невработеност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 16:24:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png невработеност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Повеќето Германци сметаат дека работата не се исплати поради бенефициите за невработеност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-poveketo-germantsi-smetaat-deka-rabotata-ne-se-isplati-poradi-benefitsiite-za-nevrabotenost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-poveketo-germantsi-smetaat-deka-rabotata-ne-se-isplati-poradi-benefitsiite-za-nevrabotenost/#respond Tue, 05 Sep 2023 16:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=874866

Мнозинството Германци веруваат дека повеќе не вреди да се работи, со оглед на зголемената државна поддршка, покажува истражувањето на јавното мислење објавено денеска. Според истражувањето на институтот ИНСА за дневниот весник „Билд“, 52 отсто од испитаниците сметаат дека работата не се исплати, 40 отсто го мислат спротивното, а осум отсто одбиле да одговорат на прашањето. Во понеделникот, веста дека работник во магацин од Бад Ајнхаузен во западна Германија ја напуштил работата откако дознал за најновото зголемување на бенефициите за невработеност го привлече вниманието на јавноста. Според последната одлука на Владата, оваа помош од 1 јануари 2024 година ќе се зголеми за 61 евро, со што ќе изнесува 563 евра месечно за самец. Треба да се додаде дека државата ги покрива сите трошоци за домување и здравствено осигурување за примателите на помош. Магационерот кој даде отказ тврди дека со малку „прикриена работа“ и државна помош може да заработува повеќе месечно отколку на работа. Весникот „Билд“ пресметал дека вработен кој работи за минимална саатница (моментално 13,90 евра) заработува околу 2.000 евра бруто и дека по одбитоците за данок, пензиско и здравствено осигурување и по плаќањето кирија и комуналии, му остануваат околу 600 евра, малку повеќе од бенефиции за невработеност. Повеќето од оние кои мислат дека повеќе не вреди да се оди на работа се гласачите на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД). Гласачите на партиите на владејачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП) сметаат дека работата се исплати. Министерот за финансии Кристијан Линднер минатата недела рече дека бенефициите не треба да делуваат како дестимулација за оние кои сакаат да работат. „Најдобар начин за излез од сиромаштијата е да се биде вработен“, рече Линднер. Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц изјави дека оние што одат на работа на крајот на месецот мора да имаат повеќе во џебот од оние што добиваат државна помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-poveketo-germantsi-smetaat-deka-rabotata-ne-se-isplati-poradi-benefitsiite-za-nevrabotenost/feed/ 0
Невработеноста во Грција во јуни се намалила на 11,1 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevrabotenosta-vo-grtsija-vo-juni-se-namalila-na-11-1-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevrabotenosta-vo-grtsija-vo-juni-se-namalila-na-11-1-otsto/#respond Tue, 01 Aug 2023 14:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=862404

На 11,1 отсто се намалила невработеноста во Грција во јуни годинава, од 12,3 проценти истиот месец лани и од 11,3 проценти во мај 2023 година, според официјалните податоци од грчката Служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Невработени се 523.409 лица, за 60.078 помалку (10,3 отсто) во однос на јуни 2022 и за 6.234 лица помалку (1,2 проценти) во однос на мај годинава. Доколку се анализираат официјалните податоци на Службата за статистиказа месец јуни од 2018 година до сега, оваа година невработеноста е најниска, а највисока била во јуни 2020 година со 20,2 отсто. Кај младите до 24 годишна возраст, невработеноста од јуни 2018 година кога била 41 процент, сега е намалена на 23,6 отсто, од 31,6 проценти лани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevrabotenosta-vo-grtsija-vo-juni-se-namalila-na-11-1-otsto/feed/ 0
Невработеноста во САД во јуни намалена за 3,6 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-sad-vo-juni-namalena-za-3-6-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-sad-vo-juni-namalena-za-3-6-otsto/#respond Fri, 07 Jul 2023 20:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=854216

