невработени лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 05:42:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невработени лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во тек е аплицирањето за активни мерки за невработени лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-aplitsiraneto-za-aktivni-merki-za-nevraboteni-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-aplitsiraneto-za-aktivni-merki-za-nevraboteni-litsa/#respond Wed, 06 Sep 2023 05:42:40 +0000 https://kurir.mk/?p=875006

Агенцијата за вработување објави пет активни мерки за невработени лица кои се пријавуваат во центрите за вработување низ државата, а  меѓу кои Центарот за вработување во Велес. Од велешкиот центар информираат дека невработените ги подржуваат со активни мерки како што  се субвенционирање на плати, финансиска поддршка за создавање на нови работни места и практиканство, а  краен рок на пријавување  е  8 септември. Во  Центарот за вработување во Велес, евидентираните невработени можат да аплицираат и за двете мерки: обука за познат работодавач и обука за побарувани занимања. За нив пријавувањето  е до 15 септември. Невработените лица евидентирани во Центарот за вработување во Велес можат да конкурираат и  за обуки за развој на дигитални вештини и за обуки за познат работодавач, а крајниот рок на пријавување е 30 ноември. Сите заинтересирани невработени лица од Велес и велешкиот поширок регион   дополнителни информации можат да добијат во Центарот за вработување. Воедно сите невработени лица во земјава повеќе информации може да најдат на веб страната на Агенцијата за вработување  av.gov.mk .  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-aplitsiraneto-za-aktivni-merki-za-nevraboteni-litsa/feed/ 0
Попис 2021: Околу 80 проценти од невработените во земјава се со основно или средно образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-okolu-80-procenti-od-nevrabotenite-vo-zemjava-se-so-osnovno-ili-sredno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-okolu-80-procenti-od-nevrabotenite-vo-zemjava-se-so-osnovno-ili-sredno-obrazovanie/#respond Sat, 11 Jun 2022 07:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=689390

Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст од 15 години и повеќе. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование. Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1 545 невработени со магистратура 60 проценти се жени. Во земјава има и 100 невработени доктори на науки. Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование. Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени. Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика. Над половина од невработените со основно се постари од 40 години Над половина од невработените со основно образование се на возраст меѓу 40 и 60 години, додека најмногу се на возраст од 45 до 49 години – над четири и пол илјади. Околу една третина од невработените со средно образование се на возраст меѓу 20 и 29 години, што значи дека можеби се уште не го завршиле своето образование. Околу 11 проценти или над 6 илјади се на возраст меѓу 30 и 34 години. Над пет илјади или по десет проценти се на возраст меѓу 35 и 39 години и меѓу 55 и 59 години. Гледано по статистички региони најголем дел од невработените со основно – 27 проценти живеат во Полошкиот регион. По градови речиси пет илјади или 16 проценти живеат во Скопје, од кои најголемиот дел или над 1 500 во Чаир. Над две илјади невработени со основно образование има и во Гостивар, Тетово и Куманово. Најголем дел од невработените со средно – над 14 илјади или 26 процени живеат во Скопскиот регион, потоа над девет илјади или 17 проценти во Полошкиот регион и над седум илјади или 14 проценти во Североисточниот регион. По градови речиси 13 илјади или 23 проценти живеат во Скопје, од кои над две и пол илјади во Чаир. На второ место е Куманово, каде живеат речиси пет илјади невработени со средно или девет проценти. На трето место е Тетово со 3 744 или седум проценти. Над две и пол илјади невработени со средно образование има и во Битола и Прилеп, додека над две илјади невработени со средно живеат во Гостивар. Над една третина од невработените доктори на науки се на возраст од 30 до 39 години Во земјава има 100 невработени доктори на науки. Над една третина или 36 од нив се на возраст од 30 до 39, по една четвртина се на возраст од 40 до 49 години (26) и од 50 до 59 години (25). Шестмина се постари од 60 години, додека седум се на возраст од 25 до 29 години. Од вкупно 100 невработени доктори на науки во земјава, над половината или 52 се во главниот град Скопје. Во Куманово има 5, Охрид и Штип по 4, Гостивар – 4, Кочани и Тетово по 3, а по двајца невработени доктори на науки има и во Битола, Дебар, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга. Еден процент од невработените се магистри, третината од нив се во Скопје Од вкупно 109 249 невработени во земјава 1 541 се магистри. Речиси две третини се млади на возраст од 25 до 34 години, додека над една третина се во Скопје. Седум проценти или 112 невработени магистри се во Тетово, а по шест проценти во Битола, Куманово и Прилеп. По околу педесетина невработени магистри има и во Кичево, Гостивар, Охрид и Струга. Една третина од невработените магистри во земјава се млади на возраст од 25 до 29 години, а 31 процент се на возраст од 30 до 34 години. Една петтина се на возраст од 35 до 44 години, а околу стотина се меѓу 45 и 54 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-okolu-80-procenti-od-nevrabotenite-vo-zemjava-se-so-osnovno-ili-sredno-obrazovanie/feed/ 0
За еден месец над 900 нови невработени лица, вкупно 159.608 лица без работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-eden-mesec-nad-900-novi-nevraboteni-lica-vkupno-159-608-lica-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-eden-mesec-nad-900-novi-nevraboteni-lica-vkupno-159-608-lica-bez-rabota/#respond Mon, 15 Mar 2021 10:09:47 +0000 https://kurir.mk/?p=482555

