невработени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jun 2022 15:44:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невработени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАД 100.000 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ СЕ НЕВРАБОТЕНИ: Излезе и третиот сет податоци од пописот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-100-000-makedonski-gragjani-se-nevraboteni-izleze-i-tretiot-set-podatoci-od-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-100-000-makedonski-gragjani-se-nevraboteni-izleze-i-tretiot-set-podatoci-od-popisot/#respond Wed, 01 Jun 2022 10:34:09 +0000 https://kurir.mk/?p=684851

Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави податоците кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите. Податоците ќе бидатсе објавени на во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef Што ни покажуваат податоците: - Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18 897 лица или 1.2 % неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени. - Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка. - Според полето ( видот ) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии. - Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии. - Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население , односно 608 520 лица се вработени, а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549 лица. - Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лице се со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се женисе со средно образование. - Според дејноста, најмногу вработени, 123 347 лица , има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени. - Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766 лица. - Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе. - Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето. - Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4 % се населени , а 307 187 станови или 36.6 % се ненаселени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-100-000-makedonski-gragjani-se-nevraboteni-izleze-i-tretiot-set-podatoci-od-popisot/feed/ 0
Речиси милион Американци за една недела поднеле документи дека се невработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-milion-amerikanci-za-edna-nedela-podnele-dokumenti-deka-se-nevraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-milion-amerikanci-za-edna-nedela-podnele-dokumenti-deka-se-nevraboteni/#respond Thu, 14 Jan 2021 15:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=455357

Речиси милион Американци минатата недела поднеле барање за надоместоци за невработеност, според Министерството за труд. Минатата недела, до 9 јануари, 965.000 Американци побарале финансиска помош од државата. Скокот во првата недела од 2021 година е за 181.000. Ова е најголем пораст од почетокот на епидемијата во САД во март. Најновите податоци од Федералното биро за статистика на трудот покажуваат дека во декември имало месечен пад од 140.000 работни места. САД се уште треба да обноват 10 милиони работни места за да се вратат на нивото пред пандемијата. Невработеноста во САД е 6,7 отсто, а 19 милиони Американци се уште се потпираат на одредена финансиска помош од државата. Новоизбраниот претседател Џо Бајден се очекува денеска ќе ги објави своите планови за закрепнување на економијата од последиците на пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-milion-amerikanci-za-edna-nedela-podnele-dokumenti-deka-se-nevraboteni/feed/ 0
Хрватска бележи пад на бројот на вработени и пораст на невработените https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-belezi-pad-na-brojot-na-vraboteni-i-porast-na-nevrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-belezi-pad-na-brojot-na-vraboteni-i-porast-na-nevrabotenite/#respond Thu, 24 Dec 2020 10:32:25 +0000 https://kurir.mk/?p=447653

Во третиот квартал од оваа година, Хрватска забележа пад на бројот на вработени и пораст на бројот на невработени, според Централното биро за статистика. Бројот на вработени во третиот квартал во Хрватска се намали за 26.000 на годишно ниво, додека бројот на невработени се зголеми за 32.000 и сега е 135.000, па стапката на невработеност во таа земја е 7,5 проценти, јави Хина. Тоа се статистички податоци од анкетата за работната сила, што се заснова на методологијата на Меѓународната организација на трудот, како меѓународно споредливи податоци за вработувањето и невработеноста. Анкетата, наводно, била спроведена по телефон поради коронавирусот. Според истражувањето, во третиот квартал од оваа година во Хрватска имало околу 1,7 милиони вработени, што е за 10.000 или 0,6 проценти повеќе отколку во претходниот квартал, односно во вториот квартал. Во третиот квартал од оваа година имало околу 1,5 процент помалку вработени. Бројот на невработени се зголеми на годишно ниво за 31 процент, а на квартална основа за 17,4 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-belezi-pad-na-brojot-na-vraboteni-i-porast-na-nevrabotenite/feed/ 0