Отворени помалку работни места во јуни, раст на платите и намалена невработеност од 3,6 отсто, се дознава од месечниот извештај на американското Министерство за труд објавен денеска. Работодавците во САД вработиле 209.000 работници во јуни, солидна бројка но помала од 306.000 вработени во мај. Минатиот месец исто така порасна бројот на Американци вработени на делумно работно време а поради економски причини, на пример полоши услови за работа на бизнисот. Стапката на раст на бројот на работните места во историски рамки останува висока и е еден од признаците дека американската економија е далеку од рецесија. Претседателот Џо Бајден за сегашниот извештај изјави дека континуираниот раст на бројот на работни места е „бајденекономија во акција“ и сигнал за одржлив економски раст. – НАБЉУДУВАМЕ СТАБИЛЕН И ОДРЖЛИВ РАСТ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗЈАВАТА НА БАЈДЕН. – ТОА Е „БАЈДЕНЕКОНОМИЈА“, РАСТЕЖ НА ЕКОНОМИЈАТА НА СМЕТКА НА СОЗДАВАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА, НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ НА РАБОТНИТЕ СЕМЕЈСТВА И РАЗУМНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО АМЕРИКА, СООПШТИ ТОЈ. Просечната саатница во САД во јуни пораснала за 0,4 отсто по сличниот раст во мај. За 12 месеци од јуни 2022 до јуни 2023 година просечната плата во САД пораснала за 4,4 отсто. Годишниот раст на платата е превисок за да парира на таргетот на Федералните резерви за инфлација од 2 отсто, затоа се очекува ново зголемување на каматните стапки, сметаат познавачите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-sad-vo-juni-namalena-za-3-6-otsto/feed/ 0
Невработеноста во Грција намалена на 10,9 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevrabotenosta-vo-grtsija-namalena-na-10-9-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevrabotenosta-vo-grtsija-namalena-na-10-9-otsto/#respond Wed, 03 May 2023 11:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=830123

На 10,9 проценти се намалила невработеноста во Грција во март годинава, од 12,7 отсто истиот месец лани и од 11,3 проценти во февруари 2023 година, според официјалните податоци од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Во земјата невработени се 508.744 лица, за 100.395 помалку во однос на март 2022 и за 14.096 лица помалку во однос на февруари 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevrabotenosta-vo-grtsija-namalena-na-10-9-otsto/feed/ 0
Невработеноста во четвртиот квартал лани 14 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevrabotenosta-vo-chetvrtiot-kvartal-lani-14-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevrabotenosta-vo-chetvrtiot-kvartal-lani-14-otsto/#respond Fri, 10 Mar 2023 17:44:01 +0000 https://kurir.mk/?p=810594

Стапката на невработеност во четвртиот квартал во 2022 година изнесувала 14 отсто. Стапката на активност во овој период е 54.9, а стапката на вработеност 47.2, соопшти Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 802 280 лица, од кои вработени се 690 053, а 112 227 лица се невработени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevrabotenosta-vo-chetvrtiot-kvartal-lani-14-otsto/feed/ 0
Стапката на невработеност во третиот квартал 14,3 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapkata-na-nevrabotenost-vo-tretiot-kvartal-14-3-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapkata-na-nevrabotenost-vo-tretiot-kvartal-14-3-otsto/#respond Fri, 09 Dec 2022 11:25:10 +0000 https://kurir.mk/?p=773056

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 808 328 лица, од кои вработени се 693 062, а 115 266 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 55.2, стапката на вработеност 47.3, а стапката на невработеност изнесува 14.3 проценти]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapkata-na-nevrabotenost-vo-tretiot-kvartal-14-3-otsto/feed/ 0
Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-evrozonata-na-rekordno-nisko-nivo-od-6-5-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-evrozonata-na-rekordno-nisko-nivo-od-6-5-procenti/#respond Thu, 01 Dec 2022 13:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=769535

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 отсто во октомври, покажуваат бројките што денеска ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. Невработеноста е намалена и во однос на септември кога изнесуваше 6,6 отсто и во однос на октомври минатата година кога изнесуваше 7,3 отсто. Невработеноста во еврозоната никогаш не била помала откако е формирана актуелната валутна заедница составена од 19 држави-членки. Последните податоци значат дека 10,87 милиони луѓе во еврозоната биле без работа во октомври или 1,05 милиони помалку од пред една година. Невработеноста кај младите изнесува 15 отсто. Во рамки на зоната Шпанија има највисока стапка на невработеност од 12,5 проценти, а најниска невработеност има Германија со три проценти од работоспособното население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-evrozonata-na-rekordno-nisko-nivo-od-6-5-procenti/feed/ 0
Намалена невработеноста во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalena-nevrabotenosta-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalena-nevrabotenosta-vo-grcija/#respond Wed, 10 Aug 2022 13:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=716647

