невладина организација билка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Apr 2018 14:12:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невладина организација билка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали на мала врата Владата протуркува легализација на дроги? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-na-mala-vrata-vladata-proturkuva-legalizacija-na-drogi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-na-mala-vrata-vladata-proturkuva-legalizacija-na-drogi/#respond Tue, 10 Apr 2018 14:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=38440

Познати личности ја поддржаа кампањата на невладината организацијата „Билка“ која се залага за целосна декриминализација на канабисот, како за медицински, така и за рекреативни цели. Досега новинарот Огнен Јанески, водителот Марко Новевски, актерката Ирена Ристиќ, балерината Мими Поп Алексова и психијатарот Дарко Костовски ја поддржаа легализацијата на канабисот. Тие во кампањата на „Билка“ преку видео пораки читаат факти за растението, а порачаа и дека се за целосна легализација на канабисот.   Со оглед на тоа што марихуаната во Македонија е легална за медицински цели, останува прашањето дали со оваа кампања се отвора можноста за нејзина декриминализација и за рекреативни цели. Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски за Курир вели дека владата следејќи го принципот на слобода на говор и отворена дебата секогаш ќе ја охрабрува јавноста и граѓанските организации да отвораат дебати за сите прашања кои се од интерес на граѓаните на земјава и очекува, како и оти очекува а нив да се разговара без предрасуди, базирано на факти како и врз основа на јасни индикатори. Потенцира дека овој став важи и за кампањат на „Билка“. Курир праша и дали може да очекува во иднина предлог за целосна декриминализација на канабисот, како за медицински, така и за рекреативни цели? -Владата на РМ секогаш ќе ги носи своите одлуки врз база на презентирани аргументи и ќе се води од приоритетите и интересите на граѓаните, вели Бошњаковски за Курир.​ Канабисот за медицински цели во Македонија беше легализиран во 2016. година, а со тоа нашата земја стана 14. држава во Европа која ја легализираше марихуаната по Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Велика Британија, Словенија и Хрватска. Сепак, канабисот не може да се користи за самолекување, туку со медицинска препорака и тој не може да биде замена за медицинска терапија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-na-mala-vrata-vladata-proturkuva-legalizacija-na-drogi/feed/ 0