Шахпаска се пофали: Следната година нови 6.000 семејства ќе станат социјални случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-se-pofali-slednata-godina-novi-6-000-semejstva-kje-stanat-socijalni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-se-pofali-slednata-godina-novi-6-000-semejstva-kje-stanat-socijalni-sluchai/#respond Wed, 23 Dec 2020 21:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=447437

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска предупреди дека доколку пандемијата продолжи во наредната година се очекува нови 6.000 домаќинства  да влезат во системот за социјална заштита, додека од почетокот на пандемијата досега, бројот на домаќинства кои влегле во овој систем е зголемен за 5.500 нови. Ваквите бројки пред се укажуваат на слабите резултати од мерките кои беа донесени од страна на Владата за помагање на реалниот сектор, за зачувување на работните места и намалување на последиците кои ги предизвикува пандемијата. И покрај тоа што Владата се фали со мерките вредни стотици милиони евра кои беа донесени во четири пакети, тоа што паѓа во очи од досега спроведените е тоа што од истите се искористува едвај една третина, што пак укажува на тоа дека мерките не стигнуваат до вистинската цел за која што се наменети. Ваквото непоклопување на мерките со реалните потреби се покажа уште во првиот пакет на мерки кога имаше случаи кога компании коишто аплицирале и ја зеле помошта од државата ја враќаа назад бидејќи имаше критериуми на кои тие не можеа да се обврзат. Од претходните три пакети на мерки од 500 милиони евра едвај беа искористени една третина, односно 165 милиони евра, а со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра Заев најави обезбедување одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка, но од друга страна министерката за труд и социјала кажува дека се зголемува бројот на семејства кои влегуваат во системот за социјална заштита. Друг факт кој е загрижувачки, а исто укажува на нефункционалноста на мерките е и тоа што секој месец илјадници граѓани остануваат без нивните работни места. Од почетокот на пандемијата пак, до ноември Агенцијата за вработување регистрира 47.500 невработени. Слабост при донесувањето на мерките е тоа што за истите не е исконсултирана експертската јавност па корисниците на истите се соочуваат со многу пречки додека стигнат до помошта. Последно некои од граѓаните со ниски примања кои требаше да земат по 6 илјади денари се жалат дека поради извршителите не можат да ги подигнт истите и бараат од Владата да се најде решение, односно извршителите да стават мораториум за овие пари да можат да ги искористат граѓаните кои немаат никакви примања, но немаат конкретен одговор за овој проблем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-se-pofali-slednata-godina-novi-6-000-semejstva-kje-stanat-socijalni-sluchai/feed/ 0
Додека Србија бара над 1.200 здравствени работници во Македонија околу 2.300 седат дома- веќе две недели на улица се и 50-на медицински сестри! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-srbija-bara-nad-1-200-zdravstveni-rabotnici-vo-makedonija-okolu-2-300-sedat-doma-vekje-dve-nedeli-na-ulica-se-i-50-na-medicinski-sestri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-srbija-bara-nad-1-200-zdravstveni-rabotnici-vo-makedonija-okolu-2-300-sedat-doma-vekje-dve-nedeli-na-ulica-se-i-50-na-medicinski-sestri/#respond Fri, 20 Nov 2020 13:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=432226