Бројот на невработени лица на крајот на февруари според евиденцијата на Агенцијата за вработување изнесува 159608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година. Во овој месец се евидентирани нововработени 3185 лица и 5440 кои стекнале статус на невработено лице. Од почетокот на кризата без работа, според евиденцијата, останале 18266 лица. Меѓу невработените евидентирани лица најмногу 31293 се од Скопје, 20781 се во Тетово, 16.585 во Куманово, 11765 Гостивар, 6742 во Битола, 4468 во Штип…. Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години 21360 ица, на возрат од 50 до 54 се евидентирани 17890 и од 45 до 49 години 16927. Голем број невработени има и меѓу лицата на возраст од 24 до 29 години – 17764. Најбројни меѓу невработените се оние без или со основно образование 85525 лица, со непотполно средно образование се евидентирани 15750, со средно 42749, со вишо 1407, со високо образование како невработени се евидентирани 13174, магистри на наука се 974 и доктори на наука во евиденцијата на невработени се 29 лица. Според националната припадност најбројни меѓу невработените се Македонци 77124, Албанци се 53169, 14714 се Роми…. До крајот на оваа работна недела истекува рокот од 30 дена во кој невработените лица кои ги надмиле роковите за пријава во евиденција можат да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели. Агенцијата даде рок од 30 дена почнувајќи од 19 февруари, заклучно со 19 март 2021 година. Од Агенцијата во јавниот повик наведуваат дека согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност лицето кое е евидентирано како активен барател на работа е должно лично да се јавува во Агенцијата за вработување на секои 30 дена, а лицето евидентирано како друго лице кое бара работа или пасивен барател на работа на секои шест месеци. Невработените лица кои нема да ги исполнат овие обврски во рок од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-eden-mesec-nad-900-novi-nevraboteni-lica-vkupno-159-608-lica-bez-rabota/feed/ 0
„Поради Заев и СДСМ и нивното лошо менаџирање со здравствено-економската криза, повеќе од сигурно бројка на невработени надминува над 55.000 лица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-zaev-i-sdsm-i-nivnoto-losho-menadziranje-so-zdravstveno-ekonomskata-kriza-povekje-od-sigurno-brojka-na-nevraboteni-nadminuva-nad-55-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-zaev-i-sdsm-i-nivnoto-losho-menadziranje-so-zdravstveno-ekonomskata-kriza-povekje-od-sigurno-brojka-na-nevraboteni-nadminuva-nad-55-000-lica/#respond Sat, 09 Jan 2021 18:19:44 +0000 https://kurir.mk/?p=453204

