prokocka-evropskata-perspektiva-iako-bea-predupredeni-deka-pretstojnite-izbori-mora-da-bidat-fer-i-demokratski/#respond Mon, 11 Nov 2019 11:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=262603

Власта е во очај и безнадежност. Ризикуваат да ја прокоцка европската перспектива иако беа предупредени од нашите пријатели од ЕУ дека претстојните избори мора да бидат фер и демократски, Истакна Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. -Загрижени за состојбата во која не внесува власта во Македонија, ви укажуваме на следното:
  • Владата и министрите не смеат да користат државни ресурси за организирање на партиски трибини.
  • Владата и функционерите не смеат да вршат притисок на администрацијата со закани и уцени, со спроведување на дисциплински постапки и распоредувања.
  • Владата и функционерите мора да запрат со поткуп на гласачи преку вработувања во администрација.
  • Владата и функционерите мора да запрат со злоупотреба на институциите за партиски цели.
Одвојување на партијата од државата мора веднаш да започне во спротивно, контаминиран е целиот процес кој не трпи импровизации. Доколку вака продолжите, нема датум да ни дадат ни во Унијата на Западен Балкан, рече таа и додаде: „Од денес започнуваме со прес конференции од пред зградата на Делегацијата на Европската Унија. Нашата цел е да ги информираме нашите пријатели од Европската Унија, за поткупот кој се спроведува од страна на власта со вработувањата во државната и јавната администрација, како и уцените и заканите кои се спроведуваат врз административните службеници. Имено, секој ден ќе ги информираме амбасадите за злоупотребите и поткупот од страна на власта за да се вразумат и запрат со тоа и да не ја загрозуваат европската перспектива на Македонија. Демократска држава, демократски избори и демократски изборен процес не започнува од денот на изгласување на техничка влада или од денот на официјалниот почеток на кампањата. На 20 октомври се договорија предвремени парламентарни избори кои требаше да значат дополнително внимание при практикувањето на власта“. Наместо внимание и европски вредности, подвлече Стаменковска, ние сме сведоци на вандалско и расипничко искористување на буџетските пари за партиски цели, брутално кршење на работничките права и поткуп на гласачи преку вработување во администрацијата. -Во прилог на ова ви укажуваме: * Од 20.10.2019 година до денес, објавени се над 1.200 јавни огласи за вработување, за над 2.200 извршители во институции, на определено и неопределено работно време. * Отпочнати се стотици дисциплински постапки и изречени се десетици казни за вработени во државната и јавната администрација. Исто толку вработени во државната и јавната администрација се распоредени на работни места надвор од местото на живеење. * Секојдневно сме сведоци на злоупотреби на службената должност и овластувања, лаги и нереални ветувања. Се предлагаат закони по итна постапка и се расфрлаат со државните субвенции и државната помош за да регрутираат нови гласачи. Извршната и законодавната власт, целосно е насочена кон испумпување на државните пари за партиски цели, потенцираше пратеничката и додаде: „Ве охрабруваме да ги пријавувате сите злоупотреби на власта, за да ја заштитиме европската перспектива на Македонија. На власта и порачуваме обновата на Македонија следува, а одговорност за злоупотребите ќе има“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-vlasta-e-vo-ochaj-i-beznadeznost-rizikuvaat-da-ja-prokocka-evropskata-perspektiva-iako-bea-predupredeni-deka-pretstojnite-izbori-mora-da-bidat-fer-i-demokratski/feed/ 0