Додека целиот регион со сите сили и капацитети се справува со коронавирусот, македонските власти тапкаат во место, но за жал цената и последиците од неспособноста ги плаќаат граѓаните со своите животи. И додека клиничкиот центар во Србија распишува конкурс за вработување на нови 1.277 здравствени работници со високо образование кои се подготвени да помогнат во справување со кризата, во Македонија, ситуацијата е обратна, медицински сестри се бркаат од работа. И додека во соседството се бараат 276 лекари, 80 анестезиолози, 45 пулмолози, 20 специјалисти по ургентна медицина, 15 кардиолози, 12 инфектолози, 10 еднокринолози, 9 нефролози, 7 хематолози и по шест гинеколози и лекари по општа медицина, нашите власти не ги вработуваат здравствените работници кои седат дома. Инаку пред неколку дена беше објавено дека над 2.300 сестри и доктори се на листата невработени во Македонија. Според податоците на Агенцијата за вработување заклучно со 31 октомври годинава, како невработени се евидентирани 249 доктори на медицина, 19 специјалисти по општа медицина и еден интернист. Од нив дури 225 се водат како невработени помалку од 11 месеци односно приближно колку што трае корона кризата, објавува Скопје инфо. Кај сестрите состојбата е поалармантна. Во евиденција во Агенцијата како невработени се пишани вкупно 2.098 сестри. Од нив 939 се со звање медицински техничар, 873 лица со звање медицински сестри, специјалисти медицински сестри се 21, а дипломирани медицински сестри 63, 4 невработени медицински сестри се специјалисти за интензивна нега. Во услови на здравствена криза која почна во март, 1.214 се невработени помалку од 11 месеци. Невработеноста кај сестрите трае подолго отколку кај докторите. Ако само 13 доктори по општа медицинина работа чекаат подолго од 2 години. Толку време како невработени се водат над 300 медицински сестри.  Во евиденцијата на Агенцијата има уште и 150 невработени бабици. КУРИР неодамна објави и за голготата на 47-те медицински сестри кои беа примени во проектот од страна на Министерството за здравство. Медицинските сестри од проектот за „патронажна служба“ повторно дома. Голготата на 47-те медицински сестри кои беа примени во проектот од страна на Министерството за здравство продолжува. Првиот нивен договор за вработување со Здравствен дом Скопје бил склучен на 1.10.2019 година и траел до 30 април 2020 година кој поради пандемијата со коронавирусот бил продолжен лично од министерот за здравство Венко Филипче за уште шест месеци, поточно до 31 октомври 2020, но по неговиот истек речиси 50-тина медицински сестри веќе од вчера седат дома во време кога државата се соочува со недостиг на медицински кадар. -Пред истекот на нашиот договор ние поднесовме писмено барање до Министерството за здравство со цел да дознаеме што ќе биде со нашиот проект, на 14 октомври минатиот месец добивме устен одговор од координаторката на нашиот проект дека со ребалансот на буџетот се одобрени средства за нашиот проект и дека истиот се продолжува до 31 декември 2020 година, односно за уште два месеци, велат за КУРИР медицинските сестри од оваа служба кои веќе седат дома. Тие додаваат дека по оваа одлука биле донекаде задоволни, бидејќи уште два месеци ќе останат на работа, но да биде проблемот поголем на 6 ноември месецов одговорните лица им се јавиле да не доаѓаат од понеделник на работа. -Проблемот е во тоа што Министерството за здравство ги префрлиле парите на Фондот за здравство, но фондот не ги префрлил на Здравствен дом Скопје. Одговорот на Здравствен дом е дека финансиите нема да се добијат се додека не се направат нови решенија за договор за вработување, временски за два месеци. Во меѓувреме Фондот за здравство останува без директор поради негова смена и всушност нашиот проблем не е приоритет на еден директор кој штотуку е назначен на новото работно место. Станува збор за директорот Стево Крстевски кој е назначен на 4 ноември месецов, раскажуваат револтираните медицински сестри. Тие разочарано прашуваат дали овој парадоксален проблем ќе го реши некој? -Овој настанат проблем да си ја вршеле работата сите, до сега ќе бил решен и немаше да седиме дома. Се запрашал ли некој како се чувствуваме ние со овој проблем? Каде да се бара излезност и решение за нас? Седиме и чекаме од сите надлежни и претпоставени на нашите работни места. Добиваме поддршка, но конкретно решение и конкретен одговор нема, велат тие. Додаваат дека не знаат колку време ќе се седи дома и како ќе биде регулиран овој период со договор и финансиски средства. -Во овој период на пандемија секаде во светот се потребни медицински сестри, а нас ни велат седете дома ЌЕ ви се јавиме, заклучуваат медицинските сестри со кои разговараше КУРИР. Медицинските сестри од проектот за „Патронажна служба“ инаку минатата недела му испратија и писмено барање до министерот Венко Филипче се со цел добивање на одговор за настанатиот проблем, но засега тие се уште не добиле одговор. И додека сите директори и