Денес СДСМ реагираше на изјавата дека до сега бројот на невработени се зголемил за 55.000 лица. Во реакцијата стои дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и дека бројот е многу помал од тоа. За да види јавноста кој шири лажни вести во прилог е табела со официјални податоци за бројот на невработени лица од Агенцијата за вработување на Република Македонија. Имено, според овие податоци бројот на невработени лица во јануари е 104.409 додека во ноември тој број е 155.218, што значи зголемување за 50.809, ова преку статус на Фејсбук денеска го пишува Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ. -Дополнително, ако се земе фактот дека во декември многу фирми ставија клуч на врата и гинотпуштија своите вработени поради лошото менаџирање со здравствено-економската криза, повеќе од сигурно е дека таа бројка надминува над 55.000 лица. СДСМ фрустрирани од неспособноста да за справување со економските последици од кризата и неможност да ги сокријат овие поразителни податоци, кои не се обични статистички податоци, туку егзистенцијално прашање за илјадници наши граѓани, се обидуваат да манипулираат со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.
Денес СДСМ реагираше на изјавата дека до сега бројот на невработени се зголемил за 55.000 лица. Во реакцијата стои дека... Posted by Комисија за економија на ВМРО - ДПМНЕ on Сабота, 09 јануари 2021
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-zaev-i-sdsm-i-nivnoto-losho-menadziranje-so-zdravstveno-ekonomskata-kriza-povekje-od-sigurno-brojka-na-nevraboteni-nadminuva-nad-55-000-lica/feed/ 0
„Фактор“: Нови 2.239 невработени минатиот месец поради ковид-кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-novi-2-239-nevraboteni-minatiot-mesec-poradi-kovid-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-novi-2-239-nevraboteni-minatiot-mesec-poradi-kovid-krizata/#respond Wed, 21 Oct 2020 07:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=418789

За еден месец бројот на отпушени поради корона кризата се зголемил за 2.239 лица, евидентира Агенцијата за вработување за периодот од 31 август до 30 септември. Тоа значи дека од март од кога започна пандемијата во земјава, па се до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 лица, објави Фактор. -Во Агенцијата за вработување со состојба на  30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19, се вели во објавата од Агенцијата за вработување. Кон крајот на август годинава, бројот на останати граѓани без работа изнесуваше 12.580 граѓани. Бројот на отпуштањата особено се зголеми откако престанаа да важат мерките за помош на фирмите за плати на вработените. целиот текст прочитајте го на Фактор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/faktor-novi-2-239-nevraboteni-minatiot-mesec-poradi-kovid-krizata/feed/ 0
ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ: Уште 2.000 невработени во септември поради корона кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagrizuvachki-brojki-ushte-2-000-nevraboteni-vo-septemvri-poradi-korona-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagrizuvachki-brojki-ushte-2-000-nevraboteni-vo-septemvri-poradi-korona-krizata/#respond Mon, 05 Oct 2020 14:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=412640

Нови 2.000 лица останаа без работа само во септември. Агенцијата за вработување објави дека за 6 месеци, односно од март до септември работното место го загубија скоро 15.000 лица, само поради ковид кризата, додека вкупниот број отпуштени достигна близу 40 илјади. Од нив половината се на возраст од 30 до 49 години, или кога се најработноспособни. Скоро 4,500 пак што заработиле отказ имале над 50 години. Причините за отпушатања на најголемиот дел, или 45% се дека им завршиле договорите за работа, останатите или добиле отказ од газдата или сами си заминале. Но има и 300 лица кои останале без егзистенција поради затворање на бизнисот од страна на работодавачот. Најмногу отпушатања имало во преработувачката индустрија , 5,500 лица и во трговијата на големо и мало, каде близу 4,500 го загубиле работното место. Од угостителските дејности пак и објектите за сместувања бројките на отпуштени се движат околу 1.300 лица, или под 10%.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zagrizuvachki-brojki-ushte-2-000-nevraboteni-vo-septemvri-poradi-korona-krizata/feed/ 0
Лазаров: Владата веќе втори месец ги крие податоците за бројот на невработени лица – Со криење на податоци, не може да се сокрие неспособноста! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vladata-vekje-vtori-mesec-gi-krie-podatocite-za-brojot-na-nevraboteni-lica-so-krienje-na-podatoci-ne-moze-da-se-sokrie-nesposobnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vladata-vekje-vtori-mesec-gi-krie-podatocite-za-brojot-na-nevraboteni-lica-so-krienje-na-podatoci-ne-moze-da-se-sokrie-nesposobnosta/#respond Sat, 15 Aug 2020 13:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=391135