За 0,4 отсто во споредба со мај годинава и за 2,9 проценти во споредба со јуни 2021 година, се намалила невработеноста во Грција, која за месец јуни изнесува 12,1 отсто, согласно официјалните податоци од Грчката служба за статистика, а според надлежниот министер веќе е на нивото од 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина. Невработени се 572.109 лица, за 120.976 помалку од јуни 2021 година, а највисока е невработеноста кај младите на возраст од 15 до 24 години и изнесува 27,4 отсто, наспроти 11,3 проценти кај оние меѓу 25 и 74 години. Кај жените, невработени се 15,9 отсто, а кај мажите девет проценти. Министерот за труд и социјални прашања на Грција Костис Хаѕидакис рече дека „значајното намалување на невработеноста, е практичен одговор на сите оние кои се обидуваат да ја сведат на нула работата на Владата“. -Невработеноста падна на 12,1 отсто, односно над пет процентни поени во однос на она што го презедовме од СИРИЗА (17,3 проценти). Уште поважен е фактот што падна за три процентни поени во однос на јуни минатата година (15 отсто). Невработеноста кај младите исто така се намалува, додека вкупната невработеност се врати на нивото од 2010 година, рече Хаѕидакис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namalena-nevrabotenosta-vo-grcija/feed/ 0
Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-sad-povtorno-na-najnisko-nivo-vo-poslednite-50-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-sad-povtorno-na-najnisko-nivo-vo-poslednite-50-godini/#respond Fri, 05 Aug 2022 19:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=714797

Економијата на САД додаде 528.000 работни места во јули, двојно повеќе од очекуваните 250.000, а стапката на невработеност падна за 0,1 поен на 3,5 отсто, враќајќи се на најниското ниво во последните 50 години од февруари 2020 година. Аналитичарите очекуваа малку повисока стапка на невработеност за јули – 3,6 проценти – како што беше во јуни. Вработеноста достигна 62,1 отсто, останувајќи за 1,3 процентни поени под нивото од февруари 2020 година. Просечната заработка на час порасна со годишна стапка од 5,2 отсто. Бројот на отворени работни места за претходните два месеци беше ревидиран нагоре, од 384.000 на 386.000 во мај и од 372.000 на 398.000 во јуни, соодветно. За двата месеци корекцијата е вкупно +28.000.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevrabotenosta-vo-sad-povtorno-na-najnisko-nivo-vo-poslednite-50-godini/feed/ 0
Стапката на невработеност во еврозоната во јуни изнесувала 6,6 проценти, во ЕУ 6 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-nevrabotenost-vo-evrozonata-vo-juni-iznesuvala-6-6-procenti-vo-eu-6-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-nevrabotenost-vo-evrozonata-vo-juni-iznesuvala-6-6-procenti-vo-eu-6-otsto/#respond Mon, 01 Aug 2022 14:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=712671

Стапката на невработеност во еврозоната во јуни изнесувала 6,6 отсто, како и во мај, соопшти денеска статистичката служба на Европската унија, Евростат. Невработеноста во 27-члената Европска унија исто така остана непроменета на месечна основа во јуни и изнесуваше 6,0 отсто. Според податоците на веб-страницата на Евростат, во јуни во ЕУ имало 12,93 милиони невработени жени и мажи, наспроти 12,95 милиони во мај. Од нив, бројот на невработени во еврозоната изнесува 10,92 милиони, што е благ пораст во споредба со мајските 10,90 милиони невработени лица. Најниски стапки на невработеност во јуни се забележани во Чешка (2,4%), Полска (2,7%) и Германија (2,8%), а највисоки во Шпанија (12,6%) и Грција (12,3%).  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-nevrabotenost-vo-evrozonata-vo-juni-iznesuvala-6-6-procenti-vo-eu-6-otsto/feed/ 0