самото Министерство за здравство алудираат на тоа дека има недостаток на медицински персонал во нашата земја со оглед на вртоглаво црните бројки на новозаразени (во просек околу 1.000 на дневно ниво) и починати лица, речиси подготвен медицински кадар седи дома поради неодговорноста на институциите. Доказ дека недостига медицински кадар е и изјавата на директорката на Клиниката за инфективни состојби и фибрилни состојби Милена Стевановиќ која минатата недела изјави дека целиот персонал е уморен и дека им требаат дополнителен кадар. Недостатокот на медицински персонал инаку има во речиси сите здравствени установи низ земјава, додека министерот молчи и не презема ништо за овој проблем, напротив остава медицински сестри да седат дома, поради парадоксална неодговорност на институциите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-srbija-bara-nad-1-200-zdravstveni-rabotnici-vo-makedonija-okolu-2-300-sedat-doma-vekje-dve-nedeli-na-ulica-se-i-50-na-medicinski-sestri/feed/ 0
АЛАРМАНТНО: Во болниците недостасува кадар, а над 2.000 медицински сестри и повеќе од 250 лекари се невработени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-vo-bolnicite-nedostasuva-kadar-a-nad-2-000-medicinski-sestri-i-povekje-od-250-lekari-se-nevraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-vo-bolnicite-nedostasuva-kadar-a-nad-2-000-medicinski-sestri-i-povekje-od-250-lekari-se-nevraboteni/#respond Tue, 17 Nov 2020 07:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=430465

Над 2.300 сестри и доктори се на листата невработени. Според податоците на Агенцијата за вработување заклучно со 31 октомври годинава, како невработени се евидентирани 249 доктори на медицина, 19 специјалисти по општа медицина и еден интернист. Од нив дури 225 се водат како невработени помалку од 11 месеци односно приближно колку што трае корона кризата, објавува Скопје инфо. Кај сестрите состојбата е поалармантна. Во евиденција во Агенцијата како невработени се пишани вкупно 2.098 сестри. Од нив 939 се со звање медицински техничар, 873 лица со звање медицински сестри, специјалисти медицински сестри се 21, а дипломирани медицински сестри 63, 4 невработени медицински сестри се специјалисти за интензивна нега. Во услови на здравствена криза која почна во март, 1.214 се невработени помалку од 11 месеци. Невработеноста кај сестрите трае подолго отколку кај докторите. Ако само 13 доктори по општа медицинина работа чекаат подолго од 2 години. Толку време како невработени се водат над 300 медицински сестри.  Во евиденцијата на Агенцијата има уште и 150 невработени бабици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-vo-bolnicite-nedostasuva-kadar-a-nad-2-000-medicinski-sestri-i-povekje-od-250-lekari-se-nevraboteni/feed/ 0
Додека 40 илјади луѓе останаа без работа, владата троши пари на октоподи и свежа риба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-40-iljadi-lugje-ostanaa-bez-rabota-vladata-troshi-pari-na-oktopodi-i-sveza-riba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-40-iljadi-lugje-ostanaa-bez-rabota-vladata-troshi-pari-na-oktopodi-i-sveza-riba/#respond Tue, 08 Sep 2020 11:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=400619

Во време на пандемија, здравствена и економска криза кога секојдневно се отпуштаат работници власта се луксузира. Како последица на кризата изминатите неколку месеци во Македонија без работа останаа околу 40.000 работници. Од друга страна Владата и општините се фрлиле на расипништво. На електронскиот систем за јавни набавки стои договор за набавка на прехранбени продукти пијалоци (безалкохолни и алкохолни) за потребите на Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ на 26 август склучил договор за набавка на прехранбени продукти алкохолни и безалколни пијалоци за потребите на општината во вредност од 246.620,00 денари. Општина Центар направила набавка на кафе, растворливо кафе во гранули, разни видови чаеви бадеми, лешници, кикирики, индиски ореви за сопствени потреби. Министерството за одбрана и секторот логистика пак склучило договор за набавка на газирани пијалоци во вредност од 3 557 488,19 денари. Набавувала и Службата за општи и заеднички работи на Владата во периодот додека траеше корона кризата вршела набавки на луксузни добра како што се морски плодови свежа риба октопод, апетисани, кафе кадаиф и сувомеснато. Имено, Службата за општи и заеднички работи вршела набавка на морски плодови, свежа риба и окропод во износ од 565.299 денари, понатаму кафе и еспресо во износ од 1.707.039 апетисани во износ од 449.631 и сувомеснато во износ од 713.029 денари. Непродуктивните трошоци кога секојдневно се отпуштаат вработени се неосновани. Истите се доказ за расипничкото трошење на Владата во време на криза кога компаните и граѓаните едвај преживуваат, а владата се гости со пијалоци, морска храна, апетисани и сувомеснати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-40-iljadi-lugje-ostanaa-bez-rabota-vladata-troshi-pari-na-oktopodi-i-sveza-riba/feed/ 0
