Невреме „Даниел“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 20:06:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Невреме „Даниел“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Даниел“ пустоши во Либија: Најмалку 2.000 загинати, 7.000 исчезнати во силното невреме (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/daniel-pustoshi-vo-libija-najmalku-2-000-zaginati-7-000-ischeznati-vo-silnoto-nevreme-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/daniel-pustoshi-vo-libija-najmalku-2-000-zaginati-7-000-ischeznati-vo-silnoto-nevreme-video/#respond Mon, 11 Sep 2023 20:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=877073

Како последица на обилните врнежи, повеќе од 2.000 луѓе ги загубија животите, а 7.000 исчезнаа, објави денеска министерот за внатрешни работи на владата на истокот на Либија, Абу Зерибе. Осама Хамад, премиерот на една од двете ривалски влади во Либија, денеска изјави дека се стравува дека речиси 2.000 луѓе загинале во поплавите на истокот на земјата. Пред тоа, претставници на владата што го контролира источниот дел на Либија изнесоа информации за 27 загинати, но нагласија дека нема извештај од градот Дерна, во кој е прогласена вонредна состојба. Сепак, во изјава за телевизијата Ал-Масар, Осама Хамад посочи дека бројката од 2.000 луѓе првенствено се однесува на Дерна, каде се прекинати сите сообраќајни врски и каде што нема струја и комуникациски врски. Хамад рече дека поплавите во Дерна однеле цели населби. Поплавите се резултат на моќната медитеранска бура Даниел, која сега се движи кон Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/daniel-pustoshi-vo-libija-najmalku-2-000-zaginati-7-000-ischeznati-vo-silnoto-nevreme-video/feed/ 0
Пронајдени уште две безживотни тела во поплавите во Грција, вкупно 14 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeni-ushte-dve-bezzhivotni-tela-vo-poplavite-vo-grtsija-vkupno-14-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeni-ushte-dve-bezzhivotni-tela-vo-poplavite-vo-grtsija-vkupno-14-zaginati/#respond Sun, 10 Sep 2023 13:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=876599

Бројот на загинати во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“ се зголеми на 14 лица, откако денеска беа пронајдени уште две безживотни тела во поплавен дом во село во близина на градот Кардица, а исчезнати се три лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека загинатите биле идентификувани и станува збор за 65-годишен маж и 88-годишна жена, кои беа исчезнати. Најверојатно станува збор за мајка и син. Во погодените подрачја и денеска продолжува акцијата за спасување и евакуација на граѓаните заглавени во поплавените населени места. Официјално, за исчезнати се водат три лица, еден сточар и двајца туристи од Австрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeni-ushte-dve-bezzhivotni-tela-vo-poplavite-vo-grtsija-vkupno-14-zaginati/feed/ 0
Седуммина исчезнати во поплавите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedummina-ischeznati-vo-poplavite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedummina-ischeznati-vo-poplavite-vo-grtsija/#respond Sat, 09 Sep 2023 19:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=876430

Во невремето „Даниел“ што во вторникот ја зафати Грција и предизвика поплави и катастрофални штети во повеќе места во централниот дел на земјата, за исчезнати се водат седум лица, меѓу кои и двајца туристи од Австрија, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати до вчера беше четири лица, додека пак денеска бројот се зголеми на седум лица. Во поплавите, животот го загубија десетмина, а спасени се стотици граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sedummina-ischeznati-vo-poplavite-vo-grtsija/feed/ 0
Четврта жртва во невремето во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvrta-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvrta-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/#respond Thu, 07 Sep 2023 11:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=875711

Спасувачките екипи во близина на градот Домокос во централна Грција денеска извлекоа безживотно тело на маж, што воедно е и четвртата жртва во невремето „Даниел“ што од вторникот ја зафати земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за маж по кој се трагало од вчера. Во поплавените подрачјата во текот на вчерашниот ден животот го загубија две лица, а во вторникот беше регистрирана првата жртва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvrta-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/feed/ 0
Волос и Скиатос под вода, сериозни проблеми од невремето во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/volos-i-skiatos-pod-voda-seriozni-problemi-od-nevremeto-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/volos-i-skiatos-pod-voda-seriozni-problemi-od-nevremeto-vo-grtsija/#respond Tue, 05 Sep 2023 11:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=874778

Градот Волос и островот Скиатос се најпогодени од силното невреме што ја зафати Грција, со одлука на полицијата има забрана за движење на возила, улиците се целосно поплавени, а на островот има проблеми и со бродскиот сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина. Невремето „Даниел“ предизвика сериозни проблеми и материјална штета во поширокиот регион на областа Магнисиа, во кој припаѓа и градот Волос, а како што претходно објави МИА, едно лице утрово го загуби животот, а едно е исчезнато. Со помош на гумен чамец спасувачки екипи во Волос им пружаат помош на граѓаните, градоначалникот на градот упати апел да се избегнат непотребни движења, додека пак преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се во Волос и на Скиатос дека со одлука на полицијата забрането е движењето. Паралелно, проблеми има и во снабдувањето со електрична енергија, а во Волос поплавена е и болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/volos-i-skiatos-pod-voda-seriozni-problemi-od-nevremeto-vo-grtsija/feed/ 0
Невремето „Даниел“ предизвика проблеми и поплави во одредени делови на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevremeto-daniel-predizvika-problemi-i-poplavi-vo-odredeni-delovi-na-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevremeto-daniel-predizvika-problemi-i-poplavi-vo-odredeni-delovi-na-grtsija/#respond Tue, 05 Sep 2023 07:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=874658

Поплави и проблеми во градовите Волос и Ламиа во централна Грција, како и на островите Крф и Скиатос, предизвика невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата и донесе обилни врнежи од дожд, молњи, засилен ветер и забележлив пад на температурата, јави дописничката на МИА од Атина. Најголеми проблеми има во Волос, каде што голем дел од улиците се поплавени, а во прекин е и железничката линија што го поврзува градот со Лариса. Преку бројот 112 за итни случаи вчера до жителите на пет области во северна и централна Грција беше испратена предупредувачка порака за опасни временски појави и ограничување на движењата. Невремето се очекува да трае до утре, а прогнозите се дека и во текот на денешниот ден обилни врнежи од дожд ќе има во северна и централна Грција, во делови на Пелопонез, на островите во Јонското море итн За невремето „Даниел“, министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас вчера рече дека станува збор за „екстремен природен феномен“ и истакна дека е потребан внимателност од сите, како од властите така и од граѓаните. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevremeto-daniel-predizvika-problemi-i-poplavi-vo-odredeni-delovi-na-grtsija/feed/ 0