Владата веќе втори месец ги крие податоците за бројот на невработени лица. Нема никакви информации од надлежните институции, пишува на својот Фејсбук профил Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ. Со криење на податоци, не може да се сокрие неспособноста! Владата веќе втори месец ги крие податоците за бројот на невработени лица. Нема никакви информации од надлежните институции за тоа: - колку граѓани добиле отказ, односно ги изгубиле своите работни места, и - колку граѓани останале без плата во последните неколку месеци. Само за потцетување, согласно последните податоци на УЈП, во месец мај плата добиле 30.000 граѓани помалку споредено со почетокот на годината, што значи дека 30.000 семејства останале без доход за егзистенција за само неколку месеци. Претпоставувате зошто се кријат податоците за јуни и јули. Но, со криење на податоци не може да се сокрие неспособноста на Владата за справување со кризата, вели Лазаров во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vladata-vekje-vtori-mesec-gi-krie-podatocite-za-brojot-na-nevraboteni-lica-so-krienje-na-podatoci-ne-moze-da-se-sokrie-nesposobnosta/feed/ 0
ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ: Долгорочно невработените се рак рана на македонското општество https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zagrizuvachki-brojki-dolgorochno-nevrabotenite-se-rak-rana-na-makedonskoto-opshtestvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zagrizuvachki-brojki-dolgorochno-nevrabotenite-se-rak-rana-na-makedonskoto-opshtestvo/#respond Tue, 23 Jun 2020 08:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=361262

Со години чекаат вработување. Ова е проблем со кој се соочуваат многу македонски граѓани. Во вкупниот број на невработени лица, најголемо е учеството на невработени кои според должината на невработеност се категоризирани во долгорочно невработени лица. Стапката на долгорочно невработените во 2019 изнесувала 13.1  отсто. Над 78.000 граѓани лани се евидентирани како лица кои 4 и повеќе години чекаат работа, пишува Фактор. 11.681 граѓанин веќе 3 години чекаат работа, а повеќе од 5.500 луѓе веќе две години биле невработени. Ова се податоци кои ги објави Државниот завод за статистика во публикацијата Македонија низ бројки. Постојат и луѓе кои откако завршиле со своето образование, работеле само хонорарно, но не успеале да пронајдат стабилна работа. -Од мои 18 години сум на биро, се пријавував постојано, но работа не добив. Само два пати во мојот живот имав работа по договор за период од 6 месеци. Сега веќе се откажав, не се пријавувам во Агенцијата за вработување. Многу роднини, пријатели исто така со години се без работа и секако дека тоа е сериозен проблем во нашата земја, раскажува Мирадије Исмаиловска, граѓанка за Фактор. Сепак, во 2009 и 2014 година, бројот на долгорочно невработени во Македонија бил поголем во однос на минатата година. Целиот текст прочитајте го на Фактор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zagrizuvachki-brojki-dolgorochno-nevrabotenite-se-rak-rana-na-makedonskoto-opshtestvo/feed/ 0
Пријавете се за новиот паричен надоместок за невработени, аплицирањето трае уште една недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavete-se-za-noviot-parichen-nadomestok-za-nevraboteni-apliciranjeto-trae-ushte-edna-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavete-se-za-noviot-parichen-nadomestok-za-nevraboteni-apliciranjeto-trae-ushte-edna-nedela/#respond Fri, 19 Jun 2020 08:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=359732

Оние што останале без работа во пикот на здравствената криза, независно од времето поминато во работен однос, можат да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, апелираше до лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос, да аплицираат во Агенцијата за вработување до 26 јуни. -Според Уредбата, сите оние коишто останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок, посочи Шкријељ. Аплицирањето е веќе во тек. Сите оние кои имале прекин на работен однос во посочениот период треба да поднесат барање до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување. Рок за поднесување на барањата е 26-ти јуни. Досега во Агенцијата се пристигнати над 2.300 барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavete-se-za-noviot-parichen-nadomestok-za-nevraboteni-apliciranjeto-trae-ushte-edna-nedela/feed/ 0
Бројот на невработени во Австрија се зголеми на 170.000 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-nevraboteni-vo-avstrija-se-zgolemi-na-170-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-nevraboteni-vo-avstrija-se-zgolemi-na-170-000-lica/#respond Fri, 27 Mar 2020 16:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=323212

Бројот на луѓе во Австрија кои поради пандемијата на коронавирусот останаа без работа се искачи на 170.800, соопшти Службата за вработување. Во текот на вчерашниот ден бројот на невработени изнесуваше 163.200 лица. Од 16 март, кога стапија на сила мерките за ограничено движење, голем број фирми од секторот за услужни дејности мораше да бидат затворени. Највисок пораст на невработеноста е забележан во гастрономијата со отпуштени 56.200 лица, по што следи градежништвото со 20.800 отпуштени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-nevraboteni-vo-avstrija-se-zgolemi-na-170-000-lica/feed/ 0