Секој час 11 невработени во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-chas-11-nevraboteni-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-chas-11-nevraboteni-vo-makedonija/#respond Fri, 04 Sep 2020 14:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=399265

Се соочуваме со суровата реалност на пазарот на труд која дојде како резултат на истоштената економија каде во просек 250 луѓе дневно го губат своето работно место, односно секој час 11 граѓани во Македонија остануваат на улица. Ова се поразителни бројки за македонската економија. Бројките се од истражувањето на Рефлектор, а врз основа на податоци од Заводот за вработување за пет месеци кои велат дека од април до 24-ти август бројот на луѓе што активно бараат работа е 36,362. Или станува збор за речиси 5 месеци, скоро 40 илјади невработени или дневно околу 250 лица, а во еден час 11 лица остануваат без работа.Ваквиот тренд на долг рок нема да донесе економска стабилност, туку напротив- уште попоразителни статистики и реални проблеми во економијата. Зошто е значајно работодавачите да направат напори да задржат колку е можно повеќе од своите вработени? Одговорот веројатно го дава историјата: имено доказите од опоравувањето на економијата во периодот по Втората светска војна покажуваат дека оваа инвестиција во план за опоравување се исплатува сама по себе. Семејствата кои работат и имаат на располагање приход креираат услови на економска побарувачка која е неопходна за стабилен растеж и здрави јавни финансии. Стабилните јавни финансии и системот на социјална сигурност ќе ги стимулираат луѓето да трошат и конечно ќе донесат стабилност и заштита од можна идна пандемија. Се зголеми бројот на невработени лица наспроти повиците на премиерот Зоран Заев за задржување на секое работно место кон фирмите и работодавачите. Eкономските мерки на владата за помош и поддршка на фирмите за пребродување на кризата, кои стручната јавност најчесто ги оквалификуваше како скромни, се покажа дека немаат ефект и не даваат резултати поради што газдите се принудени да ги отпуштаат своите вработени. Премиерот Заев пак на средбата со Сојузот на стопански комори истакна дека бројките на отпуштени работници неприродно пораснаа од 12-13 000 на 22-23 000, а по некои статистики и на 30 илјади невработени, а се оди и до 40 илјади лица кои останале без работа. „Бројките на отпуштени работници неприродно пораснаа од 12-13 000 на 22-23 000, а по некои статистики и на 30 000 невработени, но не се 140 000. За нас е важно секое работно место и затоа треба да знаат деловните луѓе дека државата продолжува да помага. Сакаме да им се најдеме, но не можат да очекуваат директна помош и поддршка ако не водат грижа за својот највреден капитал, а тоа се работниците“, рече Заев. Државниот завод за статистика пак објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари – јули оваа година во споредба со лани е намален за 4,6%. На крајот на април годинава бројот на невработени лица во земјава изнесува 114.762, што е за 7.030 лица повеќе во однос на крајот на март, според евиденцијата на Агенцијата за вработување. Предвидувањата се дека во следните шест до осум месеци кризата ќе продолжи и целиот овој период и токму поради тоа владата мора да изнајде решенија со цел да им помогне на бизнис секторот и зачувувањето на работните места. Секојдневно во Македонија се јавуваат различни категории на граѓани, вработени во различни области кои бараат помош и стравуваат за своите работни места и издржувањето на сопствените семејства. Ваквиот тренд на долг рок нема да донесе економска стабилност како што смета Заев туку напротив уште поразителни статистики, реални проблеми во економијата и сиромаштија. Ситуацијата во Македонија е сериозна и токму поради тоа треба да се направат сериозни калкулации на кој начин и како треба да им се помогне на компаниите и бизнис секторот. Доколку власта не изнајде сериозен начин за помош на фирмите на работниците и понатаму ќе им се следуваат откази и се повеќе лица ќе останат на улица]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-chas-11-nevraboteni-vo-makedonija/feed/ 0
Агенцијата за вработување од мај не ги објавува официјалните податоци за вкупниот број на невработени лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agencijata-za-vrabotuvanje-od-maj-ne-gi-objavuva-oficijalnite-podatoci-za-vkupniot-broj-na-nevraboteni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agencijata-za-vrabotuvanje-od-maj-ne-gi-objavuva-oficijalnite-podatoci-za-vkupniot-broj-na-nevraboteni-lica/#respond Tue, 11 Aug 2020 13:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=389315

Додека светот секојдневно брои колку работници добиле отказ за време на корона кризата, македонските бројки застанаа во мај. Агенцијата за вработување не ги објавува официјални податоци колку нови лица се пријавиле како невработени во јуни и јули поради отказ од работа. Последните лиферувани информации ги имаат заклучно со мај иако на почетокот на август веќе требаше да бидат објавени и бројките за јули. Директорката Билјана Јовановска е на одмор, и никој не знае кога податоците ќе бидат достапни за јавноста. Според она што е официјално на сајтот од март до мај, бројот на невработени во земјава се зголемил за нови 15.371 лица. Ако ги додадеме и неформалните бројки кои минатата недела за Телма ги даде Јовановска дека во јули имало прилив на нови 2.503 лица, а за јуни бројката била 3.656 излегува дека над 21.500 лица добиле отказ од работа од март до јули за време на корона – кризата. Но нема официјален податок колку лица во моментов се невработени. Бизнисот веќе алармираше дека се спремаат нови откази, доколку итно не се формира Влада и не се донесе нов сет мерки за помош на компаниите. Стравуваат дека економските последици од Ковид 19 допрва следат, пишува телевизија Телма. -Се надевам дека новата влада кога ќе се формира најпрво што ќе почне да работи е да работи на евентуалната нова помош на компаниите со цел да се задржат компаниите да не се затворат бидејќи без таква помош бројот на компаниите во септември, октомври, па и ноември што ќе се затворат може да биде многу голем, вели Димитров. И додека земјава нема податок ниту анализа колку лица добиле отказ од работа поради корона-кризата, дури и некои од земјите од регионот, бројките за изгубени работни места ги објавуваа заедно со бројот на новозаболени со вирусот. Босна денеска објави дека најмалку 32.000 лица изгубиле работа од почетокот на корона-кризата. А Британија пак брои 220.000 помалку вработени во вториот квартал, или регистрираше најголема загуба на работни места од 2009 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agencijata-za-vrabotuvanje-od-maj-ne-gi-objavuva-oficijalnite-podatoci-za-vkupniot-broj-na-nevraboteni-lica/feed/ 0
Околу 1,4 милиони Американци минатата недела се пријавиле за невработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-1-4-milioni-amerikanci-minatata-nedela-se-prijavile-za-nevraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-1-4-milioni-amerikanci-minatata-nedela-se-prijavile-za-nevraboteni/#respond Thu, 23 Jul 2020 13:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=380363

Околу 1,4 милиони Американци минатата недела поднеле документи за невработеност, соопшти денеска американското Министерство за труд. Бројката од Министерството за труд покажува зголемување за 109.000 од ревидираниот број претходната недела. Ова е првото зголемување на неделниот извештај за повеќе од три месеци. Во САД секојдневно се регистрираат нови многу високи бројки на новозаразени со коронавирусот, особено во јужните и западните држави. Некои локални власти ги повлекоа дозволите за отворање на одредени бизниси како дел од напорите за контрола на заразата, принудувајќи ги неодамна отворените деловни субјекти, повторно да затворат. Федералната помош за невработените, која беше усвоена заедно со другите мерки за спречување на пандемијата и ублажување на последиците од неа, треба да истечат за само неколку дена. Зголемувањето на бројот на работниците што бараат помош затоа што останале без работа веројатно ќе ја зголеми итноста во Вашингтон за продолжување на помошта, со оглед на тоа што пратениците дебатираат за нов пакет за помош. Минатите пакети помош од март без во вредност од речиси три трилиони долари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-1-4-milioni-amerikanci-minatata-nedela-se-prijavile-za-nevraboteni/feed/ 0